нови министерства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-ministerstva/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 12:00:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови министерства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-ministerstva/ 32 32 И ние шустикли за трка имаме https://arhiva3.republika.mk/kolumni/i-nie-shustikli-za-trka-imame/ Mon, 10 Jun 2024 12:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=786225

Васко Шутаров

Пораките што ги емитираме преку нашиот говор или со нашиот молк, преку физиономијата на лицето, со положбата на рацете и на телото, со фризурата или облеката што ја носиме, зборуваат за нас, за нашата ментална, физичка и емоционална состојба, за акумулацијата на радости и болки, подеми и падови, за акумулираното знаење и незнаење, за нашите наивности и животни мудрости, за вредностите што ги поседуваме и кон кои стремиме, за нашите животни достигнувања и способности, но, пред сè, за нашата природа и за нашиот идентитет. Сето тоа заедно создава претстава за нас, која ја проектираме пред другите, создавајќи сопствен имиџ во светот со кој сме опкружени.

Како на личен, така и на ниво на колективен, национален или државен план, пораките што ги емитираме зборуваат за нашиот идентитет, за нашите вредности, за стремежите, достигнувањата, нашите посебности и природни специфики! И така, колку свесно, толку и несвесно, се создава имиџот за државата и за нејзините граѓани во меѓународната јавност, кој се рефлектира во одредено ниво на видливост, препознатливост и уважување, што заедно создава одреден потенцијал кој може да носи и политички и економски користи и успеси.

Државите со подобар имиџ, то ест подобрите и поумешните комуникатори во меѓународите односи, полесно доаѓаат до инвестиции, до туристи, до образована и трудољубива работна сила од странство, до поголема почит на меѓународната политичка сцена. Ако не сме субјект и ако не ја раскажуваме и емитираме сопствената приказна, стануваме објект со кого се занимаваат другите ─ и тогаш, токму другите ја раскажуваат нашата приказна, од која попрво би се срамеле, отколку гордееле!  Односот кон приказните за државите и народите, подеднакво важи и за поединците, индивидуалците ─ и личностите!

Најлесно е, без никаков труд и интерес, да се остане на ниво на објект на кој други му го креираат имиџот и статусот: во држави како нашава, типично балканска, каде што најважната споредна работа е негативната селекција, зачинета со пикантерии од вообичаенит каталог со измислени таблиодни приказни ─ тоа станува и стандардна животна приказна, па оттука секогаш е потежок патот кон посакуваното позиционирање, како во личното непосредно опкружување на поединците, така и во глобален или регионален контекст на државите што ги создаваме и ги претставуваме!

Добриот издржан имиџ, најпрво значи солидно разбирање на општествениот и културолошкиот контекст во кој актуелно живееме, значи: наше пронаоѓање и позиционирање во точно одреден контекст (во кој можеме да го изразиме и да го дадеме најдоброто од себе!); многу работа на себе;  многу умеење во комуникациите; постојано емитирање шарм и харизма (дури и кога не ни е дојдено до никакво емитирање!); достоинствено одење низ личните и професионални животни падови и подеми,  промени и предизвици; стил на живеење кој ни прилега и од кој во ниту еден момент не би се посрамотиле пред другите! И кој, во секој момент би можеле да го оправдаме пред самите себеси! И секако, сакале да си признаеме или не (иако нели „костумот не го прави човекот!“), добриот и складен избор на соодветна гардероба во сите тие животни прилики, неприлики и предизвици е исто така исклучително важен во креирањето на добриот и издржан имиџ!

И добрите стари и моќни модерни држави, почесто се преоблекувале во ново руво и се преобликувале менувајќи го својот имиџ, и тоа многукратно, некогаш за да ја надминат старата и веќе не толку посакувана перцепција за себе, a некогаш да ја поправат лошата репутација за себе (Франција е извонреден пример за тоа, со перфектно креирано ребрендирање по секоја поголема општествена или политичка промена, a Шпанија,  исто така, e успешна ребрендирана приказна, кога по режимот на Франко, го одбра „Сонцето“ на Хуан Миро како симбол за слободна земја, сончева туристичка оаза, отворена за цел свет).

Денес имиџот и идентитетот, во корелација со интегритетот, стануваат своевидни економски категории. Познатиот американски научник и дипломат Џозеф Неј, уште на крајот од минатиот век, луцидно предвиде дека во 21 век веќе нема да доминираат држави со големи територии и со најбројно население, ниту држави со економска или воената моќ, туку првенствено држави (дури и оние најмалите) кои ќе умеат да емитираат шарм и харизма! За државата која во извесна мера има способност да го шармира светот и која во одредени области и подрачја може да стане посакуван пример што другите сакаат да го следат, ─ велиме дека успеала да раскаже успешна национална приказна, која, пак, од своја страна станува и еден вид нејзина највредна валута!

Меѓу нашиот личен имиџ и имиџот на државата, поврзаноста ниту е праволиниска, ниту е директна и непосредна, па ставањето во ист контекст може да изгледа несоодветно, па дури и несмасно! Но, дали е баш така?!

Имиџот на државата го создаваат нејзините граѓани, нејзината природа и нејзиното културно наследство, меѓутоа, првенствено знаењето, креативноста и инвентивноста на граѓаните најдобро го одразуваат духот на таа држава. Природата сме ја затекнале со нашето доселување на одреден географски простор, културното наследство сме го наследиле од нашето предци, но само знаењето за нашата припадност кон наследеното богатство и само сегашната креативност и иновативност ја поттикнуваат нашата конкурентска моќ, меѓу мноштвото држави и народи, ние да бидеме препознаени, прифатени и допадливи со она што го создавме како бренд од себе и од сопствената држава! И сето тоа заедно ─ нашиот животен стил и животни навики, природните убавини и природната разноликост, грижата за природното и културното наследство, општествената одговорност,  креативноста и иновативноста, го чинат корпусот на мека моќ на една држава, според која се одредува и нејзиното регионално и глобално рангирање и влијание.

И кога зборуваме за глобалното влијание на една Македонија, на Хрватска, на Црна Гора, на Шведска или на Франција и нивната мека моќ, тогаш слободно можеме да исчитаме дека таа моќ ја создаваат токму Македонците, Хрватите, Црногорците, Швеѓаните и Французите, т.е. граѓаните на тие држави!

