„Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-zhivot-kako-poljatsite-im-pomognaa-na-begaltsite-od-grtsija/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Nov 2023 07:44:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-zhivot-kako-poljatsite-im-pomognaa-na-begaltsite-od-grtsija/ 32 32 „Славика либрис“ ја објави книгата „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slavika-libris-ja-objavi-knigata-nov-zhivot-kako-poljatsite-im-pomognaa-na-begaltsite-od-grtsija/ Thu, 23 Nov 2023 07:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=715330

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ од полскиот автор Дионисиос Стурис, а во превод на Лидија Танушевска.

Дали дефинитивно и категорички мора да го одредиме нашиот национален идентитет – прашува Дионисиос Стурис, кој припаѓа на третото поколение на грчки бегалци од Граѓанската војна во Грција. И самиот со двоен и недоопределен идентитет, им оддава почест на бегалците од Грчката граѓанска војна во 1948 г. преку сведоштвата на Грците и на Македонците од Егејска Македонија, но и преку сопствените истражувања на таа тема. Тие до ден-денес ѝ се благодарни на полската држава и ја чувствуваат како своја, и покрај тоа што биле разделени од семејствата, и покрај строгата дисциплина во детските воспитни центри во кои биле сместени децата бегалци, и покрај носталгијата за татковината во која на Грците со децении не им било дозволено да се вратат, а на Македонците никогаш.

Дионисиос Стурис (1960) – Репортер, автор на документаристички книги и подкасти. Долги години работел во Радио ТОК ФМ, каде се занимавал со надворешна политика. Тој често пишува за бегалците и за миграцијата, како и за Островот Ман и современа Грција.

Дионисиод Стурис е повеќекратно номиниран за престижни награди. Неговата репортажа „Зајдисонце на Санторини“ ја добила наградата „Аркадиј Фидлер“ за книга на годината и на конкурсот на списанието „Патник“ за патопис на годината. Тој сака да трча, да пече и да готви.

Автор е на бестселерот „Калимера. Грчка кујна на радоста“ – книга со рецепти од вегетаријанската грчка кујна, како и на книгата за деца „Кала, кала. Грција за љубопитните“.

 

The post „Славика либрис“ ја објави книгата „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја објави книгата „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ од полскиот автор Дионисиос Стурис, а во превод на Лидија Танушевска. Дали дефинитивно и категорички мора да го одредиме нашиот национален идентитет – прашува Дионисиос Стурис, кој припаѓа на третото поколение на грчки бегалци од Граѓанската војна во Грција. И самиот со двоен и недоопределен идентитет, им оддава почест на бегалците од Грчката граѓанска војна во 1948 г. преку сведоштвата на Грците и на Македонците од Егејска Македонија, но и преку сопствените истражувања на таа тема. Тие до ден-денес ѝ се благодарни на полската држава и ја чувствуваат како своја, и покрај тоа што биле разделени од семејствата, и покрај строгата дисциплина во детските воспитни центри во кои биле сместени децата бегалци, и покрај носталгијата за татковината во која на Грците со децении не им било дозволено да се вратат, а на Македонците никогаш. Дионисиос Стурис (1960) – Репортер, автор на документаристички книги и подкасти. Долги години работел во Радио ТОК ФМ, каде се занимавал со надворешна политика. Тој често пишува за бегалците и за миграцијата, како и за Островот Ман и современа Грција. Дионисиод Стурис е повеќекратно номиниран за престижни награди. Неговата репортажа „Зајдисонце на Санторини“ ја добила наградата „Аркадиј Фидлер“ за книга на годината и на конкурсот на списанието „Патник“ за патопис на годината. Тој сака да трча, да пече и да готви. Автор е на бестселерот „Калимера. Грчка кујна на радоста“ – книга со рецепти од вегетаријанската грчка кујна, како и на книгата за деца „Кала, кала. Грција за љубопитните“.  

The post „Славика либрис“ ја објави книгата „Нов живот. Како Полјаците им помогнаа на бегалците од Грција“ appeared first on Република.

]]>