Нова година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-godina/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jan 2024 08:44:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нова година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-godina/ 32 32 Земји каде што Нова година и Божик се забранети https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zemji-kade-shto-nova-godina-i-bozhik-se-zabraneti/ Tue, 02 Jan 2024 08:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=728869

За голем дел од светот, деновите околу Нова година и Божик се најочекуваното, најраскошното, најубавото време во годината. Но, овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени - поради разни причини и правила. Следат пет држави каде што новогодишната еуфорија не е така добродојдена.

Саудиска Арабија

Забраната на божиќните и новогодишните забави во оваа претежно муслиманска земја на Блискиот Исток, важеше до пред извесно време, под изговор дека жителите и туристите мора да го следат лунарниот, а не Грегоријанскиот календар. Но, престолонаследникот Мохамед бин Салман олабави некои од тие строги религиозни правила... Иако прославата на западните празници Ден на вљубените и Ноќ на вештерките, сè уште е забранета.

Пазарите во земјата денес го содржат секој предмет поврзан со Дедо Мраз што може да се замисли - новогодишни елки, украси, лажен снег, па дури и црвената капа на „дебелкото со бела брада“ со бело топче на врвот.

Таџикистан

Оваа држава во Средна Азија, од друга страна, изминатово десетлетие постепено ги заостри ограничувањата во врска со Нова година. Работите тргнале во таа насока 2013 година откога на Дедо Мраз „му е забрането“ да се појавува на телевизија, па следеа и неупотребата на огномет, и на прописите за вообичаените празнични оброци и подароци... Во училиштата и универзитетите, на пр., не е дозволено поставување елка - „било таа да е жива или вештачка“, се вели во Уредбата на Министерството за образование.

И прославите на Ноќта на вештерките се забранети во Таџикистан. А пак, погребите и свадбите, исто така, се предмет на строги правила и прописи.

Кина

И најголемата нехристијанска држава во светот е „растргната“ меѓу тоа - да се заштитат изворните традиции, обичаи и култура - и усвојувањето на западните влијанија. Властите ги следат новогодишните собири. Комунистичката партија на Кина, на пр., им забранува на своите членови, владините агенции, па дури и на универзитетите да учествуваат во какви било прослави, додека на социјалните мрежи со слогани се охрабруваат луѓето да го бојкотираат Божиќ.

- Политиката на Владата е суштински да се погрижи Црквата да ги стави партијата и државата над религијата, изјави Шинг Ханг, вонреден професор на Универзитетот Брандејс.

Во одредени области, сè уште е недозволено да се прославува. Таков е градот Венжу, каде што на сите училишта и јавни центри им е забрането да учествуваат во божиќни и новогодишни активности.

Брунеј

Во 2014 година, Хасанал Болкијах - султанот на оваа мала далекуисточна исламска апсолутна монархија, соопшти дека празничните новогодишни прослави се забранети затоа што „има стравувања дека тие веселби би можеле да го одведат муслиманското население на погрешен пат“ во таа држава богата со нафта.

Луѓето - жители на Брунеј од другите верски заедници сè уште можат да прославуваат, но само ако тоа го чинат зад затворени врати и во целосна приватност, но и со дозвола од властите. Ако се случи забава на Божик без соодветно известување на надлежните, казната е над 18.000 фунти, затвор од пет години, или и двете.

Северна Кореја

Државата на Ким Јонг-ун им дозволува на жителите да го почитуваат само семејството лидерот, владејачката партија и нејзините водачи, а не Исус Христос или Дедо Мраз. Божиќ не се слави во Северна Кореја откако династијата Ким почна да ги затегнува и сузбива верските слободи во 1948 година, па секој што ќе биде прогласен за виновен за славење „туѓи“ верски или световни празници, се сооочува со затвор, па и построги казни.

Во 2016 година, Ким Јонг-ун целосно ги забрани прославите на Божиќ и им порача на своите поданици да го слават 24 декември, но како датум на раѓање на неговата баба, која Севернокорејците треба да ја чествуваат на тој ден.

Според Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, во Северна Кореја се забранети сите собири кои вклучуваат пиење, пеење и друга забава. Некои луѓе сè уште тајно слават одредени денови, но под постојана присутна закана и страв.

The post Земји каде што Нова година и Божик се забранети appeared first on Република.

]]>

За голем дел од светот, деновите околу Нова година и Божик се најочекуваното, најраскошното, најубавото време во годината. Но, овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени - поради разни причини и правила. Следат пет држави каде што новогодишната еуфорија не е така добродојдена.

Саудиска Арабија

Забраната на божиќните и новогодишните забави во оваа претежно муслиманска земја на Блискиот Исток, важеше до пред извесно време, под изговор дека жителите и туристите мора да го следат лунарниот, а не Грегоријанскиот календар. Но, престолонаследникот Мохамед бин Салман олабави некои од тие строги религиозни правила... Иако прославата на западните празници Ден на вљубените и Ноќ на вештерките, сè уште е забранета. Пазарите во земјата денес го содржат секој предмет поврзан со Дедо Мраз што може да се замисли - новогодишни елки, украси, лажен снег, па дури и црвената капа на „дебелкото со бела брада“ со бело топче на врвот.

Таџикистан

Оваа држава во Средна Азија, од друга страна, изминатово десетлетие постепено ги заостри ограничувањата во врска со Нова година. Работите тргнале во таа насока 2013 година откога на Дедо Мраз „му е забрането“ да се појавува на телевизија, па следеа и неупотребата на огномет, и на прописите за вообичаените празнични оброци и подароци... Во училиштата и универзитетите, на пр., не е дозволено поставување елка - „било таа да е жива или вештачка“, се вели во Уредбата на Министерството за образование. И прославите на Ноќта на вештерките се забранети во Таџикистан. А пак, погребите и свадбите, исто така, се предмет на строги правила и прописи.

Кина

И најголемата нехристијанска држава во светот е „растргната“ меѓу тоа - да се заштитат изворните традиции, обичаи и култура - и усвојувањето на западните влијанија. Властите ги следат новогодишните собири. Комунистичката партија на Кина, на пр., им забранува на своите членови, владините агенции, па дури и на универзитетите да учествуваат во какви било прослави, додека на социјалните мрежи со слогани се охрабруваат луѓето да го бојкотираат Божиќ. - Политиката на Владата е суштински да се погрижи Црквата да ги стави партијата и државата над религијата, изјави Шинг Ханг, вонреден професор на Универзитетот Брандејс. Во одредени области, сè уште е недозволено да се прославува. Таков е градот Венжу, каде што на сите училишта и јавни центри им е забрането да учествуваат во божиќни и новогодишни активности.

Брунеј

Во 2014 година, Хасанал Болкијах - султанот на оваа мала далекуисточна исламска апсолутна монархија, соопшти дека празничните новогодишни прослави се забранети затоа што „има стравувања дека тие веселби би можеле да го одведат муслиманското население на погрешен пат“ во таа држава богата со нафта. Луѓето - жители на Брунеј од другите верски заедници сè уште можат да прославуваат, но само ако тоа го чинат зад затворени врати и во целосна приватност, но и со дозвола од властите. Ако се случи забава на Божик без соодветно известување на надлежните, казната е над 18.000 фунти, затвор од пет години, или и двете.

Северна Кореја

Државата на Ким Јонг-ун им дозволува на жителите да го почитуваат само семејството лидерот, владејачката партија и нејзините водачи, а не Исус Христос или Дедо Мраз. Божиќ не се слави во Северна Кореја откако династијата Ким почна да ги затегнува и сузбива верските слободи во 1948 година, па секој што ќе биде прогласен за виновен за славење „туѓи“ верски или световни празници, се сооочува со затвор, па и построги казни. Во 2016 година, Ким Јонг-ун целосно ги забрани прославите на Божиќ и им порача на своите поданици да го слават 24 декември, но како датум на раѓање на неговата баба, која Севернокорејците треба да ја чествуваат на тој ден. Според Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, во Северна Кореја се забранети сите собири кои вклучуваат пиење, пеење и друга забава. Некои луѓе сè уште тајно слават одредени денови, но под постојана присутна закана и страв.

