нов филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-film/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Aug 2023 16:46:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов филм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-film/ 32 32 Ентони Хопкинс ќе го игра Николас Винтон, човекот кој спасил 669 деца од нацистите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/entoni-hopkins-ke-go-igra-nikolas-vinton-chovekot-koj-spasil-669-detsa-od-natsistite/ Sun, 13 Aug 2023 16:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=671706

Во 1939 година, младиот англиски брокер Николас Винтон помогнал да се спасат 669 еврејски деца од окупирана Чехословачка во пресрет на Втората светска војна.

Винтон слушнал за Киндертранспорт, кој спасувал германски и австриски еврејски деца и ги донел на безбедно во Велика Британија, и решил да организира слична спасувачка акција за децата од Чехословачка. На 14 март 1939 година, првиот транспорт на деца во неговата организација тргнал од Прага со авион за Лондон. Тој собрал пари за да го финансира патувањето и исто така нашол британски згрижувачки семејства за децата бегалци.

Винтон организирал уште седум спасувачки мисии со железница од Прага и преку Германија до брегот на Атлантикот, а потоа со брод преку Ла Манш до Велика Британија. На 2 август 1939 година, последниот воз полн со деца тргнал од Прага.

По војната, спасувачките напори на Винтон останале главно непознати. Бил прогонуван од оние што не можел да ги спаси и ретко зборувал за тоа. Во 1989 година, емитувана е епизода од That’s Life! во која Винтон запознал неколку деца кои успеал да ги спаси.

За време на директниот пренос на Би-Би-Си, водителката Естер Рантзен ја прашала публиката во студиото дали некој од нив му го должи животот на Николас Винтон. Тој бил шокиран кога возрасните кои седеле околу него станале. Имено, тоа биле децата кои ги спасил пред 50 години.

Приказната на Винтон наскоро ќе заврши на екранот. Филмот, наречен Еден живот, е адаптација на книгата од 2014 година „Ако не е невозможно… Животот на Сер Николас Винтон“, напишана од неговата ќерка Барбара.

Сер Ентони Хопкинс и Џони Флин го играат Николас Винтон во различни фази од неговиот живот, додека Хелена Бонам-Картер ја игра мајката на Винтон, Баби. Во актерската екипа се и Џонатан Прајс, Лена Олин, Ромола Гараи и Алекс Шарп.

Сер Николас Винтон починал во јули 2015 година. Имал 106 години.

The post Ентони Хопкинс ќе го игра Николас Винтон, човекот кој спасил 669 деца од нацистите appeared first on Република.

]]>

Во 1939 година, младиот англиски брокер Николас Винтон помогнал да се спасат 669 еврејски деца од окупирана Чехословачка во пресрет на Втората светска војна. Винтон слушнал за Киндертранспорт, кој спасувал германски и австриски еврејски деца и ги донел на безбедно во Велика Британија, и решил да организира слична спасувачка акција за децата од Чехословачка. На 14 март 1939 година, првиот транспорт на деца во неговата организација тргнал од Прага со авион за Лондон. Тој собрал пари за да го финансира патувањето и исто така нашол британски згрижувачки семејства за децата бегалци. Винтон организирал уште седум спасувачки мисии со железница од Прага и преку Германија до брегот на Атлантикот, а потоа со брод преку Ла Манш до Велика Британија. На 2 август 1939 година, последниот воз полн со деца тргнал од Прага. По војната, спасувачките напори на Винтон останале главно непознати. Бил прогонуван од оние што не можел да ги спаси и ретко зборувал за тоа. Во 1989 година, емитувана е епизода од That’s Life! во која Винтон запознал неколку деца кои успеал да ги спаси. За време на директниот пренос на Би-Би-Си, водителката Естер Рантзен ја прашала публиката во студиото дали некој од нив му го должи животот на Николас Винтон. Тој бил шокиран кога возрасните кои седеле околу него станале. Имено, тоа биле децата кои ги спасил пред 50 години. Приказната на Винтон наскоро ќе заврши на екранот. Филмот, наречен Еден живот, е адаптација на книгата од 2014 година „Ако не е невозможно… Животот на Сер Николас Винтон“, напишана од неговата ќерка Барбара. Сер Ентони Хопкинс и Џони Флин го играат Николас Винтон во различни фази од неговиот живот, додека Хелена Бонам-Картер ја игра мајката на Винтон, Баби. Во актерската екипа се и Џонатан Прајс, Лена Олин, Ромола Гараи и Алекс Шарп. Сер Николас Винтон починал во јули 2015 година. Имал 106 години.