Еве еден пример! Според истражувањата на „Форбс“ последниве 5 години, Шведска е најугледна земја во светот! Зошто баш Шведска? Затоа што најголем број луѓе од сите делови на светот, изразиле  подготвеност  да живеат и да работат во Шведска, почитувајќи ја како земја со висок животен стандард, со одлично образование и со солиден здравствен систем, со високи социјални и работнички права. Најголем број луѓе сметале дека Шведска им создава можности на креативните и инвентивните луѓе да дојдат до израз. Се разбира, ништо од тоа не е случајно! Шведска од 2007 година само за истражување и развој издвојува 3,8 % од својот БДП и за само неколку години се вброи меѓу петте најиновативни држави во светот.

Истото важи и за Данска, која на оваа листа, исто така, со години високо котира и успешно се брендира; или за Јужна Кореја која својот бренд го гради преку поп-културата, посебно преку К-попoт и К-филмот; или за Словенија која исклучително поволно е перципирана токму поради односот на нејзините граѓани кон животната средина, но и поради односот на државата кон безбедноста на граѓаните; или за исклучително добро позиционираната Хрватска поради уникатната туристичка понуда, а велат ─ и поради своите претседатели! (Доволно да се потсетиме на еуфоричната радост на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на СП во фудбал во Русија, 2018 година, кога Хрватска играше финале со Франција.)

Хрватска, на пример, исклучително внимание му придава на секое и најмало поместување на скалата за глобална мека моќ, според респектабилниот индекс на моќ, наречен Бренд фајнанс (Brand Finance). Хрватска е регионална и европска туристичка сила, па падот на перцепциите во светот за нејзината гостољубивост, отвореност, инвентивност и креативност, толерантност, срдечност или подготвеност на нејзините граѓани да помогнат во незгоди, сериозно може да ја загрижат целокупната хрватска јавност.

Хрватска имаше десетина ребрендирања од осамостојувањето на државата, од 1991 година  до денес,  од кои неколку беа стратешки добро осмислени потфати, кои се случија токму за време на претседателскиот мандат на Колинда Грабар-Китаровиќ. „Земја по мера на секој човек“ беше бренд-мотото од стратешкиот документ кој тогаш беше донесен, а на кој работеа 44 најголеми хрватски експерти за брендирање на државата и на нацијата. „Многу важно е како ве доживуваат другите, но уште толку важно е како ние се доживуваме себеси“ ─ ќе произлезе како заклучок од ова стратешко ребрендирање на Хрватска во 2018 година.

Но, нели на Балканот, сите работи започнуваат од почеток со смената на политичките гарнитури, па и во Хрватска, веќе следните години се носени нови стратешки документи за ребрендирање на државата, првиот пат за време на претседателството со Советот на ЕУ, а вториот за време на корона-кризата. Голем број глобални и локални неповолни околности и природни непогоди, ја оддалечија Хрватска од посакуваната перцепција и бренд што сакаше да го креира за себе, па нејзината слава во меѓувреме ја спасуваа туристичките работници и електричните автомобили „римац невера“, кои станаа најбаран хрватски извозен продукт. И така, сè до неодамна... кога едно младо, скромно, трудољубиво и бескрајно креативно момче од Умаг во Истра, заедно со својата свршеница, братот и најблискиот круг пријатели, создаде таква еуфорија, најнапред на хрватскиот избор за евровизиски претставник „Дора“, а потоа и на „Евросонг“ каде што го освои второто место и стана морален победник и миленик на публиката низ цела Европа и светот! Бејби Лазања е уметничкото име на 28-годишниот Марко Пуришиќ, типично момче од соседството, кое верува во Бога и е „до зла Бога“ нормален, искрен и скромен и со него може да се поистоветат голем број млади луѓе зад кои не стои никој, никаков политички или бизнис-моќник, никаква медиумска или шоу-бизнис машинерија! Но, Бејби Лазања кој со својот мал креативен тим и со „Рим Тим Таги Дим“-ритамот, ги покори и цела Европа и целиот свет и влезе меѓу петте највирални песни на Спотифај (Spotify), успеа да ја обедини во радост и гордост цела Хрватска, на ист начин како што го правеа тоа порано  хрватските фудбалери.

Бејби Лазања успеа преку својата уметност да направи таков хармоничен спој меѓу хрватската традиција, напуштените истарски села, плетените шустикли и везовите на истарските жени со моќната комбинација од рап, метал и дигиталното во музиката која сам ја создава, и патем, толку моќно да ја ребрендира и да ја направи својата земја толку видлива и толку допадлива, како никој друг пред него (вклучително и најдобрите ПР-агенции и сите хрватски експерти за брендирање, заедно!). И уште успеа да направи првокласен моден хит, а имено ─ плетените шустикли, наследени од бабите и прабабите, кои некогаш беа главен украс во домовите, повторно да бидат извадени од старите креденци и да бидат аплицирани како неизбежен моден детал за ова лето.

.................................................................................................................

А ние? Со полните креденци со исти такви шустикли и уште поубави везови, со заборавените села и со заборавените млади и креативни луѓе оставени сами на себе?! Ние, кои седум полни години ниту еден ден не станавме субјект кој сам си ја раскажува сопствената национална приказна?!

Ќе се кренеме ли, ќе ја ослободиме ли конечно инвентивноста и креативноста, ќе го поттикнеме ли знаењето и вештините кои денес најмногу ги вреднува светот ─ и ќе се обединиме ли околу, барем, еден единствен сопствен бренд, кој ќе нѐ направи ─ и горди и среќни!

(Барем три од новоформираните министерства имаат извонредна можност, конечно да го направат тоа! Да им дадеме шанса!)

