носители на листи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nositeli-na-listi/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Mar 2024 12:50:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png носители на листи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nositeli-na-listi/ 32 32 Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска носители на листите за пратеници на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-spasovski-lukarevska-filipche-mitreski-i-petrovska-nositeli-na-listite-za-pratenitsi-na-sdsm/ Sat, 23 Mar 2024 12:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=757763

СДСМ денеска одржува седници на Централниот и на Извршниот комитет, а попладнево ќе одржи конгрес на кој ќе биде донесена одлука за листите за пратеници за парламентарните избори 2024 на 8 мај.

Носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП. во Втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката  Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири.

На 28. Конгрес на партијата што започнува во 18 часот треба да се донесе конечна одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори, а пред делегатите ќе биде презентирана и програмата за претстојните избори. Во отворениот дел на Конгресот ќе се обрати лидерот на партијата Димитар Ковачевски, по што следува работниот дел, кој е затворен за јавноста.

Пред состаноците на највисоките тела на партијата Ковачевски денеска за ТВ 24 повтори дека тоа ќе биде победничката листа на изборите. Потпретседателката Лукаревска, пак, рече дека при креирањето на листите се внимавало на секој сегмент и дека СДСМ има најдобра кадровска понуда.

The post Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска носители на листите за пратеници на СДСМ appeared first on Република.

]]>

СДСМ денеска одржува седници на Централниот и на Извршниот комитет, а попладнево ќе одржи конгрес на кој ќе биде донесена одлука за листите за пратеници за парламентарните избори 2024 на 8 мај. Носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП. во Втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката  Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири. На 28. Конгрес на партијата што започнува во 18 часот треба да се донесе конечна одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори, а пред делегатите ќе биде презентирана и програмата за претстојните избори. Во отворениот дел на Конгресот ќе се обрати лидерот на партијата Димитар Ковачевски, по што следува работниот дел, кој е затворен за јавноста. Пред состаноците на највисоките тела на партијата Ковачевски денеска за ТВ 24 повтори дека тоа ќе биде победничката листа на изборите. Потпретседателката Лукаревска, пак, рече дека при креирањето на листите се внимавало на секој сегмент и дека СДСМ има најдобра кадровска понуда.

The post Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска носители на листите за пратеници на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Засега само Лукаревска потврдена како носител на листа на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/zasega-samo-lukarevska-potvrdena-kako-nositel-na-lista-na-sdsm/ Thu, 21 Mar 2024 12:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=756997

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ни денеска, два дена пред партискиот конгрес, не ги откри имињата на носителите на листите за парламентарните избори. Само потврди дека Сања Лукаревска сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но не кажа во која.

Во однос на информациите во јавноста дека наводно Лукаревска е преместена во третата изборна единица, а во втората се враќа Оливер Спасовски, Ковачевски децидно кажа дека „никој никаде не е преместен“.

Никој никаде не е преместен. Сите наши видни членови вршат функции кои имаат државно значење. Лукаревска е заменик претседател на партијата и директор на УЈП, исклучително чесно и одговорно ја извршуваше својата работа во текот на мандатот и тоа многу јасно се гледа од анкетите и таа сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но во која, тоа ќе оставиме да одлучат раководството на партијата, Централниот и Извршниот одбор, а на крајот, секако, и Конгресот. Состаноците ќе бидат во сабота, прво ќе се одржи состанок на ИО, потоа седница на ЦО, а во попладневните часови ќе почне и Конгресот. Ова е статутарна процедура, не е првпат, туку вака се одвива изборот на кандидати за пратеници и носители на пратенички листи од првите избори. Убеден сум дека делегатите на конгресот ќе ги изберат најдобрите кандидати кои на достоен начин ќе го претставуваат и СДСМ и нашата проевропска коалиција, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања откако засади дрвце во Капиштец, во рамки на акцијата на Општина Центар по повод Денот на пролетта.

На прашањето кои се неговите предлози и во кого тој, како лидер на партијата, гледа носители, Ковачевски рече дека нема да одговори.

Ова е прашање кое нема да ви го одговорам зашто и кога се работеше за претседателски кандидат на државата, се држев до етичкиот аспект и до статутарните одредби на СДСМ, бидејќи финалниот збор го даваат органите на партијата, а не само еден човек. Како што беше со претседателскиот кандидат Пендаровски кој едногласно беше утврден со гласање на конгресот, исто ќе биде и за носителите и на кандидатите за пратенички листи, рече Ковачевски.