The post Земји каде што Нова година и Божик се забранети appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-2024-godina-da-sozdademe-idnina-vo-koja-sekoj-ke-se-chuvstvuva-podobro-imame-sila-za-golemi-promeni-i-uspesi/ Sun, 31 Dec 2023 08:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=728422

Секој од нас пред Нова Година пишувал честитки или писмо до своите најблиски, до своите херои. Во пресрет на годината на промените пишувам честитка и писмо до Вас, мои сограѓани, бидејќи Вие сте моите херои, се вели во новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски”

Издржавте многу, не само оваа година, 30тина години Вие со својата сила и умешност ги крепите и семејствата и државата. Вие сте силата на Македонија.

Неспособноста на власта е поразителна, проблемите се големи, а моралот е погазен. Криминалот и корупцијата разјадуваат. Премногу е! Никогаш не било полошо. Вие мои сограѓани заслужувате подобро.

Имајќи полна почит и доверба во Вас, јас Ве замолувам за доверба, за заедно да ги надминеме овие тешки времиња. Време е, светлината да ја победи темнината, да се вратат надежта, моралот и насмевките.

Верувам во вас. Природно е да имаме по некоја разлика, но сите имаме иста цел, и таа не обединува, а тоа е обновена Македонија. Имаме сила за големи успеси и квалитет во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро. Ќе има повисок стандард, ќе има ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси.

Добрите дела, вербата во луѓето и во Бога, и стремежот за промени ни даваат мотив и сила. И знам дека ќе успееме!

2024 година ќе биде годината на промените.

И да, не чека многу работа, но и голема победа за секој еден од вас!

Прославете ги празниците во љубов, пријатно опкружување и добро расположение. Сетете се на сите кои ги сакате и замислете убави желби за секого кого го познавате. Ви гарантирам дека следуваат поубави времиња!

Мои сограѓани, Ви посакувам добро здравје и подобар живот, многу убави моменти Вам и Вашите блиски, многу среќа, радост и насмевки.

Од се срце Ви посакувам промени и иднина.

Среќна, весела и успешна 2024 година!

https://youtu.be/RW0QsIMvHLg?si=2Bls6MXTY5V24rnv

The post Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси appeared first on Република.

]]>

Секој од нас пред Нова Година пишувал честитки или писмо до своите најблиски, до своите херои. Во пресрет на годината на промените пишувам честитка и писмо до Вас, мои сограѓани, бидејќи Вие сте моите херои, се вели во новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во продолжение во целост ви го пренесуваме новогодишното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски” Издржавте многу, не само оваа година, 30тина години Вие со својата сила и умешност ги крепите и семејствата и државата. Вие сте силата на Македонија. Неспособноста на власта е поразителна, проблемите се големи, а моралот е погазен. Криминалот и корупцијата разјадуваат. Премногу е! Никогаш не било полошо. Вие мои сограѓани заслужувате подобро. Имајќи полна почит и доверба во Вас, јас Ве замолувам за доверба, за заедно да ги надминеме овие тешки времиња. Време е, светлината да ја победи темнината, да се вратат надежта, моралот и насмевките. Верувам во вас. Природно е да имаме по некоја разлика, но сите имаме иста цел, и таа не обединува, а тоа е обновена Македонија. Имаме сила за големи успеси и квалитет во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро. Ќе има повисок стандард, ќе има ред и поредок, морал и правда, промоција на националните и државни интереси. Добрите дела, вербата во луѓето и во Бога, и стремежот за промени ни даваат мотив и сила. И знам дека ќе успееме! 2024 година ќе биде годината на промените. И да, не чека многу работа, но и голема победа за секој еден од вас! Прославете ги празниците во љубов, пријатно опкружување и добро расположение. Сетете се на сите кои ги сакате и замислете убави желби за секого кого го познавате. Ви гарантирам дека следуваат поубави времиња! Мои сограѓани, Ви посакувам добро здравје и подобар живот, многу убави моменти Вам и Вашите блиски, многу среќа, радост и насмевки. Од се срце Ви посакувам промени и иднина. Среќна, весела и успешна 2024 година! https://youtu.be/RW0QsIMvHLg?si=2Bls6MXTY5V24rnv

The post Мицкоски: Во 2024 година да создадеме иднина во која секој ќе се чувствува подобро, имаме сила за големи промени и успеси appeared first on Република.

]]>
Нема да има огномет за Нова година на плоштад „Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-da-ima-ognomat-za-nova-godina-na-ploshtad-makedonija/ Sat, 30 Dec 2023 17:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=728279

Македонски музичари ќе настапат за пречекот на Нова година на градскиот плоштад „Македонија“. Публиката ќе ги слушне Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска.

Новата Година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани, соопшти Град Скопје.

Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 25 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.

 

The post Нема да има огномет за Нова година на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Македонски музичари ќе настапат за пречекот на Нова година на градскиот плоштад „Македонија“. Публиката ќе ги слушне Тин Камп, Скопје Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Душко Георгиевски и Блага Петреска.
Новата Година треба да биде надеж за подобро утре за сите. Затоа, оваа година средствата наместо за огномет повторно се пренасочени кон хуманитарни цели. Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани, соопшти Град Скопје.
Под мотото „Градот убав ве кани сите“, на 25 декември 2023 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје почнаа предновогодишните настани насловени „Празнична приказна“, во организација на Град Скопје и Комората на музичката индустрија.  

The post Нема да има огномет за Нова година на плоштад „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Здравствените установи подготвени со дежурни екипи за новогодишната ноќ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zdravstvenite-ustanovi-podgotveni-so-dezhurni-ekipi-za-novogodishnata-nok-2/ Sat, 30 Dec 2023 17:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=728263

Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во Република Македонија во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите.

Со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна. Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските.

Апелираме да не се користат и разни пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

The post Здравствените установи подготвени со дежурни екипи за новогодишната ноќ appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во Република Македонија во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите.
Со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна. Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските. Апелираме да не се користат и разни пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

The post Здравствените установи подготвени со дежурни екипи за новогодишната ноќ appeared first on Република.

]]>
За Лавот е златната: Која е вашата боја за 2024 година? https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/za-lavot-e-zlatnata-koja-e-vashata-boja-za-2024-godina/ Sat, 30 Dec 2023 10:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=728139

Совети од астролози за избор на боја за облеката во новогодишната ноќ за секој хороскопски знак.

Овен

Претставниците на овој знак потребно е да ги преферираат портокаловите нијанси. Мажите ќе бидат неодоливи со портокалова вратоврска.

Бик

Астролозите препорачуваат на новогодишната ноќ овие знаци да ја носат сината боја во било која нијанса, измешана со црна боја. На пример, обичен црн костум и светлосина кошула или црн фустан со сина марама.

Близнаци

За да биде добра годината, тие треба да бидат облечени во светли нијанси на зелена или жолта. Но во никој случај да не носат сина боја, во оваа новогодишна ноќ зашто сината не е Вашата боја за 2024.

Рак

На нив им се препорачува да се облечени во виолетова и нијанси на сината боја.

Лав

Златна – најдобар избор за влегување во 2024 година.

Девица

Вие сте ѕвезда, Ви се нуди избор од неколку бои. Најдобро е да се во црвени нијанси, исто така се погодни и сина, виолетова и нијанси на зелена боја. Но жолт фустан на девојките астролозите не им препорачуваат.

