Нова демократија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-demokratija/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 06:42:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нова демократија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nova-demokratija/ 32 32 Неа демократија победи на евроизборите, ама Мицотакис не е задоволен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nea-demokratija-pobedi-na-evroizborite-ama-mitsotakis-ne-e-zadovolen/ Mon, 10 Jun 2024 06:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=786028

Со 28,3 отсто од гласовите и седум места во Европскиот Парламент, владејачката Нова демократија победи на вчерашните евроизбори во Грција, меѓутоа актуелниот грчки премиер коментираше дека партијата не ја постигна поставената цел, со оглед на тоа што целта беше резултатот од претходните евроизбори, односно 33 отсто, јави дописничката на МИА од Атина.

Според конечните резултати од Министерството за внатрешни работи, надлежно за изборниот процес, СИРИЗА е на втората позиција со 14,92 отсто и четири пратенички места, а ПАСОК на третата со 12,79 проценти и тројца европратеници.

Грција гласаше за 21 европратеник, а вкупно осум партии успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто, неопходни за да обезбедат место во Европскиот Парламент.

Согласно официјалните резултати: 

Нова демократија добива 28,31 отсто и седум европратеници

СИРИЗА 14,92 отсто и четворица

ПАСОК 12,79 отсто и тројца европратеници

Грчко решение од 9,30 отсто и двајца европратеници

Комунистичка партија 9,25 отсто и двајца европратеници

Победа 4,37 отсто и еден европратеник

Курс на слободата 3,40 отсто и еден европратеник

Глас на логиката 3,04 проценти и еден европратеник

Од осумте партии, три се радикално десничарски (Грчко решение, Победа и Глас на логиката) подесно ориентирани во однос на Нова демократија и добија нешто помалку од 17 отсто од гласовите.

Доколку се анализираат резултатите од ланските парламентарни избори и евроизборите пред пет години, Нова демократија и СИРИЗА денеска добија помала поддршка, додека пак радикално десничарската Грчко решение е четврта политичка сила во Грција.

На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент.

На ланските парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти.

За разлика од лани, кога картата на Грција со резултатите од парламентарните избори беше целосно сина, а Нова демократија беше убедлив победник во сите 13 периферии овој пат, загуби четири од нив, во североисточниот дел на земјата, во Ксанти и Родопи победи локалната Партија на пријателство, еднаквост и мир, што ги претставува интересите на муслиманите во Грција, додека пак во два од четири региони на Крит, победи ПАСОК.

Излезноста на избоите беше особено мала, гласаа 41,39 отсто од гласачите.

Грчкиот премиер и претседател на Нова демократија Киријакос Мицотакис за резултатот од европските избори, доцна синоќа рече дека не ја постигнале целта, иако убедливо победија и тоа „со процент, поголем од збирот на втората и третата партија“, но и дека пораката од граѓаните била „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“.

-Нема да ја скријам вистината: нашата партија не ја постигна целта што ја поставивме. Ниту ме интересираат аргументи дека разликата од втората партија е најголема во историјата на европските избори. Од самиот почеток знаевме дека овие избори ќе бидат многу тешки. Граѓаните кои не поддржаа во 2023 година знаеја дека сега не се избира Влада и можеби поинаку се соочија со оваа битка. Предизборно, и покрај моите напори, недостигаше суштинско размислување за иднината на Европа и за позицијата на нашата земја во неа, рече Мицотакис.

Додаде дека на земјата ѝ претстојат три години без избори, истакнувајќи дека како што Грција во 2024 година е многу подобра споредбено со 2019 година, „така во 2027 година ќе биде многу подобра од денес“.

Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис истакна дека по ланскиот пораз, сега партијата успеа, разликата со Нова демократија од 23 да ја намали на 13 отсто.

-Грчкиот народ јасно ми даде време да изградам алтернативен владин предлог. Знам и целосно ја сфаќам важноста на оваа одговорност и токму тоа ќе го направам, како што кажавме и предизборно. Продолжуваме, се модернизираме, ќе поставиме лулки на знаење и понуда и ќе го инспирираме светот. А ова движење, кое и покрај неповолните услови издржа, отсега може да оди само нагоре. И јас сум многу горд за сите вас, рече Каселакис.

