нов зеланд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-zeland/ За подобро да се разбереме Sun, 20 Oct 2024 09:26:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов зеланд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-zeland/ 32 32 Аеродромoт во Нов Зеланд воведе ограничување за прегратки од три минути https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/aerodromot-vo-nov-zeland-vovede-ogranichuvane-za-pregratki-od-tri-minuti/ Sun, 20 Oct 2024 09:26:55 +0000 https://republika.mk/?p=829033

Новозеландскиот аеродром Данедин предизвика дебата ширум светот со нов знак кој ги ограничува прегратките во полето за поаѓање на три минути, а истовремено им наложува на патниците да го користат паркингот за „посрдечно збогување“.

Директорот на аеродромот Данидин, Даниел Де Боно, говорејќи на оваа тема за новозеландското радио RNZ, рече дека аеродромите се опишани како „емотивни жаришта“ и посочи на студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да предизвика излив на „љубовни хормони“ и дека побрзиот проток на патници и оние кои ги испраќаат им овозможува на повеќе луѓе да добијат повеќе прегратки, објави Си-Ен-Ен.

The post Аеродромoт во Нов Зеланд воведе ограничување за прегратки од три минути appeared first on Република.

]]>

Новозеландскиот аеродром Данедин предизвика дебата ширум светот со нов знак кој ги ограничува прегратките во полето за поаѓање на три минути, а истовремено им наложува на патниците да го користат паркингот за „посрдечно збогување“.
Директорот на аеродромот Данидин, Даниел Де Боно, говорејќи на оваа тема за новозеландското радио RNZ, рече дека аеродромите се опишани како „емотивни жаришта“ и посочи на студија која сугерира дека прегратката од 20 секунди е доволна за да предизвика излив на „љубовни хормони“ и дека побрзиот проток на патници и оние кои ги испраќаат им овозможува на повеќе луѓе да добијат повеќе прегратки, објави Си-Ен-Ен.

The post Аеродромoт во Нов Зеланд воведе ограничување за прегратки од три минути appeared first on Република.

]]>
Србија размислува да го екстрадира белорускиот режисер Андреј Хњот кому во Белорусија му се заканува затвор од 20 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-razmisluva-da-go-ekstradira-beloruskiot-rezhiser-andrej-hnot-komu-vo-belorusija-mu-se-zakanuva-zatvor-od-20-godini/ Fri, 23 Aug 2024 16:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=808921

Белорускиот режисер, Андреј Хњот, би можело да биде екстрадиран од Србија во Белорусија, каде што му се заканува казна на политичка основа.

На почетокот на идната недела српскиот апелациски суд ќе одлучува за неговата судбина: да го остави на слобода или да го екстрадира во Белорусија. Самиот Хњот смета дека од политички причини може да се соочи со казна затвор до 20 години.

Активистите за човекови права не брзаат да го признаат Андреј како политички затвореник, но во исто време ги повикуваат српските власти да ја спречат неговата екстрадиција во Белорусија. Статусот на политички затвореник сериозно би му помогнал на суд.

Во одбрана на Андреј Хњот говореа Павел Латушка, Канцеларијата на Светлана Џихануска, претставници на дијаспората, белоруски и меѓународни организации за човекови права, како и други познати политичари, новинари и активисти.

Андреј Хњот беше приведен во Србија на 30 октомври 2023 година по барање на Интерпол под обвинение за неплаќање данок.

The post Србија размислува да го екстрадира белорускиот режисер Андреј Хњот кому во Белорусија му се заканува затвор од 20 години appeared first on Република.

]]>

Белорускиот режисер, Андреј Хњот, би можело да биде екстрадиран од Србија во Белорусија, каде што му се заканува казна на политичка основа. На почетокот на идната недела српскиот апелациски суд ќе одлучува за неговата судбина: да го остави на слобода или да го екстрадира во Белорусија. Самиот Хњот смета дека од политички причини може да се соочи со казна затвор до 20 години. Активистите за човекови права не брзаат да го признаат Андреј како политички затвореник, но во исто време ги повикуваат српските власти да ја спречат неговата екстрадиција во Белорусија. Статусот на политички затвореник сериозно би му помогнал на суд. Во одбрана на Андреј Хњот говореа Павел Латушка, Канцеларијата на Светлана Џихануска, претставници на дијаспората, белоруски и меѓународни организации за човекови права, како и други познати политичари, новинари и активисти. Андреј Хњот беше приведен во Србија на 30 октомври 2023 година по барање на Интерпол под обвинение за неплаќање данок.

The post Србија размислува да го екстрадира белорускиот режисер Андреј Хњот кому во Белорусија му се заканува затвор од 20 години appeared first on Република.

]]>
Поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд утринава се откажани десет летови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-eruptsija-na-vulkan-vo-nov-zeland-utrinava-se-otkazhani-deset-letovi/ Thu, 22 Aug 2024 07:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=808917

Десет летови се откажани утринава поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд, соопшти локалната авиокомпанија Ер Нов Зеланд, додавајќи дека сообраќајот се нормализира.

Вулканот White Island (Бел остров) се наоѓа на околу 50 километри од брегот на Северниот остров и 200 километри од Окленд, најнаселениот град во Нов Зеланд. Владините научници предупредија дека активноста на Вакари, како што го нарекуваат домородните Маори во земјата, може да продолжи „недели до месеци“ што доаѓаат.

Поради пепелта што ја исфрли вулканот откажани се 10 летови, а портпаролот на авиокомпанијата потврди дека сообраќајот е воспоставен по подобрување на состојбата.
Во ерупцијата на вулканот Бел Остров во 2019 година загинаа 22 лица.

The post Поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд утринава се откажани десет летови appeared first on Република.

]]>

Десет летови се откажани утринава поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд, соопшти локалната авиокомпанија Ер Нов Зеланд, додавајќи дека сообраќајот се нормализира. Вулканот White Island (Бел остров) се наоѓа на околу 50 километри од брегот на Северниот остров и 200 километри од Окленд, најнаселениот град во Нов Зеланд. Владините научници предупредија дека активноста на Вакари, како што го нарекуваат домородните Маори во земјата, може да продолжи „недели до месеци“ што доаѓаат. Поради пепелта што ја исфрли вулканот откажани се 10 летови, а портпаролот на авиокомпанијата потврди дека сообраќајот е воспоставен по подобрување на состојбата. Во ерупцијата на вулканот Бел Остров во 2019 година загинаа 22 лица.

The post Поради ерупција на вулкан во Нов Зеланд утринава се откажани десет летови appeared first on Република.

]]>
Околу 200.000 деца на Нов Зеланд биле злоупотребени во државните и верските институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/okolu-200-000-detsa-na-nov-zeland-bile-zloupotrebeni-vo-drzhavnite-i-verskite-institutsii/ Wed, 24 Jul 2024 09:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=799772

Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон денеска се извини и вети реформи откако истрагата покажа дека околу 200.000 деца, млади луѓе и ранливи возрасни лица биле злоупотребувани во државните и верските институции во изминатите 70 години.

Според извештајот на Кралската истражна комисија, речиси секое трето дете и ранливо возрасно лице, кои биле згрижени од 1950 до 2019 година доживеале некаква форма на злоупотреба.

Ова е мрачен и тажен ден во историјата на Нов Зеланд како општество и како земја, требаше да знаеме подобро и решен сум дека ќе го направиме тоа, посочи Луксон.

Истрагата утврди низа злоупотреби во државните и верските институции за грижа, вклучително силување, стерилизација и електрошокови, особено во 70-тите години од минатиот век. Посебно ранлива на злоупотреби била домородната заедница на Маорите, како и лицата со ментална или физичка попреченост.

Во извештајот се посочува дека институциите се обидувале да ја прикријат злоупотребата со преместување на насилниците на други работни места или со негирање на вината, при што многу жртви починаа пред да ја добијат правдата.

Национален срам е што стотици илјади деца, млади и возрасни во државните и верските институции се злоупотребувани и запоставени, се наведува во извештајот, во кој се дадени 138 препораки, вклучително и повик за јавно извинување од Владата на Нов Зеланд, како и од поглаварот на Католичката и на Англиканската црква, папата и надбискупот од Кентербери.

