Нора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nora/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 11:01:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nora/ 32 32 Индивидуалната слобода не треба да се зема здраво за готово, туку треба постојано да се бориме за неа, вели режисерката на „Нора“ Нела Витошевиќ која гостува вечерва во Драмски на РУТА https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/individualnata-sloboda-ne-treba-da-se-zema-zdravo-za-gotovo-tuku-treba-postojano-da-se-borime-za-nea-veli-rezhiserkata-na-nora-nela-vitoshevik-koja-gostuva-vecherva-vo-dramski-na-ruta/ Thu, 05 Oct 2023 11:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=688126

Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа, вели Нела Витошевиќ, која ја режираше претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во изведба на Местно гледалиште Љубљана (МГЛ).

„Нора“ вечерва во 20 часот во Драмски театар гостува на Фестивал РУТА. Ова е второ гостување на МГЛ во Македонија, по она на Охридско лето.

Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.

Имав прекрасна соработка со МГЛ, со целиот тим, премиерата беше во почеток на март и оттогаш е одиграна 37 пати. Првото гостување во Македонија беше на Охридско лето, каде што ја одигравме пред преполна сала. Среќна сум дека гостуваме во мојот град, во Скопје и во Драмски, театар со кој често соработувам, вели Витошевиќ.

„Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг.

'Нора' е првиот феминистички текст на Ибзен напишан во 19 век. Главната хероина е симбол на женскиот отпор и женската слобода. Тоа е моја тема, тоа се прашања кои сакам да ги отворам и да ги обработувам. Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа. Психолошките процеси кои што една индивидуа ги поминува за да дојде до неа, е нешто што остава голем белег, нешто што општеството, во колективното несвесно го влече понатаму како бреме. И после век и пол ние гледаме дека жената сè уште се стигматизира и дека жената која што ги остава децата е секогаш постигматизирана од мажот, а тоа е и аналитички докажано, објаснува Витошевиќ и додава:

Во социјален, економски, културлошки контекст, во однос на отворање на женските прашања ние мислиме дека сме напреднале, но за многу работи мислам дека сме се вратиле назад за неколку чекори и затоа овој текст напишан во 19-от век е крајно актуелен. Ние се обидовме да направиме еден спој на класично и современо и сите ликови да ги прочитаме преку денешна призма, односно да видиме кои се тие ликови денес, вели Витошевиќ.

Во драматуршка смисла во „Нора“ на Витошевиќ е направно осовременување на текстот. Како што кажа режисерката, има некои исфрелни делови, а нешто е додадно. Целата приказна е преку нејзината нарација, од нејзина дистанца, од моментот кога го напушта мажот и децата и се сеќава на целиот настан.

„Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен. При праизведбата во 1879 година, во Кралскиот театар во Копенхаген, Нора предизвикала невиден скандал. Во пиесата, авторот критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот.

Драматургот Петра Погоревц кажа дека таа и Витошевиќ се обиделе „Нора“ да ја направат да биде интересна и за денешната публика. Два месеци работеле на текстот пред да почнат со пробите за претставата.

Среќна сум дека различни генерации жени, но и мажи во Словенија многу добро ја прифатија претставата. „Нора“ е и дел од матурската задача во Словенија и многу млади ја видоа претставата. Прекрасно беше да ги гледаш и да ги слушаш младите како почнуваат да размислуваат за одност меѓу мажот и жената, за тоа што значи семејство, човечките права. Многу ми е драго што оваа претства има одлична комуникација со публиката, рече Погоревац.

Сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек.

Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.

The post Индивидуалната слобода не треба да се зема здраво за готово, туку треба постојано да се бориме за неа, вели режисерката на „Нора“ Нела Витошевиќ која гостува вечерва во Драмски на РУТА appeared first on Република.

