новаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novaci/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 16:00:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novaci/ 32 32 Промоција на книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-avtorskite-neologizmi-vo-poezijata-na-vesna-mundishevska-veljanovska/ Tue, 17 Sep 2024 16:56:14 +0000 https://republika.mk/?p=817189

На 18 септември 2024 година во салата за промоции на Оштина Новаци, се организира промоција на книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ чиј автор е м-р Елизабета Јончиќ. Издавач на оваа книга со книжевно научни-согледби од областа на морфологијата и зборообрзувањето е Македонското научно друштво Битола.

Рецензенти на книгата се: проф. д-р Виолета Јанушева, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Гордана Јовиќ-Стојковска. Дизајнот на корицата е на Весна Мундишевска-Велјановска, а модератор на промоцијата е Милица Димитријовска-Радевска.

Во книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ авторката Елизабета Јончиќ навлегува во не многу истражувано поле на јазикот – неологизмите. Во овој научен труд, низ исцрпна и подробна анализа, авторката ги обработува зборовите што отстапуваат по форма од зборовите во општа употреба односно авторските неологизми, во поетските збирки: „КонтинуУМ“ , „ДвОглед“, „Птицоврик“ , „Вибрации на духот“ и „Срцевина“ од писателката Весна Мундишевска-Велјановска. Елизабета Јончиќ не само што го забележува сликовитиот и конструктивен начин при изразувањето на поетесата, туку и ја вреднува вештината на творење на новите зборови не занемарувајќи ги притоа и другите обележја на јазичните средства почнувајќи од рамништето на морфологијата, продолжувајќи во рамниште на зборообразувањето и лексикологијата. Во оваа книга се забележува дека е работено исцрпно и систематски, со земање предвид на сите можности на зборообразување. Според тоа на виделина имаме еден значаен научен труд што измогнува сили за нови сознанија во јазикот и во неговите безгранични простори и можности“, вели проф. д-р Виолета Јанушева.

Во петте поетски книги на Мундишевска-Велјановска, авторката Јончиќ евидентира четириесет и три неологизми, коишто ќе ги анализира според морфолошките карактеристики и категориите втемелени врз начелата за зборообразовните постапки (елементи) понудени од Б. Конески, Л. Минова-Ѓуркова, В. Јанушева, Д. Пандев и други македонски книжевни истражувачи, но и со поткрепа на светската лингвистичка и книжевна елита, истражувачи што му посветиле сериозен пристап на овој феномен, толку чест и присутен во нашето секојдневеење пред сѐ во смисла на ширење на јазикот, надвор од линиите на основната потреба да се именуваат нештата. Овие зборообразовни постапки рапидно се појавуваат во чекор со цивилизацискиот растеж, од нештата што произлегуваат од основната потреба да се вклопиме во модерното време и да ги објасниме дејствијата, но и за нас најважното, да ги уловиме, да ги начекаме, па да ги зборообразуваме нашите чувства, нашата мисла. Што во нашиот свет се претвора во бркање збор, односно во нашата авторска игра да создадеме збор, зашто не постои сериозен автор што не трага по вистинскиот, по чудоносниот збор, збор кој ќе го етаблира како сопствена муза“, вели Гордана Јовиќ-Стојковска.

Елизабета Јончиќ во книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ исто така се фокусира и на деконструкција на јазичните структури и начинот на кој поетесата ги користи истите за да создаде нови значења, како ги „прекршува и обликува“ правилата на зборосоздавањето за да изгради нови форми на изразување кои се истовремено и познати и непознати/нови за читателот. Понатаму укажува за начинот на кој неологизмите ги отвораат границите на јазикот, го прошируваат стилскиот и лексичкиот фонд, наспроти „пречките“ што на некој начин го ограничуваат истиот“, вели проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Елизабета Јончиќ е македонска поетеса, книжевен критичар, член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонското научно друштво – Битола , и на Битолскиот книжевен круг каде во еден мандат била и негов претседател. Магистер е на наставата по Македонски јазик и книжевност. Автор е на пет збирки поезија, три книги со книжевни критики и уредник на петнаесетина книги поезија, проза, книжевна критика и литература за деца.