Католичката црква на Нов Зеланд соопшти дека внимателно го разгледува извештајот и оти по нивната анализа ќе преземе чекори.

Додека Англиканската црква во Нов Зеланд наведе дека признава вина и презема целосна одговорност.

The post Околу 200.000 деца на Нов Зеланд биле злоупотребени во државните и верските институции appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Луксон денеска се извини и вети реформи откако истрагата покажа дека околу 200.000 деца, млади луѓе и ранливи возрасни лица биле злоупотребувани во државните и верските институции во изминатите 70 години. Според извештајот на Кралската истражна комисија, речиси секое трето дете и ранливо возрасно лице, кои биле згрижени од 1950 до 2019 година доживеале некаква форма на злоупотреба. Ова е мрачен и тажен ден во историјата на Нов Зеланд како општество и како земја, требаше да знаеме подобро и решен сум дека ќе го направиме тоа, посочи Луксон. Истрагата утврди низа злоупотреби во државните и верските институции за грижа, вклучително силување, стерилизација и електрошокови, особено во 70-тите години од минатиот век. Посебно ранлива на злоупотреби била домородната заедница на Маорите, како и лицата со ментална или физичка попреченост. Во извештајот се посочува дека институциите се обидувале да ја прикријат злоупотребата со преместување на насилниците на други работни места или со негирање на вината, при што многу жртви починаа пред да ја добијат правдата. Национален срам е што стотици илјади деца, млади и возрасни во државните и верските институции се злоупотребувани и запоставени, се наведува во извештајот, во кој се дадени 138 препораки, вклучително и повик за јавно извинување од Владата на Нов Зеланд, како и од поглаварот на Католичката и на Англиканската црква, папата и надбискупот од Кентербери. Католичката црква на Нов Зеланд соопшти дека внимателно го разгледува извештајот и оти по нивната анализа ќе преземе чекори. Додека Англиканската црква во Нов Зеланд наведе дека признава вина и презема целосна одговорност.

The post Околу 200.000 деца на Нов Зеланд биле злоупотребени во државните и верските институции appeared first on Република.

]]>
Режисерка од Нов Зеланд првпат го гледала „Пред дождот“ на 17 години и по три децении снимила филм инспирирана од Манчевски https://arhiva3.republika.mk/scena/film/rezhiserka-od-nov-zeland-prvpat-go-gledala-pred-dozhdot-na-17-godini-i-po-tri-detsenii-snimila-film-inspirirana-od-manchevski/ Tue, 14 May 2024 08:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=777808

И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот.

Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм.
Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот град Велингтон. Многу ѝ се допаднал, и сè уште ѝ се допаѓа. Речиси 30 години подоцна, Тејлор се навраќа на филмот на Манчевски кога во истото кино ќе ја гледа премиерата на својот прв филм „Месечината е наопаку“ во кој е режисерка, сценаристка и актерка и кој како и „Пред дождот“ има три навидум неповрзани приказни.

„Филмот беше под влијание на многу нешта“, вели Тејлор. „Меѓу нив и филмот на Манчевски и неговиот заплет како Венов дијаграм“.

Во годината кога најнаградувано дело во историјата на македонската кинематографија и едно од најголемите достигнувања на македонската култура воопшто слави 30 години од премиерата во септември 1994, не престануваат одгласите за овој филм на Манчевски.

Имено, во промотивното видео пред годинашното доделување на Оскарите, холивудската актерка Глен Клоуз го избра токму „Пред дождот“, кој во 1995 беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, како дело што ја инспирирало да посака да ја посети Македонија.

„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стара (земја) и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“, вели во видеото Глен Клоуз која има рекордни 8 номинации за Оскар.

Во 1994, „Пред дожот“ освои Златен лав во Венеција на најстариот филмски фестивал во светот. Покрај Златниот лав, „Пред дождот“ доби уште триесетина награди на светските фестивали, а беше и првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм.

„Пред дождот ја стави Македонија на светската мапа. Дела како ова ме одржуваат. Потсетник за благородноста што филмот може да ја досегне“, напиша легендарниот филмски критичар Роџер Иберт за американската премиера на филмот во 1995.

„Македонија, љубов моја“, „Милчо Македонецот“, „Мајсторот од Македонија“, „Македонско ремек-дело“, се само дел од насловите за „Пред дождот“ во светските медиуми во тоа време, а јапонските весници цртаа и мапи за да покажат каде е Македонија, која стана независна земја само 3 години пред премиерата на овој филм.

„Пред дождот“ е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на „Њујорк тајмс“, а на фестивалот во Венеција една од паралелните награди беше именувана според мотот на филмот „Кругот не е тркалезен“. Во Фиренца се одржа меѓународна академска конференција посветена на филмот.

„Пред дождот“ е прикажан на над 100 фестивали, прикажан во редовна кино и тв-дистрибуција во над 50 земји на сите континенти. Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со класиците Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон, итн. „Пред дождот“ се предава на стотици универзитети, а во Италија е дел од обавезната наставна програма во средните училишта. За филмот се објавени над 5.000 текстови на 50-на јазици во светските медиуми.

Во Кореја „Пред дождот“ се користеше во работни тетратки за изучување на англискиот јазик, а во САД и Полска за изучување на македонскиот. Во Италија постои и вино крстено според филмот „Пред дождот“ и ресторан со истото име.

„Пред дождот“ до ден денес уште игра во кинотечните и фестивалските програми насекаде низ светот.

 

The post Режисерка од Нов Зеланд првпат го гледала „Пред дождот“ на 17 години и по три децении снимила филм инспирирана од Манчевски appeared first on Република.

]]>

И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот. Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм. Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот град Велингтон. Многу ѝ се допаднал, и сè уште ѝ се допаѓа. Речиси 30 години подоцна, Тејлор се навраќа на филмот на Манчевски кога во истото кино ќе ја гледа премиерата на својот прв филм „Месечината е наопаку“ во кој е режисерка, сценаристка и актерка и кој како и „Пред дождот“ има три навидум неповрзани приказни. „Филмот беше под влијание на многу нешта“, вели Тејлор. „Меѓу нив и филмот на Манчевски и неговиот заплет како Венов дијаграм“. Во годината кога најнаградувано дело во историјата на македонската кинематографија и едно од најголемите достигнувања на македонската култура воопшто слави 30 години од премиерата во септември 1994, не престануваат одгласите за овој филм на Манчевски. Имено, во промотивното видео пред годинашното доделување на Оскарите, холивудската актерка Глен Клоуз го избра токму „Пред дождот“, кој во 1995 беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, како дело што ја инспирирало да посака да ја посети Македонија.
„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стара (земја) и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“, вели во видеото Глен Клоуз која има рекордни 8 номинации за Оскар.
Во 1994, „Пред дожот“ освои Златен лав во Венеција на најстариот филмски фестивал во светот. Покрај Златниот лав, „Пред дождот“ доби уште триесетина награди на светските фестивали, а беше и првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм.
„Пред дождот ја стави Македонија на светската мапа. Дела како ова ме одржуваат. Потсетник за благородноста што филмот може да ја досегне“, напиша легендарниот филмски критичар Роџер Иберт за американската премиера на филмот во 1995.
„Македонија, љубов моја“, „Милчо Македонецот“, „Мајсторот од Македонија“, „Македонско ремек-дело“, се само дел од насловите за „Пред дождот“ во светските медиуми во тоа време, а јапонските весници цртаа и мапи за да покажат каде е Македонија, која стана независна земја само 3 години пред премиерата на овој филм. „Пред дождот“ е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на „Њујорк тајмс“, а на фестивалот во Венеција една од паралелните награди беше именувана според мотот на филмот „Кругот не е тркалезен“. Во Фиренца се одржа меѓународна академска конференција посветена на филмот. „Пред дождот“ е прикажан на над 100 фестивали, прикажан во редовна кино и тв-дистрибуција во над 50 земји на сите континенти. Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со класиците Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон, итн. „Пред дождот“ се предава на стотици универзитети, а во Италија е дел од обавезната наставна програма во средните училишта. За филмот се објавени над 5.000 текстови на 50-на јазици во светските медиуми. Во Кореја „Пред дождот“ се користеше во работни тетратки за изучување на англискиот јазик, а во САД и Полска за изучување на македонскиот. Во Италија постои и вино крстено според филмот „Пред дождот“ и ресторан со истото име. „Пред дождот“ до ден денес уште игра во кинотечните и фестивалските програми насекаде низ светот.  

