нов мост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-most/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Oct 2023 13:16:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов мост Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-most/ 32 32 Мицкоски: Веднаш по смена на власта, велешани ќе добијат нов мост во Башино село и нова обиколница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vednash-po-smena-na-vlasta-veleshani-ke-dobijat-nov-most-vo-bashino-selo-i-nova-obikolnitsa/ Mon, 09 Oct 2023 13:15:46 +0000 https://republika.mk/?p=689569

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ при посетата во Велес изврши увид на мостот кај Башино село каде рече дека прво треба да се види до каде е проектот за стариот мост, а треба да има и проект за нов мост таму.

Треба да се види до каде е проектот и дали воопшто постои, ако не веднаш треба да се почне, еден од првите приоритети, прво проектирање треба, потенцираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски имаше средба со бизнисмен кој рече дека имале иницијатива за каменолом, но биле одбиени затоа што мостот бил многу слаб.

Ние имаме иницијатива за каменолом и претходните градоначалници ме одбија затоа што бил многу слаб мостот и ќе се зголемела фреквенцијата врз мостот и затоа бев одбиен за иницијативата за каменолом. И ете на пример, не можеме да направиме како фирми развој во бизнисот, заради овој мост, затоа што сме ограничени во своето работење, кажа бизнисменот.

При посетата во Башино село, градоначалникот на Велес, Марко Колев посочи дека овде може да се појави и друг проблем, а тоа е дека на пролет нивото на реката Вардар може да покачи и да дојде над самиот коловоз, со што ситуацијата би била ризична. Имено Колев додаде дека проектот исто зависи и од Јавното претпријатие за државни патишта.

Тука, на пролет и нивото на Вардар може да се покачи и да дојде на половина метар од самиот коловоз и тогаш е најризично. Голема вода и голем притисок врз носачите, а дел од носачите веќе се испукани. Проектот зависи од Јавното претпријатие за државни патишта. И кога ќе се направи новиот мост, проект треба да се направи и за рушење на овој мост, затоа што може да се случи да се сруши овој па да направи оштетување на новиот мост. Така да, имаме два проблеми не е само еден проблем, додаде Колев.

Во врска со ова претседателот Мицкоски порача:

Треба да се види до каде е проектот и дали воопшто постои ако не веднаш треба да се почне, еден од првите приоритети, прво проектирање треба.

Во текот на посетата Колев се осврна и на полу направениот мост во близина на езерото „Младост“ позната како „Бранков мост“ каде потенцираше дека потребно е добра волја да се направи тој мост за да може да се развива туризмот.

Исто имаме и полу направен мост во близина на езеро Младост, таму имаме влез и излез од автопат, а ние зборуваме цело време за транзитен туризам, а моментално велешко езеро го посетуваат голем број на туристи. Само треба добра волја. Едно сообраќајно решение за да можеме ние да зборуваме за развој на туризмот, вели Колев.

По сето ова претседателот Мицкоски заклучи:

Значи од тука би дошол и би завршил со патот што го одевме кај Отовица, кружен тек кој би влегувал во Велес и другиот би одел на езерото Младост.

The post Мицкоски: Веднаш по смена на власта, велешани ќе добијат нов мост во Башино село и нова обиколница appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ при посетата во Велес изврши увид на мостот кај Башино село каде рече дека прво треба да се види до каде е проектот за стариот мост, а треба да има и проект за нов мост таму.
Треба да се види до каде е проектот и дали воопшто постои, ако не веднаш треба да се почне, еден од првите приоритети, прво проектирање треба, потенцираше Мицкоски.
Претседателот Мицкоски имаше средба со бизнисмен кој рече дека имале иницијатива за каменолом, но биле одбиени затоа што мостот бил многу слаб.
Ние имаме иницијатива за каменолом и претходните градоначалници ме одбија затоа што бил многу слаб мостот и ќе се зголемела фреквенцијата врз мостот и затоа бев одбиен за иницијативата за каменолом. И ете на пример, не можеме да направиме како фирми развој во бизнисот, заради овој мост, затоа што сме ограничени во своето работење, кажа бизнисменот.
При посетата во Башино село, градоначалникот на Велес, Марко Колев посочи дека овде може да се појави и друг проблем, а тоа е дека на пролет нивото на реката Вардар може да покачи и да дојде над самиот коловоз, со што ситуацијата би била ризична. Имено Колев додаде дека проектот исто зависи и од Јавното претпријатие за државни патишта.
Тука, на пролет и нивото на Вардар може да се покачи и да дојде на половина метар од самиот коловоз и тогаш е најризично. Голема вода и голем притисок врз носачите, а дел од носачите веќе се испукани. Проектот зависи од Јавното претпријатие за државни патишта. И кога ќе се направи новиот мост, проект треба да се направи и за рушење на овој мост, затоа што може да се случи да се сруши овој па да направи оштетување на новиот мост. Така да, имаме два проблеми не е само еден проблем, додаде Колев.
Во врска со ова претседателот Мицкоски порача: Треба да се види до каде е проектот и дали воопшто постои ако не веднаш треба да се почне, еден од првите приоритети, прво проектирање треба. Во текот на посетата Колев се осврна и на полу направениот мост во близина на езерото „Младост“ позната како „Бранков мост“ каде потенцираше дека потребно е добра волја да се направи тој мост за да може да се развива туризмот.
Исто имаме и полу направен мост во близина на езеро Младост, таму имаме влез и излез од автопат, а ние зборуваме цело време за транзитен туризам, а моментално велешко езеро го посетуваат голем број на туристи. Само треба добра волја. Едно сообраќајно решение за да можеме ние да зборуваме за развој на туризмот, вели Колев.
По сето ова претседателот Мицкоски заклучи:
Значи од тука би дошол и би завршил со патот што го одевме кај Отовица, кружен тек кој би влегувал во Велес и другиот би одел на езерото Младост.
 
The post Мицкоски: Веднаш по смена на власта, велешани ќе добијат нов мост во Башино село и нова обиколница appeared first on Република.

]]>
Teтовските улици под вода поради одрони, новиот мост не го издржа дождот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tetovskite-ulici-pod-voda-poradi-odroni-noviot-most-ne-go-izdrza-dozdot/ Sun, 29 May 2022 06:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=508192

По неколкучасовните врнежи од дожд во тетовскиот регион проблеми синоќа се појавија на патот Шипковица – Бродец, како и на неколку градски улици кои беа поплавени поради големите количини насобрана вода по коловозните ленти. Делницата Шипковица – Бродец е непроодна поради одрони од земја и камења на патот.

По обилните врнежи од дожд и влошувањето на временските прилики во нашата земја блокирани се многу патишта на Шар Планина. Нашата интервенција беше непосредна, интервенираа вработените во ЈКП и Противпожарната единица за да се овозможи слободно движење на граѓаните. На патниот правец Шипковица – Бродец, кај новиот мост, со голем интензитет се работи на чистење на одрони. За жал, новиот мост кој претходното раководство го пушти во употреба без никакви критериуми, не успеа да го издржи дождот, рече градоначалникот Биљал Касами.

Општина Тетово информираше дека низ улиците во градот успеале навреме да интервенират за слободно движење за граѓаните.

The post Teтовските улици под вода поради одрони, новиот мост не го издржа дождот appeared first on Република.