The post Промоција на книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ appeared first on Република.

]]>

На 18 септември 2024 година во салата за промоции на Оштина Новаци, се организира промоција на книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ чиј автор е м-р Елизабета Јончиќ. Издавач на оваа книга со книжевно научни-согледби од областа на морфологијата и зборообрзувањето е Македонското научно друштво Битола. Рецензенти на книгата се: проф. д-р Виолета Јанушева, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска и Гордана Јовиќ-Стојковска. Дизајнот на корицата е на Весна Мундишевска-Велјановска, а модератор на промоцијата е Милица Димитријовска-Радевска.
Во книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ авторката Елизабета Јончиќ навлегува во не многу истражувано поле на јазикот – неологизмите. Во овој научен труд, низ исцрпна и подробна анализа, авторката ги обработува зборовите што отстапуваат по форма од зборовите во општа употреба односно авторските неологизми, во поетските збирки: „КонтинуУМ“ , „ДвОглед“, „Птицоврик“ , „Вибрации на духот“ и „Срцевина“ од писателката Весна Мундишевска-Велјановска. Елизабета Јончиќ не само што го забележува сликовитиот и конструктивен начин при изразувањето на поетесата, туку и ја вреднува вештината на творење на новите зборови не занемарувајќи ги притоа и другите обележја на јазичните средства почнувајќи од рамништето на морфологијата, продолжувајќи во рамниште на зборообразувањето и лексикологијата. Во оваа книга се забележува дека е работено исцрпно и систематски, со земање предвид на сите можности на зборообразување. Според тоа на виделина имаме еден значаен научен труд што измогнува сили за нови сознанија во јазикот и во неговите безгранични простори и можности“, вели проф. д-р Виолета Јанушева.
Во петте поетски книги на Мундишевска-Велјановска, авторката Јончиќ евидентира четириесет и три неологизми, коишто ќе ги анализира според морфолошките карактеристики и категориите втемелени врз начелата за зборообразовните постапки (елементи) понудени од Б. Конески, Л. Минова-Ѓуркова, В. Јанушева, Д. Пандев и други македонски книжевни истражувачи, но и со поткрепа на светската лингвистичка и книжевна елита, истражувачи што му посветиле сериозен пристап на овој феномен, толку чест и присутен во нашето секојдневеење пред сѐ во смисла на ширење на јазикот, надвор од линиите на основната потреба да се именуваат нештата. Овие зборообразовни постапки рапидно се појавуваат во чекор со цивилизацискиот растеж, од нештата што произлегуваат од основната потреба да се вклопиме во модерното време и да ги објасниме дејствијата, но и за нас најважното, да ги уловиме, да ги начекаме, па да ги зборообразуваме нашите чувства, нашата мисла. Што во нашиот свет се претвора во бркање збор, односно во нашата авторска игра да создадеме збор, зашто не постои сериозен автор што не трага по вистинскиот, по чудоносниот збор, збор кој ќе го етаблира како сопствена муза“, вели Гордана Јовиќ-Стојковска.
 
Елизабета Јончиќ во книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ исто така се фокусира и на деконструкција на јазичните структури и начинот на кој поетесата ги користи истите за да создаде нови значења, како ги „прекршува и обликува“ правилата на зборосоздавањето за да изгради нови форми на изразување кои се истовремено и познати и непознати/нови за читателот. Понатаму укажува за начинот на кој неологизмите ги отвораат границите на јазикот, го прошируваат стилскиот и лексичкиот фонд, наспроти „пречките“ што на некој начин го ограничуваат истиот“, вели проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.
Елизабета Јончиќ е македонска поетеса, книжевен критичар, член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонското научно друштво – Битола , и на Битолскиот книжевен круг каде во еден мандат била и негов претседател. Магистер е на наставата по Македонски јазик и книжевност. Автор е на пет збирки поезија, три книги со книжевни критики и уредник на петнаесетина книги поезија, проза, книжевна критика и литература за деца.