The post Режисерка од Нов Зеланд првпат го гледала „Пред дождот“ на 17 години и по три децении снимила филм инспирирана од Манчевски appeared first on Република.

]]>
Нов Зеланд и Германија ќе соработуваат на Антарктикот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nov-zeland-i-germanija-ke-sorabotuvaat-na-antarktikot/ Sat, 04 May 2024 07:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=773994

Нов Зеланд потпиша меморандум за разбирање со германскиот институт „Алфред Вегенер“ за да се поттикне соработката на Антарктикот, соопшти министерот за надворешни работи Винстон Петерс.

Како што јави ДПА, Питерс имал средба со неговата германска колешка Аналена Бербок во најголемиот град во Нов Зеланд, Оукланд, каде што присуствувале на потпишување на договор меѓу „Антарктик Нов Зеланд“ и Институтот „Алфред Вегенер“.

„Антарктик Нов Зеланд“ е владина агенција одговорна за спроведување на активностите на Нов Зеланд на Антарктикот, со поддршка на водечката светска наука и заштита на животната средина.

Антарктикот е од голем геостратешки и научен интерес и овој аранжман ќе ги прошири врските меѓу нашите институти за морска и поларна наука, изјави Петерс.

Двајцата дипломати разговарале и за потребата од итен прекин на огнот во Газа и за зајакната соработка во Пацификот.

Нов Зеланд и Германија уживаат заеднички интереси и вредности, вклучувајќи владеење на правото, демократија, почитување на меѓународниот систем и човековите права. Германија е нашиот најголем извозен пазар во Европа. Таа е исто така најважниот научен и иновативен партнер на Нов Зеланд и најголемиот образовен пазар во Европа и извор на значителен број туристи и млади луѓе на работните празници, нагласи Петерс.

Бербок се сретнала и со министрите Сајмон Вотс и Џудит Колинс, со кои разговарала за соработката за вселената, науката и климатските промени.

Таа пристигна во Нов Зеланд од Австралија, каде што се сретна со австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг и посети центар за кибер безбедност и позиција на австралиската морнарица во Аделаида.

Утре Бербок ќе биде првата германска министерка за надворешни работи што ја посетила островската држава Фиџи во јужниот дел на Пацификот.

The post Нов Зеланд и Германија ќе соработуваат на Антарктикот appeared first on Република.

]]>

Нов Зеланд потпиша меморандум за разбирање со германскиот институт „Алфред Вегенер“ за да се поттикне соработката на Антарктикот, соопшти министерот за надворешни работи Винстон Петерс. Како што јави ДПА, Питерс имал средба со неговата германска колешка Аналена Бербок во најголемиот град во Нов Зеланд, Оукланд, каде што присуствувале на потпишување на договор меѓу „Антарктик Нов Зеланд“ и Институтот „Алфред Вегенер“. „Антарктик Нов Зеланд“ е владина агенција одговорна за спроведување на активностите на Нов Зеланд на Антарктикот, со поддршка на водечката светска наука и заштита на животната средина.
Антарктикот е од голем геостратешки и научен интерес и овој аранжман ќе ги прошири врските меѓу нашите институти за морска и поларна наука, изјави Петерс.
Двајцата дипломати разговарале и за потребата од итен прекин на огнот во Газа и за зајакната соработка во Пацификот.
Нов Зеланд и Германија уживаат заеднички интереси и вредности, вклучувајќи владеење на правото, демократија, почитување на меѓународниот систем и човековите права. Германија е нашиот најголем извозен пазар во Европа. Таа е исто така најважниот научен и иновативен партнер на Нов Зеланд и најголемиот образовен пазар во Европа и извор на значителен број туристи и млади луѓе на работните празници, нагласи Петерс.
Бербок се сретнала и со министрите Сајмон Вотс и Џудит Колинс, со кои разговарала за соработката за вселената, науката и климатските промени. Таа пристигна во Нов Зеланд од Австралија, каде што се сретна со австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг и посети центар за кибер безбедност и позиција на австралиската морнарица во Аделаида. Утре Бербок ќе биде првата германска министерка за надворешни работи што ја посетила островската држава Фиџи во јужниот дел на Пацификот.

The post Нов Зеланд и Германија ќе соработуваат на Антарктикот appeared first on Република.

]]>
Нов Зеланд ќе го повлече законот за забрана на продажбата на тутун https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nov-zeland-ke-go-povleche-zakonot-za-zabrana-na-prodazhbata-na-tutun/ Tue, 27 Feb 2024 09:50:16 +0000 https://republika.mk/?p=748831

Нов Зеланд денеска ќе го повлече законот, со кој за првпат во светот, се забранува продажба на тутун за идните генерации, соопшти Владата на таа земја.

Законот требаше да стапи на сила во јули, а тој вклучуваше забрана за продажба на тутун за родените по 1 јануари 2009 година, намалување на содржината на никотин во тутунските производи, како и бројот на продавници за тутун за повеќе од 90 проценти.

Новата коалициска влада избрана во октомври потврди дека законот ќе биде повлечен денеска по итна постапка.

The post Нов Зеланд ќе го повлече законот за забрана на продажбата на тутун appeared first on Република.

]]>

Нов Зеланд денеска ќе го повлече законот, со кој за првпат во светот, се забранува продажба на тутун за идните генерации, соопшти Владата на таа земја. Законот требаше да стапи на сила во јули, а тој вклучуваше забрана за продажба на тутун за родените по 1 јануари 2009 година, намалување на содржината на никотин во тутунските производи, како и бројот на продавници за тутун за повеќе од 90 проценти. Новата коалициска влада избрана во октомври потврди дека законот ќе биде повлечен денеска по итна постапка.

The post Нов Зеланд ќе го повлече законот за забрана на продажбата на тутун appeared first on Република.

]]>
Нов Зеланд се откажа од намерата да им овозможи на 16-годишниците да гласаат на локални избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nov-zeland-se-otkazha-od-namerata-da-im-ovozmozhi-na-16-godishnitsite-da-glasaat-na-lokalni-izbori/ Fri, 26 Jan 2024 10:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=737041

Владата на Нов Зеланд денеска го повлече законот кој, доколку беше усвоен, ќе им овозможеше на 16-годишниците да гласаат на локалните избори.

Највисокиот суд на островската држава кон крајот на 2022 година пресуди дека сегашната минимална возраст за гласање од 18 години е дискриминаторска, што го поттикна Парламентот да расправа дали таа треба да се намали.

Минатата лабуристичка влада во 2023 година ја отфрли можноста за намалување на возраста на 16 години за гласање на парламентарни избори, но се обиде да ја намали за локалните избори. Не успеаја да го спроведат во закон затоа што се повлекоа од власт на крајот на минатата година.

Министерот за локална самоуправа Симеон Браун рече дека побарал да се повлече законот бидејќи нема поддршка од новата влада предводена од Националната партија.

„Make it 16“, непартиска организација која се залага за намалување на возраста за гласање, рече дека исклучувањето на 16 и 17-годишниците од изборниот процес е срам за демократијата.

„Демократија е кога гласачите ги избираат своите политичари, а не кога политичарите ги избираат своите гласачи“, објави организацијата на платформата Х.

 

The post Нов Зеланд се откажа од намерата да им овозможи на 16-годишниците да гласаат на локални избори appeared first on Република.

]]>

Владата на Нов Зеланд денеска го повлече законот кој, доколку беше усвоен, ќе им овозможеше на 16-годишниците да гласаат на локалните избори. Највисокиот суд на островската држава кон крајот на 2022 година пресуди дека сегашната минимална возраст за гласање од 18 години е дискриминаторска, што го поттикна Парламентот да расправа дали таа треба да се намали. Минатата лабуристичка влада во 2023 година ја отфрли можноста за намалување на возраста на 16 години за гласање на парламентарни избори, но се обиде да ја намали за локалните избори. Не успеаја да го спроведат во закон затоа што се повлекоа од власт на крајот на минатата година. Министерот за локална самоуправа Симеон Браун рече дека побарал да се повлече законот бидејќи нема поддршка од новата влада предводена од Националната партија. „Make it 16“, непартиска организација која се залага за намалување на возраста за гласање, рече дека исклучувањето на 16 и 17-годишниците од изборниот процес е срам за демократијата. „Демократија е кога гласачите ги избираат своите политичари, а не кога политичарите ги избираат своите гласачи“, објави организацијата на платформата Х.  