Вага

Единствено што велат за нив астролозите, е да бидат, модерни, елегантни, но за балансот на боите може спокојно да одлучат сами!

Скорпија

Обидете се да најдете во Вашата гардероба облека во светли бои, по можност бела боја. Бело – е Вашата боја за среќа во текот на целата година!

Стрелец

Бојата за 2024 година е сината! Во овие нијанси ќе се чувствувате мирно и ќе бидете во хармонија со себе си и другите.

Јарец

Препорачливо е во целата 2024 да носите нијанси на зелена боја.

Водолија

Боја – жолта. Или … портокалови нијанси, тоа сте Вие во 2024.

Риби

За вас астролозите препорачуваат да комбинирате црно и бело во годината што следи, а на Нова Година е подобро да Ве видат во жолта или црвена.

The post За Лавот е златната: Која е вашата боја за 2024 година? appeared first on Република.

]]>

Совети од астролози за избор на боја за облеката во новогодишната ноќ за секој хороскопски знак.

Овен

Претставниците на овој знак потребно е да ги преферираат портокаловите нијанси. Мажите ќе бидат неодоливи со портокалова вратоврска.

Бик

Астролозите препорачуваат на новогодишната ноќ овие знаци да ја носат сината боја во било која нијанса, измешана со црна боја. На пример, обичен црн костум и светлосина кошула или црн фустан со сина марама.

Близнаци

За да биде добра годината, тие треба да бидат облечени во светли нијанси на зелена или жолта. Но во никој случај да не носат сина боја, во оваа новогодишна ноќ зашто сината не е Вашата боја за 2024.

Рак

На нив им се препорачува да се облечени во виолетова и нијанси на сината боја.

Лав

Златна – најдобар избор за влегување во 2024 година.

Девица

Вие сте ѕвезда, Ви се нуди избор од неколку бои. Најдобро е да се во црвени нијанси, исто така се погодни и сина, виолетова и нијанси на зелена боја. Но жолт фустан на девојките астролозите не им препорачуваат.

Вага

Единствено што велат за нив астролозите, е да бидат, модерни, елегантни, но за балансот на боите може спокојно да одлучат сами!

Скорпија

Обидете се да најдете во Вашата гардероба облека во светли бои, по можност бела боја. Бело – е Вашата боја за среќа во текот на целата година!

Стрелец

Бојата за 2024 година е сината! Во овие нијанси ќе се чувствувате мирно и ќе бидете во хармонија со себе си и другите.

Јарец

Препорачливо е во целата 2024 да носите нијанси на зелена боја.

Водолија

Боја – жолта. Или … портокалови нијанси, тоа сте Вие во 2024.

Риби

За вас астролозите препорачуваат да комбинирате црно и бело во годината што следи, а на Нова Година е подобро да Ве видат во жолта или црвена.

The post За Лавот е златната: Која е вашата боја за 2024 година? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: По една две-пијачки по скопските кафулиња, Новата ќе ја дочекам со семејството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-po-edna-dve-pijachki-po-skopskite-kafulina-novata-ke-ja-dochekam-so-semejstvoto/ Fri, 29 Dec 2023 12:42:03 +0000 https://republika.mk/?p=727850

Премиерот Димитар Ковачевски доаѓањето на новата година ќе ја прослави со пријателите во некое од скопските кафулиња, а денот ќе го заврши со семејството.

Како и секоја година ќе ја прославам Новата година. Јас сум човек кој секогаш за 31 декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пијачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираната сала Партизан во скопски Карпош.

The post Ковачевски: По една две-пијачки по скопските кафулиња, Новата ќе ја дочекам со семејството appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски доаѓањето на новата година ќе ја прослави со пријателите во некое од скопските кафулиња, а денот ќе го заврши со семејството.
Како и секоја година ќе ја прославам Новата година. Јас сум човек кој секогаш за 31 декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пијачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираната сала Партизан во скопски Карпош.

The post Ковачевски: По една две-пијачки по скопските кафулиња, Новата ќе ја дочекам со семејството appeared first on Република.

]]>
Познато е каде ќе пее Лозано за дочекот на 2024 https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/poznato-e-kade-ke-pee-lozano-za-dochekot-na-2024/ Fri, 29 Dec 2023 10:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=727751

Една од нашите најголеми музички ѕвезди Влатко Лозаноски - Лозано и годинава новата година ќе ја пречека работно, со голем тричасовен концерт. Популарниот пејач заедно со неговиот бенд овојпат ќе ги забавуваат гостите во хотелот „Bocca Di Lupo“ во Скопје.

Покрај Лозано, гостите ќе ги забавуваат и девојките од женскиот бенд „К4“, кои ќе бидат задолжени да ги пеат најголемите домашни и регионални хитови.

Годината ќе биде плодна за Лозано, кого го чекаат големи прекуокеански концертни тури во Австралија и во САД.

The post Познато е каде ќе пее Лозано за дочекот на 2024 appeared first on Република.

]]>

Една од нашите најголеми музички ѕвезди Влатко Лозаноски - Лозано и годинава новата година ќе ја пречека работно, со голем тричасовен концерт. Популарниот пејач заедно со неговиот бенд овојпат ќе ги забавуваат гостите во хотелот „Bocca Di Lupo“ во Скопје. Покрај Лозано, гостите ќе ги забавуваат и девојките од женскиот бенд „К4“, кои ќе бидат задолжени да ги пеат најголемите домашни и регионални хитови. Годината ќе биде плодна за Лозано, кого го чекаат големи прекуокеански концертни тури во Австралија и во САД.

The post Познато е каде ќе пее Лозано за дочекот на 2024 appeared first on Република.

]]>
Полициска комесарка во Берлин: Најголемо распоредување на полиција за новогодишната ноќ досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/politsiska-komesarka-vo-berlin-najgolemo-rasporeduvane-na-politsija-za-novogodishnata-nok-dosega/ Mon, 25 Dec 2023 08:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=726356

По минатогодишните немири и поради тензиите во заедницата поради војната во Газа, берлинската полиција планира голема операција за новогодишната ноќ.

Тоа е најголемата полициска операција на новогодишната ноќ во последните децении, изјави за ДПА, комесарката на полицијата во Берлин, Барбара Словик.

Ова главно се должи на конфликтот на Блискиот Исток, што ја прави оперативната ситуација многу попредизвикувачка и сложена, истакна таа.

Минатата година, покрај вообичаениот огномет на улиците, имаше и многу фрлени петарди и други напади врз полицајци, пожарникари и болничари во некои населби на Берлин и други поголеми градови.

Словик најави дека 2.000 до 2.500 берлински полицајци и поддршка од покраините Саксонија, Саксонија-Анхалт како и федералната полиција ќе бидат распоредени на новогодишната ноќ.

Истовремено ќе се зголеми бројот на патролни возила од вообичаените 150 во текот на ноќта на 220.

Покрај тоа, 500 федерални полицајци ќе бидат распоредени на градските приградски железнички станици и на други оддалечени железнички станици.

Една од причините за значителното зголемување на бројот на полицајците се настаните од минатата новогодишна ноќ.

The post Полициска комесарка во Берлин: Најголемо распоредување на полиција за новогодишната ноќ досега appeared first on Република.

