нова пандемија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-pandemija/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Jun 2023 13:04:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нова пандемија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-pandemija/ 32 32 Светот мора да се подготви за нова, уште посмртоносна пандемија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/svetot-mora-da-se-podgotvi-za-nova-ushte-posmrtonosna-pandemija/ Sat, 03 Jun 2023 13:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=647409

Протече нацрт договор на СЗО, кој открива нова пандемија.

Според професорката на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Маријана Мацукато, договорот открива дека светот мора да биде подготвен за нова пандемија, која може да биде дури и посмртоносна од Ковид, но сè уште покажува некои „загрижувачки сигнали“.

Документот покажува, како што додава Мацукато, која е и претседателка на Советот на СЗО за здравствена економија за сите, дека планетата може да биде во опасност да го отфрли она што беше научено за време на претходната пандемија и да ја изгуби можноста да ја заштити иднината. Во авторскиот текст за „Фајненшл тајм“ оваа професорка посочува дека е потребно да се дејствува за да се спречи тоа – со работа на нов глобален механизам за финансирање, потоа иновации кои се за општо добро, но и овозможување на бесплатен проток на иновации и информации преку границите.

Таа додава дека Владите на земјите со низок и среден приход ќе треба да сфатат како брзо и под разумни услови да ги добијат клучните технологии за вакцини од големите фармацевтски компании во богатите земји.

Бидејќи тие исто така придонесоа за развој на иновации преку споделување на биолошки примероци.

Меѓутоа, за време на Ковидот, како што вели таа, владеел „вакциналниот апартхејд“ и се покажало дека големите истражувања биле во служба на профитот наместо на здравјето на населението.

Загрижувачки, сепак, протечениот нацрт на глобалниот договор укажува дека транспарентноста во објавувањето на цените на лековите, како и споделувањето информации и трансферот на технологија, ќе биде на доброволна основа.

Ова би била голема грешка – истата онаа што беше направена за време на пандемијата, кога на стотици милиони луѓе ширум светот им беше одбиена навремена вакцинација, делумно поради желбата да се максимизира профитот на неколку компании. И тоа не е само за цените, но и за условите за споделување технологија: правата на интелектуална сопственост се слабо регулирани“, оценува таа.

Професоркатаот Мацукато е убедена дека е неопходна итна промена во начинот на пристап до финансиите – онаа што ќе го отвори фискалниот простор што земјите во развој треба да го инвестираат во здравството.

Договорот за пандемијата треба да воспостави систем во кој ќе станеме подготвени за иднината, надминувајќи ги конвенционалните глобални структури за финансирање на здравјето. Тој мора да биде воден од споделување на знаење, вклучување, пристап и транспарентност, нагласува Мацукато.

Само преку глобалната политика, заедно со финансиските и правните обврски на владите и меѓународните тела како што е СЗО, е можно да се подготви, па дури и да се спречи следната пандемија.

The post Светот мора да се подготви за нова, уште посмртоносна пандемија appeared first on Република.