The post Нов Зеланд се откажа од намерата да им овозможи на 16-годишниците да гласаат на локални избори appeared first on Република.

]]>
Мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата во Нов Зеланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mobilnite-telefoni-ke-bidat-zabraneti-vo-uchilishtata-vo-nov-zeland/ Fri, 01 Dec 2023 18:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=718468

Мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата во Нов Зеланд, изјави премиерот Кристофер Луксон, додека неговата нова влада се обидува да го промени падот на писменоста во земјата.

Ние сакаме нашите деца да учат, а нашите наставници да подучуваат. Овој потег ќе го запре нарушувачкото однесување и ќе им помогне на учениците подобро да се фокусираат, рече Луксон.

Училиштата во Нов Зеланд некогаш можеа да се пофалат со забележителни резултати на писменост, но нивото на читање и пишување падна во последниве години до тој степен што некои истражувачи стравуваат дека има сериозна криза во училиштата.

Истражувачите од новозеландската добротворна организација „Едукејшн Хаб“ предупредија на криза со писменоста во 2022 година, кога открија дека повеќе од една третина од 15-годишниците едвај знаат да читаат и пишуваат.

Јасно е дека мора да се направи нешто за да се реши загрижувачки ниската стапка на писменост во Нов Зеланд, предупредија истражувачите.

Премиерот Луксон рече дека телефоните во училиштата ќе бидат забранети во првите 100 дена на функцијата, усвојувајќи политика која веќе е тестирана со различни резултати во САД, Велика Британија и Франција.

The post Мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата во Нов Зеланд appeared first on Република.

]]>

Мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата во Нов Зеланд, изјави премиерот Кристофер Луксон, додека неговата нова влада се обидува да го промени падот на писменоста во земјата.
Ние сакаме нашите деца да учат, а нашите наставници да подучуваат. Овој потег ќе го запре нарушувачкото однесување и ќе им помогне на учениците подобро да се фокусираат, рече Луксон.
Училиштата во Нов Зеланд некогаш можеа да се пофалат со забележителни резултати на писменост, но нивото на читање и пишување падна во последниве години до тој степен што некои истражувачи стравуваат дека има сериозна криза во училиштата. Истражувачите од новозеландската добротворна организација „Едукејшн Хаб“ предупредија на криза со писменоста во 2022 година, кога открија дека повеќе од една третина од 15-годишниците едвај знаат да читаат и пишуваат.
Јасно е дека мора да се направи нешто за да се реши загрижувачки ниската стапка на писменост во Нов Зеланд, предупредија истражувачите.
Премиерот Луксон рече дека телефоните во училиштата ќе бидат забранети во првите 100 дена на функцијата, усвојувајќи политика која веќе е тестирана со различни резултати во САД, Велика Британија и Франција.

The post Мобилните телефони ќе бидат забранети во училиштата во Нов Зеланд appeared first on Република.

]]>
Новата влада на Нов Зеланд положи заклетва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novata-vlada-na-nov-zeland-polozhi-zakletva/ Mon, 27 Nov 2023 07:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=716539

Новата десноцентристичка влада на Нов Зеланд денеска положи заклетва, а Парламентот се очекува да се состане следната недела за да започне со работа на новите политички приоритети, вклучително и укинување на забраната за преработка на нафта и гас.

Лидерот на Националната партија на Нов Зеланд, Кристофер Лаксон и министрите од неговиот кабинет положија заклетва во владиниот дом пред генералниот гувернер Синди Киро, кој го претставува шефот на државата – британскиот крал Чарлс Трети.

Централно-десничарската Национална партија во петокот влезе во коалиција со конзервативната партија ACT Нов Зеланд и популистичката партија „Нов Зеланд пред сè“ , овозможувајќи им на трите партии да формираат кабинет, со што се стави крај на шестгодишните левичарски влади во Нов Зеланд.

– Имаме тим, имаме идеи и имаме јасна политичка програма за следните три години“, изјави новиот премиер Лaксон за ТВН Зет.

Тој рече и дека утре ќе го одржи првиот состанок на неговиот кабинет и ќе има за цел брзо да го финализира својот 100-дневен план. Луксон додаде дека планира и посета на Австралија пред Божиќ.

Новиот премиер, исто така денеска најави дека конзервативната влада на Нов Зеланд ќе ги отфрли водечките светски мерки за спречување на пушењето во потег опишан од здравствените активисти како „голема победа за тутунската индустрија“.

Презентирана во времето на поранешната премиерка Џасинда Ардерн, таканаречената „генерациска забрана за пушење“ имаше за цел да ја забрани продажбата на цигари за сите родени по 2008 година.

Пофалени од експерти за јавно здравје и застапниците против пушењето, неодамна во Обединетото Кралство беше објавен пакет речиси идентични мерки.

The post Новата влада на Нов Зеланд положи заклетва appeared first on Република.

]]>

Новата десноцентристичка влада на Нов Зеланд денеска положи заклетва, а Парламентот се очекува да се состане следната недела за да започне со работа на новите политички приоритети, вклучително и укинување на забраната за преработка на нафта и гас. Лидерот на Националната партија на Нов Зеланд, Кристофер Лаксон и министрите од неговиот кабинет положија заклетва во владиниот дом пред генералниот гувернер Синди Киро, кој го претставува шефот на државата – британскиот крал Чарлс Трети. Централно-десничарската Национална партија во петокот влезе во коалиција со конзервативната партија ACT Нов Зеланд и популистичката партија „Нов Зеланд пред сè“ , овозможувајќи им на трите партии да формираат кабинет, со што се стави крај на шестгодишните левичарски влади во Нов Зеланд. – Имаме тим, имаме идеи и имаме јасна политичка програма за следните три години“, изјави новиот премиер Лaксон за ТВН Зет. Тој рече и дека утре ќе го одржи првиот состанок на неговиот кабинет и ќе има за цел брзо да го финализира својот 100-дневен план. Луксон додаде дека планира и посета на Австралија пред Божиќ. Новиот премиер, исто така денеска најави дека конзервативната влада на Нов Зеланд ќе ги отфрли водечките светски мерки за спречување на пушењето во потег опишан од здравствените активисти како „голема победа за тутунската индустрија“. Презентирана во времето на поранешната премиерка Џасинда Ардерн, таканаречената „генерациска забрана за пушење“ имаше за цел да ја забрани продажбата на цигари за сите родени по 2008 година. Пофалени од експерти за јавно здравје и застапниците против пушењето, неодамна во Обединетото Кралство беше објавен пакет речиси идентични мерки.

The post Новата влада на Нов Зеланд положи заклетва appeared first on Република.

]]>
Јужна Африка и Нов Зеланд во финалето на СП во рагби https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/juzhna-afrika-i-nov-zeland-vo-finaleto-na-sp-vo-ragbi/ Sun, 22 Oct 2023 09:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=693839

Бранителот на титулата Јужна Африка е вториот финалист на 10.Светското првенство во рагби во кое на 28 октомври на „Стад де Франс“ во Париз ќе игра против Нов Зеланд.

Рагбистите на Јужна Африка во второто полуфинале ја совладаа Англија со 16-15 и го забележаа четвртиот триумф во нивниот четврти меѓусебен дуел во нокаут фазата на мундијалските турнири.

Јужна Африка четврти пат во историјата ќе игра во мундијалско финале и ќе се обиде да го продолжи максималниот ефект, откако ја освојуваше светската титула во 1995, 2003 и 2019 година.

Во првото полуфинале во петокот, Нов Зеланд убедливо ја совлада Аргентина со 44-6 и идниот викенд ќе се бори за својата четврта светска титула, триумфирајќи претходно во финалињата во 1987, 2011 и 2015 година.

The post Јужна Африка и Нов Зеланд во финалето на СП во рагби appeared first on Република.