]]>

По минатогодишните немири и поради тензиите во заедницата поради војната во Газа, берлинската полиција планира голема операција за новогодишната ноќ. Тоа е најголемата полициска операција на новогодишната ноќ во последните децении, изјави за ДПА, комесарката на полицијата во Берлин, Барбара Словик. Ова главно се должи на конфликтот на Блискиот Исток, што ја прави оперативната ситуација многу попредизвикувачка и сложена, истакна таа. Минатата година, покрај вообичаениот огномет на улиците, имаше и многу фрлени петарди и други напади врз полицајци, пожарникари и болничари во некои населби на Берлин и други поголеми градови. Словик најави дека 2.000 до 2.500 берлински полицајци и поддршка од покраините Саксонија, Саксонија-Анхалт како и федералната полиција ќе бидат распоредени на новогодишната ноќ. Истовремено ќе се зголеми бројот на патролни возила од вообичаените 150 во текот на ноќта на 220. Покрај тоа, 500 федерални полицајци ќе бидат распоредени на градските приградски железнички станици и на други оддалечени железнички станици. Една од причините за значителното зголемување на бројот на полицајците се настаните од минатата новогодишна ноќ.

The post Полициска комесарка во Берлин: Најголемо распоредување на полиција за новогодишната ноќ досега appeared first on Република.

]]>
Никој не ги слави новогодишните празници подобро од Финците, а еве зошто https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/nikoj-ne-gi-slavi-novogodishnite-praznitsi-podobro-od-fintsite-a-eve-zoshto/ Sat, 23 Dec 2023 15:04:00 +0000 https://republika.mk/?p=725967

За многу туристи посетата на Финска во декември значи само едно. Тоа е можност да го запознаат вистинскиот Дедо Мраз. Токму овде во Лапонија, во малото гратче Рованиеми, се наоѓа неговата куќа во која живее во празнична магија. Сепак, за Финците Божиќ е многу повеќе од Дедо Мраз и џуџиња

Во Финска, празникот започнува многу порано отколку во повеќето земји. За нив прославата започнува со низа настани наречени пиккуџулут или во превод „мали божиќни“ забави. Празничната забава започнува на почетокот на декември во домовите, канцелариите, училиштата и плоштадите.

За Финците почетокот на прославата е исчекување на празникот. Го чекаат Божиќ организирано и колективно со свечени настани. Во основа концептот на пиккуџулут изгледа како секоја друга забава, локалното население се собира, слави со многу храна и пијалоци.

Јадењата можат да бидат едноставни како сирење и крекери или екстравагантни како обилно божиќно бифе исполнето со традиционални јадења. Има шунки, салати од цвекло и цвекло, чаден лосос и бројни десерти. Обично се служи варено вино и джинджифилово леб.

Оваа традиција датира од 19 век, а забавите обично биле тивки и во основа семејно ориентирани. Меѓутоа, со текот на времето, прославата се прошири и на улиците, честопати претерувајќи со забавата, па дури и полицијата често мораше да реагира. Една година дури и Дедо Мраз помина една ноќ во затвор поради лошо однесување. Зошто им се важни овие прослави?

Кога ја прославувате пиккуџулата, од вас се очекува да бидете социјални и да запознавате нови луѓе. Ова е сосема спротивно од финската културна норма каде што тие се „учтиви“ и не им пречат на другите луѓе. Тоа е единствена можност да се опуштите и да уживате во друштвото на луѓето.

Ако во остатокот од годината Финците се обично тивки, цивилизирани и асоцијални, за време на божиќните забави дозволуваат работите да излезат од контрола. Се собираат денови пред Божиќ, есента е навистина долга и мрачна овде, па пиккујулу е вистинска можност за забава и забава. Потоа има многу за јадење, пиење и славење „со сета сила“!

Pikkujoulu е всушност изговор за кршење на секојдневните општествени норми. Тоа е можност за луѓето да се дружат, а Финците тоа го сфаќаат сериозно. Можеби се рамнодушни и ладни во текот на целата година, таков не е случајот во декември кога го пречекуваат највеселиот празник и ја испраќаат старата година. Потоа се опуштаат и забораваат, барем на неколку дена, дека се Финци, затворени и резервирани.

The post Никој не ги слави новогодишните празници подобро од Финците, а еве зошто appeared first on Република.

]]>

За многу туристи посетата на Финска во декември значи само едно. Тоа е можност да го запознаат вистинскиот Дедо Мраз. Токму овде во Лапонија, во малото гратче Рованиеми, се наоѓа неговата куќа во која живее во празнична магија. Сепак, за Финците Божиќ е многу повеќе од Дедо Мраз и џуџиња Во Финска, празникот започнува многу порано отколку во повеќето земји. За нив прославата започнува со низа настани наречени пиккуџулут или во превод „мали божиќни“ забави. Празничната забава започнува на почетокот на декември во домовите, канцелариите, училиштата и плоштадите. За Финците почетокот на прославата е исчекување на празникот. Го чекаат Божиќ организирано и колективно со свечени настани. Во основа концептот на пиккуџулут изгледа како секоја друга забава, локалното население се собира, слави со многу храна и пијалоци. Јадењата можат да бидат едноставни како сирење и крекери или екстравагантни како обилно божиќно бифе исполнето со традиционални јадења. Има шунки, салати од цвекло и цвекло, чаден лосос и бројни десерти. Обично се служи варено вино и джинджифилово леб. Оваа традиција датира од 19 век, а забавите обично биле тивки и во основа семејно ориентирани. Меѓутоа, со текот на времето, прославата се прошири и на улиците, честопати претерувајќи со забавата, па дури и полицијата често мораше да реагира. Една година дури и Дедо Мраз помина една ноќ во затвор поради лошо однесување. Зошто им се важни овие прослави? Кога ја прославувате пиккуџулата, од вас се очекува да бидете социјални и да запознавате нови луѓе. Ова е сосема спротивно од финската културна норма каде што тие се „учтиви“ и не им пречат на другите луѓе. Тоа е единствена можност да се опуштите и да уживате во друштвото на луѓето. Ако во остатокот од годината Финците се обично тивки, цивилизирани и асоцијални, за време на божиќните забави дозволуваат работите да излезат од контрола. Се собираат денови пред Божиќ, есента е навистина долга и мрачна овде, па пиккујулу е вистинска можност за забава и забава. Потоа има многу за јадење, пиење и славење „со сета сила“! Pikkujoulu е всушност изговор за кршење на секојдневните општествени норми. Тоа е можност за луѓето да се дружат, а Финците тоа го сфаќаат сериозно. Можеби се рамнодушни и ладни во текот на целата година, таков не е случајот во декември кога го пречекуваат највеселиот празник и ја испраќаат старата година. Потоа се опуштаат и забораваат, барем на неколку дена, дека се Финци, затворени и резервирани.

The post Никој не ги слави новогодишните празници подобро од Финците, а еве зошто appeared first on Република.

]]>
Скопјани на плоштад ќе ја чекаат Новата година со Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Стојне Николова, Блага Петреска… https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopjani-na-ploshtad-ke-ja-chekaat-novata-godina-so-slatkar-dario-merak-meana-so-suzana-gavazova-stojne-nikolova-blaga-petreska/ Fri, 22 Dec 2023 13:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=725695

За дочекот на Новата 2024 година, на Плоштад Македонија во Скопје ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации.

Од понедленик, 25 декември започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до седми јануари 2024.

Планирана е на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања.

Раководството на „Комора на музичка индустрија“ овозможи музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци.

Водители на празничниот базар ќе бидат Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

The post Скопјани на плоштад ќе ја чекаат Новата година со Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Стојне Николова, Блага Петреска… appeared first on Република.

