носија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nosija/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Sep 2024 08:02:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png носија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nosija/ 32 32 Бугарија ги претставува македонските носии како свои, бугарски https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-gi-pretstavuva-makedonskite-nosii-kako-svoi-bugarski/ Tue, 24 Sep 2024 07:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=819096

Најубавата автентична празнична носија на Бугарија се наоѓа во Разлог. Сопственост е на Светла Бонкова, која ги освои наградите во конкуренција на Меѓународниот фестивал на народни носии во Жеравна, објави сајтот „пиринско“.

Наградите не прават многу горди што во најбугарското време на саканиот фестивал со илјадници учесници, облечени во народни носии и чекор назад век и половина, се издвојува убавината што се расплетува - велат организаторите на фестивалот.

The post Бугарија ги претставува македонските носии како свои, бугарски appeared first on Република.

]]>

Во Пустец промоција на македонски национални носии од Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-pustets-promotsija-na-makedonski-natsionalni-nosii-od-prespa/ Fri, 13 Sep 2024 15:49:52 +0000 https://republika.mk/?p=816128

Македонското друштво „Сонце“ продолжува со промоција на проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа Преспа“, реализиран со поддршка од Комитетот за национални малцинства при албанската влада. Претседателот на друштвото Васил Стерјовски и претставничката на Македонците во комитетот Марјана Костофски денеска беа во Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, каде учениците и професорите на училиштето ги запознаа со носиите, како и со двојазичната брошура на албански и македонски јазик за народните носии на Преспа.

-И јас потекнувам од нашата убава Преспа, која освен со природните убавини и богатства, културно - исторски споменици, позната е по богато изработени народни носии. Народната носија е еден од најважните елементи на нашиот културен идентитет и во себе ја носи историјата на цели генерации. Преку овој проект, целта е не само да ги зачуваме овие традиции, туку и да ги пренесеме на идните генерации, правејќи ги горди на своето македонско потекло и култура, рече меѓу другото Костофски.

Стерјовски, кој е автор на двојазичната брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, меѓу другото рече дека со „гордост го претставуваат ова достигнување за нашиот, македонски идентитет“.

-Народните носии од Преспа се значаен дел од секојдневниот и празничниот живот на Македонците, од свадби и крштевки до големи верски и национални празници. Секој вез, секој мотив, секој детал од овие носии носи приказна, ја раскажува историјата на нашите предци и ја чува меморијата на генерации кои го живееле и го зачувале ова богато културно наследство за иднината. Со дистрибуција на брошурата за македонските народни носии од Преспа, со опис и фотографии, наша цел да ја едуцираме и информираме јавноста за историјата и културното значење на традиционалната македонска носија во областа Преспа, но и да служи како вредна ресурсна информација за учениците, истражувачите и заинтересираните за македонската култура, истакна Стерјовски.

На настанот присуствуваа и се обратија и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, отец Алексо Темелко, од парохијата во Пустец, како и Ефтим Митревски, уредник на весникот „Преспа“ кои искажаа благодарност, како што рекоа, за оваа активност чија цел е зачувување на еден важен сегмент од македонското културно наследство, истакнувајќи ја убавината на народната носија што ја придружува македонската заедница од генерација на генерација.

Промоција на македонските народни носии од Преспа, беше одржана во Корча, на 7 септември, во рамки на активностите за одбележување на 8 септември - Денот на независноста.

The post Во Пустец промоција на македонски национални носии од Преспа appeared first on Република.

