Нова Каледонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-kaledonija/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 09:26:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нова Каледонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-kaledonija/ 32 32 Австралија и Нов Зеланд испраќаат авиони за евакуација на туристи од Нова Каледонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstralija-i-nov-zeland-isprakaat-avioni-za-evakuatsija-na-turisti-od-nova-kaledonija/ Tue, 21 May 2024 09:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=780422

Австралија и Нов Зеланд најавија дека ќе испратат владини авиони за да ги евакуираат своите граѓани од Нова Каледонија, француска прекуморска територија каде што летовите се прекинати поради насилните протести по повод измените на изборните закони.

Граѓаните на Нов Зеланд во Нова Каледонија се соочија со неколку предизвикувачки денови и нивното враќање дома беше итен приоритет за нашата влада“, рече министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, по состанокот со неговите француски и австралиски колеги синоќа, кога беше договорена евакуацијата.

Во таа акција ќе учествуваат авиони од одбранбените сили на Австралија и Нов Зеланд, а француската Висока комисија во Нова Каледонија денеска соопшти дека аеродромот на тој остров се уште е затворен за комерцијални летови и дека ќе испрати војска да ги заштити јавните објекти.

Немирите започнаа на 13 мај, откако пратениците во националното собрание во Париз гласаа за промена на законот за да им се овозможи на повеќе француски граѓани да гласаат на локалните избори во Нова Каледонија, што според домородните лидери ќе го неутрализира домородното политичко влијание.

Контингент од 1.700 полицајци од Франција веќе пристигна на островот. Властите прогласија вонредна состојба која вклучува ноќен полициски час, како и забрани за јавни собири, продажба на алкохол и носење оружје.

The post Австралија и Нов Зеланд испраќаат авиони за евакуација на туристи од Нова Каледонија appeared first on Република.

]]>

Австралија и Нов Зеланд најавија дека ќе испратат владини авиони за да ги евакуираат своите граѓани од Нова Каледонија, француска прекуморска територија каде што летовите се прекинати поради насилните протести по повод измените на изборните закони. Граѓаните на Нов Зеланд во Нова Каледонија се соочија со неколку предизвикувачки денови и нивното враќање дома беше итен приоритет за нашата влада“, рече министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, по состанокот со неговите француски и австралиски колеги синоќа, кога беше договорена евакуацијата. Во таа акција ќе учествуваат авиони од одбранбените сили на Австралија и Нов Зеланд, а француската Висока комисија во Нова Каледонија денеска соопшти дека аеродромот на тој остров се уште е затворен за комерцијални летови и дека ќе испрати војска да ги заштити јавните објекти. Немирите започнаа на 13 мај, откако пратениците во националното собрание во Париз гласаа за промена на законот за да им се овозможи на повеќе француски граѓани да гласаат на локалните избори во Нова Каледонија, што според домородните лидери ќе го неутрализира домородното политичко влијание. Контингент од 1.700 полицајци од Франција веќе пристигна на островот. Властите прогласија вонредна состојба која вклучува ноќен полициски час, како и забрани за јавни собири, продажба на алкохол и носење оружје.

The post Австралија и Нов Зеланд испраќаат авиони за евакуација на туристи од Нова Каледонија appeared first on Република.

]]>
Франција треба да се фокусира на неуспешната политика: Азербејџан одговори на обвинувањата од Париз дека е вмешан во немирите во Нова Каледонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-treba-da-se-fokusira-na-neuspeshnata-politika-azerbejdhan-odgovori-na-obvinuvanata-od-pariz-deka-e-vmeshan-vo-nemirite-vo-nova-kaledonija/ Sat, 18 May 2024 08:00:28 +0000 https://republika.mk/?p=779404

Министерството за надворешни работи на Азербејџан ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание.

The post Франција треба да се фокусира на неуспешната политика: Азербејџан одговори на обвинувањата од Париз дека е вмешан во немирите во Нова Каледонија appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Азербејџан ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.
Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.
Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.
Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија. Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда. Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание.

The post Франција треба да се фокусира на неуспешната политика: Азербејџан одговори на обвинувањата од Париз дека е вмешан во немирите во Нова Каледонија appeared first on Република.

]]>
Силен земјотрес во Нова Каледонија, издадено предупредување за цунами https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silen-zemjotres-vo-nova-kaledonija-izdadeno-predupreduvanje-za-cunami/ Thu, 31 Mar 2022 07:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=481228

Земјотрес со интензитет од 6.8 степени според Рихтаровата скала денеска е регистриран на Нова Каледонија, објави американскиот геолошки институт (УСГС).

По земјотресот беше објавено предупредување за појава на цунами на островот Лојалити, а беше повлечено по кратко време.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

The post Силен земјотрес во Нова Каледонија, издадено предупредување за цунами appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со интензитет од 6.8 степени според Рихтаровата скала денеска е регистриран на Нова Каледонија, објави американскиот геолошки институт (УСГС). По земјотресот беше објавено предупредување за појава на цунами на островот Лојалити, а беше повлечено по кратко време. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

The post Силен земјотрес во Нова Каледонија, издадено предупредување за цунами appeared first on Република.

]]>