The post И ние шустикли за трка имаме appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Пораките што ги емитираме преку нашиот говор или со нашиот молк, преку физиономијата на лицето, со положбата на рацете и на телото, со фризурата или облеката што ја носиме, зборуваат за нас, за нашата ментална, физичка и емоционална состојба, за акумулацијата на радости и болки, подеми и падови, за акумулираното знаење и незнаење, за нашите наивности и животни мудрости, за вредностите што ги поседуваме и кон кои стремиме, за нашите животни достигнувања и способности, но, пред сè, за нашата природа и за нашиот идентитет. Сето тоа заедно создава претстава за нас, која ја проектираме пред другите, создавајќи сопствен имиџ во светот со кој сме опкружени. Како на личен, така и на ниво на колективен, национален или државен план, пораките што ги емитираме зборуваат за нашиот идентитет, за нашите вредности, за стремежите, достигнувањата, нашите посебности и природни специфики! И така, колку свесно, толку и несвесно, се создава имиџот за државата и за нејзините граѓани во меѓународната јавност, кој се рефлектира во одредено ниво на видливост, препознатливост и уважување, што заедно создава одреден потенцијал кој може да носи и политички и економски користи и успеси. Државите со подобар имиџ, то ест подобрите и поумешните комуникатори во меѓународите односи, полесно доаѓаат до инвестиции, до туристи, до образована и трудољубива работна сила од странство, до поголема почит на меѓународната политичка сцена. Ако не сме субјект и ако не ја раскажуваме и емитираме сопствената приказна, стануваме објект со кого се занимаваат другите ─ и тогаш, токму другите ја раскажуваат нашата приказна, од која попрво би се срамеле, отколку гордееле!  Односот кон приказните за државите и народите, подеднакво важи и за поединците, индивидуалците ─ и личностите! Најлесно е, без никаков труд и интерес, да се остане на ниво на објект на кој други му го креираат имиџот и статусот: во држави како нашава, типично балканска, каде што најважната споредна работа е негативната селекција, зачинета со пикантерии од вообичаенит каталог со измислени таблиодни приказни ─ тоа станува и стандардна животна приказна, па оттука секогаш е потежок патот кон посакуваното позиционирање, како во личното непосредно опкружување на поединците, така и во глобален или регионален контекст на државите што ги создаваме и ги претставуваме! Добриот издржан имиџ, најпрво значи солидно разбирање на општествениот и културолошкиот контекст во кој актуелно живееме, значи: наше пронаоѓање и позиционирање во точно одреден контекст (во кој можеме да го изразиме и да го дадеме најдоброто од себе!); многу работа на себе;  многу умеење во комуникациите; постојано емитирање шарм и харизма (дури и кога не ни е дојдено до никакво емитирање!); достоинствено одење низ личните и професионални животни падови и подеми,  промени и предизвици; стил на живеење кој ни прилега и од кој во ниту еден момент не би се посрамотиле пред другите! И кој, во секој момент би можеле да го оправдаме пред самите себеси! И секако, сакале да си признаеме или не (иако нели „костумот не го прави човекот!“), добриот и складен избор на соодветна гардероба во сите тие животни прилики, неприлики и предизвици е исто така исклучително важен во креирањето на добриот и издржан имиџ! И добрите стари и моќни модерни држави, почесто се преоблекувале во ново руво и се преобликувале менувајќи го својот имиџ, и тоа многукратно, некогаш за да ја надминат старата и веќе не толку посакувана перцепција за себе, a некогаш да ја поправат лошата репутација за себе (Франција е извонреден пример за тоа, со перфектно креирано ребрендирање по секоја поголема општествена или политичка промена, a Шпанија,  исто така, e успешна ребрендирана приказна, кога по режимот на Франко, го одбра „Сонцето“ на Хуан Миро како симбол за слободна земја, сончева туристичка оаза, отворена за цел свет). Денес имиџот и идентитетот, во корелација со интегритетот, стануваат своевидни економски категории. Познатиот американски научник и дипломат Џозеф Неј, уште на крајот од минатиот век, луцидно предвиде дека во 21 век веќе нема да доминираат држави со големи територии и со најбројно население, ниту држави со економска или воената моќ, туку првенствено држави (дури и оние најмалите) кои ќе умеат да емитираат шарм и харизма! За државата која во извесна мера има способност да го шармира светот и која во одредени области и подрачја може да стане посакуван пример што другите сакаат да го следат, ─ велиме дека успеала да раскаже успешна национална приказна, која, пак, од своја страна станува и еден вид нејзина највредна валута! Меѓу нашиот личен имиџ и имиџот на државата, поврзаноста ниту е праволиниска, ниту е директна и непосредна, па ставањето во ист контекст може да изгледа несоодветно, па дури и несмасно! Но, дали е баш така?! Имиџот на државата го создаваат нејзините граѓани, нејзината природа и нејзиното културно наследство, меѓутоа, првенствено знаењето, креативноста и инвентивноста на граѓаните најдобро го одразуваат духот на таа држава. Природата сме ја затекнале со нашето доселување на одреден географски простор, културното наследство сме го наследиле од нашето предци, но само знаењето за нашата припадност кон наследеното богатство и само сегашната креативност и иновативност ја поттикнуваат нашата конкурентска моќ, меѓу мноштвото држави и народи, ние да бидеме препознаени, прифатени и допадливи со она што го создавме како бренд од себе и од сопствената држава! И сето тоа заедно ─ нашиот животен стил и животни навики, природните убавини и природната разноликост, грижата за природното и културното наследство, општествената одговорност,  креативноста и иновативноста, го чинат корпусот на мека моќ на една држава, според која се одредува и нејзиното регионално и глобално рангирање и влијание. И кога зборуваме за глобалното влијание на една Македонија, на Хрватска, на Црна Гора, на Шведска или на Франција и нивната мека моќ, тогаш слободно можеме да исчитаме дека таа моќ ја создаваат токму Македонците, Хрватите, Црногорците, Швеѓаните и Французите, т.