Нормандија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/normandija/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 17:20:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нормандија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/normandija/ 32 32 За 80-годишнината од операцијата „Денот Д“ во 300 француски киносали на 6 јуни ќе се прикаже епската сага „Спасувањето на војникот Рајан“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-80-godishninata-od-operatsijata-denot-d-vo-300-frantsuski-kinosali-na-6-juni-ke-se-prikazhe-epskata-saga-spasuvaneto-na-vojnikot-rajan/ Fri, 31 May 2024 17:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=783645

Епската сага на Стивен Спилберг - „Спасувањето на војникот Рајан“ ќе биде прикажана во околу 300 француски киносали на 6 јуни - 80-годишнината од големата операција, позната како Денот Д во Втората светска војна, соопшти американското филмско студио „Парамаунт“ вчера.

Крунисан со пет „Оскари“, филмот за офанзивата нуди суров поглед кон смртоносните борби од летото 1944 година.

Инаку, ова ќе биде ограничено повторно објавување на филмската класика од 1998 година. Филмот го следи Том Хенкс како капетан Џон Милер, кој води неколку трупи низ хаосот на инвазијата на Сојузниците во северна Франција. Целта е спасување на војникот Џејмс Рајан (го глуми Мет Дејмон), чии соборци паднале во битка.

Во завршната сцена, повозрасниот Рајан го посетува гробот на Милер на американските гробишта во Нормандија. Токму таму, претседателот на САД, Џо Бајден следната недела ќе им оддаде почест на војниците кои загинаа на Денот Д.

„Спасувањето на војникот Рајан“ заработи 482 милиони долари на киноблагајните ширум светот.

The post За 80-годишнината од операцијата „Денот Д“ во 300 француски киносали на 6 јуни ќе се прикаже епската сага „Спасувањето на војникот Рајан“ appeared first on Република.

]]>

Епската сага на Стивен Спилберг - „Спасувањето на војникот Рајан“ ќе биде прикажана во околу 300 француски киносали на 6 јуни - 80-годишнината од големата операција, позната како Денот Д во Втората светска војна, соопшти американското филмско студио „Парамаунт“ вчера. Крунисан со пет „Оскари“, филмот за офанзивата нуди суров поглед кон смртоносните борби од летото 1944 година. Инаку, ова ќе биде ограничено повторно објавување на филмската класика од 1998 година. Филмот го следи Том Хенкс како капетан Џон Милер, кој води неколку трупи низ хаосот на инвазијата на Сојузниците во северна Франција. Целта е спасување на војникот Џејмс Рајан (го глуми Мет Дејмон), чии соборци паднале во битка. Во завршната сцена, повозрасниот Рајан го посетува гробот на Милер на американските гробишта во Нормандија. Токму таму, претседателот на САД, Џо Бајден следната недела ќе им оддаде почест на војниците кои загинаа на Денот Д. „Спасувањето на војникот Рајан“ заработи 482 милиони долари на киноблагајните ширум светот.

The post За 80-годишнината од операцијата „Денот Д“ во 300 француски киносали на 6 јуни ќе се прикаже епската сага „Спасувањето на војникот Рајан“ appeared first on Република.

]]>
Поради војната во Украина, Путин не е добредојден на одбележувањето на „Денот Д“ во Нормандија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poradi-vojnata-vo-ukraina-putin-ne-e-dobredojden-na-odbelezhuvaneto-na-denot-d-vo-normandija/ Wed, 17 Apr 2024 15:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=767206

Рускиот претседател Владимир Путин нема да биде поканет на комеморацијата на 80-годишнината од пристигнувањето на сојузничките трупи во Нормандија во јуни 1944 година, познат како „Денот Д“, соопштија француските организатори.

Иако тогашната советска армија не учествувала во инвазијата на Нормандија, Русите биле меѓу сојузничките воени сили во времето на таа позната битка. Меѓу нив имало и руски емигранти кои служеле во британската армија.

Поранешниот Советски Сојуз не учествуваше во истоварувањето во Нормандија, но одигра клучна улога во победата на сојузниците на Источниот фронт, на што Русите се многу горди. Милиони советски војници загинаа во битките против фашистичка Германија.

„Повеќе од две години Руската Федерација води агресивна војна против Украина, што Франција силно ја осудува“, изјавија организаторите.

„Со оглед на таквите околности, претседателот Путин нема да биде поканет да учествува на комеморацијата. Русија ќе биде поканета како претставник имајќи ја предвид важноста на улогата на руските граѓани и пожртвуваноста на советскиот народ затоа што треба да се почитува нивниот придонес во победата над фашизмот во 1945 година“, велат тие.

