Нотарска комора на македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/notarska-komora-na-makedonija/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Jun 2023 13:10:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нотарска комора на македонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/notarska-komora-na-makedonija/ 32 32 Нотарската комора ги демантира и не се согласува со тврдењата на австриската амбасада во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/notarskata-komora-gi-demantira-i-ne-se-soglasuva-so-tvrdenata-na-avstriskata-ambasada-vo-makedonija/ Wed, 28 Jun 2023 13:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=656072

Нотарската комора на Македонија и нејзиниот претседател Методија Ристоски ги демантира и не се согласува со тврдењата на австирската амбасада во Македонија.

Во врска со објавата и реакциите на Австриската амбасада за вклученост на нотари и злоупотреба на службената положба и овластување во трговскиот спор помеѓу македонската фирма ДЕНА ПРОДУКТ увоз извоз Велес и австриската фирма АММА импорт експорт џи-ем-би-ејџ, Нотарската комора на Република Македонија по прибирање на релеванти информации од аспект на нотарското постапување, во целост ГИ ДЕМАНТИРА и НЕ СЕ СОГЛАСУВА со изнесените реакции насочени против нотари, од следните причини:

1. Нотарите се лица со јавни овластувања доверени од државата, чија дејност се извршува во неспорни работи, што значи дека во ниеден случај нотарите не можат да бидат вклучени и да преземаат дејствија во било какви спорови, а најмалку во трговски спор.

2. Според податоците од решението за определување на привремена мерка донесено од надлежен суд, недвосмилено е дека ниеден нотар во државата не составил ниту заверил нотарска исправа со која е осуетено или повредено било какво право на австриската фирма.

3. Во конкретниот случај станува збор за недвижност, па доколку надлежен суд издал правосилна привремена мерка за обезбедување на побарување поврзано со таа недвижност, истата судот по службена должност треба да ја спроведе со доставување до Агенцијата за катастар на недвижности заради прибележување во јавните книги во кои се запишуваат правата на недвижностите, како и до соодветните регистри во кои се запишуваат права на подвижни предмети, до носителите на платен промет и до Централен депозитар за хартии од вредност.

Нотарот би сторил повреда и може да се повикува на одговорност само доколку спротивно на запишаната забрана за располагање дозволи склучување на правно дело во форма на нотарска исправа (нотарски акт или солемнизација на приватна исправа), а која ќе се однесува на недвижноста за која постои забрана.

Фактот што нотар издал правосилно и извршно решение за нотарски платен налог, нема никаква поврзаност со недвижноста и со забраната за нејзино отуѓување, од причини што ,,Нотарски платен налог’’ претставува решение на нотарот со кое, врз основа на веродостојна исправа, му се налага на должникот да исплати некое доспеано парично побарување. Нотарскиот платен налог е инструмент за вонсудско намирување на парични побарувањата и тој му овозможува на доверителот, по правосилност и извршност на истото, доколку доброволно не биде исполнето, да побара присилна наплата преку надлежен извршител. Што значи, станува збор за постапка која се води за доспеани парични побарувања и е сосема различна и независна од постапката за составување на нотарска исправа за недвижен и друг имот.

Оттука, реакциите не може да имаат правно релевантно значење од аспект на законитоста во постапувањето на нотари. Одговорноста за располагање со имот или права спротивно на изречена забрана или ограничување, со одлука на судот кое не е запишано во јавна книга или регистар е на страна на лицето кое постапило спротивно на забраната или ограничувањето и истото е од значење за правната валидност на склученото правно дело, за што е предвидена и правна заштита во соодветна постапка. Но, доколку Австриската амбасада има потреба од дополнителни појаснувања, Нотарската комора на Република Македонија и стои на располагање за било какви информации и консултации во врска со постапувањето на нотари во конкретниот случај.

4. Еден од основните постулати на кои се темели нотарската служба, а кој нотарите го манифестираат во вршење на службата, е ЗАКОНИТОСТА која се огледа во: законски определени надлежности и овластувања на нотарот, почитување на законските процедури и постапки при спроведување на нотарските дејствија, законитоста на нотарските исправи и заверки кои ги сочинуваат нотарите во рамки на нотарската служба, несомнено утврдување на идентитетот на учесниците и релевантните факти за правните дела, должност на нотарот да одбие преземање на нотарско дејствие доколку утврди незаконитост во правното дело или пак во постапката, одговорност на нотарот за законитоста на постапувањето, одговорност за евентуална штета која ќе произлезе од некое нотарско дејствие, под услови пропишани со закон.

Врзаноста на нотарското работење за Уставот и законите и другите прописи е императив за државата, во која владеењето на правото е уставна темелна вредност, особено за остварување на правата, слободите и интересите на граѓаните и другите субјекти во постапките пред нотар.

