нова колекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-kolekcija/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 08:18:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нова колекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-kolekcija/ 32 32 Новата колекција „Кога модата ја следи архитектурата“ на македонската дизајнерка Евгенија Зафировска е инспирирана од Брач https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/novata-kolektsija-koga-modata-ja-sledi-arhitekturata-na-makedonskata-dizajnerka-evgenija-zafirovska-e-inspirirana-od-brach/ Thu, 15 Aug 2024 08:18:41 +0000 https://republika.mk/?p=806689

Македонската модна дизајнерка Евгенија Зафировска која работи во Скопје и во Љубљана во понеделникот, на 12 август на брегот во Сутиван, на хрватскиот остров Брач ја претстави новата колекција наречена „Кога модата ја следи архитектурата“, потпишана од брендот ЕЗ (Евгенија Зафировска Дизајн).

За поубава атмосфера на модната ревија свирел познатиот хрватски музичар Роко Вушковиќ. Zа презентација на креациите е подготвен каталог со сите модели фотографирани во Сутиван. Фотографиите се дело на Сања Гргиќ Ќуриќ, а како заштитни лица се појавуваат Ника Шунара и Николина Петров Вушковиќ.

Во колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, облеката ја претставувам како тело, архитектура, создадов „носливи предмети“. Преку истражување, пристапив и ја најдов најблиската врска помеѓу архитектурата и модата преку создавање на 3Д структура и простор за телото, притоа дозволувајќи неограничено движење. Досегашните резултати покажуваат дека луѓето стануваат сè повеќе свесни за квалитетот и одржливоста што ни ги нудат малите серии облека, со што нè доближуваат до уникатноста, исто како што куќите, улиците и плоштадите се единствени на свој начин, вели Зафировска.

Сутиванската архитектура, изградена од бел камен, е инспирација за колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, која создава рамнотежа помеѓу архитектурата и природата. Колекцијата е изработена од природни материјали, надополнети со елементи од рециклиран рачно ткаен материјал со извезени и плетени мотиви. Модните дизајни претставуваат комбинација на геометриски форми во просторот, што создава чувство на проток и нежни струи.

Негувањето на етичка мода, рециклирање и производство на нула отпад за мене е совршенство при дизајнирање креација. Моја лична заложба е заштита на животната средина, вели Зафировска.

Резултатот е современа колекција, препознатлива и единствена, базирана на корисни,
иновативни рачни техники и материјали.

Модата и архитектурата отсекогаш имале меѓусебен однос заснован на заеднички визуелен и интелектуален принцип. Влијанието на архитектурата врз колекцијата е видливо во употребата на флексибилни материјали, мембрански структури, многу лесен мрежест материјал и, од друга страна, многу цврст рачно ткаен материјал. При изработката на секое парче од колекцијата користев рачни текстилни техники на оригинални традиционални начини, додава модната дизајнерка.

EZ ја прави одговорната мода лесна и посакувана, а истовремено отстранува многу од бариерите со кои се соочуваат купувачите кога бараат поприфатливи алтернативи. Добриот дизајн треба да биде разумен, смета Зафировска.

Фото: Габрич Медиа

 

The post Новата колекција „Кога модата ја следи архитектурата“ на македонската дизајнерка Евгенија Зафировска е инспирирана од Брач appeared first on Република.

]]>

Македонската модна дизајнерка Евгенија Зафировска која работи во Скопје и во Љубљана во понеделникот, на 12 август на брегот во Сутиван, на хрватскиот остров Брач ја претстави новата колекција наречена „Кога модата ја следи архитектурата“, потпишана од брендот ЕЗ (Евгенија Зафировска Дизајн). За поубава атмосфера на модната ревија свирел познатиот хрватски музичар Роко Вушковиќ. Zа презентација на креациите е подготвен каталог со сите модели фотографирани во Сутиван. Фотографиите се дело на Сања Гргиќ Ќуриќ, а како заштитни лица се појавуваат Ника Шунара и Николина Петров Вушковиќ.
Во колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, облеката ја претставувам како тело, архитектура, создадов „носливи предмети“. Преку истражување, пристапив и ја најдов најблиската врска помеѓу архитектурата и модата преку создавање на 3Д структура и простор за телото, притоа дозволувајќи неограничено движење. Досегашните резултати покажуваат дека луѓето стануваат сè повеќе свесни за квалитетот и одржливоста што ни ги нудат малите серии облека, со што нè доближуваат до уникатноста, исто како што куќите, улиците и плоштадите се единствени на свој начин, вели Зафировска.
Сутиванската архитектура, изградена од бел камен, е инспирација за колекцијата „Кога модата ја следи архитектурата“, која создава рамнотежа помеѓу архитектурата и природата. Колекцијата е изработена од природни материјали, надополнети со елементи од рециклиран рачно ткаен материјал со извезени и плетени мотиви. Модните дизајни претставуваат комбинација на геометриски форми во просторот, што создава чувство на проток и нежни струи.
Негувањето на етичка мода, рециклирање и производство на нула отпад за мене е совршенство при дизајнирање креација. Моја лична заложба е заштита на животната средина, вели Зафировска.
Резултатот е современа колекција, препознатлива и единствена, базирана на корисни, иновативни рачни техники и материјали.
Модата и архитектурата отсекогаш имале меѓусебен однос заснован на заеднички визуелен и интелектуален принцип. Влијанието на архитектурата врз колекцијата е видливо во употребата на флексибилни материјали, мембрански структури, многу лесен мрежест материјал и, од друга страна, многу цврст рачно ткаен материјал. При изработката на секое парче од колекцијата користев рачни текстилни техники на оригинални традиционални начини, додава модната дизајнерка.
EZ ја прави одговорната мода лесна и посакувана, а истовремено отстранува многу од бариерите со кои се соочуваат купувачите кога бараат поприфатливи алтернативи. Добриот дизајн треба да биде разумен, смета Зафировска. Фото: Габрич Медиа  

The post Новата колекција „Кога модата ја следи архитектурата“ на македонската дизајнерка Евгенија Зафировска е инспирирана од Брач appeared first on Република.

