Нов здив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-zdiv/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Jul 2022 14:30:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нов здив Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-zdiv/ 32 32 Современи композитори на класична музика со камерниот ансамбл „Нов здив“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sovremeni-kompozitori-na-klasichna-muzika-so-kamerniot-ansambl-nov-zdiv/ Sat, 16 Jul 2022 14:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=530014

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“  имаше можност да ужива во класична музика од современи композитори преку прекрасната изведба на членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“, составен од уметници од Македонската филхармонија и под диригентската палка на францускиот диригент Паскал Галоа.

Во Република Македонија не постојат  многу состави кои се длабински посветени на класичната музика создадена од поновата генерација композитори. Токму оттука, како што вели  виолончелистот Паскал Краповски, се роди и идејата за формирање на камерниот ансамбл „Нов здив“.

Минатата година  на средба со диригентот Паскал Галоа и композиторот  Панде Шахов се  роди  идејата за остварување нов ансамбл за современа музика под раководство на маестро Галоа со која би можеле да се етаблираме на европската сцена на модерни камерни ансамбли. Отворени сме  за секаква посветеност кон класичната музика без разлика на тоа од кој период датира, доцен 20-ти или 21 век. Се разбира, ние свириме и Бетовен и Брамс, но имаме простор да се изразиме таму каде што има повеќе простор за изразување. На Германците не можеме да им го  контрираме Бетовен зашто е нивни, но можеме да се претставиме преку современата  музика во која спаѓаат и македонски композитори  од помладата или последната генерација етаблирани композитори, вели Краповски.

Францускиот диригент Паскал Галоа кој негува голем ентузијазам  кон новата музика, активно работи како  диригент со бројни  ансамбли и оркестри во светот.

Чест ми беше со публиката на фестивалот да ги споделам извонредните композитори како Шенберг и Веберн. Во овој проект имавме и  дело од Валентина  Трајановска кое претставуваше еден вид на мост помеѓу двете школи на современата музика на 20 и 21 век. Овие мостови се многу значајни бидејќи 19 век го означувал романтизмот и Шенберг може да се смета како последен композитор од романтизмот. Горди сме на проектот и нестрпливи да го прикажеме низ Европа, вели маестро Галоа.

На вчерашниот концерт беше изведено делото за соло сопран, кларинет, виолина, виолончело и ударни инструменти од Валентина Велковска-Трајановска, „Омен“, а настапи македонската сопранистка Гонце-Богоромова-Краповски.

Чест, задоволство и привилегија е да се биде на подиумот во „Света Софија“ и на „Охридско лето“ заедно со маестро Галоа и со музичарите од Македонска филхармонија. Ова е прв мој солистички настап на „Охридско лето“, истакна  Богоромова-Краповски.

Македонската Филхармонија, најстариот и единствен симфониски оркестар во Македонија е столб на македонската музичка сцена скоро осум децении. Нејзиниот постојан квалитативен раст, негување на широк репертоар од светската класична музичка литература како и светски премиери на дела од современи автори, оживувајќи ги со особена гордост и делата на македонските музички творци. Со подмладувањето на оркестарот во последнава декада особено, Македонската Филхармонија внесува елан и работи со силен ентузијазам, а со тоа создава простор за зародиш на нови камерни амсамбли и формации, како и за возобновување на долгогодишните добро познати камерни состави.

The post Современи композитори на класична музика со камерниот ансамбл „Нов здив“ appeared first on Република.

