нови изданија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-izdanija/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Feb 2022 17:52:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови изданија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-izdanija/ 32 32 Нови изданија од издавачката куќа „Славика либрис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novi-izdanija-od-izdavachkata-kukja-slavika-libris/ Mon, 21 Feb 2022 15:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=461618

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ги објави романите од чешката литература
„Едрилица на етикети“ од Јиржи Хајичек во превод од чешки јазик на Донка Роус и на Даниела Мишевска-Роус.

Јиржи Хајичек е еден од најчитаните чешки автори, а неговите романи им се добро познати и на македонските читатели. Во центарот на романот „Едрилица на етикети“ е главниот лик Марија, разведена четириесет и седумгодишна доцентка по книжевност, во текот на летото ќе престојува во полупразниот стан на нејзината сестра во Чешки Крумлов. Оттаму патува на село за да се грижи за тешко болните родители и во слободно време талка меѓу толпата туристи низ улиците на Крумлов. Таа се чувстува како заробена во времето, од една страна се спомените од минатото, а од друга страна тежината на годините. Во семејната традиција на силни машки примери, Марија размислува за тоа што се случило порано, но истовремено се прашува како да живее понатаму и што да очекува од „шекспировската љубов“ во најава.

Вториот роман во издание на „Славика либрис“ е „Нештата за кои дојде време“ од Петра Соукупова во превод од чешки јазик на Јасминка Делова-Силјанова. Петра Соукупова е една од наjуспешните современи чешки писателки. Досега има издадено пет книги за возрасни и три за деца од кои поголемиот дел се веќе преведени на македонски јазик. Во нејзиниот најнов роман таа заклучува дека, и покрај се', Животот не можеме да го испланираме, ниту за него можеме однапред да се подготвиме.

Алице и Рихард, седумнаесет години заеднички живот, две деца, Каја и Лола. Никому не му се случува нешто посебно, стереотипот длабоко им се всадил во секојдневието, сè до мигот кога ќе се појави некој нов. А, со него и чувството дека она до сега не било љубов. Но, семејство се и она што ќе му се случи на еден од нив, тоа влијае и врз останатите. Дали вреди да се зачува ова семејство?

Покрај овие најнови изданија, ИК „Славика либрис“ ја има издадено и книжевната репортажа „Сите деца на Луи“ од Камил Балук во превод од полски јазик на Лидија Танушевска. Ова е книжевна репортажа од Холандија, која отсликува факти, реални личности и вистински настани, афери и скандали поврзани со процесот на вештачкото оплодување.

The post Нови изданија од издавачката куќа „Славика либрис“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ги објави романите од чешката литература „Едрилица на етикети“ од Јиржи Хајичек во превод од чешки јазик на Донка Роус и на Даниела Мишевска-Роус. Јиржи Хајичек е еден од најчитаните чешки автори, а неговите романи им се добро познати и на македонските читатели. Во центарот на романот „Едрилица на етикети“ е главниот лик Марија, разведена четириесет и седумгодишна доцентка по книжевност, во текот на летото ќе престојува во полупразниот стан на нејзината сестра во Чешки Крумлов. Оттаму патува на село за да се грижи за тешко болните родители и во слободно време талка меѓу толпата туристи низ улиците на Крумлов. Таа се чувстува како заробена во времето, од една страна се спомените од минатото, а од друга страна тежината на годините. Во семејната традиција на силни машки примери, Марија размислува за тоа што се случило порано, но истовремено се прашува како да живее понатаму и што да очекува од „шекспировската љубов“ во најава. Вториот роман во издание на „Славика либрис“ е „Нештата за кои дојде време“ од Петра Соукупова во превод од чешки јазик на Јасминка Делова-Силјанова. Петра Соукупова е една од наjуспешните современи чешки писателки. Досега има издадено пет книги за возрасни и три за деца од кои поголемиот дел се веќе преведени на македонски јазик. Во нејзиниот најнов роман таа заклучува дека, и покрај се', Животот не можеме да го испланираме, ниту за него можеме однапред да се подготвиме. Алице и Рихард, седумнаесет години заеднички живот, две деца, Каја и Лола. Никому не му се случува нешто посебно, стереотипот длабоко им се всадил во секојдневието, сè до мигот кога ќе се појави некој нов. А, со него и чувството дека она до сега не било љубов. Но, семејство се и она што ќе му се случи на еден од нив, тоа влијае и врз останатите. Дали вреди да се зачува ова семејство? Покрај овие најнови изданија, ИК „Славика либрис“ ја има издадено и книжевната репортажа „Сите деца на Луи“ од Камил Балук во превод од полски јазик на Лидија Танушевска. Ова е книжевна репортажа од Холандија, која отсликува факти, реални личности и вистински настани, афери и скандали поврзани со процесот на вештачкото оплодување.

The post Нови изданија од издавачката куќа „Славика либрис“ appeared first on Република.

]]>