Претседателот на ПАСОК, третата партија во Грција, Никос Андрулакис рече дека „неизлезноста и подемот на радикалната десница се двете силни пораки од изборите“, посочи дека Нова демократија претрпе тежок пораз, губејќи 14 отсто од националните избори и пет од европските.

- Ароганцијата, неотчетноста и корупцијата беа казнети. Наша должност е динамично да продолжиме со сериозната, кредибилна опозициска политика за конечно да го отвориме патот за прогресивна влада, рече Андрулакис.

The post Неа демократија победи на евроизборите, ама Мицотакис не е задоволен appeared first on Република.

]]>

Со 28,3 отсто од гласовите и седум места во Европскиот Парламент, владејачката Нова демократија победи на вчерашните евроизбори во Грција, меѓутоа актуелниот грчки премиер коментираше дека партијата не ја постигна поставената цел, со оглед на тоа што целта беше резултатот од претходните евроизбори, односно 33 отсто, јави дописничката на МИА од Атина. Според конечните резултати од Министерството за внатрешни работи, надлежно за изборниот процес, СИРИЗА е на втората позиција со 14,92 отсто и четири пратенички места, а ПАСОК на третата со 12,79 проценти и тројца европратеници. Грција гласаше за 21 европратеник, а вкупно осум партии успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто, неопходни за да обезбедат место во Европскиот Парламент. Согласно официјалните резултати:  Нова демократија добива 28,31 отсто и седум европратеници СИРИЗА 14,92 отсто и четворица ПАСОК 12,79 отсто и тројца европратеници Грчко решение од 9,30 отсто и двајца европратеници Комунистичка партија 9,25 отсто и двајца европратеници Победа 4,37 отсто и еден европратеник Курс на слободата 3,40 отсто и еден европратеник Глас на логиката 3,04 проценти и еден европратеник Од осумте партии, три се радикално десничарски (Грчко решение, Победа и Глас на логиката) подесно ориентирани во однос на Нова демократија и добија нешто помалку од 17 отсто од гласовите. Доколку се анализираат резултатите од ланските парламентарни избори и евроизборите пред пет години, Нова демократија и СИРИЗА денеска добија помала поддршка, додека пак радикално десничарската Грчко решение е четврта политичка сила во Грција. На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент. На ланските парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти. За разлика од лани, кога картата на Грција со резултатите од парламентарните избори беше целосно сина, а Нова демократија беше убедлив победник во сите 13 периферии овој пат, загуби четири од нив, во североисточниот дел на земјата, во Ксанти и Родопи победи локалната Партија на пријателство, еднаквост и мир, што ги претставува интересите на муслиманите во Грција, додека пак во два од четири региони на Крит, победи ПАСОК. Излезноста на избоите беше особено мала, гласаа 41,39 отсто од гласачите. Грчкиот премиер и претседател на Нова демократија Киријакос Мицотакис за резултатот од европските избори, доцна синоќа рече дека не ја постигнале целта, иако убедливо победија и тоа „со процент, поголем од збирот на втората и третата партија“, но и дека пораката од граѓаните била „имаме доверба во вас, но потрудете се повеќе“. -Нема да ја скријам вистината: нашата партија не ја постигна целта што ја поставивме. Ниту ме интересираат аргументи дека разликата од втората партија е најголема во историјата на европските избори. Од самиот почеток знаевме дека овие избори ќе бидат многу тешки. Граѓаните кои не поддржаа во 2023 година знаеја дека сега не се избира Влада и можеби поинаку се соочија со оваа битка. Предизборно, и покрај моите напори, недостигаше суштинско размислување за иднината на Европа и за позицијата на нашата земја во неа, рече Мицотакис. Додаде дека на земјата ѝ претстојат три години без избори, истакнувајќи дека како што Грција во 2024 година е многу подобра споредбено со 2019 година, „така во 2027 година ќе биде многу подобра од денес“. Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис истакна дека по ланскиот пораз, сега партијата успеа, разликата со Нова демократија од 23 да ја намали на 13 отсто. -Грчкиот народ јасно ми даде време да изградам алтернативен владин предлог. Знам и целосно ја сфаќам важноста на оваа одговорност и токму тоа ќе го направам, како што кажавме и предизборно. Продолжуваме, се модернизираме, ќе поставиме лулки на знаење и понуда и ќе го инспирираме светот. А ова движење, кое и покрај неповолните услови издржа, отсега може да оди само нагоре. И јас сум многу горд за сите вас, рече Каселакис. Претседателот на ПАСОК, третата партија во Грција, Никос Андрулакис рече дека „неизлезноста и подемот на радикалната десница се двете силни пораки од изборите“, посочи дека Нова демократија претрпе тежок пораз, губејќи 14 отсто од националните избори и пет од европските. - Ароганцијата, неотчетноста и корупцијата беа казнети. Наша должност е динамично да продолжиме со сериозната, кредибилна опозициска политика за конечно да го отвориме патот за прогресивна влада, рече Андрулакис.