The post Ентони Хопкинс ќе го игра Николас Винтон, човекот кој спасил 669 деца од нацистите appeared first on Република.

]]>
Во Атина почна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“ во ко-продукција со „Круг филм“ од Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/film/vo-atina-pochna-snimaneto-na-dolgometrazhniot-igran-film-ritam-na-zhivotot-vo-ko-produktsija-so-krug-film-od-skopje/ Thu, 03 Aug 2023 10:11:22 +0000 https://republika.mk/?p=668215

Во Атина започна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“ по сценарио на Америса Баста и Димитрис Накос од Грција, во режија на Баста, а во ко-продукција со „Круг филм“ од Скопје.

Снимањето на филмот ќе се одвива во текот на месец август оваа година, на повеќе локации во Атина, Грција.

Филмот ја раскажува приказната за Лена, 20-годишна жена која живее во Атина, работи во локален супермаркет и живее со своето семејство. Поради тоа што живее сиромашно, а секојдневието и е исполнето со напнатост, таа сака да се исели и да започне свој живот. Сè се менува кога Лена кога ќе добие отказ истовремено дознавајќи дека е бремена. Што ако одлуката да го задржи бебето е единствениот начин да ја зачува работата?

Во улогата на Лена се јавува младата Елина Цорбаци, а останата екипа е составена од актери од Грција и од Албанија.

„Ритам на животот“ е финансиски поддржан од Филмските Центри на Грција, Црна Гора и Кипар, како и од Агенцијата за филм на Република Македонија. Главен продуцент е грчката продукциска куќа „Соул Продукција“ на Јоана Султани, додека македонски ко-продуцент е Дејан Крајчевски од Круг филм. Ко-продуценти се и Деспина Музаки од кипарската „Брејкинг Вејв Продукција ЛТД“, и Немања Драговиќ од црногорската „Видеа Продукција“.

Ова е прв долгометражен филм на Баста. Нејзините краткометражни филмови „Не утре“, „Чадор“, „Христос и Димитра“, „Евива“ и други, во изминативе десетина години учествувале на низа локални и меѓународни фестивали и постигнале голем успех.

 

The post Во Атина почна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“ во ко-продукција со „Круг филм“ од Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Атина започна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“ по сценарио на Америса Баста и Димитрис Накос од Грција, во режија на Баста, а во ко-продукција со „Круг филм“ од Скопје. Снимањето на филмот ќе се одвива во текот на месец август оваа година, на повеќе локации во Атина, Грција. Филмот ја раскажува приказната за Лена, 20-годишна жена која живее во Атина, работи во локален супермаркет и живее со своето семејство. Поради тоа што живее сиромашно, а секојдневието и е исполнето со напнатост, таа сака да се исели и да започне свој живот. Сè се менува кога Лена кога ќе добие отказ истовремено дознавајќи дека е бремена. Што ако одлуката да го задржи бебето е единствениот начин да ја зачува работата? Во улогата на Лена се јавува младата Елина Цорбаци, а останата екипа е составена од актери од Грција и од Албанија. „Ритам на животот“ е финансиски поддржан од Филмските Центри на Грција, Црна Гора и Кипар, како и од Агенцијата за филм на Република Македонија. Главен продуцент е грчката продукциска куќа „Соул Продукција“ на Јоана Султани, додека македонски ко-продуцент е Дејан Крајчевски од Круг филм. Ко-продуценти се и Деспина Музаки од кипарската „Брејкинг Вејв Продукција ЛТД“, и Немања Драговиќ од црногорската „Видеа Продукција“. Ова е прв долгометражен филм на Баста. Нејзините краткометражни филмови „Не утре“, „Чадор“, „Христос и Димитра“, „Евива“ и други, во изминативе десетина години учествувале на низа локални и меѓународни фестивали и постигнале голем успех.  

The post Во Атина почна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“ во ко-продукција со „Круг филм“ од Скопје appeared first on Република.

