нова седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-sednitsa/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 13:44:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нова седница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-sednitsa/ 32 32 Синдикатот на ЈСП очекува нова вонредна седница на Советот на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sindikatot-na-jsp-ochekuva-nova-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-grad-skopje/ Mon, 22 Jan 2024 13:42:57 +0000 https://republika.mk/?p=735510

Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје очекува денеска да се одржи нова вонредна седница на Советот на град Скопје на која повторно ќе се одлучува за одлуката за субвенционирање на ЈСП, а која претходно не беше усвоена поради недоволен број гласови.

Не помина за еден глас. Веројатно во меѓу време се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП Скопје.

Како што рече, добивме информации дека седницата ќе биде за еден час.

Ако нема седница на Совет на Град Скопје нема јавен градски превоз, рече Стојановски.

Јавниот градски превоз е во прекин од 9 часот изутрина, а вработените во ЈСП од 10.30 часот се пред седиштето на Град Скопје, каде чекаа исход за одлуката за субвенционирање.

За изгласување на одлуката не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против. Со одлуката за субвенционирање треба да се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП.

Скоро два и пол часа на вонредната седница, советниците дискутираа за потребата од донесување одлука за субвенционирање 11 милиони евра за ЈСП, средства од кои вработените ќе можат да ја земат декемвриската плата.

 

 

The post Синдикатот на ЈСП очекува нова вонредна седница на Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје очекува денеска да се одржи нова вонредна седница на Советот на град Скопје на која повторно ќе се одлучува за одлуката за субвенционирање на ЈСП, а која претходно не беше усвоена поради недоволен број гласови.
Не помина за еден глас. Веројатно во меѓу време се јавил некој што му е криво што сите овде мрзнеме и ќе мрзнеме, а јавен градски превоз ќе нема па сака својата воздржаност да ја преточи во гласање „за“. Затоа вработените остануваат тука и ќе ја чекаме дополнителната вонредна седница и тогаш ќе бидете присутни и вие и ќе знаете што ќе се случува, изјави Миќо Стојановски, претседател на Синдикатот на ЈСП Скопје.
Како што рече, добивме информации дека седницата ќе биде за еден час.
Ако нема седница на Совет на Град Скопје нема јавен градски превоз, рече Стојановски.
Јавниот градски превоз е во прекин од 9 часот изутрина, а вработените во ЈСП од 10.30 часот се пред седиштето на Град Скопје, каде чекаа исход за одлуката за субвенционирање. За изгласување на одлуката не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против. Со одлуката за субвенционирање треба да се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП. Скоро два и пол часа на вонредната седница, советниците дискутираа за потребата од донесување одлука за субвенционирање 11 милиони евра за ЈСП, средства од кои вработените ќе можат да ја земат декемвриската плата.    

The post Синдикатот на ЈСП очекува нова вонредна седница на Советот на Град Скопје appeared first on Република.

]]>