]]>

Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“  имаше можност да ужива во класична музика од современи композитори преку прекрасната изведба на членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“, составен од уметници од Македонската филхармонија и под диригентската палка на францускиот диригент Паскал Галоа. Во Република Македонија не постојат  многу состави кои се длабински посветени на класичната музика создадена од поновата генерација композитори. Токму оттука, како што вели  виолончелистот Паскал Краповски, се роди и идејата за формирање на камерниот ансамбл „Нов здив“.
Минатата година  на средба со диригентот Паскал Галоа и композиторот  Панде Шахов се  роди  идејата за остварување нов ансамбл за современа музика под раководство на маестро Галоа со која би можеле да се етаблираме на европската сцена на модерни камерни ансамбли. Отворени сме  за секаква посветеност кон класичната музика без разлика на тоа од кој период датира, доцен 20-ти или 21 век. Се разбира, ние свириме и Бетовен и Брамс, но имаме простор да се изразиме таму каде што има повеќе простор за изразување. На Германците не можеме да им го  контрираме Бетовен зашто е нивни, но можеме да се претставиме преку современата  музика во која спаѓаат и македонски композитори  од помладата или последната генерација етаблирани композитори, вели Краповски.
Францускиот диригент Паскал Галоа кој негува голем ентузијазам  кон новата музика, активно работи како  диригент со бројни  ансамбли и оркестри во светот.
Чест ми беше со публиката на фестивалот да ги споделам извонредните композитори како Шенберг и Веберн. Во овој проект имавме и  дело од Валентина  Трајановска кое претставуваше еден вид на мост помеѓу двете школи на современата музика на 20 и 21 век. Овие мостови се многу значајни бидејќи 19 век го означувал романтизмот и Шенберг може да се смета како последен композитор од романтизмот. Горди сме на проектот и нестрпливи да го прикажеме низ Европа, вели маестро Галоа.
На вчерашниот концерт беше изведено делото за соло сопран, кларинет, виолина, виолончело и ударни инструменти од Валентина Велковска-Трајановска, „Омен“, а настапи македонската сопранистка Гонце-Богоромова-Краповски.
Чест, задоволство и привилегија е да се биде на подиумот во „Света Софија“ и на „Охридско лето“ заедно со маестро Галоа и со музичарите од Македонска филхармонија. Ова е прв мој солистички настап на „Охридско лето“, истакна  Богоромова-Краповски.
Македонската Филхармонија, најстариот и единствен симфониски оркестар во Македонија е столб на македонската музичка сцена скоро осум децении. Нејзиниот постојан квалитативен раст, негување на широк репертоар од светската класична музичка литература како и светски премиери на дела од современи автори, оживувајќи ги со особена гордост и делата на македонските музички творци. Со подмладувањето на оркестарот во последнава декада особено, Македонската Филхармонија внесува елан и работи со силен ентузијазам, а со тоа создава простор за зародиш на нови камерни амсамбли и формации, како и за возобновување на долгогодишните добро познати камерни состави.  

The post Современи композитори на класична музика со камерниот ансамбл „Нов здив“ appeared first on Република.

]]>
Премиерно претставување на камерниот ансамбл на Филхармонија „Нов здив” во црквата „Света Софија“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premierno-pretstavuvanje-na-kamerniot-ansambl-na-filharmonija-nov-zdiv-vo-crkvata-sveta-sofija-vo-ohrid/ Thu, 14 Jul 2022 21:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=529082

Камерниот ансамбл на Филхармонија - "Нов здив", овој петок во 21 часот ќе настапи во црквата "Св.Софија" во рамки на фестивалот "Охридско лето". Станува збор за настан во организација на Филхармонија на РСМ, кој се реализира како дел од програмата на најстариот фестивал во земјата.

На програмата се “Verklärte Nacht” за гудачки секстет од Арнолд Шенберг, "Омен" за соло сопран, кларинет, виолина, виолончело и ударни инструменти од Валентина Велковска- Трајановска и Пијано квинтет од Антон Веберн. Диригент е Паскал Галоа од Франција.

