нов апарат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-aparat/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 10:57:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нов апарат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nov-aparat/ 32 32 Клиниката за пулмологија и алергологија доби нов ЕБУС апарат кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-pulmologija-i-alergologija-dobi-nov-ebus-aparat-koj-ovozmozhuva-da-se-dijagnostitsiraat-metastatski-limfni-jazli/ Mon, 22 Jan 2024 10:57:14 +0000 https://republika.mk/?p=735408

Отворен е нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Со него, како што беше кажано на денешното отворање, пациентите значително побрзо ќе бидат дијагностицирани, а со тоа и побрзо третирани.

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека дијагностичкиот центар е опремен со нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за здравство.

Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС - ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп. Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи кои ќе се вршат тука на оваа клиника, изјави Меџити.

Тој рече оти значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Апаратот за оваа намена со кој располагала Клиниката бил веќе стар и дотраен.

Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија. За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари, кажа министерот.

На отварањето на центарот присуствуваа и медицинскиот и организацискиот директор на клиниката, Дејан Докиќ и Суат Шаќиров.

The post Клиниката за пулмологија и алергологија доби нов ЕБУС апарат кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли appeared first on Република.

]]>

Отворен е нов дијагностички центар на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Со него, како што беше кажано на денешното отворање, пациентите значително побрзо ќе бидат дијагностицирани, а со тоа и побрзо третирани. Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека дијагностичкиот центар е опремен со нова медицинска опрема во вредност од 16 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за здравство.
Опремата се состои од столб со бронхоскоп со соодветен монитор, процесор и извор на светло, како и ЕБУС - ендобронхијален ултразвук со бронхоскоп. Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи кои ќе се вршат тука на оваа клиника, изјави Меџити.
Тој рече оти значајно е што е обезбеден ЕБУС апаратот кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли. Апаратот за оваа намена со кој располагала Клиниката бил веќе стар и дотраен.
Новиот дијагностички центар е опремен и со дигитален РТГ апарат и апарат за компјутерска томографија. За адаптација на овој простор се извршени реконструктивни зафати во вредност од 10 милиони денари, кажа министерот.
На отварањето на центарот присуствуваа и медицинскиот и организацискиот директор на клиниката, Дејан Докиќ и Суат Шаќиров.

The post Клиниката за пулмологија и алергологија доби нов ЕБУС апарат кој овозможува да се дијагностицираат метастатски лимфни јазли appeared first on Република.

]]>
Клиниката за радиологија доби нов дигитален рентген апарат за снимање деца и апарати за рана дијагностика на рак на дојка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/klinikata-za-radiologija-dobi-nov-digitalen-rentgen-aparat-za-snimane-detsa-i-aparati-za-rana-dijagnostika-na-rak-na-dojka/ Mon, 15 Jan 2024 11:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=733221

Институтот за радиологија доби нов дигитален рентген РТГ апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца.

Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Тој рече дека ваков сличен апарат имаше и претходно, на кој, во просек, се работеле околу 3.000 прегледи за најмладата популација, до 14 години.

Установата, исто така, доби и мамомат со томографија и стереотаксична биопсија, како и ехо апарат со еластографија, кои се важни за рана дијагностика на рак на дојка, истакна министерот.

The post Клиниката за радиологија доби нов дигитален рентген апарат за снимање деца и апарати за рана дијагностика на рак на дојка appeared first on Република.

]]>

Институтот за радиологија доби нов дигитален рентген РТГ апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца. Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот е неопходен за најмладите пациенти и посебно важен за дијагностиката, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.
Тој рече дека ваков сличен апарат имаше и претходно, на кој, во просек, се работеле околу 3.000 прегледи за најмладата популација, до 14 години.
Установата, исто така, доби и мамомат со томографија и стереотаксична биопсија, како и ехо апарат со еластографија, кои се важни за рана дијагностика на рак на дојка, истакна министерот.
 
The post Клиниката за радиологија доби нов дигитален рентген апарат за снимање деца и апарати за рана дијагностика на рак на дојка appeared first on Република.

]]>
ГОБ „8 Септември“ доби нов апарат за оперирање на тумори на нос и синуси, кој е како џи-пи-ес https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/gob-8-septemvri-dobi-nov-aparat-za-operirane-na-tumori-na-nos-i-sinusi-koj-e-kako-dhi-pi-es/ Thu, 28 Dec 2023 13:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=727502

Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје доби нова медицинска опрема, која се презентира денеска. Станува збор за апарат - систем за навигација на Одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот.

Апаратот, како што беше појаснето на настанот, е во вредност од 12 милиони денари.

- Новиот апарат е како џи-пи-ес, со него можеме попрецизно да оперираме патолошки процеси и тумори на нос и синуси кои се граничат со витални структури како на пример мозок, очи, како и значајно да бидат намалени можните компликации. Со овој апарат веќе нема да има потреба пациенти да се испраќаат во странство за лекување, како што било досега во одредени случаи, подвлече за МИА доктор Ана Тримоска - Радевска.

На презентацијата на новата медицинска опрема, присутен е и министерот за здравство Фатмир Меџити.

The post ГОБ „8 Септември“ доби нов апарат за оперирање на тумори на нос и синуси, кој е како џи-пи-ес appeared first on Република.