]]>

Македонското друштво „Сонце“ продолжува со промоција на проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа Преспа“, реализиран со поддршка од Комитетот за национални малцинства при албанската влада. Претседателот на друштвото Васил Стерјовски и претставничката на Македонците во комитетот Марјана Костофски денеска беа во Гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, каде учениците и професорите на училиштето ги запознаа со носиите, како и со двојазичната брошура на албански и македонски јазик за народните носии на Преспа. -И јас потекнувам од нашата убава Преспа, која освен со природните убавини и богатства, културно - исторски споменици, позната е по богато изработени народни носии. Народната носија е еден од најважните елементи на нашиот културен идентитет и во себе ја носи историјата на цели генерации. Преку овој проект, целта е не само да ги зачуваме овие традиции, туку и да ги пренесеме на идните генерации, правејќи ги горди на своето македонско потекло и култура, рече меѓу другото Костофски. Стерјовски, кој е автор на двојазичната брошура, на македонски и албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, меѓу другото рече дека со „гордост го претставуваат ова достигнување за нашиот, македонски идентитет“. -Народните носии од Преспа се значаен дел од секојдневниот и празничниот живот на Македонците, од свадби и крштевки до големи верски и национални празници. Секој вез, секој мотив, секој детал од овие носии носи приказна, ја раскажува историјата на нашите предци и ја чува меморијата на генерации кои го живееле и го зачувале ова богато културно наследство за иднината. Со дистрибуција на брошурата за македонските народни носии од Преспа, со опис и фотографии, наша цел да ја едуцираме и информираме јавноста за историјата и културното значење на традиционалната македонска носија во областа Преспа, но и да служи како вредна ресурсна информација за учениците, истражувачите и заинтересираните за македонската култура, истакна Стерјовски. На настанот присуствуваа и се обратија и градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, отец Алексо Темелко, од парохијата во Пустец, како и Ефтим Митревски, уредник на весникот „Преспа“ кои искажаа благодарност, како што рекоа, за оваа активност чија цел е зачувување на еден важен сегмент од македонското културно наследство, истакнувајќи ја убавината на народната носија што ја придружува македонската заедница од генерација на генерација. Промоција на македонските народни носии од Преспа, беше одржана во Корча, на 7 септември, во рамки на активностите за одбележување на 8 септември - Денот на независноста.

The post Во Пустец промоција на македонски национални носии од Преспа appeared first on Република.

]]>
Токиската опера ѕвезда, Казухиро Котецу доби на подарок оригинална македонска носија: Оваа носија ќе ме потсетува што значи симбол на благодарност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tokiskata-opera-zvezda-kazuhiro-kotetsu-dobi-na-podarok-originalna-makedonska-nosija-ovaa-nosija-ke-me-potsetuva-shto-znachi-simbol-na-blagodarnost/ Fri, 13 Oct 2023 08:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=690756

Пред една деценија, битолската културна сцена беше сведок на едно ново пријателство и поврзаност кога Казухиро Котецу, оперски пејач од насамблот на Операта во Токио, за првпат настапи во Македонија со 10-тина оперски пејачи. Од таа првична средба со Македонија, Котецу стана влијателен амбасадор на македонската музика, култура и вина, преку Твитер платформата и неговиот личен профил.

Поранешниот директор на Центарот за култура во Битола, Борче Димитровски, со задоволство се присети на таа иницијална посета на јапонскиот оперски првенец, по неговото повторно доаѓање деновиве на маестралниот концерт кој го одржа во рамките на фестивалот на класична музика Интерефест, каде настапи со Камерниот оркестар на Битола и ја воодушеви публиката.

Живо се сеќавам на тоа време, и на твој негов концерт од пред 10 години во Битола, бидејќи бев директор на Центарот за култура кога Г-дин Котецу првпат застана на нашата сцена. Но, тој ја немаше таа слава меѓу нас, како што тоа го има последните години, откако активно на Твитер почна да објавува содржини во кои ја изразуваше неговата љубов кон нашата земја. Со текот на годините, неговата посветеност не беше ништо помалку од инспиративна, приближувајќи ја Македонија до срцата на многумина во далечните земји. Кога ИНТЕРФЕСТ објави дека ќе му посакаат добредојде на годинешното издание, бев навистина среќен, вели Борче Димитровски познат адвокат и во моментот секретар во Општина Битола.

Но, на неколку денови пред неговото доаѓање во Битола, Котецу објави на Твитер(Х) дека бара информација каде може да купи македонска носија за себеси.