The post Промоција на книгата „Авторските неологизми во поезијата на Весна Мундишевска-Велјановска“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Граѓаните избираат меѓу два концепта, едниот на Пендаровски, СДСМ и Ахмети кои ја понижува и пљачка државата, и концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе ја направи Македонија горда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-graganite-izbiraat-megu-dva-kontsepta-edniot-na-pendarovski-sdsm-i-ahmeti-koi-ja-ponizhuva-i-plachka-drzhavata-i-kontseptot-na-vmro-dpmne-koj-ke-ja-napravi-makedonija-gorda/ Mon, 08 Apr 2024 16:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=763892

-Она кое што го слушам и гледам дава одговор на тоа дека Македонија од оваа положба која што денеска се наоѓа опљачкана, засрамена, понижена, граѓаните насекаде сакаат да ја видат повторна горда. За да Македонија биде повторно горда и за да Македонија биде повторна ваша најпрво е потребно, огромна победа на 24 април на идниот претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова. А потоа да не биде Македонија само горда бидејќи и потребно да биде и твоја, а за тоа да се случи ни е потребна историска двојна победа на 8 мај, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Новаци во рамките на претседателската кампања.

Претседателот Мицкоски истакна дека најпрво е потребно да се врати Македонија  на тие на кои што им припаѓа, а тоа е народот.

-Најпрвин е потребно да си ја вратиме државата на тие на кои што им припаѓа, а тоа е народот. Народот е единствен суверен во Македонија. За да се случи победа на ВМРО-ДПМНЕ таа треба да биде изразена со мнозинство на пратеници во македонскиот парламент, таа победа треба да биде победа со која ќе се овозможат сите услови да се случи трансформација на Македонија. Тоа е она кое што и е потребно на Македонија како држава, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски кажа дека на овие избори има два концепти, а тоа е концептот на Пендаровски и концептот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Изборот е јасен се борат два концепта, едниот избор е концептот кој што го нуди Стево Пендаровски. Позади овој концепт кој што го нуди Стево Пендаровски застанаа Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Зечевиќ, Маричиќ и Ковачевски. И другиот концепт е концептот е концептот кој што го нуди ВМРО-ДПМНЕ и Твоја Македонија. Кога ќе го слушнете Стево Пендаровски како ви вели дека можеби ништо не сработил изминативе 5 години, ама барем не крадел, тогаш сетете се на сите посети на раководството на СДС во овој објект недалеку од овде, каде што се договорени тендери и зделки со цени двојно па и тројно поскапи од пазарните, а дел од таа разлика ваши пари, наши пари, пари на граѓаните завршуваа во приватни џебови, а дел имаат за цел да ја финансираат криминалната кампања на Стево Пендаровски, потсети претседателот Мицкоски.

На крај претседателот Мицкоски порача дека по двојната победа на 8 мај ќе се направи проверка колку Пендаровски и тие околу него се огрешиле пред законот.

-Пендаровски има страв затоа што знае дека за неколку недели од денес после 8 мај ќе провериме дали и колку Стево и тие околу него се огрешиле пред законите и ќе провериме дали ја збори вистината дека не крадел, тој и тие околу него кои што тој ги поставил, додаде Мицкоски.

The post Мицкоски: Граѓаните избираат меѓу два концепта, едниот на Пендаровски, СДСМ и Ахмети кои ја понижува и пљачка државата, и концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе ја направи Македонија горда appeared first on Република.

Николоски од Новаци: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги децентрализира буџетските трошења, пари за локалните инфраструктурни проекти ќе бидат исплатени кон општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-od-novatsi-novata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-gi-detsentralizira-budhetskite-troshena-pari-za-lokalnite-infrastrukturni-proekti-ke-bidat-isplateni-kon-opshtinite/ Sat, 06 Apr 2024 13:41:30 +0000 https://republika.mk/?p=763093

Присуствувам скоро на завршување на еден витален исклучително значаен проект за сите жители тука, затоа што како што еден жител тука кажа ова се проблеми кои се педесетина години нерешени и морам да честитам на градоначалникот на Општина Новаци затоа што навистина посветено работи со скромните средства што ги има општината да реализира што повеќе проекти, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Ова беше општина која тој ја затекна како екстремно задолжена општина со огромна задолженост имајќи ја во предвид општината, а сега е веќе општина во позитива која секоја година одвојува значајни средства за капитални расходи, рече Николоски.