The post Неа демократија победи на евроизборите, ама Мицотакис не е задоволен appeared first on Република.

]]>
Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/anketi-vo-grtsija-prednost-na-nova-demokratija-vo-presret-na-evropskite-izbori/ Fri, 17 May 2024 08:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=779085

Меѓу 25 и 26,5 отсто е рејтингот на грчката владејачка партија Нова демократија во пресрет на европските избори на 9 јуни и е стабилна на првата позиција, со предност од 13 до 15 проценти пред опозициската СИРИЗА, според истражувањата на јавното мислење во Грција, спроведени од агенциите „MRB“ и „Pulse“ за грчките телевизии „Опен“ и „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција.

На прашањето дали ќе гласаат на евроизборите, 74 отсто од анкетираните на едната и 83,5 проценти од другата анкета одговориле позитивно.

Анкетата на „Pulse“ за „Скај“ била спроведена помеѓу 13 и 15 мај 2024 година со учество на 1.104 гласачи, додека пак истражувањето на „MRB“ за „Опен“ од 10 до 14 мај со анкетирани 1.100 лица.

The post Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори appeared first on Република.

]]>

Меѓу 25 и 26,5 отсто е рејтингот на грчката владејачка партија Нова демократија во пресрет на европските избори на 9 јуни и е стабилна на првата позиција, со предност од 13 до 15 проценти пред опозициската СИРИЗА, според истражувањата на јавното мислење во Грција, спроведени од агенциите „MRB“ и „Pulse“ за грчките телевизии „Опен“ и „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција. На прашањето дали ќе гласаат на евроизборите, 74 отсто од анкетираните на едната и 83,5 проценти од другата анкета одговориле позитивно. Анкетата на „Pulse“ за „Скај“ била спроведена помеѓу 13 и 15 мај 2024 година со учество на 1.104 гласачи, додека пак истражувањето на „MRB“ за „Опен“ од 10 до 14 мај со анкетирани 1.100 лица.

The post Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори appeared first on Република.

]]>
Скопската градоначалничка во Скопје освои само 1.571 глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/skopskata-gradonachalnichka-vo-skopje-osvoi-samo-1-571-glas/ Thu, 09 May 2024 07:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=776128

Градоначалничката на Град Скопје и претседателска на партијата Нова Алтернатива, Данела Арсовска, на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови и не освои пратенички мандат.

Според податоците на ДИК, од обработени 97,32% од избирачките места, како носител на изборната листа во ИЕ1, во која спаѓа и Скопје, Арсовска освои само 1.571 глас.

Нејзината партија во ИЕ2 освои 1.109 гласови, а во третата и во четвртата изборна единица Нова Алтернатива имаше 410, односно 348 гласови.

За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, па во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.