]]>

Протече нацрт договор на СЗО, кој открива нова пандемија. Според професорката на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Маријана Мацукато, договорот открива дека светот мора да биде подготвен за нова пандемија, која може да биде дури и посмртоносна од Ковид, но сè уште покажува некои „загрижувачки сигнали“. Документот покажува, како што додава Мацукато, која е и претседателка на Советот на СЗО за здравствена економија за сите, дека планетата може да биде во опасност да го отфрли она што беше научено за време на претходната пандемија и да ја изгуби можноста да ја заштити иднината. Во авторскиот текст за „Фајненшл тајм“ оваа професорка посочува дека е потребно да се дејствува за да се спречи тоа – со работа на нов глобален механизам за финансирање, потоа иновации кои се за општо добро, но и овозможување на бесплатен проток на иновации и информации преку границите. Таа додава дека Владите на земјите со низок и среден приход ќе треба да сфатат како брзо и под разумни услови да ги добијат клучните технологии за вакцини од големите фармацевтски компании во богатите земји. Бидејќи тие исто така придонесоа за развој на иновации преку споделување на биолошки примероци. Меѓутоа, за време на Ковидот, како што вели таа, владеел „вакциналниот апартхејд“ и се покажало дека големите истражувања биле во служба на профитот наместо на здравјето на населението. Загрижувачки, сепак, протечениот нацрт на глобалниот договор укажува дека транспарентноста во објавувањето на цените на лековите, како и споделувањето информации и трансферот на технологија, ќе биде на доброволна основа.
Ова би била голема грешка – истата онаа што беше направена за време на пандемијата, кога на стотици милиони луѓе ширум светот им беше одбиена навремена вакцинација, делумно поради желбата да се максимизира профитот на неколку компании. И тоа не е само за цените, но и за условите за споделување технологија: правата на интелектуална сопственост се слабо регулирани“, оценува таа.
Професоркатаот Мацукато е убедена дека е неопходна итна промена во начинот на пристап до финансиите – онаа што ќе го отвори фискалниот простор што земјите во развој треба да го инвестираат во здравството.
Договорот за пандемијата треба да воспостави систем во кој ќе станеме подготвени за иднината, надминувајќи ги конвенционалните глобални структури за финансирање на здравјето. Тој мора да биде воден од споделување на знаење, вклучување, пристап и транспарентност, нагласува Мацукато.
Само преку глобалната политика, заедно со финансиските и правните обврски на владите и меѓународните тела како што е СЗО, е можно да се подготви, па дури и да се спречи следната пандемија.

The post Светот мора да се подготви за нова, уште посмртоносна пандемија appeared first on Република.

]]>
Бил Гејтс: Можеби нè очекува уште посмртоносен вирус https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bil-gejts-mozebi-ne-ochekuva-ushte-posmrtonosen-virus/ Fri, 21 Jan 2022 11:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=447612

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ги повика богатите земји да инвестираат милијарди долари во развој на вакцини за да можеме да се подготвиме за следната глобална епидемија.

Гејтс рече дека иако варијантите на делта и омикрон се едни од најзаразните вируси досега, во иднина би можеле да бидеме погодени од подеднакво заразен патоген, но со многу повисока стапка на смртност, пишува Фајненшл Тајмс.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и британскиот Wellcome Trust донираа 300 милиони американски долари на Коалицијата за иновации во подготовка за епидемија (ЦЕПИ), која помогна да се формира програмата Ковакс, која обезбедува вакцини за земјите со низок и среден приход.

Организацијата работи на собирање 3,5 милијарди долари за да може периодот за добивање на новата вакцина да се намали на само 100 дена. Гејтс рече дека светските приоритети се „чудни“ и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на вакцините.

Кога станува збор за трошење милијарди за да се спасат милијарди во смисла на економска штета и десетици милиони животи, би рекол дека тоа е прилично добра полиса за осигурување“, рече Гејтс, истакнувајќи дека таквиот навидум огромен напор, дури и во економска смисла, ќе спречи многу полоша штета.

The post Бил Гејтс: Можеби нè очекува уште посмртоносен вирус appeared first on Република.

]]>

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ги повика богатите земји да инвестираат милијарди долари во развој на вакцини за да можеме да се подготвиме за следната глобална епидемија. Гејтс рече дека иако варијантите на делта и омикрон се едни од најзаразните вируси досега, во иднина би можеле да бидеме погодени од подеднакво заразен патоген, но со многу повисока стапка на смртност, пишува Фајненшл Тајмс. Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и британскиот Wellcome Trust донираа 300 милиони американски долари на Коалицијата за иновации во подготовка за епидемија (ЦЕПИ), која помогна да се формира програмата Ковакс, која обезбедува вакцини за земјите со низок и среден приход. Организацијата работи на собирање 3,5 милијарди долари за да може периодот за добивање на новата вакцина да се намали на само 100 дена. Гејтс рече дека светските приоритети се „чудни“ и дека денес филантропите и богатите влади мора да се вклучат во решавањето на проблемот со нееднаквата распределба на вакцините.