]]>

Бранителот на титулата Јужна Африка е вториот финалист на 10.Светското првенство во рагби во кое на 28 октомври на „Стад де Франс“ во Париз ќе игра против Нов Зеланд. Рагбистите на Јужна Африка во второто полуфинале ја совладаа Англија со 16-15 и го забележаа четвртиот триумф во нивниот четврти меѓусебен дуел во нокаут фазата на мундијалските турнири. Јужна Африка четврти пат во историјата ќе игра во мундијалско финале и ќе се обиде да го продолжи максималниот ефект, откако ја освојуваше светската титула во 1995, 2003 и 2019 година. Во првото полуфинале во петокот, Нов Зеланд убедливо ја совлада Аргентина со 44-6 и идниот викенд ќе се бори за својата четврта светска титула, триумфирајќи претходно во финалињата во 1987, 2011 и 2015 година.

The post Јужна Африка и Нов Зеланд во финалето на СП во рагби appeared first on Република.

]]>
Икс почна да им наплаќа на новите корисници од Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iks-pochna-da-im-naplaka-na-novite-korisnitsi-od-nov-zeland-i-filipinite-po-1-dolar-godishno/ Wed, 18 Oct 2023 08:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=692406

Социјалната мрежа Икс на Илон Маск, порано позната како Твитер, почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно за пристап до клучните функции, како дел од новото пробно тестирање. Тие вклучуваат можност за објавување, реобјавување, лајкнување на објави и одговарање на објави, пренесува Би-Би-Си.

Оние кои ќе се откажат од претплатата ќе можат само да читаат објави, да гледаат видеа и да следат профили. Платформата за социјални медиуми соопшти дека целта е „да се намали бројот на ботови, како и манипулацијата со платформата“.

Новите профили, исто така, ќе мораат да го потврдат нивниот телефонски број, иако Маск рече дека сè уште ќе може слободно да се создаваат профили „само за читање“, кои немаат клучни карактеристики.

Минатиот месец, шефот на Икс, Тесла и СпејсИкс сугерираше дека сите корисници на социјалната мрежа можеби ќе треба да платат за пристапот. Откако Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари минатата година, бележи континуиран пад на приходите.

Иако постои јасен финансиски интерес за компанијата да им наплаќа на корисниците, контроверзниот милијардер рече дека да ги натера луѓето да платат за услугата има за цел да се справи со ботовите. Платените претплатници на подобрената услуга, наречена Икс Премиум, сега плаќаат за повеќе функции како подолги објави и зголемена видливост на платформата.

Икс Премиум моментално чини 8 долари месечно во САД. Цената се разликува во зависност од тоа во која земја престојува претплатникот, додека другите корисници сè уште можат да го користат Икс бесплатно.

Еден ризик од ставање на Икс зад ѕидот за плаќање е дека платформата може да изгуби голем дел од своите корисници. Тоа, пак, може да ги намали приходите од рекламирање, кои во моментов претставуваат огромно мнозинство од приходот на компанијата.

Во последните недели, компанијата беше под истрага од Европската унија за можно ширење на терористичка и насилна содржина и говор на омраза, по нападот на Хамас врз Израел. Исто така, казнет е од австралиското тело за заштита на безбедноста на интернет поради неуспехот да соработува со истрагата за практики против злоупотреба на деца.

The post Икс почна да им наплаќа на новите корисници од Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно appeared first on Република.

]]>

Социјалната мрежа Икс на Илон Маск, порано позната како Твитер, почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно за пристап до клучните функции, како дел од новото пробно тестирање. Тие вклучуваат можност за објавување, реобјавување, лајкнување на објави и одговарање на објави, пренесува Би-Би-Си. Оние кои ќе се откажат од претплатата ќе можат само да читаат објави, да гледаат видеа и да следат профили. Платформата за социјални медиуми соопшти дека целта е „да се намали бројот на ботови, како и манипулацијата со платформата“. Новите профили, исто така, ќе мораат да го потврдат нивниот телефонски број, иако Маск рече дека сè уште ќе може слободно да се создаваат профили „само за читање“, кои немаат клучни карактеристики. Минатиот месец, шефот на Икс, Тесла и СпејсИкс сугерираше дека сите корисници на социјалната мрежа можеби ќе треба да платат за пристапот. Откако Маск го купи Твитер за 44 милијарди долари минатата година, бележи континуиран пад на приходите. Иако постои јасен финансиски интерес за компанијата да им наплаќа на корисниците, контроверзниот милијардер рече дека да ги натера луѓето да платат за услугата има за цел да се справи со ботовите. Платените претплатници на подобрената услуга, наречена Икс Премиум, сега плаќаат за повеќе функции како подолги објави и зголемена видливост на платформата. Икс Премиум моментално чини 8 долари месечно во САД. Цената се разликува во зависност од тоа во која земја престојува претплатникот, додека другите корисници сè уште можат да го користат Икс бесплатно. Еден ризик од ставање на Икс зад ѕидот за плаќање е дека платформата може да изгуби голем дел од своите корисници. Тоа, пак, може да ги намали приходите од рекламирање, кои во моментов претставуваат огромно мнозинство од приходот на компанијата. Во последните недели, компанијата беше под истрага од Европската унија за можно ширење на терористичка и насилна содржина и говор на омраза, по нападот на Хамас врз Израел. Исто така, казнет е од австралиското тело за заштита на безбедноста на интернет поради неуспехот да соработува со истрагата за практики против злоупотреба на деца.

The post Икс почна да им наплаќа на новите корисници од Нов Зеланд и Филипините по 1 долар годишно appeared first on Република.

]]>
Конзервативците „тепаа“ на изборите во Нов Зеланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/konzervativtsite-tepaa-na-izborite-vo-nov-zeland/ Sat, 14 Oct 2023 09:41:24 +0000 https://republika.mk/?p=691113

Во Нов Зеланд денеска се одржаа парламентарни избори, а првичните резултати покажуваат дека гласачите се одлучиле за промена на власта во корист на конзервативците, по шест години лабуристичка влада, главно предводена од Џасинда Ардерн.

По една четвртина преброени гласови, се чини, дека поранешниот бизнисмен Кристофер Луксон ќе биде следниот премиер на Нов Зеланд.

Во јануари годинава популарната премиерка Ардерн неочекувано се повлече од функција, изјавувајќи дека веќе нема „доволно гориво“ за да ја заврши работата како што треба. Таа извојува убедлива победа за лабуристите на претходните избори во октомври 2020 година, но нејзината популарност опадна бидејќи луѓето се уморија од ограничувањата поврзани со Ковид -19, и бидејќи инфлацијата почна да ја загрозува економијата.

По нејзиното заминување од политиката нов лидер на лабуристите стана 45-годишниот Крис Хипкинс, кој дотогаш беше министер за образование и ја водеше работата околу пандемијата на коронавирусот.

Меѓутоа, Лабуристичката партија забележа значителен пад на поддршката поради серијата владини скандали и поскапувањето на храната и горивото, како и инфлацијата што се очекува да надмине шест отсто оваа година.

Луксон, од друга страна, доби поттик пред се благодарение на ветувањето за намалување на даноците.

Според првите пребројани гласови на изборите одржани денеска, се посочува дека Националната партија на Луксон освоила повеќе од 40 отсто, а Лабуристичката партија предводена од Хипкинс освои нешто повеќе од 25 отсто од гласовите, половина од оние што ги освои на претходните избори кога Ардерн беше на нејзино чело.

За да формира влада, партија или постизборна коалиција мора да има најмалку 61 место во 120-члениот парламент.

The post Конзервативците „тепаа“ на изборите во Нов Зеланд appeared first on Република.