]]>
„Лудус“ ја објави новата колекција за есен-зима 2023/24 https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/ludus-ja-objavi-novata-kolektsija-za-esen-zima-2023-24/ Wed, 29 Mar 2023 11:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=625047

Со повеќе од 30 производи и вкупно 15 целосни изгледи „Лудус“ ја претставува последната колекција за есен-зима 2023/24 што е резултат на повеќегодишна интелектуална разработка на постулатите на брендот и принципите за кои се залага – безродовоста, одржливоста и еколошките аспекти, нула отпад во производството, природното боење и ревитализацијата на нашите занаети.

„Иако денешната одржлива мода може да излгеда хомогено и здодевно, со нашата работа сакаме да покажеме дека брендовите истовремено може да бидат и одржливи и етички и да понудат интересен, свеж и возбудлив дизајн. Особено беше важно да се продолжи во насока на експериментирање со формите, материјалите, боите и природното боење, родот и носливоста“ – вели Драган Христов.

Така, создадени се парчиња што го повикуваат клиентот да поигра со нив и да ја открие нивната повеќекратна форма – да гo трансформира волуменот на волнените кошули или панталони во здолништа или да избере меѓу различните начини на драпирање на предимензионираните парчиња облека. Облеките од оваа колекција се во меѓусебна интеракција, и тоа на повеќе начини, овозможувајќи им на клиентите да пронајдат индивидуални и нови начини на носење и комбинирање.

Обрнато е внимание квалитативно да се подобрат и усовршат постоечките препознатливи производи на брендот и да се понудат нови. Па така и оваа колекција содржи рачно обоени производи со ботанички состојки каде што природното боење се користи како уникатен принт на природните ткаенини. Колекцијата „Пост-родовост VIII“ е направена со локално набавени материјали во соработка со локални занаетчии и мајстори – соработници на брендот и извонредно вештиот технички тим што е постојан дел од современите дизајнерски колекции на „Лудус“.

Колекциите на „Лудус“ се застапени во концептуални продавници во Европа и курирани веб продавници за независни дизајнери во САД, Велика Британија, Холандија, Германија, Кипар и Словенија.

Каталогот беше изработен во студиото на „Лудус“ во Скопје, со фотографот Филип Бојковски, моделите Ана Кичеец и Душан Стефановски, а стајлингот, шминката и фризурата ги сработи Мартина Ивановска.

 

The post „Лудус“ ја објави новата колекција за есен-зима 2023/24 appeared first on Република.

]]>

Со повеќе од 30 производи и вкупно 15 целосни изгледи „Лудус“ ја претставува последната колекција за есен-зима 2023/24 што е резултат на повеќегодишна интелектуална разработка на постулатите на брендот и принципите за кои се залага – безродовоста, одржливоста и еколошките аспекти, нула отпад во производството, природното боење и ревитализацијата на нашите занаети. „Иако денешната одржлива мода може да излгеда хомогено и здодевно, со нашата работа сакаме да покажеме дека брендовите истовремено може да бидат и одржливи и етички и да понудат интересен, свеж и возбудлив дизајн. Особено беше важно да се продолжи во насока на експериментирање со формите, материјалите, боите и природното боење, родот и носливоста“ – вели Драган Христов. Така, создадени се парчиња што го повикуваат клиентот да поигра со нив и да ја открие нивната повеќекратна форма – да гo трансформира волуменот на волнените кошули или панталони во здолништа или да избере меѓу различните начини на драпирање на предимензионираните парчиња облека. Облеките од оваа колекција се во меѓусебна интеракција, и тоа на повеќе начини, овозможувајќи им на клиентите да пронајдат индивидуални и нови начини на носење и комбинирање. Обрнато е внимание квалитативно да се подобрат и усовршат постоечките препознатливи производи на брендот и да се понудат нови. Па така и оваа колекција содржи рачно обоени производи со ботанички состојки каде што природното боење се користи како уникатен принт на природните ткаенини. Колекцијата „Пост-родовост VIII“ е направена со локално набавени материјали во соработка со локални занаетчии и мајстори – соработници на брендот и извонредно вештиот технички тим што е постојан дел од современите дизајнерски колекции на „Лудус“. Колекциите на „Лудус“ се застапени во концептуални продавници во Европа и курирани веб продавници за независни дизајнери во САД, Велика Британија, Холандија, Германија, Кипар и Словенија. Каталогот беше изработен во студиото на „Лудус“ во Скопје, со фотографот Филип Бојковски, моделите Ана Кичеец и Душан Стефановски, а стајлингот, шминката и фризурата ги сработи Мартина Ивановска.  

The post „Лудус“ ја објави новата колекција за есен-зима 2023/24 appeared first on Република.

]]>