носачи на авиони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nosachi-na-avioni/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Feb 2023 09:25:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png носачи на авиони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nosachi-na-avioni/ 32 32 Носачот на авиони „Џорџ Буш“ во Јадранско море https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nosachot-na-avioni-dhordh-bush-vo-jadransko-more/ Mon, 27 Feb 2023 09:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=613633

САД и НАТО сојузниците концентрирале две ударни групи на носачи на авиони во Јадранското Море, стои во податоците на Командата на 6 -та оперативна флота на САД.

Во регионот, меѓу останатите, се наоѓа и носачот на авиони „Џорџ Буш“, италијанскиот носач на авиони „Кавур“ и американскиот ракетен крстосувач, уништувач и италијанската фрегата, пристаништа „Спутник“.

Како што е наведено, заедничките операции на бродовите во Јадранот „ја покажуваат посветеноста на Алијансата на НАТО да обезбеди безбедност во регионот“.

The post Носачот на авиони „Џорџ Буш“ во Јадранско море appeared first on Република.

]]>

САД и НАТО сојузниците концентрирале две ударни групи на носачи на авиони во Јадранското Море, стои во податоците на Командата на 6 -та оперативна флота на САД. Во регионот, меѓу останатите, се наоѓа и носачот на авиони „Џорџ Буш“, италијанскиот носач на авиони „Кавур“ и американскиот ракетен крстосувач, уништувач и италијанската фрегата, пристаништа „Спутник“.
Како што е наведено, заедничките операции на бродовите во Јадранот „ја покажуваат посветеноста на Алијансата на НАТО да обезбеди безбедност во регионот“.

The post Носачот на авиони „Џорџ Буш“ во Јадранско море appeared first on Република.

]]>
Би-Би-Си: Двата кинески носачи на авиони се упатуваат кон Тајванскиот теснец https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bi-bi-si-dvata-kineski-nosachi-na-avioni-se-upatuvaat-kon-tajvanskiot-tesnec/ Wed, 03 Aug 2022 10:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=536390

Дописникот на Би-Би-Си од Тајван, Руперт Вингфилд-Хејс, наведува дека, според достапните информации, и кинеските носачи на авиони и придружните воени бродови се упатиле кон Тајванскиот теснец.

Јасно е дека по посетата на Ненси Пелоси на Тајван, Пекинг нема да се задоволи само со зборови или насочени економски санкции. Најавата за шест големи зони околу Тајван каде што од утре Кина ќе спроведува воени вежби со боева муниција има потенцијал да се претвори во сериозна криза, јавува дописникот на Би-Би-Си.

Пекинг, потсетува тој, истото го направи и во 1996 година кога ситуацијата се претвори во т.н. „Криза во тајванскиот теснец“. Но, во тоа време, зоните за воени вежби на Кина беа надвор од територијалните води на Тајван. Овој пат, три од шесте зони навлегуваат во територијалните води на Тајван. Ова е без преседан, според Вингфилд-Хејс.

Ако Кина навистина влезе во тие области со своите воени бродови или авиони, тоа технички ќе значи инвазија. Ова го зголемува влогот уште повеќе бидејќи Тајван може да се чувствува принуден да ги брани своите територијални води, анализира медиумот.

Американската морнарица внимателно го следи сето ова. Затоа американскиот носач на авиони УСС Роналд Реган со својата борбена група се наоѓа во блиското Филипинско Море. Американскиот претседател Бил Клинтон испрати две борбени групи на носачи на авиони во близина на Тајван во 1996 година за да и стави јасно до знаење на Кина дека Америка е подготвена да интервенира доколку Кина го нападне островот, пишува медиумот.

Но, воената ситуација сега е сосема поинаква од онаа во 1996 година. Имено, Кина има свои два носачи на авиони и двата, според Би-Би-Си, се на пат кон Тајванскиот теснец.

 

 

 

 

The post Би-Би-Си: Двата кинески носачи на авиони се упатуваат кон Тајванскиот теснец appeared first on Република.

]]>

Дописникот на Би-Би-Си од Тајван, Руперт Вингфилд-Хејс, наведува дека, според достапните информации, и кинеските носачи на авиони и придружните воени бродови се упатиле кон Тајванскиот теснец.
Јасно е дека по посетата на Ненси Пелоси на Тајван, Пекинг нема да се задоволи само со зборови или насочени економски санкции. Најавата за шест големи зони околу Тајван каде што од утре Кина ќе спроведува воени вежби со боева муниција има потенцијал да се претвори во сериозна криза, јавува дописникот на Би-Би-Си.
Пекинг, потсетува тој, истото го направи и во 1996 година кога ситуацијата се претвори во т.н. „Криза во тајванскиот теснец“. Но, во тоа време, зоните за воени вежби на Кина беа надвор од територијалните води на Тајван. Овој пат, три од шесте зони навлегуваат во територијалните води на Тајван. Ова е без преседан, според Вингфилд-Хејс. Ако Кина навистина влезе во тие области со своите воени бродови или авиони, тоа технички ќе значи инвазија. Ова го зголемува влогот уште повеќе бидејќи Тајван може да се чувствува принуден да ги брани своите територијални води, анализира медиумот. Американската морнарица внимателно го следи сето ова. Затоа американскиот носач на авиони УСС Роналд Реган со својата борбена група се наоѓа во блиското Филипинско Море. Американскиот претседател Бил Клинтон испрати две борбени групи на носачи на авиони во близина на Тајван во 1996 година за да и стави јасно до знаење на Кина дека Америка е подготвена да интервенира доколку Кина го нападне островот, пишува медиумот. Но, воената ситуација сега е сосема поинаква од онаа во 1996 година. Имено, Кина има свои два носачи на авиони и двата, според Би-Би-Си, се на пат кон Тајванскиот теснец.        

The post Би-Би-Си: Двата кинески носачи на авиони се упатуваат кон Тајванскиот теснец appeared first on Република.

]]>