]]>
Хоакин Феникс изгуби свест при снимањето на новиот филм https://arhiva3.republika.mk/scena/film/hoakin-feniks-izgubi-svest-pri-snimaneto-na-noviot-film/ Mon, 03 Apr 2023 12:48:23 +0000 https://republika.mk/?p=626736

Американскиот глумец Хоакин Феникс изгуби свест при снимањето на неговиот нов филм - „Бју е исплашен“ (Beau is Afraid).

Остварувањето на режисерот Ари Астер наводно било толку тешко за снимање, што Феникс во еден миг, просто - паднал. Во оваа хорор-драма, тој глуми параноичен човек кој влегува во мистериозна сообраќајна несреќа, завршува на некое бизарно место и се обидува да се врати кај својата мајка, одглумена од Пети Лупон.

Режисерот на хорор-филмови е познат по многу интензивните наративи и експлицитните сцени, а овојпат тие биле „премногу“ дури и за оскаровецот Феникс.

- Феникс помагаше во сцена со Лупон, па и тој беше во неа. Беше многу интензивна сцена за Пети и таа беше во кадарот, а Хоакин само се урниса. Бев навистина лут бидејќи постигнавме навистина добар кадар, раскажува Астер.

- Сè тоа ми беше збунувачки, отидов зад аголот и видов дека Феникс колабирал. Знаев тогаш дека тој не е добро, бидејќи луѓето го поткреваа и се обидуваа да му помогнат, а ако дозволил така, тогаш навистина му се слошило... Има нешто поетско во тоа дека паднал „во туѓа сцена“, заклучи режисерот.

Филмот ќе биде прикажан на 21 април 2023 година.

https://www.youtube.com/watch?v=PuiWDn976Ek

The post Хоакин Феникс изгуби свест при снимањето на новиот филм appeared first on Република.

]]>

Американскиот глумец Хоакин Феникс изгуби свест при снимањето на неговиот нов филм - „Бју е исплашен“ (Beau is Afraid).

Остварувањето на режисерот Ари Астер наводно било толку тешко за снимање, што Феникс во еден миг, просто - паднал. Во оваа хорор-драма, тој глуми параноичен човек кој влегува во мистериозна сообраќајна несреќа, завршува на некое бизарно место и се обидува да се врати кај својата мајка, одглумена од Пети Лупон. Режисерот на хорор-филмови е познат по многу интензивните наративи и експлицитните сцени, а овојпат тие биле „премногу“ дури и за оскаровецот Феникс. - Феникс помагаше во сцена со Лупон, па и тој беше во неа. Беше многу интензивна сцена за Пети и таа беше во кадарот, а Хоакин само се урниса. Бев навистина лут бидејќи постигнавме навистина добар кадар, раскажува Астер. - Сè тоа ми беше збунувачки, отидов зад аголот и видов дека Феникс колабирал. Знаев тогаш дека тој не е добро, бидејќи луѓето го поткреваа и се обидуваа да му помогнат, а ако дозволил така, тогаш навистина му се слошило... Има нешто поетско во тоа дека паднал „во туѓа сцена“, заклучи режисерот. Филмот ќе биде прикажан на 21 април 2023 година. https://www.youtube.com/watch?v=PuiWDn976Ek

The post Хоакин Феникс изгуби свест при снимањето на новиот филм appeared first on Република.

]]>
„Човек по твоја мерка“ од денес во кината https://arhiva3.republika.mk/scena/film/chovek-po-tvoja-merka-od-denes-vo-kinata/ Thu, 15 Sep 2022 08:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=550925

ШТО АКО НАВИСТИНА ПОСТОИ СОВРШЕНИОТ МАЖ?
ГЕРМАНСКА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА „ЧОВЕК ПО ТВОЈА МЕРКА“ ДЕНЕС ВО КИНАТА

https://www.youtube.com/watch?v=SD-z3f0hM4Y

Човек кој внимава, подготвува вечера, па ги мие садовите, го исполнува секој, дури и најмал каприц, зарем тоа не е човекот од соништата? 93% од германците би се согласиле со тоа, но што е со останатите 7%?

