нов закон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-zakon/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Nov 2024 09:56:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов закон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-zakon/ 32 32 Јаневска за РСЕ: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-za-rse-izgotvivme-nov-zakon-za-uchebnitsi-so-koj-sprechuvame-nedostig-i-dotsnene-na-isporakata-vo-uchilishtata/ Sun, 03 Nov 2024 09:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=833665

Со новиот Закон за учебници за основно и средно образование се обидуваме да го подобриме процесот на подготовка, одобрување и издавање на учебници, за да не дојдеме никогаш повеќе во ситуација на први септември да немаме учебници. Искрено се надевам дека со новото законско решение ќе постигнеме и подобар квалитет на учебниците, покрај навременото снабдување, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

Јаневска укажа и дека министерството не може да знае кои и какви учебници недостасуваат во секое училиште, ако училиштата не дадат информација.

На крајот на секоја учебна година се отвора електронски систем во кој училиштата треба да кажат колку учебници им недостасуваат, што значи тие треба да ги пријават сите оштетени учебници од претходната година. Колку учебници пријавиле, толку учебници се печатат и откупуваат, одговори министерката.

За искинатите учебници, Јаневска дообјасни и дека дополнителен проблем што го соопшти една општина, е тоа што сакајќи да ги заштитат граѓаните да не плаќаат од 10 до 70 проценти од цената при враќање на оштетен учебник, училиштата не ги пријавувале.

The post Јаневска за РСЕ: Изготвивме нов Закон за учебници со кој спречуваме недостиг и доцнење на испораката во училиштата appeared first on Република.

]]>

Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/podgotven-nov-predlog-zakon-za-uchebnitsi-javnosta-mozhe-da-dava-sugestii/ Thu, 31 Oct 2024 09:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=832673

Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование и дека е поставен на владиниот ЕНЕР-систем (Електронски национален регистер на прописи). Со неговото донесување ќе биде заменет актуелниот закон од 2008 година.

Сите заинтересирани граѓани може да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура. Во предлог-законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи во Македонија со чии претставници раководството на МОН и на Педагошката служба имаа конструктивна работна средба, соопшти МОН.

Оттаму посочуваат дека новиот закон треба да обезбеди изработка на учебници со поквалитетна содржина, намалување на веројатноста за појава на грешки какви што имаше досега и да ја поедностави постапката за набавка, со цел учебниците да бидат навремено испорачани во училиштата. 

The post Подготвен нов предлог-закон за учебници, јавноста може да дава сугестии appeared first on Република.

Иран подготвува строг нов закон за хиџаб https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-podgotvuva-strog-nov-zakon-za-hidhab/ Mon, 29 Apr 2024 16:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=772303

Иранската парламентарна комисија испрати предлог-закон за хиџабот до Советот на чувари, кој потоа проверува дали усвоената легислатива е во согласност со исламските норми, јави ДПА, повикувајќи се на информации на иранската новинска агенција.

Доколку нацрт-законот биде одобрен, тоа може да доведе до строги казни за оние кои ги прекршуваат исламските правила за облекување.

Во Иран од минатата година се води жестока дебата во врска со предметниот предлог-закон. За дел од конзервативците, кои се доминантна сила во Парламентот, пропишаните казни не се доволни. Умерените политичари и повеќето жени се против законската мерка.

Предлог-законот предвидува строги казни, вклучително и парични казни за повторени прекршувања. Во некои особено сериозни случаи на прекршување, предвидена е затворска казна до 15 години и парични казни од над 5.000 американски долари.

Се очекува странските жени да бидат протерани од Иран во случај на прекршување на исламските правила за облекување.

The post Иран подготвува строг нов закон за хиџаб appeared first on Република.

]]>

Иранската парламентарна комисија испрати предлог-закон за хиџабот до Советот на чувари, кој потоа проверува дали усвоената легислатива е во согласност со исламските норми, јави ДПА, повикувајќи се на информации на иранската новинска агенција. Доколку нацрт-законот биде одобрен, тоа може да доведе до строги казни за оние кои ги прекршуваат исламските правила за облекување. Во Иран од минатата година се води жестока дебата во врска со предметниот предлог-закон. За дел од конзервативците, кои се доминантна сила во Парламентот, пропишаните казни не се доволни. Умерените политичари и повеќето жени се против законската мерка. Предлог-законот предвидува строги казни, вклучително и парични казни за повторени прекршувања. Во некои особено сериозни случаи на прекршување, предвидена е затворска казна до 15 години и парични казни од над 5.000 американски долари. Се очекува странските жени да бидат протерани од Иран во случај на прекршување на исламските правила за облекување.