]]>

Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа, вели Нела Витошевиќ, која ја режираше претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во изведба на Местно гледалиште Љубљана (МГЛ). „Нора“ вечерва во 20 часот во Драмски театар гостува на Фестивал РУТА. Ова е второ гостување на МГЛ во Македонија, по она на Охридско лето. Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.
Имав прекрасна соработка со МГЛ, со целиот тим, премиерата беше во почеток на март и оттогаш е одиграна 37 пати. Првото гостување во Македонија беше на Охридско лето, каде што ја одигравме пред преполна сала. Среќна сум дека гостуваме во мојот град, во Скопје и во Драмски, театар со кој често соработувам, вели Витошевиќ.
„Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг. 'Нора' е првиот феминистички текст на Ибзен напишан во 19 век. Главната хероина е симбол на женскиот отпор и женската слобода. Тоа е моја тема, тоа се прашања кои сакам да ги отворам и да ги обработувам. Ни беше важно да зборуваме за индивидуалната слобода, за тоа дека таа не може да се зема здраво за готово, а во современ контекст е нешто што треба константно да се освојува, да се бориме за неа. Психолошките процеси кои што една индивидуа ги поминува за да дојде до неа, е нешто што остава голем белег, нешто што општеството, во колективното несвесно го влече понатаму како бреме. И после век и пол ние гледаме дека жената сè уште се стигматизира и дека жената која што ги остава децата е секогаш постигматизирана од мажот, а тоа е и аналитички докажано, објаснува Витошевиќ и додава:
Во социјален, економски, културлошки контекст, во однос на отворање на женските прашања ние мислиме дека сме напреднале, но за многу работи мислам дека сме се вратиле назад за неколку чекори и затоа овој текст напишан во 19-от век е крајно актуелен. Ние се обидовме да направиме еден спој на класично и современо и сите ликови да ги прочитаме преку денешна призма, односно да видиме кои се тие ликови денес, вели Витошевиќ.
Во драматуршка смисла во „Нора“ на Витошевиќ е направно осовременување на текстот. Како што кажа режисерката, има некои исфрелни делови, а нешто е додадно. Целата приказна е преку нејзината нарација, од нејзина дистанца, од моментот кога го напушта мажот и децата и се сеќава на целиот настан. „Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен. При праизведбата во 1879 година, во Кралскиот театар во Копенхаген, Нора предизвикала невиден скандал. Во пиесата, авторот критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот. Драматургот Петра Погоревц кажа дека таа и Витошевиќ се обиделе „Нора“ да ја направат да биде интересна и за денешната публика. Два месеци работеле на текстот пред да почнат со пробите за претставата.
Среќна сум дека различни генерации жени, но и мажи во Словенија многу добро ја прифатија претставата. „Нора“ е и дел од матурската задача во Словенија и многу млади ја видоа претставата. Прекрасно беше да ги гледаш и да ги слушаш младите како почнуваат да размислуваат за одност меѓу мажот и жената, за тоа што значи семејство, човечките права. Многу ми е драго што оваа претства има одлична комуникација со публиката, рече Погоревац.
Сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Обезбеден е превод на македонски јазик.

The post Индивидуалната слобода не треба да се зема здраво за готово, туку треба постојано да се бориме за неа, вели режисерката на „Нора“ Нела Витошевиќ која гостува вечерва во Драмски на РУТА appeared first on Република.

]]>
Словенечка „Нора“ на Нела Витошевиќ вечерва на РУТА во Драмски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slovenechka-nora-na-nela-vitoshevik-vecherva-na-ruta-vo-dramski/ Thu, 05 Oct 2023 08:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=688053

Претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен на македонската режисерка Нела Витошевиќ, на Местно гледалиште Љубљана, Словенија вечерва во 20 часот ќе гостува на фестивалот РУТА во Драмскиот театар во Скопје. Премиерно, „Нора“ беше изведна на 3 март годинава.

Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча.

Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е обезбеден превод на македонски јазик.

„Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг.

 

The post Словенечка „Нора“ на Нела Витошевиќ вечерва на РУТА во Драмски appeared first on Република.

