Нонет + Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nonet/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Nov 2022 08:19:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нонет + Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nonet/ 32 32 Концерт на камерниот ансамбл „Нонет +“ во фоајето на Национална опера и балет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-kamerniot-ansambl-nonet-vo-foajeto-na-nacionalna-opera-i-balet/ Wed, 30 Nov 2022 08:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=579897

Во фоајето на Националната опера и балет вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржат „Нонет +“ под раководство на диригентот Ангел Спироски. Концертот е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

„Нонет +“ е камерен ансамбл основан од Музичка младина на Македонија во 2019 година под раководство на диригентот и композитор Ангел Спироски.

Овој ансамбл составен од млади музичари е единствен од ваков вид во земјата, а негова цел е камерното музицирање да стане неизоставен дел од репертоарот на младите уметници.

Камерниот ансамбл изведува композиции од сите музички епохи со посебен акцент на современата музика.

Ансамблот „Нонет +“ има настапувано неколку пати во Скопје и Софија, Бугарија во организација на Културниот центар на Македонија во Софија.

Годинава покрај настапот на „Подиум на млади“ на фестивалот „Охридско лето“, ансамблот на млади музичари ќе настапува низ неколку градови во земјата.

The post Концерт на камерниот ансамбл „Нонет +“ во фоајето на Национална опера и балет appeared first on Република.

]]>

Во фоајето на Националната опера и балет вечерва во 20.30 часот концерт ќе одржат „Нонет +“ под раководство на диригентот Ангел Спироски. Концертот е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“. „Нонет +“ е камерен ансамбл основан од Музичка младина на Македонија во 2019 година под раководство на диригентот и композитор Ангел Спироски. Овој ансамбл составен од млади музичари е единствен од ваков вид во земјата, а негова цел е камерното музицирање да стане неизоставен дел од репертоарот на младите уметници. Камерниот ансамбл изведува композиции од сите музички епохи со посебен акцент на современата музика. Ансамблот „Нонет +“ има настапувано неколку пати во Скопје и Софија, Бугарија во организација на Културниот центар на Македонија во Софија. Годинава покрај настапот на „Подиум на млади“ на фестивалот „Охридско лето“, ансамблот на млади музичари ќе настапува низ неколку градови во земјата.

The post Концерт на камерниот ансамбл „Нонет +“ во фоајето на Национална опера и балет appeared first on Република.

]]>