]]>

Во Нов Зеланд денеска се одржаа парламентарни избори, а првичните резултати покажуваат дека гласачите се одлучиле за промена на власта во корист на конзервативците, по шест години лабуристичка влада, главно предводена од Џасинда Ардерн. По една четвртина преброени гласови, се чини, дека поранешниот бизнисмен Кристофер Луксон ќе биде следниот премиер на Нов Зеланд. Во јануари годинава популарната премиерка Ардерн неочекувано се повлече од функција, изјавувајќи дека веќе нема „доволно гориво“ за да ја заврши работата како што треба. Таа извојува убедлива победа за лабуристите на претходните избори во октомври 2020 година, но нејзината популарност опадна бидејќи луѓето се уморија од ограничувањата поврзани со Ковид -19, и бидејќи инфлацијата почна да ја загрозува економијата. По нејзиното заминување од политиката нов лидер на лабуристите стана 45-годишниот Крис Хипкинс, кој дотогаш беше министер за образование и ја водеше работата околу пандемијата на коронавирусот. Меѓутоа, Лабуристичката партија забележа значителен пад на поддршката поради серијата владини скандали и поскапувањето на храната и горивото, како и инфлацијата што се очекува да надмине шест отсто оваа година. Луксон, од друга страна, доби поттик пред се благодарение на ветувањето за намалување на даноците. Според првите пребројани гласови на изборите одржани денеска, се посочува дека Националната партија на Луксон освоила повеќе од 40 отсто, а Лабуристичката партија предводена од Хипкинс освои нешто повеќе од 25 отсто од гласовите, половина од оние што ги освои на претходните избори кога Ардерн беше на нејзино чело. За да формира влада, партија или постизборна коалиција мора да има најмалку 61 место во 120-члениот парламент.

The post Конзервативците „тепаа“ на изборите во Нов Зеланд appeared first on Република.

]]>
Маж во Нов Зеланд со секира нападна гости во ресторани, четири лица повредени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mazh-vo-nov-zeland-so-sekira-napadna-gosti-vo-restorani-chetiri-litsa-povredeni/ Tue, 20 Jun 2023 09:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=653311

Четири лица се повредени, од кои едно потешко, кога маж со секира нападнал гости во три кинески ресторани во предградието на Окленд, Нов Зеланд.

Осомничениот денеска кратко се појави во судот.

Полицијата на лице место го приведе осомничениот, 24-годишен кинески државјанин и поднесе кривична пријава за ранување со намера да нанесе тешка телесна повреда.

Полицијата соопшти дека тој го започнал нападот синоќа околу 21 часот во северното предградие Оукленд, Олбани.

Еден од гостите на ресторанот изјави дека бил на вечера со пријател кога влетал човек со секира и почнал да го напаѓа својот пријател, кој бил тешко повреден, а потоа го спречил да се обиде да го нападне.

На снимката од надзорната камера се гледа како луѓето бегаат од еден од рестораните и како едно лице истрчува од шанкот држејќи стол како штит, додека друго лице со секира во рака го брка.

The post Маж во Нов Зеланд со секира нападна гости во ресторани, четири лица повредени appeared first on Република.

]]>

Четири лица се повредени, од кои едно потешко, кога маж со секира нападнал гости во три кинески ресторани во предградието на Окленд, Нов Зеланд. Осомничениот денеска кратко се појави во судот. Полицијата на лице место го приведе осомничениот, 24-годишен кинески државјанин и поднесе кривична пријава за ранување со намера да нанесе тешка телесна повреда. Полицијата соопшти дека тој го започнал нападот синоќа околу 21 часот во северното предградие Оукленд, Олбани. Еден од гостите на ресторанот изјави дека бил на вечера со пријател кога влетал човек со секира и почнал да го напаѓа својот пријател, кој бил тешко повреден, а потоа го спречил да се обиде да го нападне. На снимката од надзорната камера се гледа како луѓето бегаат од еден од рестораните и како едно лице истрчува од шанкот држејќи стол како штит, додека друго лице со секира во рака го брка.

The post Маж во Нов Зеланд со секира нападна гости во ресторани, четири лица повредени appeared first on Република.

]]>
Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nov-zeland-pochnuva-kampana-za-uteha-na-mladi-so-skrsheno-srtse/ Thu, 23 Mar 2023 07:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=622659

Нов Зеланд почна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги оние со скршено срце да се помират со тоа и да ги блокираат своите поранешни партнери/партнерки на социјалните мрежи.

Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

„Раскинувањата болат... но, морате засекогаш да ја свртите страницата. Преземете одговорност за вашите чувства“, вели смирувачки глас во видеото од кампањата.

Еден неименуван млад човек рече дека ја блокирал поранешната девојка на социјалните мрежи бидејќи не можел да спие ноќе и дека се станува чудно и надвор од контрола.

Властите на Нов Зеланд најавија дека ќе одвојат 6,4 милиони новозеландски долари (3,7 милиони евра) за тригодишната кампања.

„Знаеме дека раскинувањето на љубовните врски е болно. Сакаме да ги поддржиме нашите млади луѓе и да им дадеме до знаење дека има излез", изјави неименуван претставник на властите.

Кампањата им овозможува на младите да ги споделат своите приказни и на тој начин да им помогнат на своите врсници кои можеби поминуваат низ слични искуства.

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека Нов Зеланд има една од највисоките стапки на самоубиства меѓу развиените земји.

The post Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце appeared first on Република.

]]>

Нов Зеланд почна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги оние со скршено срце да се помират со тоа и да ги блокираат своите поранешни партнери/партнерки на социјалните мрежи.

Владината кампања „Love Better“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

„Раскинувањата болат... но, морате засекогаш да ја свртите страницата. Преземете одговорност за вашите чувства“, вели смирувачки глас во видеото од кампањата.

Еден неименуван млад човек рече дека ја блокирал поранешната девојка на социјалните мрежи бидејќи не можел да спие ноќе и дека се станува чудно и надвор од контрола.

Властите на Нов Зеланд најавија дека ќе одвојат 6,4 милиони новозеландски долари (3,7 милиони евра) за тригодишната кампања.

„Знаеме дека раскинувањето на љубовните врски е болно. Сакаме да ги поддржиме нашите млади луѓе и да им дадеме до знаење дека има излез", изјави неименуван претставник на властите.

Кампањата им овозможува на младите да ги споделат своите приказни и на тој начин да им помогнат на своите врсници кои можеби поминуваат низ слични искуства.

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека Нов Зеланд има една од највисоките стапки на самоубиства меѓу развиените земји.

The post Нов Зеланд почнува кампања за утеха на млади со скршено срце appeared first on Република.

]]>
И таму не е сјајно: Речиси 50.000 наставници во Нов Зеланд почнаа штрајк за поголеми плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-tamu-ne-e-sjajno-rechisi-50-000-nastavnitsi-vo-nov-zeland-pochnaa-shtrajk-za-pogolemi-plati/ Thu, 16 Mar 2023 08:05:44 +0000 https://republika.mk/?p=620136

Речиси 50.000 наставници од Нов Зеланд денеска ги напуштија училниците барајќи подобри плати, услови и ресурси додека левичарската Лабуристичка партија на премиерот Крис Хипкинс се обидува да ја врати поддршката.

Наставниците, традиционално клучна гласачка база за лабуристичката влада, се најновите јавни службеници кои ја напуштија работата барајќи повеќе средства за себе и за нивните училишта бидејќи трошоците ескалираат во Нов Зеланд.

Откако во јануари поранешната премиерка Џасинда Ардерн поднесе оставка и го именуваше Хипкинс за свој наследник, лабуристичката влада соопшти дека повторно ќе се фокусира на справување со зголемените трошоци и помагање на Новозеланѓаните. Тоа е потег што политичките аналитичари го гледаат како обид да се вратат гласачите пред општите избори во октомври, а доаѓа откако оваа недела беа најавени зголемувања на социјалната помош.

Знаеме дека овие последни неколку години беа навистина тешко време за наставниците, како и за сите, но моето срце е со нив, изјави министерот за образование Јан Тинети, поранешен наставник, за државната 1Њуз (1News).

Претседателот на еден од синдикатите на наставници, Марк Потер, изјави дека сегашната понуда на владата не прави доволно за наставниците, директорите или децата.

Штрајкот е последното нешто што сакаме да го направиме, но членовите сакаат да испратат порака до владата за тоа колку сме сериозни за потребата од промени, додаде тој.

The post И таму не е сјајно: Речиси 50.000 наставници во Нов Зеланд почнаа штрајк за поголеми плати appeared first on Република.