е. граѓаните на тие држави! Еве еден пример! Според истражувањата на „Форбс“ последниве 5 години, Шведска е најугледна земја во светот! Зошто баш Шведска? Затоа што најголем број луѓе од сите делови на светот, изразиле  подготвеност  да живеат и да работат во Шведска, почитувајќи ја како земја со висок животен стандард, со одлично образование и со солиден здравствен систем, со високи социјални и работнички права. Најголем број луѓе сметале дека Шведска им создава можности на креативните и инвентивните луѓе да дојдат до израз. Се разбира, ништо од тоа не е случајно! Шведска од 2007 година само за истражување и развој издвојува 3,8 % од својот БДП и за само неколку години се вброи меѓу петте најиновативни држави во светот. Истото важи и за Данска, која на оваа листа, исто така, со години високо котира и успешно се брендира; или за Јужна Кореја која својот бренд го гради преку поп-културата, посебно преку К-попoт и К-филмот; или за Словенија која исклучително поволно е перципирана токму поради односот на нејзините граѓани кон животната средина, но и поради односот на државата кон безбедноста на граѓаните; или за исклучително добро позиционираната Хрватска поради уникатната туристичка понуда, а велат ─ и поради своите претседатели! (Доволно да се потсетиме на еуфоричната радост на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ на СП во фудбал во Русија, 2018 година, кога Хрватска играше финале со Франција.) Хрватска, на пример, исклучително внимание му придава на секое и најмало поместување на скалата за глобална мека моќ, според респектабилниот индекс на моќ, наречен Бренд фајнанс (Brand Finance). Хрватска е регионална и европска туристичка сила, па падот на перцепциите во светот за нејзината гостољубивост, отвореност, инвентивност и креативност, толерантност, срдечност или подготвеност на нејзините граѓани да помогнат во незгоди, сериозно може да ја загрижат целокупната хрватска јавност. Хрватска имаше десетина ребрендирања од осамостојувањето на државата, од 1991 година  до денес,  од кои неколку беа стратешки добро осмислени потфати, кои се случија токму за време на претседателскиот мандат на Колинда Грабар-Китаровиќ. „Земја по мера на секој човек“ беше бренд-мотото од стратешкиот документ кој тогаш беше донесен, а на кој работеа 44 најголеми хрватски експерти за брендирање на државата и на нацијата. „Многу важно е како ве доживуваат другите, но уште толку важно е како ние се доживуваме себеси“ ─ ќе произлезе како заклучок од ова стратешко ребрендирање на Хрватска во 2018 година. Но, нели на Балканот, сите работи започнуваат од почеток со смената на политичките гарнитури, па и во Хрватска, веќе следните години се носени нови стратешки документи за ребрендирање на државата, првиот пат за време на претседателството со Советот на ЕУ, а вториот за време на корона-кризата. Голем број глобални и локални неповолни околности и природни непогоди, ја оддалечија Хрватска од посакуваната перцепција и бренд што сакаше да го креира за себе, па нејзината слава во меѓувреме ја спасуваа туристичките работници и електричните автомобили „римац невера“, кои станаа најбаран хрватски извозен продукт. И така, сè до неодамна... кога едно младо, скромно, трудољубиво и бескрајно креативно момче од Умаг во Истра, заедно со својата свршеница, братот и најблискиот круг пријатели, создаде таква еуфорија, најнапред на хрватскиот избор за евровизиски претставник „Дора“, а потоа и на „Евросонг“ каде што го освои второто место и стана морален победник и миленик на публиката низ цела Европа и светот! Бејби Лазања е уметничкото име на 28-годишниот Марко Пуришиќ, типично момче од соседството, кое верува во Бога и е „до зла Бога“ нормален, искрен и скромен и со него може да се поистоветат голем број млади луѓе зад кои не стои никој, никаков политички или бизнис-моќник, никаква медиумска или шоу-бизнис машинерија! Но, Бејби Лазања кој со својот мал креативен тим и со „Рим Тим Таги Дим“-ритамот, ги покори и цела Европа и целиот свет и влезе меѓу петте највирални песни на Спотифај (Spotify), успеа да ја обедини во радост и гордост цела Хрватска, на ист начин како што го правеа тоа порано  хрватските фудбалери. Бејби Лазања успеа преку својата уметност да направи таков хармоничен спој меѓу хрватската традиција, напуштените истарски села, плетените шустикли и везовите на истарските жени со моќната комбинација од рап, метал и дигиталното во музиката која сам ја создава, и патем, толку моќно да ја ребрендира и да ја направи својата земја толку видлива и толку допадлива, како никој друг пред него (вклучително и најдобрите ПР-агенции и сите хрватски експерти за брендирање, заедно!). И уште успеа да направи првокласен моден хит, а имено ─ плетените шустикли, наследени од бабите и прабабите, кои некогаш беа главен украс во домовите, повторно да бидат извадени од старите креденци и да бидат аплицирани како неизбежен моден детал за ова лето. ................................................................................................................. А ние? Со полните креденци со исти такви шустикли и уште поубави везови, со заборавените села и со заборавените млади и креативни луѓе оставени сами на себе?! Ние, кои седум полни години ниту еден ден не станавме субјект кој сам си ја раскажува сопствената национална приказна?! Ќе се кренеме ли, ќе ја ослободиме ли конечно инвентивноста и креативноста, ќе го поттикнеме ли знаењето и вештините кои денес најмногу ги вреднува светот ─ и ќе се обединиме ли околу, барем, еден единствен сопствен бренд, кој ќе нѐ направи ─ и горди и среќни! (Барем три од новоформираните министерства имаат извонредна можност, конечно да го направат тоа! Да им дадеме шанса!)