Во јуни, со комеморации се одбележува денот кога повеќе од 150.000 сојузнички војници пристигнаа на бреговите на Франција за заеднички да ги протераат воените сили на нацистичка Германија од Европа.

The post Поради војната во Украина, Путин не е добредојден на одбележувањето на „Денот Д“ во Нормандија appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин нема да биде поканет на комеморацијата на 80-годишнината од пристигнувањето на сојузничките трупи во Нормандија во јуни 1944 година, познат како „Денот Д“, соопштија француските организатори. Иако тогашната советска армија не учествувала во инвазијата на Нормандија, Русите биле меѓу сојузничките воени сили во времето на таа позната битка. Меѓу нив имало и руски емигранти кои служеле во британската армија. Поранешниот Советски Сојуз не учествуваше во истоварувањето во Нормандија, но одигра клучна улога во победата на сојузниците на Источниот фронт, на што Русите се многу горди. Милиони советски војници загинаа во битките против фашистичка Германија. „Повеќе од две години Руската Федерација води агресивна војна против Украина, што Франција силно ја осудува“, изјавија организаторите. „Со оглед на таквите околности, претседателот Путин нема да биде поканет да учествува на комеморацијата. Русија ќе биде поканета како претставник имајќи ја предвид важноста на улогата на руските граѓани и пожртвуваноста на советскиот народ затоа што треба да се почитува нивниот придонес во победата над фашизмот во 1945 година“, велат тие. Во јуни, со комеморации се одбележува денот кога повеќе од 150.000 сојузнички војници пристигнаа на бреговите на Франција за заеднички да ги протераат воените сили на нацистичка Германија од Европа.

The post Поради војната во Украина, Путин не е добредојден на одбележувањето на „Денот Д“ во Нормандија appeared first on Република.

]]>
Во Нормандија одадена почит на Македонците кои загинаа во Првата светска војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-normandija-odadena-pochit-na-makedoncite-koi-zaginaa-vo-prvata-svetska-vojna/ Fri, 11 Nov 2022 14:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=572816

Со положување венец пред споменикот на паднатите жртви, денеска во гратчето Коломбел, во францускиот регион Нормандија, традиционално беше оддадена почит на Македонците кои во редовите на Француската армија загинаа во виорот на Првата светска војна.

Една од алките на француско-македонското пријателство се токму овие млади Македонци кои биле мобилизирани во француската војска и загинале под француско знаме во текот на Првата светска војна„, подвлече градоначалникот на гратчето Коломбел Марк Потје кој заедно со другите етнички заедници во Паркот на мирот во овој град се поклонија пред споменикот на жртвите.

Како што информираат од македонската заедница, годинава нивен претставник е Смиле Петровски кој положи венец од име на здруженијата „Илинден 1903″ и „Заборавени Македонци”.

Петровски ја истакна важноста на спомен-обележјето во Паркот на мирот во Коломбел каде се овековечени, имињата на 33 Македонци кои загинале на страната на француската армија во Првата светска војна и овој споменик е единствен во Европа кој им оддава почит на Македонците учесници во таа војна.

 На 11. ноември Франција на државно ниво го одбележува денот кога беше означено примирјето и победата на сојузниците над Германија во Првата светска војна. Примирјето стапи во сила во Париз и овој историски датум е познат под називот „во 11 часот на 11-от ден од 11-от месец” во 1918 година, кој ден се смета за капитулација на Германија во Првата светска војна.

Иницијативата за подигнување на спомен-обележје во Нормандија беше покрената во 2017 година во пресрет на одбележувањето на 100 години од крајот на Првата светска војна и учество зедоа општината Коломбел од Франција, општината Штајнхајм ам Албух од Германија, општините од кантонот Карнака од Република Нигер и Општина Новаци од Македонија.

Спомен-обележјето со имињата на загинатите војници во виорот на Првата светска војна се наоѓа во Паркот на мирот во гратчето Коломбел во Нормандија и испишано е на француски, германски и македонски јазик – официјалните јазици на земјите учеснички во проектот. Проектот почива врз европските принципи и вредности и не ја велича само победничката страна (Франција), туку оддава почит кон сите жртви кои неволно биле инволвирани во воениот конфликт и затоа тука е вклучена и Германија како страна која ја загубила војната, наведуваат од македонската заедница. 

The post Во Нормандија одадена почит на Македонците кои загинаа во Првата светска војна appeared first on Република.