Идејата за овој концерт на камерниот ансамбл „Нов здив“ произлегува од желбата и предизвиците за изведба и на современа музика на нашата музичка сцена, и фактот што во нашата држава не постојат многу состави кои се длабински посветени на новата музика. Членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“ на Филхармонија во соработка со диригентот Паскал Галоа од Франција, грижливо прават селекција на композиции од македонски и светски автори. Сите композиции кои се дел од програмата на овој концерт се ретко изведувани, а дел од нив и премиерно ќе се изведат во РС Македонија, a наедно ова ќе биде и премиерно преставување на камерниот ансамбл „Нов здив“.

Членови на новоформираниот ансамбл "Нов здив" се Бојан Илкоски (виолина), Марија Трајковска (виолина), Илза Бафтиари (виола),  Александар Лаовски (виола), Паскал Краповски (виолончело),  Драган Гоневски (виолончело), Игор Бакревски ( кларинет), Маријана Николовска (пијано) и Атанас Алексов (ударни инструменти). Како солистка ќе настапи и сопранистката
Гонца Богоромова – Краповски.

Како уметник со многу таленти и мајстор на фагот, еден од најенигматичните дувачки инструменти, Паскал Галоа е солист, оркестарски музичар и професор кој остава печат и со својата работа како диригент. Неговата прва изведба на „Секвенца 7“ од Берио беше исклучително важен настан за неговата кариера, исто како и неговата изведба на „Дијалог на сенките“ од Пјер Булез и „Псалми“ на Волфганг Рим за кларинет и оркестар. Галоа ги организира и т.н. Музички моменти заедно со своите пријатели, како за 85. роденден на Пјер Булез во Музејот на уметноста во Париз, или за 95. роденден на Анри Дутие во хотелот „Де Лаузун“. Тој ги снима и своите современици со исто толку голем ентузијазам, како што Пјер Булез, Лучано Берио и Олга Ноивирт. Неговото мото како уметник е дека музиката како уметност заслужува подобро место во општеството. И токму поради тоа тој го води најголемиот конзерваториум во срцето на Париз. Во 2015 година, тој го формира и фестивалот во Киброн во кој се среќаваат класичната и модерната музика. Диригирањето во моментов е негова централна определба преку која ја искажува својата пасија кон музиката и неговата оригинална перспектива и гледање на современиот и на класичниот репертоар.

The post Премиерно претставување на камерниот ансамбл на Филхармонија „Нов здив” во црквата „Света Софија“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Камерниот ансамбл на Филхармонија - "Нов здив", овој петок во 21 часот ќе настапи во црквата "Св.Софија" во рамки на фестивалот "Охридско лето". Станува збор за настан во организација на Филхармонија на РСМ, кој се реализира како дел од програмата на најстариот фестивал во земјата. На програмата се “Verklärte Nacht” за гудачки секстет од Арнолд Шенберг, "Омен" за соло сопран, кларинет, виолина, виолончело и ударни инструменти од Валентина Велковска- Трајановска и Пијано квинтет од Антон Веберн. Диригент е Паскал Галоа од Франција.

Идејата за овој концерт на камерниот ансамбл „Нов здив“ произлегува од желбата и предизвиците за изведба и на современа музика на нашата музичка сцена, и фактот што во нашата држава не постојат многу состави кои се длабински посветени на новата музика. Членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“ на Филхармонија во соработка со диригентот Паскал Галоа од Франција, грижливо прават селекција на композиции од македонски и светски автори. Сите композиции кои се дел од програмата на овој концерт се ретко изведувани, а дел од нив и премиерно ќе се изведат во РС Македонија, a наедно ова ќе биде и премиерно преставување на камерниот ансамбл „Нов здив“.

Членови на новоформираниот ансамбл "Нов здив" се Бојан Илкоски (виолина), Марија Трајковска (виолина), Илза Бафтиари (виола),  Александар Лаовски (виола), Паскал Краповски (виолончело),  Драган Гоневски (виолончело), Игор Бакревски ( кларинет), Маријана Николовска (пијано) и Атанас Алексов (ударни инструменти). Како солистка ќе настапи и сопранистката Гонца Богоромова – Краповски.