]]>

Речиси 50.000 наставници од Нов Зеланд денеска ги напуштија училниците барајќи подобри плати, услови и ресурси додека левичарската Лабуристичка партија на премиерот Крис Хипкинс се обидува да ја врати поддршката. Наставниците, традиционално клучна гласачка база за лабуристичката влада, се најновите јавни службеници кои ја напуштија работата барајќи повеќе средства за себе и за нивните училишта бидејќи трошоците ескалираат во Нов Зеланд. Откако во јануари поранешната премиерка Џасинда Ардерн поднесе оставка и го именуваше Хипкинс за свој наследник, лабуристичката влада соопшти дека повторно ќе се фокусира на справување со зголемените трошоци и помагање на Новозеланѓаните. Тоа е потег што политичките аналитичари го гледаат како обид да се вратат гласачите пред општите избори во октомври, а доаѓа откако оваа недела беа најавени зголемувања на социјалната помош. Знаеме дека овие последни неколку години беа навистина тешко време за наставниците, како и за сите, но моето срце е со нив, изјави министерот за образование Јан Тинети, поранешен наставник, за државната 1Њуз (1News). Претседателот на еден од синдикатите на наставници, Марк Потер, изјави дека сегашната понуда на владата не прави доволно за наставниците, директорите или децата. Штрајкот е последното нешто што сакаме да го направиме, но членовите сакаат да испратат порака до владата за тоа колку сме сериозни за потребата од промени, додаде тој.

The post И таму не е сјајно: Речиси 50.000 наставници во Нов Зеланд почнаа штрајк за поголеми плати appeared first on Република.

]]>
Расте бројот на жртви од циклонот во Нов Зеланд: 11 загинати, илјадници исчезнати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/raste-brojot-na-zhrtvi-od-tsiklonot-vo-nov-zeland-11-zaginati-iljadnitsi-ischeznati/ Sun, 19 Feb 2023 09:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=610651

Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд денес се искачи на 11 лица, а неколку илјади луѓе се’ уште се водат за исчезнати, бидејќи невремето го погоди Северниот остров во земјата.

Циклонот го погоди најсеверниот регион на Нов Зеланд на 12 февруари и падна на копно долж источниот брег, предизвикувајќи голема штета.

Премиерот Крис Хипкинс ја нарече Габриел најголемата природна катастрофа на Нов Зеланд овој век, објави Ројтерс. Уште две лица се потврдени мртви во тешко погодениот залив Хок, соопшти денеска полицијата. Хипкинс изјави дека е можно да има повеќе жртви бидејќи 6.431 лице се’ уште се водат за исчезнати.

Нарушен е синџирот на снабдување, што предизвика проблеми во испораката на стоката. Уништени се бројни посеви, а 28.000 домови се’ уште се без струја.

„Вистинските размери на уништување и загуби стануваат се појасни како што поминуваат деновите“, истакна премиерот.

Тим од Фиџи ќе пристигне во Нов Зеланд во наредните денови за да помогне во санирање на штетите од невремето, една од 12-те странски понуди што пристигнаа во Велингтон, рече Хипкинс. Во спасувањето веќе помагаат 27 припадници на итната помош од Австралија.

The post Расте бројот на жртви од циклонот во Нов Зеланд: 11 загинати, илјадници исчезнати appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати од циклонот Габриел во Нов Зеланд денес се искачи на 11 лица, а неколку илјади луѓе се’ уште се водат за исчезнати, бидејќи невремето го погоди Северниот остров во земјата. Циклонот го погоди најсеверниот регион на Нов Зеланд на 12 февруари и падна на копно долж источниот брег, предизвикувајќи голема штета. Премиерот Крис Хипкинс ја нарече Габриел најголемата природна катастрофа на Нов Зеланд овој век, објави Ројтерс. Уште две лица се потврдени мртви во тешко погодениот залив Хок, соопшти денеска полицијата. Хипкинс изјави дека е можно да има повеќе жртви бидејќи 6.431 лице се’ уште се водат за исчезнати. Нарушен е синџирот на снабдување, што предизвика проблеми во испораката на стоката. Уништени се бројни посеви, а 28.000 домови се’ уште се без струја. „Вистинските размери на уништување и загуби стануваат се појасни како што поминуваат деновите“, истакна премиерот. Тим од Фиџи ќе пристигне во Нов Зеланд во наредните денови за да помогне во санирање на штетите од невремето, една од 12-те странски понуди што пристигнаа во Велингтон, рече Хипкинс. Во спасувањето веќе помагаат 27 припадници на итната помош од Австралија.

The post Расте бројот на жртви од циклонот во Нов Зеланд: 11 загинати, илјадници исчезнати appeared first on Република.

]]>
Во Нов Зеланд запленети 3,2 тони кокаин кој пловел низ Пацификот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-nov-zeland-zapleneti-3-2-toni-kokain-koj-plovel-niz-patsifikot/ Wed, 08 Feb 2023 09:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=606331

Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека заплениле 3,2 тони кокаин, проценет на 279,5 милиони евра, кој пловел преку Пацификот, најверојатно наменет за Австралија.

На фотографија објавена од полицијата на Нов Зеланд се гледаат пакети со дрога кои пливаат во океанот, прикачени на сплавови пред заплената.

„Ова е една од најголемите заплени на дрога во земјата“, рече комесарот на полицијата на Нов Зеланд, Ендрју Костер.

Новозеландскиот царински контролор Бил Пери ја процени вредноста на запленетиот кокаин на 279,5 милиони евра.

Полицијата досега не уапсила никого.

The post Во Нов Зеланд запленети 3,2 тони кокаин кој пловел низ Пацификот appeared first on Република.

]]>

Властите на Нов Зеланд денеска соопштија дека заплениле 3,2 тони кокаин, проценет на 279,5 милиони евра, кој пловел преку Пацификот, најверојатно наменет за Австралија. На фотографија објавена од полицијата на Нов Зеланд се гледаат пакети со дрога кои пливаат во океанот, прикачени на сплавови пред заплената. „Ова е една од најголемите заплени на дрога во земјата“, рече комесарот на полицијата на Нов Зеланд, Ендрју Костер. Новозеландскиот царински контролор Бил Пери ја процени вредноста на запленетиот кокаин на 279,5 милиони евра. Полицијата досега не уапсила никого.

The post Во Нов Зеланд запленети 3,2 тони кокаин кој пловел низ Пацификот appeared first on Република.

]]>
Нема повеќе сили да ја води земјата: Премиерката на Нов Зеланд се повлекува од фукцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nema-poveke-sili-da-ja-vodi-zemjata-premierkata-na-nov-zeland-se-povlekuva-od-fuktsijata/ Thu, 19 Jan 2023 10:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=598613

Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, објави дека ќе се повлече пред изборот на нов лидер за неколку недели, велејќи дека не верува дека има енергија да бара реизбор на изборите во октомври.

Говорејќи на прес-конференција, Ардерн изјави дека нејзиниот мандат ќе заврши до 7 февруари, кога очекува дека новиот лабуристички премиер ќе положи заклетва – иако „зависи од процесот што би можел да биде порано“.

Одлуката е моја. Да се води земја е најпривилегираната работа што некој некогаш може да ја има, но и најпредизвикувачката. Не можете и не треба да ја работите работата освен ако немате полн резервоар, плус малку во резерва за непланираните и неочекуваните предизвици. Јас веќе немам доволно во резервоарот за да ја извршувам работата праведно“, изјави Ардерн.

Кога Ардерн во 2017 година стана премиерка на 37-годишна возраст, таа беше третата жена лидерка на Нов Зеланд и една од најмладите лидери во светот. За една година таа се породи на функција, што е само вториот светска лидерка што го сторила тоа.

Таа беше реизбрана за втор мандат во 2020 година, победа поттикната од пристапот на нејзината влада „оди силно и оди рано“ кон пандемијата „Ковид-19“, со која Нов Зеланд наметна некои од најстрогите правила за граници во светот, раздвојувајќи ги семејствата и затворајќи ја за сите странци речиси две години.

Во четвртокот, Ардерн искрено зборуваше за цената на работата и размислуваше за различните кризи со кои се соочи нејзината влада, вклучително и пандемијата и терористичкиот напад во Крајстчерч во 2019 година, во кој загинаа 51 лице во две џамии.