The post Скопската градоначалничка во Скопје освои само 1.571 глас appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје и претседателска на партијата Нова Алтернатива, Данела Арсовска, на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови и не освои пратенички мандат. Според податоците на ДИК, од обработени 97,32% од избирачките места, како носител на изборната листа во ИЕ1, во која спаѓа и Скопје, Арсовска освои само 1.571 глас. Нејзината партија во ИЕ2 освои 1.109 гласови, а во третата и во четвртата изборна единица Нова Алтернатива имаше 410, односно 348 гласови. За споредба, на локалните избори во 2021 година, кога Арсовска која тогаш беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ го победи Петре Шилегов во трката за скопски градоначалник, па во првиот круг освои 86.698, а во вториот 118.749 гласови.

The post Скопската градоначалничка во Скопје освои само 1.571 глас appeared first on Република.

]]>
Фон дер Лајен денеска во Атина на конгрес на Нова демократија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/fon-der-lajen-deneska-vo-atina-na-kongres-na-nova-demokratija/ Sun, 07 Apr 2024 06:49:18 +0000 https://republika.mk/?p=763309

Актуелната претседателка на Европската комисија и главната кандидатката на Европската народна партија (ЕПП) за истата позиција, Урсула фон дер Лајен, денеска во Атина ќе присуствува на 15. Конгрес на Нова демократија и ќе им се обрати на делегатите, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од ЕПП, денешниот настан ќе го означи и почетокот на кампања на Фон дер Лајен за европските избори во јуни.

Денеска, на последниот ден од Конгресот што почна во петокот, освен претседателката на ЕК, на делегатите ќе им се обрати и претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидис, како и грчкиот премиер и претседател на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, но и генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколас.

Конгресот на Нова демократија оваа година е и јубилеен со оглед на тоа што партијата одбележува 50 години од формирањето.

The post Фон дер Лајен денеска во Атина на конгрес на Нова демократија appeared first on Република.

]]>

Актуелната претседателка на Европската комисија и главната кандидатката на Европската народна партија (ЕПП) за истата позиција, Урсула фон дер Лајен, денеска во Атина ќе присуствува на 15. Конгрес на Нова демократија и ќе им се обрати на делегатите, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од ЕПП, денешниот настан ќе го означи и почетокот на кампања на Фон дер Лајен за европските избори во јуни. Денеска, на последниот ден од Конгресот што почна во петокот, освен претседателката на ЕК, на делегатите ќе им се обрати и претседателот на Република Кипар, Никос Христодулидис, како и грчкиот премиер и претседател на Нова Демократија, Киријакос Мицотакис, но и генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколас. Конгресот на Нова демократија оваа година е и јубилеен со оглед на тоа што партијата одбележува 50 години од формирањето.

The post Фон дер Лајен денеска во Атина на конгрес на Нова демократија appeared first on Република.

]]>
Мицотакис денеска ќе го добие мандатот за формирање Влада и ќе положи свечена заклетва https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitsotakis-deneska-ke-go-dobie-mandatot-za-formirane-vlada-i-ke-polozhi-svechena-zakletva/ Mon, 26 Jun 2023 08:18:06 +0000 https://republika.mk/?p=655127

По вчерашната убедлива победа на Нова демократија на парламентарните избори и освоените 158 пратенички места што обезбедуваат парламентарно мнозинство за формирање Влада, лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис денеска ќе положи свечена заклетва и повторно ќе ја преземе премиерската функција, јави дописничката на МИА од Атина.

Првично, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу ќе се сретне со претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, кој ќе ја информира за распоредот на силите по вчерашните избори, потоа согласно уставните одредби, ќе го прими лидерот на партија победник и ќе му го додели мандатот за формирање Влада.

Два часа подоцна, закажана е и свечената заклетва на Мицотакис во Претседателската палата, со што лидерот на Нова демократија ќе го започне вториот четиригодишен мандат.

Не е исклучена можноста во текот на денешниот ден да биде соопштен и новиот владин состав.

На вчерашните парламентарни избори во Грција, Нова демократија доби 40,56 отсто од гласовите, 22,73 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА, која освои 17,83 отсто, а ПАСОК е на третата позиција со 11,86 отсто.