Во врска со анкетата на МРТВ, според која ВМРО-ДПМНЕ има многу поголемо водство на СДСМ, Ковачевски оцени дека се прави од институт близок до ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што се случува таму наликува точно на она што се случуваше до 2016 година. За тие анекти ќе ви кажам дека на исти луѓе им се јавуваат и на мобилен и на фиксен телефон, и така ги добиваат резултатите. За тоа дека се работи за лажни анкети најдобро потврдува денот на собирањето на потписите за претседателски кандидати, кога ВМРО-ДПМНЕ и таму очекуваше да има пет пати повеќе потписи, за на крај ние да собереме над 22 000 потписи. Тие објавија дека собрале повеќе, но на крај, се испостави дека нивниот претседателски кандидат ќе биде кандидиран само со потписи на пратениците што очигледно потврдува дека и тие потписи не биле толку колку што биле објавени или имало некој друг инженеринг околу нивното собирање, рече Ковачевски.

Прашан дали израелскиот експерт Асаф Еисин е консултант на СДСМ, дали тој ќе ја води кампањата, колку чинат неговите услуги и од кои пари ќе бидат платени, Ковачевски одговори дека нема таков консултант.

Немам таков консултант, јас имам консултант кој се вика Александар. Мојата кампања, како и до сега, ја извршува шефот за комуникации на СДСМ, Александар, веројатно сите го знаете. Видеата на социјалните медиуми ги работат наши сограѓанки. Ниту Александар е Израелец, ниту овие девојки се Израелки. Мојата кампања и на претседателскиот кандидат Пендаровски ја работат баш тие луѓе. Не знам што точно одговориле од Кабинетот на Пендаровски, но ви кажувам кој ги работи моите кампањи и кој комуницира со сите вас. Не знам што точно сте го прашале и што точно одговорил, потенцира Ковачевски.

Пред изјавата за медиумите, лидерот на СДСМ засади дрвце. Осврнувајќи се на акцијата за зазеленување на Општина Центар, оцени дека Скопје е во запуштена состојба.

-Скопје е запуштено, како да нема градоначалник и Совет. Среќен сум што во мојот мандат екологијата беше високо на агендата, посебно од аспект на обновливите извори на енергија, истакна Ковачевски.