]]>

За дочекот на Новата 2024 година, на Плоштад Македонија во Скопје ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски. Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од понедленик, 25 декември започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до седми јануари 2024. Планирана е на четиринаесетдневна дружба исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања. Раководството на „Комора на музичка индустрија“ овозможи музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. Во понеделник (25.12.2023) празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите талентирани музичари од Дајте музика, забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд. Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат ЕРА ѕвездите, Ана Петановска, Мите Стоилов, Мартинијан Кириловски, Мила Николовска и Џенгис Мемедоски, Елена Ристеска, Каан Мазхар, Даниела Темелковска, Поточиња, Бени Нон Стоп, Љубојна, Пајак, Благоја Грујовски и Елена Велевска, Куку Леле, Група Саут Парк, Ареа, Фолтин, диџеј Ерик Фокс, Скопје Лејдис Оркестра, Јанг Дади, Симона Попоска, Ристо Самарџиев, Лидија Кочовска, Ринг Тонс бенд, Дани Димитровска, диџеј Ампов, Два Бона, Лозано, КУД Скопје, Нино Величковски, Полина Тасева, Група Мјузаик, Теа Трајковска, Дупер, Антониа Гиговска, ДНК, Марјан Коцев и Анета Љумаковска, Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Sarah Mace & The Christmas Girls, Аманет, Фиц D’invisibles, Некст Тајм. Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба“ од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци. Водители на празничниот базар ќе бидат Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

The post Скопјани на плоштад ќе ја чекаат Новата година со Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Стојне Николова, Блага Петреска… appeared first on Република.

]]>
За новогодишната ноќ блеснете во боја според хороскопот за да имате среќа во следната година https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/za-novogodishnata-nok-blesnete-vo-boja-spored-horoskopot-za-da-imate-sreka-vo-slednata-godina/ Sat, 16 Dec 2023 20:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=722361

Се ближи Нова Година… Некои веќе на големо почнуваат да се подготвуваат за Новогодишната ноќ. Изберете ја бојата на облеката за таа вечер според вашиот хороскопски знак- за да биде добра годината.

Овен: Претставниците на овој знак потребно е да ги преферираат портокаловите нијанси. Мажите ќе бидат неодоливи со портокалова вратоврска, а и жените исто така.

Бик: Астролозите препорачуваат на новогодишната ноќ овие знаци да ја носат сината боја во било која нијанса, измешана со црна боја. На пример, обичен црн костум и светлосина кошула или црн фустан со сина марама.

Близнаци: За да биде добра годината, тие треба да бидат облечени во светли нијанси на зелена или жолта. Но во никој случај да не носат сина боја, во оваа новогодишна ноќ зашто сината не е Вашата боја за следната година.

Рак:
На нив им се препорачува да се облечени во виолетова и нијанси на сината боја.

Лав: Златна – најдобар избор за влегување во следната година.

Девица: Вие сте ѕвезда, Ви се нуди избор од неколку бои. Најдобро е да се во црвени нијанси, исто така се погодни и сина, виолетова и нијанси на зелена боја. Но, жолт фустан на девојките астролозите не им препорачуваат.

Вага: Единствено што велат за нив астролозите, е да бидат, модерни, елегантни, но за балансот на боите може спокојно да одлучат сами.

Шкорпија: Обидете се да најдете во Вашата гардероба облека во светли бои, по можност бела боја. Бела- е Вашата боја за среќа во текот на целата година.

Стрелец: Вашата боја за следната година е сината! Во овие нијанси ќе се чувствувате мирно и ќе бидете во хармонија со себе си и другите.

Јарец: Препорачливо е во целата следна година да носите нијанси на зелена боја.

Водолија: Боја – жолта. Или … портокалови нијанси, тоа сте Вие во следната година.

Риби: За вас астролозите препорачуваат да комбинирате црно и бело во годината што следи, а на Нова Година е подобро да Ве видат во жолта или црвена.

The post За новогодишната ноќ блеснете во боја според хороскопот за да имате среќа во следната година appeared first on Република.

]]>

Се ближи Нова Година… Некои веќе на големо почнуваат да се подготвуваат за Новогодишната ноќ. Изберете ја бојата на облеката за таа вечер според вашиот хороскопски знак- за да биде добра годината. Овен: Претставниците на овој знак потребно е да ги преферираат портокаловите нијанси. Мажите ќе бидат неодоливи со портокалова вратоврска, а и жените исто така. Бик: Астролозите препорачуваат на новогодишната ноќ овие знаци да ја носат сината боја во било која нијанса, измешана со црна боја. На пример, обичен црн костум и светлосина кошула или црн фустан со сина марама. Близнаци: За да биде добра годината, тие треба да бидат облечени во светли нијанси на зелена или жолта. Но во никој случај да не носат сина боја, во оваа новогодишна ноќ зашто сината не е Вашата боја за следната година. Рак: На нив им се препорачува да се облечени во виолетова и нијанси на сината боја. Лав: Златна – најдобар избор за влегување во следната година. Девица: Вие сте ѕвезда, Ви се нуди избор од неколку бои. Најдобро е да се во црвени нијанси, исто така се погодни и сина, виолетова и нијанси на зелена боја. Но, жолт фустан на девојките астролозите не им препорачуваат. Вага: Единствено што велат за нив астролозите, е да бидат, модерни, елегантни, но за балансот на боите може спокојно да одлучат сами. Шкорпија: Обидете се да најдете во Вашата гардероба облека во светли бои, по можност бела боја. Бела- е Вашата боја за среќа во текот на целата година. Стрелец: Вашата боја за следната година е сината! Во овие нијанси ќе се чувствувате мирно и ќе бидете во хармонија со себе си и другите. Јарец: Препорачливо е во целата следна година да носите нијанси на зелена боја. Водолија: Боја – жолта. Или … портокалови нијанси, тоа сте Вие во следната година. Риби: За вас астролозите препорачуваат да комбинирате црно и бело во годината што следи, а на Нова Година е подобро да Ве видат во жолта или црвена.

The post За новогодишната ноќ блеснете во боја според хороскопот за да имате среќа во следната година appeared first on Република.

]]>
Ни се заканува „струен удар“ по Нова година? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ni-se-zakanuva-struen-udar-po-nova-godina/ Thu, 30 Nov 2023 17:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=718117

Не чека ли „струен удар“ по Нова Година со новите сметки за струја ? ЕСМ ќе ја продава електричната енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи на универзалниот снабдувач за 57 евра за мегават час, што е поскапо за 7,5 % од моменталната цена од 53 евра, објави „Алфа“.

Понудата била одбрана како најповолна на тендерот на Универзалниот снабудвач, а повисоката цена важи за покривање за 95 проценти од вкупно потребните количини. Од барањата од ЕСМ најмногу зависи и крајната пресметка која ќе стигне до граѓаните.

За покривање на останатите 5% од вкупно планираните количини, ЕВН Хоме доби две понуди и тоа од АД ЕСМ, по купопродажна цена на електричната енергија од 120,01 евра за мегават час и од компанијата Соле24 ДООЕЛ по цена од 130 евра за мегават час.

ЕВН Хоме одлучи да не прифати ниту една од пристигнатите понуди за овие количини, за да го ограничи влијанието на крајната цена на електричната енергија.

Покрај цената на ЕСМ во крајната пресметка влегуваат и трошоците кои ќе ги достави МЕПСО , како и МЕМО и цената од електродистрибуција . Финалната цена на струјата овој пат ќе ја слушнеме од ЕВН, ама пресметките претходно мора да добијат „амин“ од Регулаторна.

Инаку, понудата од ЕСМ стигна еден ден пред да стартува дневната евтината тарифа од 13-15 часот. Се поставува прашањето, дали поскапата цена од државните електрани ќе ги „изеде“ придобивките од евтината струја.

Сепак, не сите граѓани ќе можат да перат, готват и да завршуваат останати домашни обврски на евтина струја поради тоа што се уште трае промената на броилата. ЕВН упати и апел граѓаните да ги проверат, ако на броилото од утре од 13-15 часот има ознака Т2, тоа значи дека домаќинството има евтина тарифа.

 

The post Ни се заканува „струен удар“ по Нова година? appeared first on Република.