The post И ние шустикли за трка имаме appeared first on Република.

]]>
Добија гласови и од опозицијата: ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за единство околу структуралните и битни прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dobija-glasovi-i-od-opozitsijata-vmro-dpmne-pokazha-kapatsitet-za-edinstvo-okolu-strukturalnite-i-bitni-prashana/ Sat, 08 Jun 2024 10:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=785696

Остварено првото ветување за реформски закон за распоред и организација на Владата кој беше ветуван во изборите. Со 88 гласа „за“ вчера Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за дво третинско мнозинство, и досега е партија која обединува најголем број на гласови во собранието за структурални и важни прашања и покажа дека работи на агендата „Македонија повторно твоја“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dobivme-novi-ministerstva-sobranieto-so-88-glasa-za-i-22-protiv-gi-donese-izmenite-na-zakonot-za-drzhavna-uprava/

ДУИ го гласаше законот без било какви условувања или предлози што никогаш не беше случај претходно. По синоќешната средба на Европскиот фронт со претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата рекоа дека беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација.

Во вчерашните 88 гласа ЗА владината реформа на министерствата бројките го покажаа коалициониот капацитет:

58 гласа од ВМРО
14 од ВРЕДИ
6 од ЗНАМ
2 од турската ТДП
1 од ДПА
6 пратеници од ДУИ
СДСМ со 16 и Левица со 6 беа ПРОТИВ со (вкупно 22 пратеници), а Моника Зајкова (ЛДП) отсутна.

За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ова е првата голема победа за ВМРО-ДПМНЕ по изборите.

Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство!
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно!
За Македонија! Доаѓаат поубави денови!, рече Николоски.

The post Добија гласови и од опозицијата: ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за единство околу структуралните и битни прашања appeared first on Република.

]]>

Остварено првото ветување за реформски закон за распоред и организација на Владата кој беше ветуван во изборите. Со 88 гласа „за“ вчера Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за дво третинско мнозинство, и досега е партија која обединува најголем број на гласови во собранието за структурални и важни прашања и покажа дека работи на агендата „Македонија повторно твоја“. https://republika.mk/vesti/makedonija/dobivme-novi-ministerstva-sobranieto-so-88-glasa-za-i-22-protiv-gi-donese-izmenite-na-zakonot-za-drzhavna-uprava/ ДУИ го гласаше законот без било какви условувања или предлози што никогаш не беше случај претходно. По синоќешната средба на Европскиот фронт со претставниците од ВМРО-ДПМНЕ, од партијата рекоа дека беа образложени измените на законот којшто треба да донесе поголема ефикасност, транспарентност и реформи, како и рационализација. Во вчерашните 88 гласа ЗА владината реформа на министерствата бројките го покажаа коалициониот капацитет:
58 гласа од ВМРО 14 од ВРЕДИ 6 од ЗНАМ 2 од турската ТДП 1 од ДПА 6 пратеници од ДУИ СДСМ со 16 и Левица со 6 беа ПРОТИВ со (вкупно 22 пратеници), а Моника Зајкова (ЛДП) отсутна.
За потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ова е првата голема победа за ВМРО-ДПМНЕ по изборите.
Тоа што го ветуваме го реализираме! Со огромно мнозинство! ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било посилно! За Македонија! Доаѓаат поубави денови!, рече Николоски.

The post Добија гласови и од опозицијата: ВМРО-ДПМНЕ покажа капацитет за единство околу структуралните и битни прашања appeared first on Република.

]]>
Вреди: Вчерашната конструктивност ја омекна радикалната реторика на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vredi-vcherashnata-konstruktivnost-ja-omekna-radikalnata-retorika-na-dui/ Sat, 08 Jun 2024 10:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=785690

Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција, велат од коалицијата Вреди, додавајќи дека после бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста.

Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок. Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт. ВЛЕН изразува задоволство што нашите апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод. Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Cеверна Македонија, велат од Вреди.

The post Вреди: Вчерашната конструктивност ја омекна радикалната реторика на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Добро е што дел од ДУИ на прашањето за реорганизација на министерствата покажа дека може да биде и конструктивна опозиција, велат од коалицијата Вреди, додавајќи дека после бојкотот на гласањето за Африм Гаши заедно со Левица, ова е мал исчекор кон прифаќање на реалноста.
Закон за правична застапеност на етничките заедници во органите на државна управа е дел од коалицискиот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, кој ќе содржи механизми кои ќе го заменат балансерот во разумен рок. Формирањето на ад хок собраниска комисија предводена од опозициски пратеник е добар чекор во зајакнување на контролата на законодавната врз извршната власт. ВЛЕН изразува задоволство што нашите апели кај некои пратеници на ДУИ вродија со плод. Ниту една лична кариера не е поважна од сигурната иднина на Албанците во ЕУ. Новата организација на Владата ќе овозможи поголем степен на ефикасност во реализација на заедничките програмски цели, што е во интерес на сите граѓани на Cеверна Македонија, велат од Вреди.

The post Вреди: Вчерашната конструктивност ја омекна радикалната реторика на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Добивме нови министерства: Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените на Законот за државна управа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dobivme-novi-ministerstva-sobranieto-so-88-glasa-za-i-22-protiv-gi-donese-izmenite-na-zakonot-za-drzhavna-uprava/ Sat, 08 Jun 2024 06:04:54 +0000 https://republika.mk/?p=785629

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот форнт синоќа објавија дека постигнале договор за поддршка за измените, како и за формирање на ад хок комисија во Собранието за правична застапеност.

Во расправата за законот зборуваа пратениците од СДСМ кои предупредија дека со оваа реорганизација на министерствата и државната управа не се прави реформа туку таа е политички мотивирана за задолволување на потребите на новата владината коалиција. Како што кажаа, со измените се менува 31 член од законот, а исто така не се предвидува колкава ќе биде финансиската импликација, а замонот се носи без анализа и дебата.

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ кажа дека во овие измени не е предвидена Управата за заштита на културно наследство, што, според неа, значи дека тука застанува грижата за културното наследство на идната влада. Посочи дека во 2021 година е изготвена функционална анализа од која се гледа како треба да изгледа Министерството за култура.

Според Славјанка Петровска мнозинството не можело да има попоразителен почеток. - За десет дена трипати си го погазивте зборот. И затоа молчите цела ноќ, ама довикувате од место, рече Петровска.

Пратеничката го прочита соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт за поддршка на измените, како и повеќе изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кои тој зборува против ДУИ и СДСМ.

После денешната коалиција се поставува прашањето кој во чиј скут седи, рече Петровска.

Одлуката на ДУИ и Европскиот фронт ја образложи координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети.

Предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Цениме дека еден ваков упад треба да има сериозно разгледување, но ова ќе го оставиме на времето дали ќе биде постигната таква ефикасност. Секако како две сили кои имаат легитимност и коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Европскиот форнт денеска разговаравме со една цел вознемирувањата коишто ги имаме во делот на инспекторатот за албанскиот јазик и за други инстицуии кои се дел од овој закон, рече Беџети. Се согласивме, додаде тој, да создадеме ад хок комисија за правичната застапеност.

Амар Мециновиќ од Левица истакна дека експертите и академската фела не се вклучени во измена на една ваков системски закон.

Вие се однесувате како да имате божји а не народен мандат. Се е ставено на брза лента за да може да почне шемата за отплаќање на долговите кон елитите кон кои должите, рече Мециновиќ.