Николоски додаде дека после парламентарните избори со децентрализација на средствата од централниот буџет ќе влегуваат во буџетот на општината.

По парламентарните избори веќе ова лето ќе почнеме да работиме на децентрализација на средствата од буџетот и значајни средства ќе влегуваат и од централниот буџет некаде околу 2 до 2,5 милиони евра ќе влезат во еден инвестициски циклус од 4 години дополнително на она што е буџет на општината со цел да можат најголем дел од потребите на целата општина да бидат решени, додаде Николоски.

Би сакал уште еднашка да честитам на градоначалникот, на советот, на сите кои се ангажирани во овој проект и да се гледаме на уште многу нови проекти, рече Николоски.

The post Николоски од Новаци: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги децентрализира буџетските трошења, пари за локалните инфраструктурни проекти ќе бидат исплатени кон општините appeared first on Република.

Николоски во посета на Општина Новаци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vo-poseta-na-opshtina-novatsi/ Fri, 05 Apr 2024 17:26:38 +0000 https://republika.mk/?p=762766

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, кој е и носител во изборната единица четири денеска беше во посета на Општина Новаци, заедно со градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски, направија увид на работата на објектот во Добрушево наменет за претшколска возраст и за пензионери.

„Денеска сме во Добрушево, заедно со советниците, директорите, дел од мештаните, направивме увид на градежните активности на објектот кој е при крај. Се работи за повеќенаменски објект каде што ќе има пензионерски клуб, како и прострор за деца од претшколска возраст за престој, каде што ќе можат дечињата да се сместуваат и има придружни објекти, потребни за функционирање на објектот“ рече Драганчо Саботковски, градоначалник на Могила.

„Навистина ми е драго што еве денеска сме тука во Добрушево во Општина Могила. Навистина еден прекрасен објект, морам да кажам ретко каде во државава може да се види ваков мултифункционален објект каде што неколку генерации ќе можат да го поминуваат времето. Тука има простории за најмладите кои ќе можат да поминуваат дневен престој, но исто така има простории и за пензионерите, тука го гледам паркот и ова прекрасно партерно уредување кое се работи во моментов. Така што навистина еден центар кој морам да признаам и нема да е нескромно и поголеми општини дури и скопски општини не можат да си го дозволат и да го замислат така што градоначалник честитки уште еднаш прво за замислата, па после тоа и реализацијата на овој проект.

Така што овие проекти покажуваат дека може да се менуваат работите, ние од тука ќе одиме и во Ношпал и во Општина Новаци подоцна да посетиме и таму работи кои се работат.

Градоначалниците кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека со скромните средства што ги имаат можат да се менуваат работите. Нашата идеја е после парламентарните избори, а тоа ќе е веќе уште ова лето да го децентрализираме буџетот и да спуштаме секоја година по 250 милиони евра до општините во Македонија без разлика кој е градоначалник од која политичка партија итн., формулата е многу едноставна, број на жители плус економска активност ќе определува колку средства ќе доаѓаат во општината. Конкретно за Општина Могила некаде ќе се движи околу 4,5-5 милиони евра во еден инвестициски циклус од четири години што ќе треба да ги затвори најкрупните прашања тука како после 4 години не би зборувале за основните потреби на граѓаните.

Тоа сметам дека е вонредно значајно затоа што досега никој не внимаваше на децентрализацијата, па вака сите политичари сме ја споменувале, но на крајот на денот децентрализација е финансии или ќе ги имате или ги немате и мислам дека со ова што го предвидуваме многу ќе се забрза локалниот развој. Се им е битно на жителите, но најбитно им е во местото каде живеат да имаат уреден простор“ рече Николоски.

