нов состав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-sostav/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 09:29:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов состав Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-sostav/ 32 32 Избран е нов состав на Националната комисија за учебници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izbran-e-nov-sostav-na-natsionalnata-komisija-za-uchebnitsi/ Thu, 15 Aug 2024 09:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=806758

Националната комисија за учебници има нов состав. Врз основа на Законот за учебници за основно и за средно образование, Владата ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими, за нови членови на Комисијата, соопштија од Министерството за образование и наука.

Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки за одобрување и употреба на учебници во основното и средното образование.

МОН и Педагошката служба очекуваат новиот состав на Комисијата да го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и да биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја, се вели во соопштнието на МОН.

The post Избран е нов состав на Националната комисија за учебници appeared first on Република.

]]>

Националната комисија за учебници има нов состав. Врз основа на Законот за учебници за основно и за средно образование, Владата ги именуваше проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Билал Шахини, проф. д-р Слаѓана Брсакоска, д-р Агим Реџепи, проф. д-р Сашо Татарчевски, проф д-р Ана Гацева, проф. д-р Љубен Тевдовски, проф. д-р Никола Минов и Илми Бислими, за нови членови на Комисијата, соопштија од Министерството за образование и наука. Националната комисија за учебници има повеќе надлежности согласно Законот за учебници во основното и средното образование, меѓу кои формирање рецензентски комисии за ракописите на учебници, расправа за стручните вреднувања на ракописите за учебници по соодветните предмети и носење одлуки за одобрување и употреба на учебници во основното и средното образование.
МОН и Педагошката служба очекуваат новиот состав на Комисијата да го интензивира и унапреди процесот на одобрување учебници во основното и средното образование и да биде клучниот филтер во обезбедувањето квалитетни основни помагала за совладување на наставната материја, се вели во соопштнието на МОН.

The post Избран е нов состав на Националната комисија за учебници appeared first on Република.

]]>
Предложен новиот состав на Антикорупциската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izbran-noviot-sostav-na-antikoruptsiskata-komisija/ Wed, 29 Nov 2023 08:37:13 +0000 https://republika.mk/?p=717409

Ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во антикорупциската комисија Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ се предложени за нови членови на комисијата за борба со корупцијата.

Овие личности по тридневно јавно интервјуирање ги изгласа комисијата за избор на ДКСК. Ранг листата со нивните бодувања беше објавена пред полноќ. За да станат членови на ДКСК нив потоа треба да ги изгласаат пратениците на пленарна седница.

Претседател во следните пет години ќе биде Димитровска. Таа 19 години работи во Државниот завод за ревизија, а од пред две години е помошник на главниот ревизор, меѓу другото, како што рече и за ревизија на политички партии, ДКСК, АВМУ, ДИК и други.

За членови на антикорупциската комисија беа пријавени 41 кандидат. Од нив дел ревизори, вработени во Државната комисија за спречување корупција, во други владини и јавни установи, судии, обвинители…

Јавното интервјуирање траеше три дена. Во четвртокот, петокот и саботата кандидатите ги испрашуваше комисијата за избор, пратениците и претставници на граѓанскиот сектор. Во комисијата членуваа пратениците од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ, од Демократско движење, како и Јован Андоновски како претставник на Народниот правобранител и претставниците на Советот за соработката меѓу невладините организации и Владата Снежана Камиловска Трповска и Никола Додов.

Ова е втор пат комисијата да се бира на ваков начин, преку јавни интервјуа кои одложено се емитуваат на собранискиот канал.

 

The post Предложен новиот состав на Антикорупциската комисија appeared first on Република.

]]>

Ревизорите Татјана Димитровска, Цвета Ристовска и Зоран Богоевски, вработените во антикорупциската комисија Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, судијката Софија Спасова Медарска и Сервет Демири од ревизијата на претпристапната помош за ЕУ се предложени за нови членови на комисијата за борба со корупцијата. Овие личности по тридневно јавно интервјуирање ги изгласа комисијата за избор на ДКСК. Ранг листата со нивните бодувања беше објавена пред полноќ. За да станат членови на ДКСК нив потоа треба да ги изгласаат пратениците на пленарна седница. Претседател во следните пет години ќе биде Димитровска. Таа 19 години работи во Државниот завод за ревизија, а од пред две години е помошник на главниот ревизор, меѓу другото, како што рече и за ревизија на политички партии, ДКСК, АВМУ, ДИК и други. За членови на антикорупциската комисија беа пријавени 41 кандидат. Од нив дел ревизори, вработени во Државната комисија за спречување корупција, во други владини и јавни установи, судии, обвинители… Јавното интервјуирање траеше три дена. Во четвртокот, петокот и саботата кандидатите ги испрашуваше комисијата за избор, пратениците и претставници на граѓанскиот сектор. Во комисијата членуваа пратениците од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ, од Демократско движење, како и Јован Андоновски како претставник на Народниот правобранител и претставниците на Советот за соработката меѓу невладините организации и Владата Снежана Камиловска Трповска и Никола Додов. Ова е втор пат комисијата да се бира на ваков начин, преку јавни интервјуа кои одложено се емитуваат на собранискиот канал.  