На овој број население треба помалку министерства, а нелогично е, според него, што трудот се спојува со економијата. - Ова е огледало на вашиот авторитаризам, рече Мециновиќ.

Димитар Апасиев од Левица смета дека измените се брзоплето напишани.

Законот е системски закон и се носи со двотретинско мнозинство, постапката не може да не биде сложена. Не знам зошто толку го брзате законот имате дваесет дена за формирање влада, рече Апасиев.

Се воведуваат пет нови министерства, а најмалку четири од овие 20 министерства, вели тој, не требаат.

Министерство за европски прашања не треба да постои, исто министерство за локална самоуправа, следно министерство за дигитална трансформација и донекаде министерство за спорт. Суштинско министерство кое очекував да го најдеме е министерство за урбанизам, рече Апасиев кој смета дека некои од министерствата би требало да бидат во други градови од земјава. Изненадува дека се тргаат инспекторатите.

Апасиев рече дека пратениците на Левица ќе гласаат против носењето на измените бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не го прифатиле предлогот за една изборна единица.

Носењето на измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа се вовед во формирањето нова влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Мандатарот Христијан Мицкоски, кој исто така е и предлагач на измените, најави дека нова влада би можело да биде формирана пред истекувањето на дваесетдневниот рок што  започна да тече во четвртокот на 6 јуни.

The post Добивме нови министерства: Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените на Законот за државна управа appeared first on Република.

]]>

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот форнт синоќа објавија дека постигнале договор за поддршка за измените, како и за формирање на ад хок комисија во Собранието за правична застапеност. Во расправата за законот зборуваа пратениците од СДСМ кои предупредија дека со оваа реорганизација на министерствата и државната управа не се прави реформа туку таа е политички мотивирана за задолволување на потребите на новата владината коалиција. Како што кажаа, со измените се менува 31 член од законот, а исто така не се предвидува колкава ќе биде финансиската импликација, а замонот се носи без анализа и дебата. Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ кажа дека во овие измени не е предвидена Управата за заштита на културно наследство, што, според неа, значи дека тука застанува грижата за културното наследство на идната влада. Посочи дека во 2021 година е изготвена функционална анализа од која се гледа како треба да изгледа Министерството за култура. Според Славјанка Петровска мнозинството не можело да има попоразителен почеток. - За десет дена трипати си го погазивте зборот. И затоа молчите цела ноќ, ама довикувате од место, рече Петровска. Пратеничката го прочита соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт за поддршка на измените, како и повеќе изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кои тој зборува против ДУИ и СДСМ.
После денешната коалиција се поставува прашањето кој во чиј скут седи, рече Петровска.
Одлуката на ДУИ и Европскиот фронт ја образложи координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети.
Предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Цениме дека еден ваков упад треба да има сериозно разгледување, но ова ќе го оставиме на времето дали ќе биде постигната таква ефикасност. Секако како две сили кои имаат легитимност и коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Европскиот форнт денеска разговаравме со една цел вознемирувањата коишто ги имаме во делот на инспекторатот за албанскиот јазик и за други инстицуии кои се дел од овој закон, рече Беџети. Се согласивме, додаде тој, да создадеме ад хок комисија за правичната застапеност.
Амар Мециновиќ од Левица истакна дека експертите и академската фела не се вклучени во измена на една ваков системски закон.
Вие се однесувате како да имате божји а не народен мандат. Се е ставено на брза лента за да може да почне шемата за отплаќање на долговите кон елитите кон кои должите, рече Мециновиќ.
На овој број население треба помалку министерства, а нелогично е, според него, што трудот се спојува со економијата. - Ова е огледало на вашиот авторитаризам, рече Мециновиќ. Димитар Апасиев од Левица смета дека измените се брзоплето напишани.
Законот е системски закон и се носи со двотретинско мнозинство, постапката не може да не биде сложена. Не знам зошто толку го брзате законот имате дваесет дена за формирање влада, рече Апасиев.
Се воведуваат пет нови министерства, а најмалку четири од овие 20 министерства, вели тој, не требаат.
Министерство за европски прашања не треба да постои, исто министерство за локална самоуправа, следно министерство за дигитална трансформација и донекаде министерство за спорт. Суштинско министерство кое очекував да го најдеме е министерство за урбанизам, рече Апасиев кој смета дека некои од министерствата би требало да бидат во други градови од земјава. Изненадува дека се тргаат инспекторатите.
Апасиев рече дека пратениците на Левица ќе гласаат против носењето на измените бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не го прифатиле предлогот за една изборна единица. Носењето на измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа се вовед во формирањето нова влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Мандатарот Христијан Мицкоски, кој исто така е и предлагач на измените, најави дека нова влада би можело да биде формирана пред истекувањето на дваесетдневниот рок што  започна да тече во четвртокот на 6 јуни.

The post Добивме нови министерства: Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените на Законот за државна управа appeared first on Република.

]]>
И опозициски пратеници ќе гласаат за Законот за реорганизација на министерствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-opozitsiski-pratenitsi-ke-glasaat-za-zakonot-za-reorganizatsija-na-ministerstvata/ Fri, 07 Jun 2024 10:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=785462

Законот за реформа на органите на државната управа, односно за реорганизација на министерствата денеска ќе се најде на дневен ред пред пратениците по скратена постапка. Денеска тој накратко беше повлечен на корекција и доработка и веднаше е вратен во Собрание.

Како што дознава „Република“ координација за овој предлог закон имала коалицијата на СДСМ.  Пратениците на НСДП имале став дека ќе го поддржат законот, додека пратениците од СДСМ биле поделени. Зајкова од ЛДП пред неколку дена исто така рече дека ќе даде поддршка.<

Со најавените измени, новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, што досега било само сектор во Министерството за економија, и трансформација на Агенцијата за млади и спорт во Министерство за спорт. Секторот млади треба да влезе во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ресорот труд да влезе во Министерството за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација треба да стане Министерство за дигитална трансформација.

The post И опозициски пратеници ќе гласаат за Законот за реорганизација на министерствата appeared first on Република.

