нов лек за рак на дојка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-lek-za-rak-na-dojka/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 12:22:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов лек за рак на дојка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-lek-za-rak-na-dojka/ 32 32 Новиот лек за рак на дојка, „Трукап“ на „Астра Зенека“ не ги исполни своите цели https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/noviot-lek-za-rak-na-dojka-trukap-na-astra-zeneka-ne-gi-ispolni-svoite-tseli/ Tue, 18 Jun 2024 12:22:46 +0000 https://republika.mk/?p=788764

Фармацевтската компанија „Астра-Зенека“ денеска соопшти дека новиот лек за рак на дојка „Трукап“ (Truqap), во комбинација со хемотерапиското средство „Паклитаксел“, не ги исполнил своите главни цели во доцната фаза на испитување во однос на подобрувањето на целокупното лекување кај пациенти со некои видови рак на дојка.

Иако сме разочарани од исходот на проектот „КАПИтелло-290“, овие резултати ќе ги унапредат нашите сознанија за улогата на патеката „ПИ3К/АКТ“ кај ракот на дојката, изјави Сузан Галбрајт, потпретседателка одговорна за онколошки истражувања и развој во „Астра-Зенека“.

Испитувањата, познати како „КАПИтелло-290“ (CAPItello-290), проучуваа дали комбинацијата на лекови ќе го подобри целокупното преживување кај пациенти со неоперабилен или метастатски тројно-негативен рак на дојка во споредба со постариот и поевтин лек за хемотерапија - „Паклитаксел“, а комбиниран со плацебо. Инаку, тројно-негативниот карцином на дојка останува еден од најпредизвикувачките облици на болеста за лекување, поради недостаток на познати цели за биомаркери, а режимите засновани на хемотерапија остануваат главен во третманот, според „Астра-Зенека“.

Студијата, се вели, не успеа да ги исполни своите цели ниту кај целокупната пробна популација, ни кај подгрупата на пациенти со тумори коишто носат специфични промени на биомаркерите.

 

The post Новиот лек за рак на дојка, „Трукап“ на „Астра Зенека“ не ги исполни своите цели appeared first on Република.

]]>

Фармацевтската компанија „Астра-Зенека“ денеска соопшти дека новиот лек за рак на дојка „Трукап“ (Truqap), во комбинација со хемотерапиското средство „Паклитаксел“, не ги исполнил своите главни цели во доцната фаза на испитување во однос на подобрувањето на целокупното лекување кај пациенти со некои видови рак на дојка.
Иако сме разочарани од исходот на проектот „КАПИтелло-290“, овие резултати ќе ги унапредат нашите сознанија за улогата на патеката „ПИ3К/АКТ“ кај ракот на дојката, изјави Сузан Галбрајт, потпретседателка одговорна за онколошки истражувања и развој во „Астра-Зенека“.
Испитувањата, познати како „КАПИтелло-290“ (CAPItello-290), проучуваа дали комбинацијата на лекови ќе го подобри целокупното преживување кај пациенти со неоперабилен или метастатски тројно-негативен рак на дојка во споредба со постариот и поевтин лек за хемотерапија - „Паклитаксел“, а комбиниран со плацебо. Инаку, тројно-негативниот карцином на дојка останува еден од најпредизвикувачките облици на болеста за лекување, поради недостаток на познати цели за биомаркери, а режимите засновани на хемотерапија остануваат главен во третманот, според „Астра-Зенека“. Студијата, се вели, не успеа да ги исполни своите цели ниту кај целокупната пробна популација, ни кај подгрупата на пациенти со тумори коишто носат специфични промени на биомаркерите.  

The post Новиот лек за рак на дојка, „Трукап“ на „Астра Зенека“ не ги исполни своите цели appeared first on Република.

]]>