]]>

Не чека ли „струен удар“ по Нова Година со новите сметки за струја ? ЕСМ ќе ја продава електричната енергија за потребите на домаќинствата и малите потрошувачи на универзалниот снабдувач за 57 евра за мегават час, што е поскапо за 7,5 % од моменталната цена од 53 евра, објави „Алфа“. Понудата била одбрана како најповолна на тендерот на Универзалниот снабудвач, а повисоката цена важи за покривање за 95 проценти од вкупно потребните количини. Од барањата од ЕСМ најмногу зависи и крајната пресметка која ќе стигне до граѓаните. За покривање на останатите 5% од вкупно планираните количини, ЕВН Хоме доби две понуди и тоа од АД ЕСМ, по купопродажна цена на електричната енергија од 120,01 евра за мегават час и од компанијата Соле24 ДООЕЛ по цена од 130 евра за мегават час. ЕВН Хоме одлучи да не прифати ниту една од пристигнатите понуди за овие количини, за да го ограничи влијанието на крајната цена на електричната енергија. Покрај цената на ЕСМ во крајната пресметка влегуваат и трошоците кои ќе ги достави МЕПСО , како и МЕМО и цената од електродистрибуција . Финалната цена на струјата овој пат ќе ја слушнеме од ЕВН, ама пресметките претходно мора да добијат „амин“ од Регулаторна. Инаку, понудата од ЕСМ стигна еден ден пред да стартува дневната евтината тарифа од 13-15 часот. Се поставува прашањето, дали поскапата цена од државните електрани ќе ги „изеде“ придобивките од евтината струја. Сепак, не сите граѓани ќе можат да перат, готват и да завршуваат останати домашни обврски на евтина струја поради тоа што се уште трае промената на броилата. ЕВН упати и апел граѓаните да ги проверат, ако на броилото од утре од 13-15 часот има ознака Т2, тоа значи дека домаќинството има евтина тарифа.  

The post Ни се заканува „струен удар“ по Нова година? appeared first on Република.

]]>
Овие три знаци имаат зошто да ѝ се радуваат на Новата година https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/ovie-tri-znatsi-imaat-zoshto-da-se-raduvaat-na-novata-godina/ Sun, 22 Oct 2023 16:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=693947

По испраќањето на 2023 година, одредени хороскопски знаци ќе почувствуваат големо олеснување и ќе влезат во 2024. година со надеж и ентузијазам. Еве како ќе се одрази финансискиот просперитет на овие три знака…

Рак
За припадниците на овој знак, периодот по декември 2023 ќе биде време за уживање во плодовите од напорната работа. Тие со години вложуваат труд и напор во своите проекти и сега сè ќе се исплати. Ѕвездите конечно ќе се наредат така што нивниот труд ќе биде препознаен и награден. Финансискиот просперитет ќе им овозможи да живеат без претеран напор во наредните 10 години. Откако се докажале, сега време е да направат заслужена пауза и да уживаат во резултатите од својот труд.

Близнаци
По турбулентниот период што следи во ноември и декември, талентот и трудот на Близнаците конечно ќе бидат правилно вреднувани. Колегите и надредените ќе сфатат колку придонесуваат за работата и колку му се посветени на успехот на компанијата. Ги очекува големо покачување на платата, што значи дека веќе нема да мораат да се грижат за плаќањето сметки. Парите што ќе пристигнуваат на нивната сметка од јануари ќе бидат доволни за да живеат удобно, дури и ќе им остане нешто плус што ќе можат да го искористат за нови деловни подвизи или за исполнување на своите патувачки желби што долго ги одложувале.

Девица
Долгогодишниот труд и работа на одреден проект ќе се исплати за припадниците на знакот Девица. Одлуката што ќе ја донесат во октомври ќе ги постават нивните финансии на стабилни нозе. Ги очекуваат приливи на пари кон крајот на декември или почетокот на јануари 2024 година. Можно е да се поврзат со личност од странство, која ќе им помогне да ги остварат своите соништа со своите идеи и заложби.

Овие финансиски просперитети им ветуваат светла иднина на припадниците на овие знаци и им даваат можност конечно да уживаат во плодовите на својот труд и работа.

 

The post Овие три знаци имаат зошто да ѝ се радуваат на Новата година appeared first on Република.

]]>

По испраќањето на 2023 година, одредени хороскопски знаци ќе почувствуваат големо олеснување и ќе влезат во 2024. година со надеж и ентузијазам. Еве како ќе се одрази финансискиот просперитет на овие три знака… Рак За припадниците на овој знак, периодот по декември 2023 ќе биде време за уживање во плодовите од напорната работа. Тие со години вложуваат труд и напор во своите проекти и сега сè ќе се исплати. Ѕвездите конечно ќе се наредат така што нивниот труд ќе биде препознаен и награден. Финансискиот просперитет ќе им овозможи да живеат без претеран напор во наредните 10 години. Откако се докажале, сега време е да направат заслужена пауза и да уживаат во резултатите од својот труд. Близнаци По турбулентниот период што следи во ноември и декември, талентот и трудот на Близнаците конечно ќе бидат правилно вреднувани. Колегите и надредените ќе сфатат колку придонесуваат за работата и колку му се посветени на успехот на компанијата. Ги очекува големо покачување на платата, што значи дека веќе нема да мораат да се грижат за плаќањето сметки. Парите што ќе пристигнуваат на нивната сметка од јануари ќе бидат доволни за да живеат удобно, дури и ќе им остане нешто плус што ќе можат да го искористат за нови деловни подвизи или за исполнување на своите патувачки желби што долго ги одложувале. Девица Долгогодишниот труд и работа на одреден проект ќе се исплати за припадниците на знакот Девица. Одлуката што ќе ја донесат во октомври ќе ги постават нивните финансии на стабилни нозе. Ги очекуваат приливи на пари кон крајот на декември или почетокот на јануари 2024 година. Можно е да се поврзат со личност од странство, која ќе им помогне да ги остварат своите соништа со своите идеи и заложби. Овие финансиски просперитети им ветуваат светла иднина на припадниците на овие знаци и им даваат можност конечно да уживаат во плодовите на својот труд и работа.  

The post Овие три знаци имаат зошто да ѝ се радуваат на Новата година appeared first on Република.

]]>
Mислите дека е рано е да се размислува за Нова година: Цеца веќе закажа тезга за 100.000 евра, снаата на Лепа Брена за 20.000 https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/mislite-deka-e-rano-e-da-se-razmisluva-za-nova-godina-tsetsa-veke-zakazha-tezga-za-100-000-evra-snaata-na-lepa-brena-za-20-000/ Wed, 27 Sep 2023 09:52:50 +0000 https://republika.mk/?p=685581

Иако до Новата Година има повеќе од два месеци естрадните звезди веќе ги закажаа настапите и тоа за дебели хонорари.

https://republika.mk/scena/estrada/tsetsa-ima-nov-dechko-poraneshen-makedonski-kosharkar/

Рекордер е Цеца Ражнатовиќ која ќе пее за 100.000 евра. Останатите ќе пеат за далеку помали суми. Па така Алексанра Пријовиќ, Рада Манојловиќ, Теа Таировиќ  и Дарко Лазиќ ќе пеат за 20.000 евра.

The post Mислите дека е рано е да се размислува за Нова година: Цеца веќе закажа тезга за 100.000 евра, снаата на Лепа Брена за 20.000 appeared first on Република.

]]>

Иако до Новата Година има повеќе од два месеци естрадните звезди веќе ги закажаа настапите и тоа за дебели хонорари. https://republika.mk/scena/estrada/tsetsa-ima-nov-dechko-poraneshen-makedonski-kosharkar/ Рекордер е Цеца Ражнатовиќ која ќе пее за 100.000 евра. Останатите ќе пеат за далеку помали суми. Па така Алексанра Пријовиќ, Рада Манојловиќ, Теа Таировиќ  и Дарко Лазиќ ќе пеат за 20.000 евра.