]]>

Законот за реформа на органите на државната управа, односно за реорганизација на министерствата денеска ќе се најде на дневен ред пред пратениците по скратена постапка. Денеска тој накратко беше повлечен на корекција и доработка и веднаше е вратен во Собрание. Како што дознава „Република“ координација за овој предлог закон имала коалицијата на СДСМ.  Пратениците на НСДП имале став дека ќе го поддржат законот, додека пратениците од СДСМ биле поделени. Зајкова од ЛДП пред неколку дена исто така рече дека ќе даде поддршка.< Со најавените измени, новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, што досега било само сектор во Министерството за економија, и трансформација на Агенцијата за млади и спорт во Министерство за спорт. Секторот млади треба да влезе во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ресорот труд да влезе во Министерството за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација треба да стане Министерство за дигитална трансформација.

The post И опозициски пратеници ќе гласаат за Законот за реорганизација на министерствата appeared first on Република.

]]>
Законот за реорганизација на министерствата денеска на собраниска седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zakonot-za-reorganizatsija-na-ministerstvata-deneska-na-sobraniska-sednitsa/ Fri, 07 Jun 2024 05:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=785375

Собранието денеска ќе ја одржи втората седница, на чиј дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Како што стои на собраниската веб страна, на дневен ред на оваа седница се и две други точки - Верификацијата на мандат на пратеници во Собранието на Република Македонија и Предлог на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Собранието треба дополнително да го утврди мандатот на кандидатот за пратеник на пратеничката од шестата изборна единица Имрлије Салиу-Фетаи по прегласување на неколку избирачки места на 22 мај во оваа изборна единица. Верификацијата најпрвин треба да помине на собраниската Верификациона комисија.

Во образложението за предложените измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа  е наведено дека целта е реорганизација на министерствата и органите на државната управа, на начин што ќе овозможи нивно правилно функционирање, непоклопување на надлежностите и соодветна линија на отчетност врз основа на претходно дефинирани показатели на успешност на работа на институциите.

-Реорганизацијата на министерствата и другите органи на државната управа се врши со цел прилагодување на нивната работа на современите потреби на функционирањето на органите на државната управа, особено во смисла на поставување на поголем фокус на работите во областите на енергетиката, минералните суровини, рударството, како и на спортот. Во смисла на надлежностите, министерствата добиваат појасни надлежности, се разграничуваат испреплетените надлежности помеѓу постојните министерства и се овозможува простор да рамковното регулирање на органите на државната управа биде точно утврдено со материјални закони, се посочува во образложението.

 

Се наведува дека неопходноста од изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кој се предвидува и формирање нови министерства произлегува од фактот што некои органи на државната управа и управни организации како и самостојните органи не се функционални и не ја исполнуваат основната нивна функција односно истите не функционираат за поефикасно остварување на правата, должностите и интересите на граѓаните и правните лица.

The post Законот за реорганизација на министерствата денеска на собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска ќе ја одржи втората седница, на чиј дневен ред е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка, предложен од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Како што стои на собраниската веб страна, на дневен ред на оваа седница се и две други точки - Верификацијата на мандат на пратеници во Собранието на Република Македонија и Предлог на одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија. Собранието треба дополнително да го утврди мандатот на кандидатот за пратеник на пратеничката од шестата изборна единица Имрлије Салиу-Фетаи по прегласување на неколку избирачки места на 22 мај во оваа изборна единица. Верификацијата најпрвин треба да помине на собраниската Верификациона комисија. Во образложението за предложените измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа  е наведено дека целта е реорганизација на министерствата и органите на државната управа, на начин што ќе овозможи нивно правилно функционирање, непоклопување на надлежностите и соодветна линија на отчетност врз основа на претходно дефинирани показатели на успешност на работа на институциите.
-Реорганизацијата на министерствата и другите органи на државната управа се врши со цел прилагодување на нивната работа на современите потреби на функционирањето на органите на државната управа, особено во смисла на поставување на поголем фокус на работите во областите на енергетиката, минералните суровини, рударството, како и на спортот. Во смисла на надлежностите, министерствата добиваат појасни надлежности, се разграничуваат испреплетените надлежности помеѓу постојните министерства и се овозможува простор да рамковното регулирање на органите на државната управа биде точно утврдено со материјални закони, се посочува во образложението.
  Се наведува дека неопходноста од изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кој се предвидува и формирање нови министерства произлегува од фактот што некои органи на државната управа и управни организации како и самостојните органи не се функционални и не ја исполнуваат основната нивна функција односно истите не функционираат за поефикасно остварување на правата, должностите и интересите на граѓаните и правните лица.

The post Законот за реорганизација на министерствата денеска на собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Левица ќе ја поддржи реорганизацијата на министерствата, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати една изборна единица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levitsa-ke-ja-poddrzhi-reorganizatsijata-na-ministerstvata-ako-vmro-dpmne-prifati-edna-izborna-edinitsa/ Wed, 05 Jun 2024 13:07:49 +0000 https://republika.mk/?p=785007

Левица соопшти дека дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кои ќе се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување на нивниот број по барање на коалицијата која го сочинува новото мнозинство во Парламентот, но бара од ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на изборниот модел и воведување една изборна единица.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gi-objavi-predlozite-ke-ima-novi-ministerstva-za-energetika-za-sport-i-za-digitalna-transformatsija/

Левица повторно подава рака на ДПМНЕ за овие законски измени да бидат поддржани од нивните пратеници, со едноставен услов - паралелно со ова да се изгласа и Законот со кој ќе се промени изборниот модел и ќе биде воведена една изборна единица! Воведувањето на една изборна единица во Република Македонија е неопходно заради еднаквото вреднување на секој глас на граѓаните даден на изборите. Од мисијата на ОБСЕ веќе со години во своите извештаи препорачуваат ваков изборен модел во државата, а ова не би требало да биде проблем за прифаќање од страна на ДПМНЕ, со оглед на тоа дека тие во својата програма и во предизборните ветувања најавија вакво системско решение, се наведува во соопштението од Левица.

Потсетуваат дека измените за Изборниот законик беа поднесени и во претходниот парламентарен состав, а ваквото законско решение најчесто не се спроведува поради коалициите на владејачките партии со партиите од т.н. албански блок, кои, како што наведуваат, „заради националистички мотиви и намалување на вредноста на гласовите на граѓаните од другите етникуми, не дозволуваат измена во овој закон“.