 

The post Нотарската комора ги демантира и не се согласува со тврдењата на австриската амбасада во Македонија appeared first on Република.

]]>

Нотарската комора на Македонија и нејзиниот претседател Методија Ристоски ги демантира и не се согласува со тврдењата на австирската амбасада во Македонија. Во врска со објавата и реакциите на Австриската амбасада за вклученост на нотари и злоупотреба на службената положба и овластување во трговскиот спор помеѓу македонската фирма ДЕНА ПРОДУКТ увоз извоз Велес и австриската фирма АММА импорт експорт џи-ем-би-ејџ, Нотарската комора на Република Македонија по прибирање на релеванти информации од аспект на нотарското постапување, во целост ГИ ДЕМАНТИРА и НЕ СЕ СОГЛАСУВА со изнесените реакции насочени против нотари, од следните причини: 1. Нотарите се лица со јавни овластувања доверени од државата, чија дејност се извршува во неспорни работи, што значи дека во ниеден случај нотарите не можат да бидат вклучени и да преземаат дејствија во било какви спорови, а најмалку во трговски спор. 2. Според податоците од решението за определување на привремена мерка донесено од надлежен суд, недвосмилено е дека ниеден нотар во државата не составил ниту заверил нотарска исправа со која е осуетено или повредено било какво право на австриската фирма. 3. Во конкретниот случај станува збор за недвижност, па доколку надлежен суд издал правосилна привремена мерка за обезбедување на побарување поврзано со таа недвижност, истата судот по службена должност треба да ја спроведе со доставување до Агенцијата за катастар на недвижности заради прибележување во јавните книги во кои се запишуваат правата на недвижностите, како и до соодветните регистри во кои се запишуваат права на подвижни предмети, до носителите на платен промет и до Централен депозитар за хартии од вредност. Нотарот би сторил повреда и може да се повикува на одговорност само доколку спротивно на запишаната забрана за располагање дозволи склучување на правно дело во форма на нотарска исправа (нотарски акт или солемнизација на приватна исправа), а која ќе се однесува на недвижноста за која постои забрана. Фактот што нотар издал правосилно и извршно решение за нотарски платен налог, нема никаква поврзаност со недвижноста и со забраната за нејзино отуѓување, од причини што ,,Нотарски платен налог’’ претставува решение на нотарот со кое, врз основа на веродостојна исправа, му се налага на должникот да исплати некое доспеано парично побарување. Нотарскиот платен налог е инструмент за вонсудско намирување на парични побарувањата и тој му овозможува на доверителот, по правосилност и извршност на истото, доколку доброволно не биде исполнето, да побара присилна наплата преку надлежен извршител. Што значи, станува збор за постапка која се води за доспеани парични побарувања и е сосема различна и независна од постапката за составување на нотарска исправа за недвижен и друг имот. Оттука, реакциите не може да имаат правно релевантно значење од аспект на законитоста во постапувањето на нотари. Одговорноста за располагање со имот или права спротивно на изречена забрана или ограничување, со одлука на судот кое не е запишано во јавна книга или регистар е на страна на лицето кое постапило спротивно на забраната или ограничувањето и истото е од значење за правната валидност на склученото правно дело, за што е предвидена и правна заштита во соодветна постапка. Но, доколку Австриската амбасада има потреба од дополнителни појаснувања, Нотарската комора на Република Македонија и стои на располагање за било какви информации и консултации во врска со постапувањето на нотари во конкретниот случај. 4. Еден од основните постулати на кои се темели нотарската служба, а кој нотарите го манифестираат во вршење на службата, е ЗАКОНИТОСТА која се огледа во: законски определени надлежности и овластувања на нотарот, почитување на законските процедури и постапки при спроведување на нотарските дејствија, законитоста на нотарските исправи и заверки кои ги сочинуваат нотарите во рамки на нотарската служба, несомнено утврдување на идентитетот на учесниците и релевантните факти за правните дела, должност на нотарот да одбие преземање на нотарско дејствие доколку утврди незаконитост во правното дело или пак во постапката, одговорност на нотарот за законитоста на постапувањето, одговорност за евентуална штета која ќе произлезе од некое нотарско дејствие, под услови пропишани со закон. Врзаноста на нотарското работење за Уставот и законите и другите прописи е императив за државата, во која владеењето на правото е уставна темелна вредност, особено за остварување на правата, слободите и интересите на граѓаните и другите субјекти во постапките пред нотар.  

The post Нотарската комора ги демантира и не се согласува со тврдењата на австриската амбасада во Македонија appeared first on Република.

]]>