Комунистичка партија доби 7,67 отсто, потоа следат радикалните десничарски партии: Спартанци со 4,67 отсто, Грчко решение 4,45 проценти и Победа со 3,69 отсто.

На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА Зои Константопулу со 3,17 отсто.
Во однос пратеничките места во грчкиот Парламент, од вкупно 300, Нова демократија има 158, СИРИЗА 47, ПАСОК 32 пратеници, Комунистичка партија добива 20, Спартанци имаат 13 пратенички места, Грчко решение 12, Победа десет, а Курс на слободата осум пратеници.

Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис прв пат ќе влезат во Парламентот.

Излезноста на парламентарните избори беше 52,78 отсто.

На претходните избори на 21 мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

Нова демократија победата ја прослави со собир, огномет и развиорени партиски и грчки знамиња пред централните канцеларии, а симпатизерите и поддржувачите ги поздрави лидерот Кирјакос Мицотакис, кој порача дека „ќе биде премиер на сите Грци“.

Од друга страна претседателот на СИРИЗА, по изборниот резултат рече дека за нив „се затвори голем и креативен историски циклус“, но и дека до евроизборите следната година, во партијата ќе треба да се направат промени.

The post Мицотакис денеска ќе го добие мандатот за формирање Влада и ќе положи свечена заклетва appeared first on Република.

]]>

По вчерашната убедлива победа на Нова демократија на парламентарните избори и освоените 158 пратенички места што обезбедуваат парламентарно мнозинство за формирање Влада, лидерот на партијата Кирјакос Мицотакис денеска ќе положи свечена заклетва и повторно ќе ја преземе премиерската функција, јави дописничката на МИА од Атина. Првично, претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу ќе се сретне со претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, кој ќе ја информира за распоредот на силите по вчерашните избори, потоа согласно уставните одредби, ќе го прими лидерот на партија победник и ќе му го додели мандатот за формирање Влада. Два часа подоцна, закажана е и свечената заклетва на Мицотакис во Претседателската палата, со што лидерот на Нова демократија ќе го започне вториот четиригодишен мандат. Не е исклучена можноста во текот на денешниот ден да биде соопштен и новиот владин состав. На вчерашните парламентарни избори во Грција, Нова демократија доби 40,56 отсто од гласовите, 22,73 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА, која освои 17,83 отсто, а ПАСОК е на третата позиција со 11,86 отсто. Комунистичка партија доби 7,67 отсто, потоа следат радикалните десничарски партии: Спартанци со 4,67 отсто, Грчко решение 4,45 проценти и Победа со 3,69 отсто. На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА Зои Константопулу со 3,17 отсто. Во однос пратеничките места во грчкиот Парламент, од вкупно 300, Нова демократија има 158, СИРИЗА 47, ПАСОК 32 пратеници, Комунистичка партија добива 20, Спартанци имаат 13 пратенички места, Грчко решение 12, Победа десет, а Курс на слободата осум пратеници. Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис прв пат ќе влезат во Парламентот. Излезноста на парламентарните избори беше 52,78 отсто. На претходните избори на 21 мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез. Нова демократија победата ја прослави со собир, огномет и развиорени партиски и грчки знамиња пред централните канцеларии, а симпатизерите и поддржувачите ги поздрави лидерот Кирјакос Мицотакис, кој порача дека „ќе биде премиер на сите Грци“. Од друга страна претседателот на СИРИЗА, по изборниот резултат рече дека за нив „се затвори голем и креативен историски циклус“, но и дека до евроизборите следната година, во партијата ќе треба да се направат промени.

The post Мицотакис денеска ќе го добие мандатот за формирање Влада и ќе положи свечена заклетва appeared first on Република.

]]>
Нова демократија самата ќе формира влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nova-demokratija-samata-ke-formira-vlada/ Sun, 25 Jun 2023 20:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=655052

Во Парламент со осум партии, 13 отсто од гласовите и 35 пратенички места отидоа кај радикално десничарски партии, а место во Парламентот обезбеди и досега непознатата Спартанци, поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат резултатите од парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Со пребројани 91 отсто од гласовите Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА.

