Нотр Дам гори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/notr-dam-gori/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Sep 2023 13:22:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нотр Дам гори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/notr-dam-gori/ 32 32 Жан-Мари Дружу: Многу од сцените во „Нотр дам гори“ се снимени во студио https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zhan-mari-druzhu-mnogu-od-stsenite-vo-notr-dam-gori-se-snimeni-vo-studio/ Fri, 29 Sep 2023 13:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=686411

Кинематограферот од Франција, Жан-Мари Дружу, денеска во киното „Манаки“ во Битола одржа работилница, на која зборуваше за снимањето на филмот „Нотр Дам гори“. Дружу, кој тукушто го заврши снимањето на својот 60 филм во неговата кариера, е номининаран и наградуван за најдобра кинематографија и е поранешен претседател на француската Асоцијација на кинематографери.

Ова е филмско искуство како ниедно друго. Вистинска приказна за мажите и жените кои го спасија Нотр Дам“, се вели во трејлерот за филмот, кој го видоа присутните во публиката во киното „Манаки“.

На 15 април 2019 година, катедралата Нотр Дам во Париз ја зафати голем пожар, со што ја доживеа најголемата катастрофа во својата историја. И мажи и жени ги ставија своите животи во ризик за да го спасат ова многу важно историско обележје.

Сценариото за филмот е пишувано за време на пандемијата. Тогш започнавме и со препродукцискиот процес. За потребите на филмот беше изработена и пластична макета. Моравме убаво да објасниме што е целта и како сакаме да се одвива приказната во филмот. Снимавме во катедралите Бурж и Сенс, заради сличноста со Нотр Дам“, рече Дружу.

Откако режисерот Жан Жак Анауд му го дал сценариото, Дружу вели дека во него имало бројче за секоја сцена која треба да биде снимена.

Многу од сцените кога гори оганот се снимени во студио. Кога започнува Нотр Дам да гори, многу е темно. Снимав ноќе затоа што можев точно да го контролирам светлото коешто го употребував. Сите останати сцени се во дневно време снимени, а само кога катедралата гори, се снимени ноќе, рече кинематограферот.

Прикажувајќи видеа од тоа како течело снимањето на филмот, Дружу кажа дека два месеци пред снимањето, се правеле тестови за да се види како ќе изгледа пожарот.

Многу денови поминавме во студио тестирајќи оган. Многу пожар тестови направивме. И со пожарникарите поминавме многу време додека го објасниме целиот процес. Ова беше прилично предизвикувачка работа“, додаде кинематограферот.

Пред снимањето на филмот биле потребни девет месеци за целата сценографија и снимањето на филмот. Освен во катедралата Бурж, се снимало и во катедралата Сенс, како и во студио.
Во април 2020 година, режисерот на филмот Жан Жак Анауд соопштил дека сака да направи филм за пожарот во катедралата. Снимаето започнало во 2021 година во март. Катедралата Бурж била користена поради нејзината сличност со Нотр Дам. Екипата потоа почнала да снима во студиото во Cité du Cinéma. Во филмот има сцени снмени во Версај, како и во катедралата во Амиен, чиј врв и одредени делови од зградата се слични на оние на Нотр-Дам.

The post Жан-Мари Дружу: Многу од сцените во „Нотр дам гори“ се снимени во студио appeared first on Република.

]]>

Кинематограферот од Франција, Жан-Мари Дружу, денеска во киното „Манаки“ во Битола одржа работилница, на која зборуваше за снимањето на филмот „Нотр Дам гори“. Дружу, кој тукушто го заврши снимањето на својот 60 филм во неговата кариера, е номининаран и наградуван за најдобра кинематографија и е поранешен претседател на француската Асоцијација на кинематографери.
Ова е филмско искуство како ниедно друго. Вистинска приказна за мажите и жените кои го спасија Нотр Дам“, се вели во трејлерот за филмот, кој го видоа присутните во публиката во киното „Манаки“.
На 15 април 2019 година, катедралата Нотр Дам во Париз ја зафати голем пожар, со што ја доживеа најголемата катастрофа во својата историја. И мажи и жени ги ставија своите животи во ризик за да го спасат ова многу важно историско обележје.
Сценариото за филмот е пишувано за време на пандемијата. Тогш започнавме и со препродукцискиот процес. За потребите на филмот беше изработена и пластична макета. Моравме убаво да објасниме што е целта и како сакаме да се одвива приказната во филмот. Снимавме во катедралите Бурж и Сенс, заради сличноста со Нотр Дам“, рече Дружу.
Откако режисерот Жан Жак Анауд му го дал сценариото, Дружу вели дека во него имало бројче за секоја сцена која треба да биде снимена.
Многу од сцените кога гори оганот се снимени во студио. Кога започнува Нотр Дам да гори, многу е темно. Снимав ноќе затоа што можев точно да го контролирам светлото коешто го употребував. Сите останати сцени се во дневно време снимени, а само кога катедралата гори, се снимени ноќе, рече кинематограферот.
Прикажувајќи видеа од тоа како течело снимањето на филмот, Дружу кажа дека два месеци пред снимањето, се правеле тестови за да се види како ќе изгледа пожарот.
Многу денови поминавме во студио тестирајќи оган. Многу пожар тестови направивме. И со пожарникарите поминавме многу време додека го објасниме целиот процес. Ова беше прилично предизвикувачка работа“, додаде кинематограферот.
Пред снимањето на филмот биле потребни девет месеци за целата сценографија и снимањето на филмот. Освен во катедралата Бурж, се снимало и во катедралата Сенс, како и во студио. Во април 2020 година, режисерот на филмот Жан Жак Анауд соопштил дека сака да направи филм за пожарот во катедралата. Снимаето започнало во 2021 година во март. Катедралата Бурж била користена поради нејзината сличност со Нотр Дам. Екипата потоа почнала да снима во студиото во Cité du Cinéma. Во филмот има сцени снмени во Версај, како и во катедралата во Амиен, чиј врв и одредени делови од зградата се слични на оние на Нотр-Дам.