The post Левица ќе ја поддржи реорганизацијата на министерствата, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати една изборна единица appeared first on Република.

]]>

Левица соопшти дека дава условна поддршка за предложените измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кои ќе се овозможува реструктуирање на министерствата и зголемување на нивниот број по барање на коалицијата која го сочинува новото мнозинство во Парламентот, но бара од ВМРО-ДПМНЕ да прифати промена на изборниот модел и воведување една изборна единица. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gi-objavi-predlozite-ke-ima-novi-ministerstva-za-energetika-za-sport-i-za-digitalna-transformatsija/
Левица повторно подава рака на ДПМНЕ за овие законски измени да бидат поддржани од нивните пратеници, со едноставен услов - паралелно со ова да се изгласа и Законот со кој ќе се промени изборниот модел и ќе биде воведена една изборна единица! Воведувањето на една изборна единица во Република Македонија е неопходно заради еднаквото вреднување на секој глас на граѓаните даден на изборите. Од мисијата на ОБСЕ веќе со години во своите извештаи препорачуваат ваков изборен модел во државата, а ова не би требало да биде проблем за прифаќање од страна на ДПМНЕ, со оглед на тоа дека тие во својата програма и во предизборните ветувања најавија вакво системско решение, се наведува во соопштението од Левица.
Потсетуваат дека измените за Изборниот законик беа поднесени и во претходниот парламентарен состав, а ваквото законско решение најчесто не се спроведува поради коалициите на владејачките партии со партиите од т.н. албански блок, кои, како што наведуваат, „заради националистички мотиви и намалување на вредноста на гласовите на граѓаните од другите етникуми, не дозволуваат измена во овој закон“.

The post Левица ќе ја поддржи реорганизацијата на министерствата, ако ВМРО-ДПМНЕ прифати една изборна единица appeared first on Република.

]]>
Mицкоски ги објави предлозите: Ќе има нови министерства за енергетика, за спорт, и за дигитална трансформација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-gi-objavi-predlozite-ke-ima-novi-ministerstva-za-energetika-za-sport-i-za-digitalna-transformatsija/ Wed, 05 Jun 2024 10:54:36 +0000 https://republika.mk/?p=784926

ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција во Собранието, ги повика сите пратеници да ги поддржат измените, најавувајќи дека седницата е планирано да се одржи во петок, а тие да бидат изгласани во понеделник.

- Ветивме функционална и правна држава, ефикасна Влада што ќе спроведе реформи. Суштината на огромната доверба од граѓаните е политиките кои што треба идната влада да ги спроведе за да има владеење на правото, да нема граѓани од втор ред, да се зајакне економијата, учениците да имаат учебници на почетокот на годината, во здравството да има услови, за земјоделците субвенции и се она што сме ветувале во програмата. За се ова да се спроведе е потребно да се донесат измените и реорганизација на ресорите на Владата, изјави Мицкоски.

Со ваквие измени, како што рече Мицкоски ќе добиеме ефикасност, осовременување на владата и да го подобриме животот на граѓаните.

Прашан дали разговарале за поддршка од од 80 пратеници, со оглед дека законот се носи со двотретинско мнозинство, Мицкоски рече дека не би сакал да влегува во дневна политика.

- Очекувам поддршка од сите парламентарни групи кои се дел од овој собраниски состав. Претпоставките да ги оставиме настрана. Не сме наивни политичари да веруваме во случајности, во политиката ретко има случајности, изјави Мицкоски.

Со најавените измени, новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, што досега било само сектор во Министерството за економија, и трансформација на Агенцијата за млади и спорт во Министерство за спорт. Секторот млади треба да влезе во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ресорот труд да влезе во Министерството за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација треба да стане Министерство за дигитална трансформација.

За да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство или 80 пратеници, а според сегашната математика, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (58) со Вреди (14) и ЗНАМ (6) заедно имаат 78 пратеници. аа/ев/

 

The post Mицкоски ги објави предлозите: Ќе има нови министерства за енергетика, за спорт, и за дигитална трансформација appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ ги предложи во Собранието по скратена постапка измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа, со коишто ќе се прави нова реорганизација на владата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на прес-конференција во Собранието, ги повика сите пратеници да ги поддржат измените, најавувајќи дека седницата е планирано да се одржи во петок, а тие да бидат изгласани во понеделник.
- Ветивме функционална и правна држава, ефикасна Влада што ќе спроведе реформи. Суштината на огромната доверба од граѓаните е политиките кои што треба идната влада да ги спроведе за да има владеење на правото, да нема граѓани од втор ред, да се зајакне економијата, учениците да имаат учебници на почетокот на годината, во здравството да има услови, за земјоделците субвенции и се она што сме ветувале во програмата. За се ова да се спроведе е потребно да се донесат измените и реорганизација на ресорите на Владата, изјави Мицкоски.
Со ваквие измени, како што рече Мицкоски ќе добиеме ефикасност, осовременување на владата и да го подобриме животот на граѓаните. Прашан дали разговарале за поддршка од од 80 пратеници, со оглед дека законот се носи со двотретинско мнозинство, Мицкоски рече дека не би сакал да влегува во дневна политика.
- Очекувам поддршка од сите парламентарни групи кои се дел од овој собраниски состав. Претпоставките да ги оставиме настрана. Не сме наивни политичари да веруваме во случајности, во политиката ретко има случајности, изјави Мицкоски.
Со најавените измени, новина ќе бидат отворањето на Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, што досега било само сектор во Министерството за економија, и трансформација на Агенцијата за млади и спорт во Министерство за спорт. Секторот млади треба да влезе во Министерството за социјална политика, демографија и млади, а ресорот труд да влезе во Министерството за економија и труд, а оттаму да се издвои туризмот и да биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација треба да стане Министерство за дигитална трансформација. За да се донесат измените на овој закон потребно е двотретинско мнозинство или 80 пратеници, а според сегашната математика, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (58) со Вреди (14) и ЗНАМ (6) заедно имаат 78 пратеници. аа/ев/  

The post Mицкоски ги објави предлозите: Ќе има нови министерства за енергетика, за спорт, и за дигитална трансформација appeared first on Република.

]]>