Партијата победник доби 158 пратенички места со што Кирјакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада.

Во однос на распоредот на силите во грчкиот Парламент, СИРИЗА е втора со 17,84 проценти и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници.

Потоа следат десничарските партии: Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници.

На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА Зои Константопулу со 3,16 отсто и осум пратенички места.

Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис прв пат ќе влезат во Парламентот.

Излезноста е официјални информации е 52,41 отсто.

На претходните избори на 21 мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

The post Нова демократија самата ќе формира влада appeared first on Република.

]]>

Во Парламент со осум партии, 13 отсто од гласовите и 35 пратенички места отидоа кај радикално десничарски партии, а место во Парламентот обезбеди и досега непознатата Спартанци, поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат резултатите од парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Со пребројани 91 отсто од гласовите Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА. Партијата победник доби 158 пратенички места со што Кирјакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада. Во однос на распоредот на силите во грчкиот Парламент, СИРИЗА е втора со 17,84 проценти и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници. Потоа следат десничарските партии: Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници. На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА Зои Константопулу со 3,16 отсто и осум пратенички места. Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис прв пат ќе влезат во Парламентот. Излезноста е официјални информации е 52,41 отсто. На претходните избори на 21 мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.

The post Нова демократија самата ќе формира влада appeared first on Република.

]]>
„Нова демократија“ на Мицотакис повторно победи во Грција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nova-demokratija-na-mitsotakis-povtorno-pobedi-vo-grtsija/ Sun, 25 Jun 2023 18:51:23 +0000 https://republika.mk/?p=655029

Доскорешната владејачката конзервативна партија „Нова демократија“ повторно победи на денешните предвремени избори во Грција, покажува првата излезна анкета што ја објави атинската РТВ СКАИ.

Првиот примерок од излезните анкети покажува дека партијата на Киријакос Мицотакис денеска добила меѓу 40 и 44 отсто од гласовите, што ќе и овозможи самостојно да владее.

Водечката опозициска партија, левичарската популистичка СИРИЗА, доби 16,5 спрема 19,1 отсто од гласовите.

Следуваат: ПАСОК-КИНАЛ (10-13 отсто од гласовите), КПГ (7,2-9,2 отсто од гласовите), „Спартанци“ (меѓу четири и шест отсто), „Грчко решение“ (2,3 до четири отсто), НИКИ (ПОБЕДИ, 2,3 до четири проценти), Плевси Елефтериас (Патот на слободата, два до четири проценти) и МеРА 25 (два до четири проценти од гласовите).

Партиите кои ќе освојат најмалку три отсто од гласовите ќе влезат во Парламентот на Грција, а распоредот на пратеничките мандати се одредува со сложена пресметка.

Стопроцентни резултати од излезната анкета се очекуваат вечерва по 19 часот, а првиот официјален резултат ќе биде објавен половина час подоцна.

Грција денеска гласаше на вторите парламентарни избори во последните пет недели.

На изборите на 21 мај, „Нова демократија“ на Мицотакис освои најмногу гласови, но не доволно за формирање независна влада. Мицотакис без противење од другите партии одлучи да не формира коалициска влада, туку денеска да оди на нови избори кои се организираа според изменетиот изборен закон, а победничката партија ќе добие бонус од 25 до 50 пратенички места во зависност на резултатите.

The post „Нова демократија“ на Мицотакис повторно победи во Грција appeared first on Република.

