нова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Apr 2023 10:20:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova/ 32 32 Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nova-studija-otkriva-kolku-treba-da-peshachite-nedelno-ako-sakate-da-zhiveete-podolgo/ Mon, 03 Apr 2023 10:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=626604

Ако пешачите околу 8.000 чекори еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување.

Вежбањето редовно се поврзува со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата. Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци.

Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала. Кај луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата, ризикот од смртност бил исто така помал – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години.

Научниците го поврзале одењето околу 8.000 чекори еднаш или повеќе пати неделно со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести. „Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“.

Во истражувањето биле користени податоци од 2005 и 2006 година и биле вклучени 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитани 10 години по истражувањето. Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 оделе околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1.937 пешачеле три до седум дена во неделата.

Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно. Дополнително, докажано е дека пешачењето како редовна активност може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.

 

The post Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго appeared first on Република.

]]>

Ако пешачите околу 8.000 чекори еднаш или двапати неделно, може значително да го намалите ризикот од рана смрт, покажува новото американско истражување. Вежбањето редовно се поврзува со помал ризик од смртност, но оваа студија, објавена во списанието JAMA, ги разгледа здравствените придобивки од енергичното одење само неколку дена во неделата. Истражувачите од Универзитетот во Кјото и Универзитетот во Калифорнија анализирале податоци собрани од 3.100 возрасни Американци. Резултатите покажале дека кај оние кои пешачеле 8.000 чекори еден или два дена во неделата, веројатноста за смрт во период од десет години била за 14,9 отсто помала отколку кај групата која не ја практикувала. Кај луѓето кои оделе 8.000 чекори или повеќе, три до седум дена во неделата, ризикот од смртност бил исто така помал – 16,5 проценти. Најголеми здравствени придобивки од овој тип на одење имаа учесниците над 65 години. Научниците го поврзале одењето околу 8.000 чекори еднаш или повеќе пати неделно со намален ризик од смрт од која било причина, вклучително и кардиоваскуларни болести. „Овие резултати сугерираат дека поединците можат да постигнат значителни здравствени придобивки со пешачење само неколку дена во неделата“. Во истражувањето биле користени податоци од 2005 и 2006 година и биле вклучени 3.100 учесници, а податоците за нивната смртност биле испитани 10 години по истражувањето. Меѓу учесниците во истражувањето, 632 луѓе не пешачеле ниту еден ден во неделата, 532 оделе околу 8.000 чекори еден до два дена во неделата и 1.937 пешачеле три до седум дена во неделата. Според клиниката Мајо, просечниот Американец оди од 3.000 до 4.000 чекори дневно. Дополнително, докажано е дека пешачењето како редовна активност може да го намали ризикот од развој на срцеви заболувања, дебелина, дијабетес, висок крвен притисок и депресија.  

The post Нова студија открива колку треба да пешачите неделно ако сакате да живеете подолго appeared first on Република.

]]>
Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/natprevaruvachite-kje-trchaat-po-novi-pateki-na-ovogodineshnoto-izdanie-na-skopski-maraton/ Tue, 06 Sep 2022 12:00:34 +0000 https://republika.mk/?p=547967

На 2 октомври годинава ќе се одржи 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија, Скопскиот маратон. Она што е ново оваа година, е промена на патеките за трчање, информира организаторот.

Стартот за сите трки ќе биде пред Собранието на  Македонија во 8.00 часот наутро, додека целта за сите трки ќе биде на Плоштад Македонија.

Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Бул. Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.

The post Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

На 2 октомври годинава ќе се одржи 18. издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија, Скопскиот маратон. Она што е ново оваа година, е промена на патеките за трчање, информира организаторот. Стартот за сите трки ќе биде пред Собранието на  Македонија во 8.00 часот наутро, додека целта за сите трки ќе биде на Плоштад Македонија. Учесниците во маратон, полумаратон и штафетен маратон ќе стартуваат во правец накај „Порта Македонија“ преку Плоштад „Македонија“ и ќе излезат на улицата покрај Тренд (Бул. Никола Вапцаров)“ која излегува на ул. Димитрије Чупвски., и потоа се движат по Бул. „Климент Охридски“, па десно по ул. Св. „Кирил и Методиј“ до кружниот тек кај Католичка Црква. Оттука се приклучуваат на „Теодосиј Гологанов“ каде се трча се до Студентскиот Дом “Гоце Делчев“ и се продолжува по „Војвода Васил Чакаларов“ до населбата Хром каде се врти полукржно и тркачите се враќаат по истата патека назад кон центарот на градот каде продолжуваат кон населбата Аеродром по улицата 11 Октомври. Потоа по Бул. Крушевска Република каде вртат десно по 3-та Македонска Бригада, па се трча до Бул. Србија и се врти лево и потоа повторно лево за да се излезе на Бул. Јане Сандански, се трча до пред раскрсницата кај „Мајчин Дом“, тука се врти полукружно и учесниците се враќаат по истата патека назад до центарот на градот. Ја поминуваат Порта Македонија и завршуваат пред Плоштад „Македонија“. Ова е еден круг кој го трчаат учесниците во полумаратон, додека учесниците во маратон и штафетниот маратон трчаат уште еден ист ваков круг.

The post Натпреварувачите ќе трчаат по нови патеки на овогодинешното издание на Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Во Струмица се отвора нова книжарница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-strumica-se-otvora-nova-knizarnica/ Thu, 17 Feb 2022 11:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=459823

В сабота, на 19 февруари, во Струмица се отвора новата книжарница на „Литература.мк“. Кафе-книжарницата се наоѓа во центарот на градот, на ул. „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4.

Станува збор за прва книжарница на „Литература.мк“ во Струмица, а вкупно осма, по „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ и „Ист гејт мол“, како и добро познатите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на Широк сокак во Битола.

На денот на отворањето во градот под Царевите кули, присутните ќе добијат подарок-картичка за попусти, а во првата недела од отворањето на книжарницата ќе има 30 отсто попуст на сите изданија од „Арс Ламина“. Отворањето ќе биде збогатено со музичкиот настап на џез-гитаристите Горан Алиќ и Слободан Ѓошиќ-Боби.

Во „Литература.мк“ во Струмица ќе може да се најде голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, од „Арс Ламина“ и други домашни издавачки куќи. Во продажниот простор ќе бидат застапени играчки, едукативни и друштвени игри, колекционерски производи, украси за домот, училишни материјали и богата гифт-програма.

 

The post Во Струмица се отвора нова книжарница appeared first on Република.

]]>

В сабота, на 19 февруари, во Струмица се отвора новата книжарница на „Литература.мк“. Кафе-книжарницата се наоѓа во центарот на градот, на ул. „Благој Јанков-Мучето“, бр. 4. Станува збор за прва книжарница на „Литература.мк“ во Струмица, а вкупно осма, по „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“ и „Ист гејт мол“, како и добро познатите продажни места на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на Широк сокак во Битола. На денот на отворањето во градот под Царевите кули, присутните ќе добијат подарок-картичка за попусти, а во првата недела од отворањето на книжарницата ќе има 30 отсто попуст на сите изданија од „Арс Ламина“. Отворањето ќе биде збогатено со музичкиот настап на џез-гитаристите Горан Алиќ и Слободан Ѓошиќ-Боби. Во „Литература.мк“ во Струмица ќе може да се најде голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, од „Арс Ламина“ и други домашни издавачки куќи. Во продажниот простор ќе бидат застапени играчки, едукативни и друштвени игри, колекционерски производи, украси за домот, училишни материјали и богата гифт-програма.  

The post Во Струмица се отвора нова книжарница appeared first on Република.

]]>