Заради мојата поврзаност со КУД Илинден, решив да разговарам со личностите кои сега го водат ова фолклорно друштво и едногласно решивме да му подариме традиционална македонска носија која е од овој регион. Ден по феноменланиот концерт на Г-дин Котецу на Интерфест, на кој тој беше дочекан како вистинска ѕвезда, за разлика од пред 10 години кога ја немаше таа слава, му приредивме убаво изненадување како битолчани. Му подаривме носија кој тој посака веднаш да ја испроба и да го прошетаме заедно Широк Сокак. Дружењето со него и подарокот кој многу му значеше е момент на неизмерна радост и за мене и за КУД Илинден, раскажува Димитровски.

КУД Илинден, фолклорно друштво меѓународно познато по зачувување на македонските традиции,со ова приреди еден срдечен гест подарувјќи му оригинална носија од Битолското Поле.
Подарокот му беше врачен на г-дин Котецу на непосредна средба во Битола, на која тој изјави

Ова не е само костим. Ова е подарок од срце, кој вечно ќе го паметам. Оваа носија ќе ме потсетува што значи симбол на благодарност

The post Токиската опера ѕвезда, Казухиро Котецу доби на подарок оригинална македонска носија: Оваа носија ќе ме потсетува што значи симбол на благодарност appeared first on Република.

]]>

Пред една деценија, битолската културна сцена беше сведок на едно ново пријателство и поврзаност кога Казухиро Котецу, оперски пејач од насамблот на Операта во Токио, за првпат настапи во Македонија со 10-тина оперски пејачи. Од таа првична средба со Македонија, Котецу стана влијателен амбасадор на македонската музика, култура и вина, преку Твитер платформата и неговиот личен профил. Поранешниот директор на Центарот за култура во Битола, Борче Димитровски, со задоволство се присети на таа иницијална посета на јапонскиот оперски првенец, по неговото повторно доаѓање деновиве на маестралниот концерт кој го одржа во рамките на фестивалот на класична музика Интерефест, каде настапи со Камерниот оркестар на Битола и ја воодушеви публиката.
Живо се сеќавам на тоа време, и на твој негов концерт од пред 10 години во Битола, бидејќи бев директор на Центарот за култура кога Г-дин Котецу првпат застана на нашата сцена. Но, тој ја немаше таа слава меѓу нас, како што тоа го има последните години, откако активно на Твитер почна да објавува содржини во кои ја изразуваше неговата љубов кон нашата земја. Со текот на годините, неговата посветеност не беше ништо помалку од инспиративна, приближувајќи ја Македонија до срцата на многумина во далечните земји. Кога ИНТЕРФЕСТ објави дека ќе му посакаат добредојде на годинешното издание, бев навистина среќен, вели Борче Димитровски познат адвокат и во моментот секретар во Општина Битола.
Но, на неколку денови пред неговото доаѓање во Битола, Котецу објави на Твитер(Х) дека бара информација каде може да купи македонска носија за себеси.
Заради мојата поврзаност со КУД Илинден, решив да разговарам со личностите кои сега го водат ова фолклорно друштво и едногласно решивме да му подариме традиционална македонска носија која е од овој регион. Ден по феноменланиот концерт на Г-дин Котецу на Интерфест, на кој тој беше дочекан како вистинска ѕвезда, за разлика од пред 10 години кога ја немаше таа слава, му приредивме убаво изненадување како битолчани. Му подаривме носија кој тој посака веднаш да ја испроба и да го прошетаме заедно Широк Сокак. Дружењето со него и подарокот кој многу му значеше е момент на неизмерна радост и за мене и за КУД Илинден, раскажува Димитровски.
КУД Илинден, фолклорно друштво меѓународно познато по зачувување на македонските традиции,со ова приреди еден срдечен гест подарувјќи му оригинална носија од Битолското Поле. Подарокот му беше врачен на г-дин Котецу на непосредна средба во Битола, на која тој изјави