The post Mислите дека е рано е да се размислува за Нова година: Цеца веќе закажа тезга за 100.000 евра, снаата на Лепа Брена за 20.000 appeared first on Република.

]]>
Притвор за девојката што им помогна на двајца другари за силуваат дете од 13 години за Нова Година во Струмица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prvitvor-za-devojkata-shto-im-pomogna-na-dvajtsa-drugari-za-siluvaat-dete-od-13-godini-za-nova-godina-vo-strumitsa/ Sun, 02 Apr 2023 12:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=626269

Двајца малолетници од Струмица за време на новогодишната ноќ силувале 13-годишно девојче, а им помогнала 21-годишна девојка за која веќе е одредена мерка притвор.

Како што соопшти Основното јавно обвинителство Струмица донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Струмица поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, oбјави „СДК.мк“.

Повеќе на „СДК.мк“

The post Притвор за девојката што им помогна на двајца другари за силуваат дете од 13 години за Нова Година во Струмица appeared first on Република.

]]>

Двајца малолетници од Струмица за време на новогодишната ноќ силувале 13-годишно девојче, а им помогнала 21-годишна девојка за која веќе е одредена мерка притвор. Како што соопшти Основното јавно обвинителство Струмица донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишна девојка за која постои основано сомнение дека помагала при сторување кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За истиот настан, надлежниот јавен обвинител до судијата за деца при Основниот суд во Струмица поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против две деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија кои со закон се определени како кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години, oбјави „СДК.мк“. Повеќе на „СДК.мк“

The post Притвор за девојката што им помогна на двајца другари за силуваат дете од 13 години за Нова Година во Струмица appeared first on Република.

]]>
Кога јадете и руска и месо си правите бомба во стомакот: Д-р Дејан советува како да се храните за време на празниците https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/koga-jadete-i-ruska-i-meso-si-pravite-bomba-vo-stomakot-d-r-dejan-sovetuva-kako-da-se-hranite-za-vreme-na-praznitsite/ Wed, 04 Jan 2023 20:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=581942

Ние сме народи кои живеат многу лошо, вели проф. д-р Дејан Чубрило, професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац и специјалист по спортска медицина, објаснувајќи Балканците постојано мислат на тоа што ќе јадат и како ќе се прејадат, а тоа особено се гледа за време на зимските празници.

Кога доаѓа Нова година ние едноставно сме преотоварени со тоа што сè ќе имаме на маса. Па размислуваме кога да се купи, од која продавница, колку..., вели тој.

Единствен начин да си помогнеме себе и на организмот, вели, е да престанеме да внесуваме толку голема количина храна.

Сè зависи од нас, да си ставиме прст на чело колку ќе изедеме, но најважно од сè, што јадеме и како го комбинираме. Ако веќе јадеме од печењето, да си кажеме „добро, јадам месо, но нема да јадам и мезе, значи денес нема сувомеснато и кашкавал“, или „нема да јадам и зелник со месото и без руска салата“. Кога јадете руска салата со месото, вие си правите таква бомба во телото што не може да се свари, а потоа се создаваат гасови, од кои некои излегуваат надвор, ама повеќето остануваат во системот. Замислете си ги гасовите како оставена храна на тераса и таа скапува, смрди... Баш така гасовите испаруваат, од тоа несварено месо излегува метан, влегува во циркулацијата, органите ти се преоптоварени... Така го преоптоварувате и телото и имунолошкиот систем, објаснува д-р Чубрило.

Руската салата сама по себе не е „забранета“, но ако веќе ја јадете, д-р Чубрило советува да ја јадете само со кифлички, можеби и некаква пита.

Немојте и месо, и кашкавал, и сарма, тоа е најлошата комбинација, затоа што сè тоа е масти и протеини. Сармите може да се каснат со малку леб, малку туршија. Туршијата е многу здрава работа, на пример киселите краставички, феферонка, но тоа е единственото нешто што оди во комбинацијата со сарма, вели докторот.

The post Кога јадете и руска и месо си правите бомба во стомакот: Д-р Дејан советува како да се храните за време на празниците appeared first on Република.

]]>

Ние сме народи кои живеат многу лошо, вели проф. д-р Дејан Чубрило, професор по физиологија на Медицинскиот факултет во Крагуевац и специјалист по спортска медицина, објаснувајќи Балканците постојано мислат на тоа што ќе јадат и како ќе се прејадат, а тоа особено се гледа за време на зимските празници.
Кога доаѓа Нова година ние едноставно сме преотоварени со тоа што сè ќе имаме на маса. Па размислуваме кога да се купи, од која продавница, колку..., вели тој.
Единствен начин да си помогнеме себе и на организмот, вели, е да престанеме да внесуваме толку голема количина храна.
Сè зависи од нас, да си ставиме прст на чело колку ќе изедеме, но најважно од сè, што јадеме и како го комбинираме. Ако веќе јадеме од печењето, да си кажеме „добро, јадам месо, но нема да јадам и мезе, значи денес нема сувомеснато и кашкавал“, или „нема да јадам и зелник со месото и без руска салата“. Кога јадете руска салата со месото, вие си правите таква бомба во телото што не може да се свари, а потоа се создаваат гасови, од кои некои излегуваат надвор, ама повеќето остануваат во системот. Замислете си ги гасовите како оставена храна на тераса и таа скапува, смрди... Баш така гасовите испаруваат, од тоа несварено месо излегува метан, влегува во циркулацијата, органите ти се преоптоварени... Така го преоптоварувате и телото и имунолошкиот систем, објаснува д-р Чубрило.
Руската салата сама по себе не е „забранета“, но ако веќе ја јадете, д-р Чубрило советува да ја јадете само со кифлички, можеби и некаква пита.
Немојте и месо, и кашкавал, и сарма, тоа е најлошата комбинација, затоа што сè тоа е масти и протеини. Сармите може да се каснат со малку леб, малку туршија. Туршијата е многу здрава работа, на пример киселите краставички, феферонка, но тоа е единственото нешто што оди во комбинацијата со сарма, вели докторот.

The post Кога јадете и руска и месо си правите бомба во стомакот: Д-р Дејан советува како да се храните за време на празниците appeared first on Република.

]]>
Пејачите, сепак, биле платени, но не од Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pejachite-sepak-bile-plateni-no-ne-od-grad-skopje/ Tue, 03 Jan 2023 12:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=593098

Задоволни сме од тоа како помина дочекот на Новата 2023 година на плоштад во Скопје, снимките од веселата атмосфера доволно кажуваат за расположението на присутните. Ваква убава енергија одамна не сме почувствувале, велат за „Фокус” дел од музичарите кои на 31-ви декември настапија на плоштадот, во склоп на забавната празнична програма. Настапуваа Ферус, Благица Павловска, Елена Ристеска, „Дупер“, „Мерак меана“, Ристо Самарџиев...

Иако градоначалничката најавуваше, таа не излезе ни на прес-конференција, ниту пак Градот преку соопштение не информираше за имињата на настапувачите, ниту пак детали околу тоа колку изнесува организацијата, во која спаѓаат хонорари на настапувачите, бина, осветлување и озвучување.

Горјан Стојановски, претседател на Здружение на естрадни уметници на Македонија, но и учесник во програмата, како дел од музичарите од „Мерак меана“, вели дека нивните настапи сепак биле платени.

Како што се информирав, во изминатите години никогаш градот не ја плаќа програмата за прославата, туку се финансира преку приватни компании, така е и оваа година, рече тој.