]]>

Претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен на македонската режисерка Нела Витошевиќ, на Местно гледалиште Љубљана, Словенија вечерва во 20 часот ќе гостува на фестивалот РУТА во Драмскиот театар во Скопје. Премиерно, „Нора“ беше изведна на 3 март годинава. Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е обезбеден превод на македонски јазик. „Нора“ е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг.  

The post Словенечка „Нора“ на Нела Витошевиќ вечерва на РУТА во Драмски appeared first on Република.

]]>
„Нора“ во режија на Нела Витошевиќ вечерва на Охридско лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nora-vo-rezhija-na-nela-vitoshevik-vecherva-na-ohridsko-leto/ Fri, 18 Aug 2023 07:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=673205

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва во 21 часот ќе биде изведена претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ, на Градски театар Љубљана од Словенија. Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика.

Нора е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг.

„Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен. При праизведбата во 1879 година, во Кралскиот театар во Копенхаген, Нора предизвикала невиден скандал. Во пиесата, авторот критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот.

Нела Витошевиќ (1984) е една од најистакнатите претставници на помладата генерација македонски театарски творци. Во 2007 година дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на ширум познатиот режисер Слободан Унковски, каде што и магистрирала во 2014 година. Досега, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ и на Меѓународниот фестивал МОТ има добиено 15 награди. Од 2017 година е вработена во Македонскиот народен театар во Скопје како режисерка. Има режирано околу 30 претстави на различни македонски сцени, од класични дела, современи пиеси како и сценски адаптации на филмски сценарија и кратка проза.

Во 2020 година, со својата независна група Wonderland Theater, на Интернет ја постави претставата „Илузии“ од современиот руски писател Иван Вирипаев, а во 2021 година, во копродукција со Драмскиот театар од Скопје, го создаде проектот „Работи за кои не зборуваме“, чиј текст е создаден врз основа на одѕивот од анонимниот конкурс преку кој луѓето споделуваа приказни за своите интимни трауми.

 

The post „Нора“ во режија на Нела Витошевиќ вечерва на Охридско лето appeared first on Република.

]]>

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечерва во 21 часот ќе биде изведена претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен во режија на Нела Витошевиќ, на Градски театар Љубљана од Словенија. Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда Смрекар, Матеј Пуц, Јернеј Гашперин, Нина Раковец и Јуриј Древеншек. Претставата трае два часа без пауза и е наменета за целата публика. Нора е приказна за навидум среќно мажена мајка на три деца. Нејзиното семејство, по долги години откажувања, ужива удобен живот, затоа што нејзиниот сопруг Торвалд Хелмер добива работа како директор на банка. Сè би било во совршен ред доколку Нора не ја прогонува непромислениот чин што го направила во минатото од љубов кон својот сопруг. „Нора“ или „Домот на куклата“ е едно од најпознатите и најчесто изведувани дела на норвешкиот драматург Хенрик Ибзен. При праизведбата во 1879 година, во Кралскиот театар во Копенхаген, Нора предизвикала невиден скандал. Во пиесата, авторот критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере ослободување од подреденоста во бракот. Нела Витошевиќ (1984) е една од најистакнатите претставници на помладата генерација македонски театарски творци. Во 2007 година дипломирала театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на ширум познатиот режисер Слободан Унковски, каде што и магистрирала во 2014 година. Досега, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ и на Меѓународниот фестивал МОТ има добиено 15 награди. Од 2017 година е вработена во Македонскиот народен театар во Скопје како режисерка. Има режирано околу 30 претстави на различни македонски сцени, од класични дела, современи пиеси како и сценски адаптации на филмски сценарија и кратка проза. Во 2020 година, со својата независна група Wonderland Theater, на Интернет ја постави претставата „Илузии“ од современиот руски писател Иван Вирипаев, а во 2021 година, во копродукција со Драмскиот театар од Скопје, го создаде проектот „Работи за кои не зборуваме“, чиј текст е создаден врз основа на одѕивот од анонимниот конкурс преку кој луѓето споделуваа приказни за своите интимни трауми.  

The post „Нора“ во режија на Нела Витошевиќ вечерва на Охридско лето appeared first on Република.

]]>