The post Николоски во посета на Општина Новаци appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски, кој е и носител во изборната единица четири денеска беше во посета на Општина Новаци, заедно со градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски, направија увид на работата на објектот во Добрушево наменет за претшколска возраст и за пензионери. „Денеска сме во Добрушево, заедно со советниците, директорите, дел од мештаните, направивме увид на градежните активности на објектот кој е при крај. Се работи за повеќенаменски објект каде што ќе има пензионерски клуб, како и прострор за деца од претшколска возраст за престој, каде што ќе можат дечињата да се сместуваат и има придружни објекти, потребни за функционирање на објектот“ рече Драганчо Саботковски, градоначалник на Могила. „Навистина ми е драго што еве денеска сме тука во Добрушево во Општина Могила. Навистина еден прекрасен објект, морам да кажам ретко каде во државава може да се види ваков мултифункционален објект каде што неколку генерации ќе можат да го поминуваат времето. Тука има простории за најмладите кои ќе можат да поминуваат дневен престој, но исто така има простории и за пензионерите, тука го гледам паркот и ова прекрасно партерно уредување кое се работи во моментов. Така што навистина еден центар кој морам да признаам и нема да е нескромно и поголеми општини дури и скопски општини не можат да си го дозволат и да го замислат така што градоначалник честитки уште еднаш прво за замислата, па после тоа и реализацијата на овој проект. Така што овие проекти покажуваат дека може да се менуваат работите, ние од тука ќе одиме и во Ношпал и во Општина Новаци подоцна да посетиме и таму работи кои се работат. Градоначалниците кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека со скромните средства што ги имаат можат да се менуваат работите. Нашата идеја е после парламентарните избори, а тоа ќе е веќе уште ова лето да го децентрализираме буџетот и да спуштаме секоја година по 250 милиони евра до општините во Македонија без разлика кој е градоначалник од која политичка партија итн., формулата е многу едноставна, број на жители плус економска активност ќе определува колку средства ќе доаѓаат во општината. Конкретно за Општина Могила некаде ќе се движи околу 4,5-5 милиони евра во еден инвестициски циклус од четири години што ќе треба да ги затвори најкрупните прашања тука како после 4 години не би зборувале за основните потреби на граѓаните. Тоа сметам дека е вонредно значајно затоа што досега никој не внимаваше на децентрализацијата, па вака сите политичари сме ја споменувале, но на крајот на денот децентрализација е финансии или ќе ги имате или ги немате и мислам дека со ова што го предвидуваме многу ќе се забрза локалниот развој. Се им е битно на жителите, но најбитно им е во местото каде живеат да имаат уреден простор“ рече Николоски.

The post Николоски во посета на Општина Новаци appeared first on Република.

]]>
Светиот крст во Битола во рацете на Лука Дамчевски, во Новаци кај Благојче Петровски https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/svetiot-krst-vo-bitola-vo-ratsete-na-luka-damchevski-vo-novatsi-kaj-blagojche-petrovski/ Thu, 19 Jan 2023 11:18:35 +0000 https://republika.mk/?p=598639

Битолчанецот Лука Дамчевски во првото свое учество на Водици успеа да го пронајде положениот свет крст во водите на црковниот базен на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“.

Пред голем број верници чиноначелствуваше митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, на сите им посака добро здравје и го положи светиот крст кој го бараа 25 учесници, а најсреќен и највешт беше средношколецот Лука Дамчевски.

Чинот на полагање на светиот крст во осветени води се одржа и во други цркви и манастири на преспанско-пелагониската епархија, а во Општина Новаци централната свеченост се одржа во црквата „Свети Атанасиј“, каде светиот крст го пронајде Благојче Петровски.

The post Светиот крст во Битола во рацете на Лука Дамчевски, во Новаци кај Благојче Петровски appeared first on Република.

