нов кадар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-kadar/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Aug 2023 08:31:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов кадар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-kadar/ 32 32 Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nezavisniot-sindikat-na-pozharnikari-bara-vrabotuvane-na-nov-kadar-2/ Tue, 15 Aug 2023 08:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=672217

Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостатокот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години.

Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните 5 години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги, велат од Синдикатот.

Хроничниот недостаток на вработените, според Синдикатот, сериозно влијае врз квалитетот на извршување на акциите на спасување на животи и имот на граѓаните и претставува опасност по безбедноста и здравјето на пожарникарите кои се обидуваат да го надоместат недостатокот на персонал.

Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна, се наведува во соопштението од Синдикатот.

The post Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар appeared first on Република.

]]>