нов премиер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-premier/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 13:22:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов премиер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-premier/ 32 32 Тијери Боде е сериозен кандидат за француски премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tijeri-bode-e-seriozen-kandidat-za-frantsuski-premier/ Mon, 02 Sep 2024 13:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=812338

Претседателот на Економскиот, социјалниот и еколошкиот совет на Франција, Тијери Боде е сериозен кандидат за француски премиер, објави денеска францускиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на неименувани извори.

Тиери Боде порано бил учител, а потоа претседател на Генералната организација за солидарност во областа на националното образование, прецизира „Фигаро“.

Во интервју за весникот „Трибин“ претходно оваа година, Боде изјави дека коалицијата „Национален собир“ ја „загрозува иднината на посредничките организации“.

Во Елисејската палата во тек се консултации за именување на нов премиер. Под притисок на опозицијата што поскоро да назначи нов премиер, францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Елисејската палата се сретна со неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози, како и со поранешниот премиер Бернар Казнев, јавуваат француските медиуми.

Месец и пол по предвремените парламентарни избори и оставката на владата на Габриел Атал, Макрон сè уште не именуваше нов премиер. Левичарските партии го обвинија Макрон за „опструкција“, бидејќи ја исклучи кандидатката на „Нов народен фронт“, Луси Каст од листата на кандидати. Ултралевичарската партија „Непокорна Франција“ го иницираше процесот за импичмент на Макрон.

The post Тијери Боде е сериозен кандидат за француски премиер appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Економскиот, социјалниот и еколошкиот совет на Франција, Тијери Боде е сериозен кандидат за француски премиер, објави денеска францускиот весник „Фигаро“, повикувајќи се на неименувани извори. Тиери Боде порано бил учител, а потоа претседател на Генералната организација за солидарност во областа на националното образование, прецизира „Фигаро“. Во интервју за весникот „Трибин“ претходно оваа година, Боде изјави дека коалицијата „Национален собир“ ја „загрозува иднината на посредничките организации“. Во Елисејската палата во тек се консултации за именување на нов премиер. Под притисок на опозицијата што поскоро да назначи нов премиер, францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Елисејската палата се сретна со неговите претходници Франсоа Оланд и Никола Саркози, како и со поранешниот премиер Бернар Казнев, јавуваат француските медиуми. Месец и пол по предвремените парламентарни избори и оставката на владата на Габриел Атал, Макрон сè уште не именуваше нов премиер. Левичарските партии го обвинија Макрон за „опструкција“, бидејќи ја исклучи кандидатката на „Нов народен фронт“, Луси Каст од листата на кандидати. Ултралевичарската партија „Непокорна Франција“ го иницираше процесот за импичмент на Макрон.

The post Тијери Боде е сериозен кандидат за француски премиер appeared first on Република.

]]>
Свини верува во независност на Шкотска во следните пет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svini-veruva-vo-nezavisnost-na-shkotska-vo-slednite-pet-godini/ Fri, 10 May 2024 11:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=776748

Новиот шкотски премиер Џон Свини денеска изјави дека верува оти Шкотска може да стане независна во следните пет години.

-Мислам дека независноста може да се постигне во таа временска рамка бидејќи аргументите за тоа се убедливи, изјави Свини за Скај Њуз.

Тој оцени дека Шкотска се соочува со зголемени животни трошоци и последици од Брегзит и дека тоа се „значајни стратешки фактори кои предизвикуваат сериозна економска и социјална штета на Шкотска поради лошите одлуки донесени во Вестминстер“.

-И одговорот на тоа е независност, рече Свини.

Тој потсети дека Шкотска е „избркана од Европската унија против своја волја“, со оглед на тоа што мнозинството гласаше против Брегзит, односно таа земја од Обединетото Кралство да остане во ЕУ.

Ветеранот на Шкотската национална партија (СНП) Свини на 8 мај беше избран за прв министер на шкотската Влада, наследувајќи го Хумза Јусаф, кој поднесе оставка на 29 април, откако претходно ја раскина коалицијата со шкотските Зелени, јавија британските медиуми.

Јусаф поднесе оставка како лидер на про-независната СНП, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да преживее гласање за доверба.

The post Свини верува во независност на Шкотска во следните пет години appeared first on Република.

]]>

Новиот шкотски премиер Џон Свини денеска изјави дека верува оти Шкотска може да стане независна во следните пет години. -Мислам дека независноста може да се постигне во таа временска рамка бидејќи аргументите за тоа се убедливи, изјави Свини за Скај Њуз. Тој оцени дека Шкотска се соочува со зголемени животни трошоци и последици од Брегзит и дека тоа се „значајни стратешки фактори кои предизвикуваат сериозна економска и социјална штета на Шкотска поради лошите одлуки донесени во Вестминстер“. -И одговорот на тоа е независност, рече Свини. Тој потсети дека Шкотска е „избркана од Европската унија против своја волја“, со оглед на тоа што мнозинството гласаше против Брегзит, односно таа земја од Обединетото Кралство да остане во ЕУ. Ветеранот на Шкотската национална партија (СНП) Свини на 8 мај беше избран за прв министер на шкотската Влада, наследувајќи го Хумза Јусаф, кој поднесе оставка на 29 април, откако претходно ја раскина коалицијата со шкотските Зелени, јавија британските медиуми. Јусаф поднесе оставка како лидер на про-независната СНП, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да преживее гласање за доверба.

The post Свини верува во независност на Шкотска во следните пет години appeared first on Република.

]]>