]]>

Битолчанецот Лука Дамчевски во првото свое учество на Водици успеа да го пронајде положениот свет крст во водите на црковниот базен на Храмот „Св. Великомаченик Димитриј“. Пред голем број верници чиноначелствуваше митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар, на сите им посака добро здравје и го положи светиот крст кој го бараа 25 учесници, а најсреќен и највешт беше средношколецот Лука Дамчевски. Чинот на полагање на светиот крст во осветени води се одржа и во други цркви и манастири на преспанско-пелагониската епархија, а во Општина Новаци централната свеченост се одржа во црквата „Свети Атанасиј“, каде светиот крст го пронајде Благојче Петровски.

The post Светиот крст во Битола во рацете на Лука Дамчевски, во Новаци кај Благојче Петровски appeared first on Република.

]]>
Ограбен објeкт на МЕПСО во Новаци, украдена поголема количина кабел https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ograben-objekt-na-mepso-vo-novaci-ukradena-pogolema-kolichina-kabel/ Sun, 27 Nov 2022 18:39:15 +0000 https://republika.mk/?p=578819

На 26.11.2022 во 08.57 часот во СВР-Битола било пријавено дека во објект на МЕПСО лоциран во с.Новаци, била извршена тешка кражба при што бил одземена поголема количина кабел.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на расчистување на случајот.

The post Ограбен објeкт на МЕПСО во Новаци, украдена поголема количина кабел appeared first on Република.

]]>

На 26.11.2022 во 08.57 часот во СВР-Битола било пријавено дека во објект на МЕПСО лоциран во с.Новаци, била извршена тешка кражба при што бил одземена поголема количина кабел. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на расчистување на случајот.

The post Ограбен објeкт на МЕПСО во Новаци, украдена поголема количина кабел appeared first on Република.

]]>
Стевановски: Општина Новаци издвои три милиони денари за субвенции за термофасади https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stevanovski-opshtina-novaci-izdvoi-tri-milioni-denari-za-subvencii-za-termofasadi/ Tue, 04 Jan 2022 14:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=440549

Како едно од предизборните ветувања кои ќе бидат исполнети во првите 90 дена на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, денеска почна да тече тримесечниот рок за пријавување на заинтересираните за користење на субвенција за изградба на термоизолациони фасади.

Во продолжение линкот на кој можете да го најдете јавниот повик како и дел од потребните документи за аплицирање: https://bit.ly/3FX91Tu

Денеска го објавивме јавниот повик за субвенционирање на жителите на Општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување.Повикот ќе трае 3 месеци почнувајќи од денес. Ова е уште еден проект понуден во мојата предизборна програма, ветување кое го реализираме во првите 90 дена од преземањето на функцијата градоначалник на општина новаци.Финансиските средства ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен , до исцрпување на предвидените средства за таа намена, во вкупен износ од 3 милиони денари - изјави Стевановски.

Финансиските средства на овој Повик се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци за 2022 година – Програма Р1 – Заштита на животна средина, согласно Дополнувањето во Програмата за заштита на животна средина за 2021 година и Правилникот за субвенционирање на жителите на Општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување.

Финансиските средства на овој повик, ќе се користат за делумен надоместок во висина од 30 % од вкупната сума на фактурата но не повисока од 90 000 денари бруто износ по барател. Барател на субвенција за изградба на термоизолациони фасади мора да биде лице жител на Општина Новаци чиј што објект се наоѓа на територијата на општината со целосно спроведена постапка за легализација - информира Стевановски.

Покрај барањето, барателот треба да поднесе:

- имотен лист ( не постар од 6 месеци)

- понуда од економски оператор

- копија од трансакциона сметка на барателот

- копија од лична карта од барателот

- изјава заверена на нотар од подносителот на барањето дека нема добиено финансиски средства за изградба на енергетски ефикасни домови и

- фотографии (во боја) од објектот пред започнување со изградба на термоизолационата фасада

По разгледување на барањето Комисија составена од 5 члена излегува на терен со цел да ја утврди фактичката состојба на објектот и доколку истата соодејствува со поднесената документација, со барателот склучува пред договор за субвенционирање.

Барателот за да го оствари правото на субвенција има рок од 9 месеци од поднесување на барањето, да ги достави до комисијата документите согласно повикот кој што е јавно објавен на огласната табла и на веб страната на општина новаци, како и на мојата фан страна на социјалната мрежа фејсбук - вели Стевановски.