]]>

Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје доби нова медицинска опрема, која се презентира денеска. Станува збор за апарат - систем за навигација на Одделот за оториноларингологија и база на череп, кој е прв ваков апарат во нашата држава и пошироко во регионот. Апаратот, како што беше појаснето на настанот, е во вредност од 12 милиони денари.
- Новиот апарат е како џи-пи-ес, со него можеме попрецизно да оперираме патолошки процеси и тумори на нос и синуси кои се граничат со витални структури како на пример мозок, очи, како и значајно да бидат намалени можните компликации. Со овој апарат веќе нема да има потреба пациенти да се испраќаат во странство за лекување, како што било досега во одредени случаи, подвлече за МИА доктор Ана Тримоска - Радевска.
На презентацијата на новата медицинска опрема, присутен е и министерот за здравство Фатмир Меџити.

The post ГОБ „8 Септември“ доби нов апарат за оперирање на тумори на нос и синуси, кој е како џи-пи-ес appeared first on Република.

]]>
Со новиот апарат на Клиниката за пулмологија и алергологија е можна дијагностика на болести коишто досега беа недостапни за дијагноза, рече директорот д-р Докиќ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/so-noviot-aparat-na-klinikata-za-pulmologija-i-alergologija-e-mozna-dijagnostika-na-bolesti-koishto-dosega-bea-nedostapni-za-dijagnoza-reche-direktorot-d-r-dokikj/ Wed, 13 Apr 2022 10:15:00 +0000 https://republika.mk/?p=487796

На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска е отворен компјутерски центар, односно оддел за компјутеризирана томографија.

Со овој нов апарат Филипс Инсајзив којшто има висококвалитетна рентгенска цевка што работи со ниска енергетска моќ се овозможува јонизирачкото зрачење на самите пациенти и на персоналот да се намали за 80 проценти. Овозможува брзо скенирање не само на белите дробови туку и на целото тело, околу 15 секунди, и дава висококвалитетна слика којашто ни овозможува дијагностика и на интерспецијалните и други болести коишто досега беа недостапни за дијагноза, изјави денеска медицинскиот директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија Дејан Докиќ.

Тој посочи дека ќе работат во две смени, а резултатите ќе ги даваат веќе следниот ден.

Се надеваме дека на овој начин ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на здравствените услуги од областа на компјутеризираната томографија затоа што ќе работиме во две смени и резултатите ќе ги даваме веќе следниот ден. На овој начин, пациентите ќе дојдат до побрза дијагноза и ќе се овозможи побрзо лекување, рече Докиќ.

На оваа Клиника во годината пред епидемијата, како што информира, се остварени 22.198 амбулантски прегледи и 5.060 контроли, што значи над 27.200 посети од пациенти. Од сите тие, во просек на 2.195 пациенти им се прави компјутеризирана томографија годишно.

Министерот за здравство Беким Сали додаде дека ова е донација на ЕУ преку програмата ИПА, во висина од 3,7 милиони евра како дел од програмата за брзо справување со ковид кризата.

Дел од оваа донација се и пет компјутерски томографи и три магнетни резонанци. Петте компјутерски томографи ќе бидат распредделени во општата болница во Куманово, во Прилеп, Кичево и Охрид. Ова е дел од нашиот проект кој веќе подолго време го објаснуваме дека многу е важна навремената дијагностика кај пациентите и снабдувањето со современа опрема. Ние овозможуваме рано детектирање и третирање на нашите пациенти, рече Сали.

The post Со новиот апарат на Клиниката за пулмологија и алергологија е можна дијагностика на болести коишто досега беа недостапни за дијагноза, рече директорот д-р Докиќ appeared first on Република.

]]>

На Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје денеска е отворен компјутерски центар, односно оддел за компјутеризирана томографија.
Со овој нов апарат Филипс Инсајзив којшто има висококвалитетна рентгенска цевка што работи со ниска енергетска моќ се овозможува јонизирачкото зрачење на самите пациенти и на персоналот да се намали за 80 проценти. Овозможува брзо скенирање не само на белите дробови туку и на целото тело, околу 15 секунди, и дава висококвалитетна слика којашто ни овозможува дијагностика и на интерспецијалните и други болести коишто досега беа недостапни за дијагноза, изјави денеска медицинскиот директор на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија Дејан Докиќ.
Тој посочи дека ќе работат во две смени, а резултатите ќе ги даваат веќе следниот ден.
Се надеваме дека на овој начин ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на здравствените услуги од областа на компјутеризираната томографија затоа што ќе работиме во две смени и резултатите ќе ги даваме веќе следниот ден. На овој начин, пациентите ќе дојдат до побрза дијагноза и ќе се овозможи побрзо лекување, рече Докиќ.
На оваа Клиника во годината пред епидемијата, како што информира, се остварени 22.198 амбулантски прегледи и 5.060 контроли, што значи над 27.200 посети од пациенти. Од сите тие, во просек на 2.195 пациенти им се прави компјутеризирана томографија годишно. Министерот за здравство Беким Сали додаде дека ова е донација на ЕУ преку програмата ИПА, во висина од 3,7 милиони евра како дел од програмата за брзо справување со ковид кризата.