Филмот „Ich bin dein Mensch / I'm Your Man“ се занимава токму со оваа тема. Премиерно беше прикажан на овогодинешното Берлинале, со Марен Егерт, која ја игра научничката Алма, добитничка на наградата Сребрена мечка за најдобра женска улога. Оваа шокантна германска романтична комедија од денес е на големото платно на домашните кина.

За да ги финансира студиите, научничката се согласува да учествува во необичен експеримент: три недели треба да живее со робот сличен на човек кој би требало да ја направи среќна. Режисер на оваа продукција е Марија Шрадер, германска актерка, режисерка и продуцентка која за својот филм изјави: „Режирањето на комедија е навистина забавно. Приказната започнува со состанок на слепо, имаш старомоден бал, каде се среќаваат двајца, а не знаеш кој е почуден. Алма знае со кого ќе се сретне, па подготви цела низа прашања, тој е програмиран да флертува. Бизарна мешавина на наивност и романса“.

Можеби ова е приказна за идните љубови, а можеби и критика на потрагата по совршенство, што, на крајот на денот, не е многу возбудливо. Во улогата на хуманоидниот робот Том, беше актерот Ден Стивенс („Downton Abbey“, „Beauty and the Beast“) кој портретираше шармантен, духовит и беспрекорен робот кој го направи по мерка на Алма.

The post „Човек по твоја мерка“ од денес во кината appeared first on Република.

]]>

ШТО АКО НАВИСТИНА ПОСТОИ СОВРШЕНИОТ МАЖ? ГЕРМАНСКА РОМАНТИЧНА КОМЕДИЈА „ЧОВЕК ПО ТВОЈА МЕРКА“ ДЕНЕС ВО КИНАТА https://www.youtube.com/watch?v=SD-z3f0hM4Y Човек кој внимава, подготвува вечера, па ги мие садовите, го исполнува секој, дури и најмал каприц, зарем тоа не е човекот од соништата? 93% од германците би се согласиле со тоа, но што е со останатите 7%? Филмот „Ich bin dein Mensch / I'm Your Man“ се занимава токму со оваа тема. Премиерно беше прикажан на овогодинешното Берлинале, со Марен Егерт, која ја игра научничката Алма, добитничка на наградата Сребрена мечка за најдобра женска улога. Оваа шокантна германска романтична комедија од денес е на големото платно на домашните кина. За да ги финансира студиите, научничката се согласува да учествува во необичен експеримент: три недели треба да живее со робот сличен на човек кој би требало да ја направи среќна. Режисер на оваа продукција е Марија Шрадер, германска актерка, режисерка и продуцентка која за својот филм изјави: „Режирањето на комедија е навистина забавно. Приказната започнува со состанок на слепо, имаш старомоден бал, каде се среќаваат двајца, а не знаеш кој е почуден. Алма знае со кого ќе се сретне, па подготви цела низа прашања, тој е програмиран да флертува. Бизарна мешавина на наивност и романса“. Можеби ова е приказна за идните љубови, а можеби и критика на потрагата по совршенство, што, на крајот на денот, не е многу возбудливо. Во улогата на хуманоидниот робот Том, беше актерот Ден Стивенс („Downton Abbey“, „Beauty and the Beast“) кој портретираше шармантен, духовит и беспрекорен робот кој го направи по мерка на Алма.

The post „Човек по твоја мерка“ од денес во кината appeared first on Република.

]]>
Бјелогрлиќ го почна снимањето на „Верижна реакција“- филм за најголемата тајна на Југославија, несреќата во Винча https://arhiva3.republika.mk/scena/film/bjelogrlikj-go-pochna-snimanjeto-na-verizna-reakcija-film-za-najgolemata-tajna-na-jugoslavija-nesrekjata-vo-vincha/ Fri, 20 May 2022 08:50:18 +0000 https://republika.mk/?p=504686

Режисерот, актер и продуцент Драган Бјелогрлиќ го почна снимањето на филмот посветен на случајот во Винча од 1958 година, а главните улоги ги толкуваат Раша Буквиќ и Мики Манојловиќ.