Барателот за да го оствари правото на субвенција има рок од 9 месеци од поднесување на барањето, да ги достави до комисијата следните документи:

- платена фактура од економскиот оператор со комплетна спецификација на материјалите кои се користени и вградени при изградбата на термоизолационата фасада и

- фотографии во боја од станбениот објект по изградбата на термоизолационата фасада

Комисијата по изградбата излегува на терен и доколку сите услови се исполнети согласно повикот и доставената документација, составува ранг листа според која се исплаќа субвенцијата на трансакциона сметка на барателите.

https://www.youtube.com/watch?v=xPEP2LuViY8

The post Стевановски: Општина Новаци издвои три милиони денари за субвенции за термофасади appeared first on Република.

]]>

Како едно од предизборните ветувања кои ќе бидат исполнети во првите 90 дена на градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, денеска почна да тече тримесечниот рок за пријавување на заинтересираните за користење на субвенција за изградба на термоизолациони фасади. Во продолжение линкот на кој можете да го најдете јавниот повик како и дел од потребните документи за аплицирање: https://bit.ly/3FX91Tu
Денеска го објавивме јавниот повик за субвенционирање на жителите на Општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување.Повикот ќе трае 3 месеци почнувајќи од денес. Ова е уште еден проект понуден во мојата предизборна програма, ветување кое го реализираме во првите 90 дена од преземањето на функцијата градоначалник на општина новаци.Финансиските средства ќе се доделуваат по принципот прв дојден – прв услужен , до исцрпување на предвидените средства за таа намена, во вкупен износ од 3 милиони денари - изјави Стевановски.
Финансиските средства на овој Повик се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци за 2022 година – Програма Р1 – Заштита на животна средина, согласно Дополнувањето во Програмата за заштита на животна средина за 2021 година и Правилникот за субвенционирање на жителите на Општина Новаци за изградба на енергетски ефикасни домови односно изградба на термоизолациони фасади во станбените објекти за индивидуално домување.
Финансиските средства на овој повик, ќе се користат за делумен надоместок во висина од 30 % од вкупната сума на фактурата но не повисока од 90 000 денари бруто износ по барател. Барател на субвенција за изградба на термоизолациони фасади мора да биде лице жител на Општина Новаци чиј што објект се наоѓа на територијата на општината со целосно спроведена постапка за легализација - информира Стевановски.
Покрај барањето, барателот треба да поднесе: - имотен лист ( не постар од 6 месеци) - понуда од економски оператор - копија од трансакциона сметка на барателот - копија од лична карта од барателот - изјава заверена на нотар од подносителот на барањето дека нема добиено финансиски средства за изградба на енергетски ефикасни домови и - фотографии (во боја) од објектот пред започнување со изградба на термоизолационата фасада По разгледување на барањето Комисија составена од 5 члена излегува на терен со цел да ја утврди фактичката состојба на објектот и доколку истата соодејствува со поднесената документација, со барателот склучува пред договор за субвенционирање.
Барателот за да го оствари правото на субвенција има рок од 9 месеци од поднесување на барањето, да ги достави до комисијата документите согласно повикот кој што е јавно објавен на огласната табла и на веб страната на општина новаци, како и на мојата фан страна на социјалната мрежа фејсбук - вели Стевановски.
Барателот за да го оствари правото на субвенција има рок од 9 месеци од поднесување на барањето, да ги достави до комисијата следните документи: - платена фактура од економскиот оператор со комплетна спецификација на материјалите кои се користени и вградени при изградбата на термоизолационата фасада и - фотографии во боја од станбениот објект по изградбата на термоизолационата фасада Комисијата по изградбата излегува на терен и доколку сите услови се исполнети согласно повикот и доставената документација, составува ранг листа според која се исплаќа субвенцијата на трансакциона сметка на барателите. https://www.youtube.com/watch?v=xPEP2LuViY8

The post Стевановски: Општина Новаци издвои три милиони денари за субвенции за термофасади appeared first on Република.

]]>