]]>

Доскорешната владејачката конзервативна партија „Нова демократија“ повторно победи на денешните предвремени избори во Грција, покажува првата излезна анкета што ја објави атинската РТВ СКАИ. Првиот примерок од излезните анкети покажува дека партијата на Киријакос Мицотакис денеска добила меѓу 40 и 44 отсто од гласовите, што ќе и овозможи самостојно да владее. Водечката опозициска партија, левичарската популистичка СИРИЗА, доби 16,5 спрема 19,1 отсто од гласовите. Следуваат: ПАСОК-КИНАЛ (10-13 отсто од гласовите), КПГ (7,2-9,2 отсто од гласовите), „Спартанци“ (меѓу четири и шест отсто), „Грчко решение“ (2,3 до четири отсто), НИКИ (ПОБЕДИ, 2,3 до четири проценти), Плевси Елефтериас (Патот на слободата, два до четири проценти) и МеРА 25 (два до четири проценти од гласовите). Партиите кои ќе освојат најмалку три отсто од гласовите ќе влезат во Парламентот на Грција, а распоредот на пратеничките мандати се одредува со сложена пресметка. Стопроцентни резултати од излезната анкета се очекуваат вечерва по 19 часот, а првиот официјален резултат ќе биде објавен половина час подоцна. Грција денеска гласаше на вторите парламентарни избори во последните пет недели. На изборите на 21 мај, „Нова демократија“ на Мицотакис освои најмногу гласови, но не доволно за формирање независна влада. Мицотакис без противење од другите партии одлучи да не формира коалициска влада, туку денеска да оди на нови избори кои се организираа според изменетиот изборен закон, а победничката партија ќе добие бонус од 25 до 50 пратенички места во зависност на резултатите.

The post „Нова демократија“ на Мицотакис повторно победи во Грција appeared first on Република.

]]>
Нова демократија на Мицотакис победник на изборите во Грција со 20 отсто разлика пред СИРИЗА https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nova-demokratija-na-mitsotakis-pobednik-na-izborite-vo-grtsija-so-20-otsto-razlika-pred-siriza/ Sun, 21 May 2023 20:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=642623

Нова демократија со убедливо водство од над 20 отсто разлика во однос на СИРИЗА се чини дека е големиот победник на парламентарните избори во Грција, со пребројани 71,87 отсто од гласовите, покажуваат официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, јави дописничката на МИА од Атина.

Меѓутоа, поради пропорционалниот модел, Нова демократија не го обезбеди потребниот минимум од 151 пратеник за да формира еднопартиска Влада, па така веројатно е дека на крајот од јуни или почетокот на јули да се одржат и вторите избори.

Во Парламентот место обезбедуваат пет партии, кои успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто.

Поконкретно, според официјалните податоци:

Нова демократија - 40,83 отсто и 145 пратенички места

СИРИЗА - 20,06 проценти и  72 пратенички места

ПАСОК - Движење на промена - 11,81 отсто – 42 пратенички места

Комунистичка партија на Грција - 7,09 отсто- 25 пратенички места

Грчко решение - 4,50 отсто и 16 пратенички места

Излезноста, според првичните официјални информации е 59,35 отсто.

The post Нова демократија на Мицотакис победник на изборите во Грција со 20 отсто разлика пред СИРИЗА appeared first on Република.

]]>

Нова демократија со убедливо водство од над 20 отсто разлика во однос на СИРИЗА се чини дека е големиот победник на парламентарните избори во Грција, со пребројани 71,87 отсто од гласовите, покажуваат официјалните податоци од грчкото Министерство за внатрешни работи, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓутоа, поради пропорционалниот модел, Нова демократија не го обезбеди потребниот минимум од 151 пратеник за да формира еднопартиска Влада, па така веројатно е дека на крајот од јуни или почетокот на јули да се одржат и вторите избори. Во Парламентот место обезбедуваат пет партии, кои успеаја да го поминат изборниот праг од три отсто. Поконкретно, според официјалните податоци: Нова демократија - 40,83 отсто и 145 пратенички места СИРИЗА - 20,06 проценти и  72 пратенички места ПАСОК - Движење на промена - 11,81 отсто – 42 пратенички места Комунистичка партија на Грција - 7,09 отсто- 25 пратенички места Грчко решение - 4,50 отсто и 16 пратенички места Излезноста, според првичните официјални информации е 59,35 отсто.

The post Нова демократија на Мицотакис победник на изборите во Грција со 20 отсто разлика пред СИРИЗА appeared first on Република.

]]>