По големиот успех и рекордната гледаност на филмот „Тома“ во кино-салите на територијата на поранешна Југославија, Бјелогрлиќ денеска го почна снимањето на филмот „Верижна реакција“ По неколку години подготовки и работа на сценариото со Вук Ршумовиќ, Бјелогрлиќ почна со реализација на проектот и да ја раскаже приказната за настанот во Винча од 15 октомври 1958 година. Филмот настанал по мотивите на романот „Случај Винча“ чиј автор е професорот од Медицинскиот факултет Горан Милашиновиќ.

Октомври 1958, Студената војна го поделила со „железната завеса“ европскиот континент и целиот свет и претставува дотогаш невидена нуклеарна закана за планетата. Драгослав Поповиќ и уште тројца југословенски физичари се примени на Институтот „Кири“ во париз, по мистериозната несреќа која ги изложила на сериозно зрачење. Тајната служба на Франција му дава упатства на докторот Жорж Мате да ги излечи овие пациенти, кои на прв поглед се однапред изгубени случаи. Тоа е почеток за трка за опстанок во која ќе се спротивстават двајца научници, два света, две идеологии. Човечката приказна во текот на историското откритие, стои во синопсисот на филмот.

Според српските медиуми Бјелогрлиќ има меѓународна актерска екипа. Главните улоги ќе ги толкуваат: Радивоје Раша Буквиќ и Предраг Мики Манојловиќ, додека француската група актери ја предводи Алексис Манети, Жереми Лахерт и Лионел Абелански.

Снимањето на филмот ќе трае една година, ќе се снима на автентични локации во Србија, Словенија и Франција, а за фотографијата е задолжен младиот Иван Костиќ кој со Бјелогрлиќ ја работеше серијата „Сенки над Балканот“.

Несреќата во Винча со години беше сокривана под тепих, а постојат теории дека југословенските научници таму правеле атомско оружје по налог на врвот на СФРЈ и Јосип Броз Тито.

The post Бјелогрлиќ го почна снимањето на „Верижна реакција“- филм за најголемата тајна на Југославија, несреќата во Винча appeared first on Република.

]]>

Режисерот, актер и продуцент Драган Бјелогрлиќ го почна снимањето на филмот посветен на случајот во Винча од 1958 година, а главните улоги ги толкуваат Раша Буквиќ и Мики Манојловиќ.
По големиот успех и рекордната гледаност на филмот „Тома“ во кино-салите на територијата на поранешна Југославија, Бјелогрлиќ денеска го почна снимањето на филмот „Верижна реакција“ По неколку години подготовки и работа на сценариото со Вук Ршумовиќ, Бјелогрлиќ почна со реализација на проектот и да ја раскаже приказната за настанот во Винча од 15 октомври 1958 година. Филмот настанал по мотивите на романот „Случај Винча“ чиј автор е професорот од Медицинскиот факултет Горан Милашиновиќ.
Октомври 1958, Студената војна го поделила со „железната завеса“ европскиот континент и целиот свет и претставува дотогаш невидена нуклеарна закана за планетата. Драгослав Поповиќ и уште тројца југословенски физичари се примени на Институтот „Кири“ во париз, по мистериозната несреќа која ги изложила на сериозно зрачење. Тајната служба на Франција му дава упатства на докторот Жорж Мате да ги излечи овие пациенти, кои на прв поглед се однапред изгубени случаи. Тоа е почеток за трка за опстанок во која ќе се спротивстават двајца научници, два света, две идеологии. Човечката приказна во текот на историското откритие, стои во синопсисот на филмот. Според српските медиуми Бјелогрлиќ има меѓународна актерска екипа. Главните улоги ќе ги толкуваат: Радивоје Раша Буквиќ и Предраг Мики Манојловиќ, додека француската група актери ја предводи Алексис Манети, Жереми Лахерт и Лионел Абелански. Снимањето на филмот ќе трае една година, ќе се снима на автентични локации во Србија, Словенија и Франција, а за фотографијата е задолжен младиот Иван Костиќ кој со Бјелогрлиќ ја работеше серијата „Сенки над Балканот“. Несреќата во Винча со години беше сокривана под тепих, а постојат теории дека југословенските научници таму правеле атомско оружје по налог на врвот на СФРЈ и Јосип Броз Тито.

The post Бјелогрлиќ го почна снимањето на „Верижна реакција“- филм за најголемата тајна на Југославија, несреќата во Винча appeared first on Република.

]]>