Нападот беше одлучувачки момент за лидерството на Ардерн, а нејзиниот брз одговор доби широки пофалби. Таа брзо воведе реформи во законот за оружје, носеше хиџаб за да ја покаже својата почит кон муслиманската заедница и јавно порача дека никогаш нема да го каже името на наводниот напаѓач.

Единствениот интересен агол што ќе го најдете е дека по шест години поминати во некои големи предизвици, јас сум човек. Политичарите се луѓе. Даваме сѐ што можеме онолку долго колку што можеме, и тогаш е време. И за мене, време е“, изјави таа за својата одлука.

Ардерн, исто така, ги истакна достигнувањата постигнати за време на нејзиниот мандат, вклучително и законодавството за климатските промени и детската сиромаштија.

Брајс Едвардс, политиколог од универзитетот Викторија во Велингтон во Нов Зеланд, изјави дека оставката на Ардерн е „шокантна“, но не и целосно изненадување.

Таа се слави низ целиот свет, но нејзината влада драстично падна во анкетите“, рече тој.

Но, додека Ардерн доби поддржувачи на глобално ниво поради нејзиниот свеж и емпатичен пристап кон улогата, нејзината популарност опадна во Нов Зеланд во последниве години, при што некои критичари тврдат дека таа направила малку за да ја исполни трансформациската влада што ја вети кога првпат беше избрана.

Неколку анкети кон крајот на 2022 година покажаа пад на поддршката за Ардерн и нејзината Лабуристичка партија, при што некои беа на најниско ниво откако таа ја презеде функцијата во 2017 година.

Едвардс изјави дека одлуката на Ардерн да се повлече можеби ја поштедува од разочарувачки изборен резултат.

Заминувањето сега е најдоброто нешто за нејзината репутација … таа ќе замине во добри сеќавања наместо да ги загуби изборите“, изјави тој.

Следните општи избори во Нов Зеланд ќе се одржат на 14 октомври.

The post Нема повеќе сили да ја води земјата: Премиерката на Нов Зеланд се повлекува од фукцијата appeared first on Република.

]]>

Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, објави дека ќе се повлече пред изборот на нов лидер за неколку недели, велејќи дека не верува дека има енергија да бара реизбор на изборите во октомври. Говорејќи на прес-конференција, Ардерн изјави дека нејзиниот мандат ќе заврши до 7 февруари, кога очекува дека новиот лабуристички премиер ќе положи заклетва – иако „зависи од процесот што би можел да биде порано“.
Одлуката е моја. Да се води земја е најпривилегираната работа што некој некогаш може да ја има, но и најпредизвикувачката. Не можете и не треба да ја работите работата освен ако немате полн резервоар, плус малку во резерва за непланираните и неочекуваните предизвици. Јас веќе немам доволно во резервоарот за да ја извршувам работата праведно“, изјави Ардерн.
Кога Ардерн во 2017 година стана премиерка на 37-годишна возраст, таа беше третата жена лидерка на Нов Зеланд и една од најмладите лидери во светот. За една година таа се породи на функција, што е само вториот светска лидерка што го сторила тоа. Таа беше реизбрана за втор мандат во 2020 година, победа поттикната од пристапот на нејзината влада „оди силно и оди рано“ кон пандемијата „Ковид-19“, со која Нов Зеланд наметна некои од најстрогите правила за граници во светот, раздвојувајќи ги семејствата и затворајќи ја за сите странци речиси две години. Во четвртокот, Ардерн искрено зборуваше за цената на работата и размислуваше за различните кризи со кои се соочи нејзината влада, вклучително и пандемијата и терористичкиот напад во Крајстчерч во 2019 година, во кој загинаа 51 лице во две џамии. Нападот беше одлучувачки момент за лидерството на Ардерн, а нејзиниот брз одговор доби широки пофалби. Таа брзо воведе реформи во законот за оружје, носеше хиџаб за да ја покаже својата почит кон муслиманската заедница и јавно порача дека никогаш нема да го каже името на наводниот напаѓач.
Единствениот интересен агол што ќе го најдете е дека по шест години поминати во некои големи предизвици, јас сум човек. Политичарите се луѓе. Даваме сѐ што можеме онолку долго колку што можеме, и тогаш е време. И за мене, време е“, изјави таа за својата одлука.
Ардерн, исто така, ги истакна достигнувањата постигнати за време на нејзиниот мандат, вклучително и законодавството за климатските промени и детската сиромаштија. Брајс Едвардс, политиколог од универзитетот Викторија во Велингтон во Нов Зеланд, изјави дека оставката на Ардерн е „шокантна“, но не и целосно изненадување.
Таа се слави низ целиот свет, но нејзината влада драстично падна во анкетите“, рече тој.
Но, додека Ардерн доби поддржувачи на глобално ниво поради нејзиниот свеж и емпатичен пристап кон улогата, нејзината популарност опадна во Нов Зеланд во последниве години, при што некои критичари тврдат дека таа направила малку за да ја исполни трансформациската влада што ја вети кога првпат беше избрана. Неколку анкети кон крајот на 2022 година покажаа пад на поддршката за Ардерн и нејзината Лабуристичка партија, при што некои беа на најниско ниво откако таа ја презеде функцијата во 2017 година. Едвардс изјави дека одлуката на Ардерн да се повлече можеби ја поштедува од разочарувачки изборен резултат.
Заминувањето сега е најдоброто нешто за нејзината репутација … таа ќе замине во добри сеќавања наместо да ги загуби изборите“, изјави тој.
Следните општи избори во Нов Зеланд ќе се одржат на 14 октомври.

The post Нема повеќе сили да ја води земјата: Премиерката на Нов Зеланд се повлекува од фукцијата appeared first on Република.

]]>
Нов Зеланд се подготвува за целосно укинување на пушењето цигари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nov-zeland-se-podgotvuva-za-celosno-ukinuvanje-na-pushenjeto-cigari/ Tue, 13 Dec 2022 09:49:27 +0000 https://republika.mk/?p=585088

Парламентот на Нов Зеланд денеска усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат.

Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година. Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу 6.000, на само 600, а се намалува и дозволената количина на никотин во тутунот што се пуши.

Нема добра причина да се дозволи да се продава производ што убива половина од луѓето што го користат, изјави помошник-министерката за здравство Ајеша Верал пред пратениците во Парламентот.

Таа рече дека здравствениот систем ќе заштеди милијарди долари со тоа што нема да лекува болести поврзани со пушењето како што се ракот, срцевите удари, мозочните удари и ампутациите. Таа рече дека законот ќе доведе до промена на генерациите и ќе остави во наследство подобро здравје за младите.

Нов Зеланд веќе ја ограничува продажбата на цигари на лица над 18 години, бара на кутиите цигари да има графички здравствени предупредувања и да се продаваат во стандардизирани пакувања. Во последните години Нов Зеланд воведе серија големи даночни зголемувања на цигарите.

The post Нов Зеланд се подготвува за целосно укинување на пушењето цигари appeared first on Република.

]]>

Парламентот на Нов Зеланд денеска усвои единствен закон за постепено укинување на пушењето цигари, со воведување забрана за младите да ги купуваат. Според законот, цигарите не смеат да се продаваат на луѓе родени на или по 1 јануари 2009 година. Со новиот закон се намалува и бројот на продавници за тутун, од околу 6.000, на само 600, а се намалува и дозволената количина на никотин во тутунот што се пуши. Нема добра причина да се дозволи да се продава производ што убива половина од луѓето што го користат, изјави помошник-министерката за здравство Ајеша Верал пред пратениците во Парламентот. Таа рече дека здравствениот систем ќе заштеди милијарди долари со тоа што нема да лекува болести поврзани со пушењето како што се ракот, срцевите удари, мозочните удари и ампутациите. Таа рече дека законот ќе доведе до промена на генерациите и ќе остави во наследство подобро здравје за младите. Нов Зеланд веќе ја ограничува продажбата на цигари на лица над 18 години, бара на кутиите цигари да има графички здравствени предупредувања и да се продаваат во стандардизирани пакувања. Во последните години Нов Зеланд воведе серија големи даночни зголемувања на цигарите.

The post Нов Зеланд се подготвува за целосно укинување на пушењето цигари appeared first on Република.

]]>