The post Засега само Лукаревска потврдена како носител на листа на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ни денеска, два дена пред партискиот конгрес, не ги откри имињата на носителите на листите за парламентарните избори. Само потврди дека Сања Лукаревска сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но не кажа во која. Во однос на информациите во јавноста дека наводно Лукаревска е преместена во третата изборна единица, а во втората се враќа Оливер Спасовски, Ковачевски децидно кажа дека „никој никаде не е преместен“.
Никој никаде не е преместен. Сите наши видни членови вршат функции кои имаат државно значење. Лукаревска е заменик претседател на партијата и директор на УЈП, исклучително чесно и одговорно ја извршуваше својата работа во текот на мандатот и тоа многу јасно се гледа од анкетите и таа сигурно ќе биде носител на листа во една од изборните единици, но во која, тоа ќе оставиме да одлучат раководството на партијата, Централниот и Извршниот одбор, а на крајот, секако, и Конгресот. Состаноците ќе бидат во сабота, прво ќе се одржи состанок на ИО, потоа седница на ЦО, а во попладневните часови ќе почне и Конгресот. Ова е статутарна процедура, не е првпат, туку вака се одвива изборот на кандидати за пратеници и носители на пратенички листи од првите избори. Убеден сум дека делегатите на конгресот ќе ги изберат најдобрите кандидати кои на достоен начин ќе го претставуваат и СДСМ и нашата проевропска коалиција, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања откако засади дрвце во Капиштец, во рамки на акцијата на Општина Центар по повод Денот на пролетта.
На прашањето кои се неговите предлози и во кого тој, како лидер на партијата, гледа носители, Ковачевски рече дека нема да одговори.
Ова е прашање кое нема да ви го одговорам зашто и кога се работеше за претседателски кандидат на државата, се држев до етичкиот аспект и до статутарните одредби на СДСМ, бидејќи финалниот збор го даваат органите на партијата, а не само еден човек. Како што беше со претседателскиот кандидат Пендаровски кој едногласно беше утврден со гласање на конгресот, исто ќе биде и за носителите и на кандидатите за пратенички листи, рече Ковачевски.
Во врска со анкетата на МРТВ, според која ВМРО-ДПМНЕ има многу поголемо водство на СДСМ, Ковачевски оцени дека се прави од институт близок до ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа што се случува таму наликува точно на она што се случуваше до 2016 година. За тие анекти ќе ви кажам дека на исти луѓе им се јавуваат и на мобилен и на фиксен телефон, и така ги добиваат резултатите. За тоа дека се работи за лажни анкети најдобро потврдува денот на собирањето на потписите за претседателски кандидати, кога ВМРО-ДПМНЕ и таму очекуваше да има пет пати повеќе потписи, за на крај ние да собереме над 22 000 потписи. Тие објавија дека собрале повеќе, но на крај, се испостави дека нивниот претседателски кандидат ќе биде кандидиран само со потписи на пратениците што очигледно потврдува дека и тие потписи не биле толку колку што биле објавени или имало некој друг инженеринг околу нивното собирање, рече Ковачевски.
Прашан дали израелскиот експерт Асаф Еисин е консултант на СДСМ, дали тој ќе ја води кампањата, колку чинат неговите услуги и од кои пари ќе бидат платени, Ковачевски одговори дека нема таков консултант.
Немам таков консултант, јас имам консултант кој се вика Александар. Мојата кампања, како и до сега, ја извршува шефот за комуникации на СДСМ, Александар, веројатно сите го знаете. Видеата на социјалните медиуми ги работат наши сограѓанки. Ниту Александар е Израелец, ниту овие девојки се Израелки. Мојата кампања и на претседателскиот кандидат Пендаровски ја работат баш тие луѓе. Не знам што точно одговориле од Кабинетот на Пендаровски, но ви кажувам кој ги работи моите кампањи и кој комуницира со сите вас. Не знам што точно сте го прашале и што точно одговорил, потенцира Ковачевски.
  Пред изјавата за медиумите, лидерот на СДСМ засади дрвце. Осврнувајќи се на акцијата за зазеленување на Општина Центар, оцени дека Скопје е во запуштена состојба. -Скопје е запуштено, како да нема градоначалник и Совет. Среќен сум што во мојот мандат екологијата беше високо на агендата, посебно од аспект на обновливите извори на енергија, истакна Ковачевски.

The post Засега само Лукаревска потврдена како носител на листа на СДСМ appeared first on Република.

]]>
СДСМ во сабота на конгрес ќе одлучува за носителите на листи и за кандидатите за пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-vo-sabota-na-kongres-ke-odluchuva-za-nositelite-na-listi-i-za-kandidatite-za-pratenitsi/ Tue, 19 Mar 2024 09:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=756242

СДСМ во сабота (23 март) на Конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и носителите на листи.

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев синоќа во гостување на ТВ 24 изјави дека при одлучувањето ќе се води сметка за рејтингот, кредибилитетот и реномето на личностите, а секако ќе се внимава и на родовата и регионалната застапеност.

Ние имаме јасна визија за иднината на државата и отворено ја кажуваме. Ние донесовме тешки одлуки, но тие одлуки беа за повисока цел. Благодарение на тоа нашата држава сега е рамноправна членка на НАТО, а ние не се плашиме да кажеме дека нашата идеја е членство во Европската Унија. За разлика од Мицкоски кој вели дека ни за 100 години нема да влеземе во ЕУ, ние сакаме Македонија да стане дел од тоа друштво кое носи повисоки плати и пензии, подобро здравство, поквалитетно образование, рече Богоев.

The post СДСМ во сабота на конгрес ќе одлучува за носителите на листи и за кандидатите за пратеници appeared first on Република.

]]>

СДСМ во сабота (23 март) на Конгрес ќе одлучува за кандидатите за пратеници и носителите на листи. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев синоќа во гостување на ТВ 24 изјави дека при одлучувањето ќе се води сметка за рејтингот, кредибилитетот и реномето на личностите, а секако ќе се внимава и на родовата и регионалната застапеност.