 

 

The post Пејачите, сепак, биле платени, но не од Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Задоволни сме од тоа како помина дочекот на Новата 2023 година на плоштад во Скопје, снимките од веселата атмосфера доволно кажуваат за расположението на присутните. Ваква убава енергија одамна не сме почувствувале, велат за „Фокус” дел од музичарите кои на 31-ви декември настапија на плоштадот, во склоп на забавната празнична програма. Настапуваа Ферус, Благица Павловска, Елена Ристеска, „Дупер“, „Мерак меана“, Ристо Самарџиев... Иако градоначалничката најавуваше, таа не излезе ни на прес-конференција, ниту пак Градот преку соопштение не информираше за имињата на настапувачите, ниту пак детали околу тоа колку изнесува организацијата, во која спаѓаат хонорари на настапувачите, бина, осветлување и озвучување. Горјан Стојановски, претседател на Здружение на естрадни уметници на Македонија, но и учесник во програмата, како дел од музичарите од „Мерак меана“, вели дека нивните настапи сепак биле платени.
Како што се информирав, во изминатите години никогаш градот не ја плаќа програмата за прославата, туку се финансира преку приватни компании, така е и оваа година, рече тој.
   

The post Пејачите, сепак, биле платени, но не од Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Чолиќ го сака празничниот дух: Раскажа како се слави Нова година во неговиот дом https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/cholik-go-saka-praznichniot-duh-raskazha-kako-se-slavi-nova-godina-vo-negoviot-dom/ Sun, 01 Jan 2023 19:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=592526

Празниците се период од годината во кој домот на Здравко Чолиќ е исполнет со посебна атмосфера.

Славниот пејач, последниве години се обидува да живее практично изолиран од медиумската сцена и ретко ја пушта јавноста во своето секојдневие, но популарниот Чола покажува дека новогоодишниот дух влијае и на него.

Чолиќ ја израдува љубопитната публика кога за српските медиуми откри како се слави Новата година во неговата куќа. Тпој вели дека главниот збор за време на прљазниците го имаат сопругата Александра и ќерките Уна и Лара.

За украсувањето на елката е задолжена помалата ќерка Лара, никој од нас не се меша во тоа. Природата на мојата работа е таква што најмногу работам за Нова година, па затоа патуваме како семејство и славиме заедно со пријателите. Дома сме за Божиќ, сопругата Александра секогаш подготвува најразлични јадења, омилени на сите, а потоа сите се собираме околу масата. Празничната атмосфера секогаш ме потсетува на моето детство, вели пејачот.

Како што истакнува тој, домот е местото каде што најдобро се чувствува кога ќе дојдат празниците.

Кога бев помал секогаш бев со семејството за Нова година, славевме во домашна атмосфера. Обожавав да добивам честитки, кои порано се пишуваа и испраќаа. Сега сè премина во електронска форма и веќе ја нема таа емоција. Би бил среќен да добијам вистинска честитка, музичка, со убава Божиќна песна. Подоцна, кога почнав да излегувам како младо момче, уживав да го поминувам дочекот во викендица на падините на Бјелашница. Ние, неколку двојки, шведска маса, камин... Донесувавме празнична гардероба, а околу 23 часот се пресоблекуваме во одела и фустани за да ја дочекаме Новата година. Во текот на ноќта ќе бевме затрупани од снег, па не можевме ја напуштиме викендицата. Беше вистинска идила, како од разгледница, се присетува Чолиќ.

The post Чолиќ го сака празничниот дух: Раскажа како се слави Нова година во неговиот дом appeared first on Република.

]]>

Празниците се период од годината во кој домот на Здравко Чолиќ е исполнет со посебна атмосфера. Славниот пејач, последниве години се обидува да живее практично изолиран од медиумската сцена и ретко ја пушта јавноста во своето секојдневие, но популарниот Чола покажува дека новогоодишниот дух влијае и на него. Чолиќ ја израдува љубопитната публика кога за српските медиуми откри како се слави Новата година во неговата куќа. Тпој вели дека главниот збор за време на прљазниците го имаат сопругата Александра и ќерките Уна и Лара.
За украсувањето на елката е задолжена помалата ќерка Лара, никој од нас не се меша во тоа. Природата на мојата работа е таква што најмногу работам за Нова година, па затоа патуваме како семејство и славиме заедно со пријателите. Дома сме за Божиќ, сопругата Александра секогаш подготвува најразлични јадења, омилени на сите, а потоа сите се собираме околу масата. Празничната атмосфера секогаш ме потсетува на моето детство, вели пејачот.
Како што истакнува тој, домот е местото каде што најдобро се чувствува кога ќе дојдат празниците.
Кога бев помал секогаш бев со семејството за Нова година, славевме во домашна атмосфера. Обожавав да добивам честитки, кои порано се пишуваа и испраќаа. Сега сè премина во електронска форма и веќе ја нема таа емоција. Би бил среќен да добијам вистинска честитка, музичка, со убава Божиќна песна. Подоцна, кога почнав да излегувам како младо момче, уживав да го поминувам дочекот во викендица на падините на Бјелашница. Ние, неколку двојки, шведска маса, камин... Донесувавме празнична гардероба, а околу 23 часот се пресоблекуваме во одела и фустани за да ја дочекаме Новата година. Во текот на ноќта ќе бевме затрупани од снег, па не можевме ја напуштиме викендицата. Беше вистинска идила, како од разгледница, се присетува Чолиќ.

The post Чолиќ го сака празничниот дух: Раскажа како се слави Нова година во неговиот дом appeared first on Република.

]]>
Груевски: Среќна 2023-та, агонијата во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-srekna-2023-ta-agonijata-vo-makedonija-neka-se-transformira-vo-nov-pochetok-kon-povtoren-natsionalen-i-individualen-triumf/ Sun, 01 Jan 2023 11:40:56 +0000 https://republika.mk/?p=592536

Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф, порача поранешниот премиер Никола Груевски во новогодишната честитка.

Среќна нова 2023 година! Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место! Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! Бог нека е со Вас и со Македонија!- напиша Груевски во честитката на својот профил на Фејсбук.

Тој на крајот во пост скриптум додава: На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша.

 

The post Груевски: Среќна 2023-та, агонијата во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! appeared first on Република.

]]>

Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф, порача поранешниот премиер Никола Груевски во новогодишната честитка.
Среќна нова 2023 година! Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место! Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! Бог нека е со Вас и со Македонија!- напиша Груевски во честитката на својот профил на Фејсбук.
Тој на крајот во пост скриптум додава: На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша.  

The post Груевски: Среќна 2023-та, агонијата во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф! appeared first on Република.

]]>
Николоски: Доаѓаат промените, доаѓа надежта, доаѓа светлината! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-doagaat-promenite-doaga-nadezhta-doaga-svetlinata/ Sun, 01 Jan 2023 11:21:38 +0000 https://republika.mk/?p=592471

Потрепретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски ја честита Новата година на сите граѓани, но истовремено се потсети на најважните битки од изминатава година.

Почитувани пријатели, позади нас е исклучително тешка година. Година во која корупцијата цветеша, а економиијата тонеше. Погледнете ги најважните моменти од мојата битка во изминатата 2022 година.
Доаѓаат промените, доаѓа надежта, доаѓа светлината! Ви посакувам многу поубава, посреќна и повесела 2023 година!, напиша Николоски.

The post Николоски: Доаѓаат промените, доаѓа надежта, доаѓа светлината! appeared first on Република.

]]>

Потрепретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски ја честита Новата година на сите граѓани, но истовремено се потсети на најважните битки од изминатава година.
Почитувани пријатели, позади нас е исклучително тешка година. Година во која корупцијата цветеша, а економиијата тонеше. Погледнете ги најважните моменти од мојата битка во изминатата 2022 година. Доаѓаат промените, доаѓа надежта, доаѓа светлината! Ви посакувам многу поубава, посреќна и повесела 2023 година!, напиша Николоски.

The post Николоски: Доаѓаат промените, доаѓа надежта, доаѓа светлината! appeared first on Република.

]]>