The post Предложен новиот состав на Антикорупциската комисија appeared first on Република.

]]>
Нов состав на Комисија за заразни болести, брои 26 члена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nov-sostav-na-komisija-za-zarazni-bolesti-broi-26-chlena/ Tue, 01 Feb 2022 13:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=452475

Од денеска Комисијата за заразни болести има нов состав и со неа ќе раководи д-р Александар Петличковски, објави министерот за здравство, Беким Сали.

Како што кажа Сали на денешната прес-конференција, донел решение за следниот состав на Комисијата:

Претседател на Комисијата е Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија, и тој доаѓа на местото на Жарко Караџовски кој што останува член на Комисијата, а во неа се и Кристина Ставридис од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мехмети од ИЈЗ, Калина Старделова од Гастро, Невзат Елези од Медицинскиот факултет на Тетовскиот универзитет, Дугаџин Османи од ИЈЗ, Иринка Сотирова Бухова, Катерина Ставриќ од Детска клиника, Милена Стевановиќ од Инфективна клиника, Фадил Цана и Звонко Миленковиќ од Инфективна клиника, Марија Димзова и Илир Демири од Инфективна клиника, Виктор Исјановски од Здравствен дом Скопје, Лилјана Деспотовска Ристовска од Санитарен инспекторат, Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија, Арбен Лабаништа од клиниката за ТБЦ, Марија Дуганова од „8 септември“, Сузана Маневска од Министерство за здравство, Јованка Костовска, Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом Скопје, кој ќе биде и портпарол на Комисијата, Златко Арсениевски, Драган Ѓорѓиевски, Грета Николовска од Агенција за храна и ветеринарство и Марија Милкова од Центарот за управување со кризи.

Според министерот Сали, Комисијата за заразни болести ќе се состанува редовно секој вторник, а по потреба и почесто. Редовните состаноци ќе ги одржува претседателот Петличковски, а по потреба ќе биде присутен и министерот за здравство.

The post Нов состав на Комисија за заразни болести, брои 26 члена appeared first on Република.

]]>

Од денеска Комисијата за заразни болести има нов состав и со неа ќе раководи д-р Александар Петличковски, објави министерот за здравство, Беким Сали. Како што кажа Сали на денешната прес-конференција, донел решение за следниот состав на Комисијата: Претседател на Комисијата е Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија, и тој доаѓа на местото на Жарко Караџовски кој што останува член на Комисијата, а во неа се и Кристина Ставридис од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Шабан Мехмети од ИЈЗ, Калина Старделова од Гастро, Невзат Елези од Медицинскиот факултет на Тетовскиот универзитет, Дугаџин Османи од ИЈЗ, Иринка Сотирова Бухова, Катерина Ставриќ од Детска клиника, Милена Стевановиќ од Инфективна клиника, Фадил Цана и Звонко Миленковиќ од Инфективна клиника, Марија Димзова и Илир Демири од Инфективна клиника, Виктор Исјановски од Здравствен дом Скопје, Лилјана Деспотовска Ристовска од Санитарен инспекторат, Нико Беќаровски од Клиника за токсикологија, Арбен Лабаништа од клиниката за ТБЦ, Марија Дуганова од „8 септември“, Сузана Маневска од Министерство за здравство, Јованка Костовска, Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом Скопје, кој ќе биде и портпарол на Комисијата, Златко Арсениевски, Драган Ѓорѓиевски, Грета Николовска од Агенција за храна и ветеринарство и Марија Милкова од Центарот за управување со кризи. Според министерот Сали, Комисијата за заразни болести ќе се состанува редовно секој вторник, а по потреба и почесто. Редовните состаноци ќе ги одржува претседателот Петличковски, а по потреба ќе биде присутен и министерот за здравство.

The post Нов состав на Комисија за заразни болести, брои 26 члена appeared first on Република.

]]>