нон-пејпер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/non-pejper/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 14:29:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нон-пејпер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/non-pejper/ 32 32 Австрија го презентира на Србија нон-пејперот за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avstrija-go-prezentira-na-srbija-non-pejperot-za-proshiruvanjeto-na-eu-kon-zapaden-balkan/ Mon, 13 Jun 2022 14:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=514622

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград разговараше со австрискиот министер за европски и меѓународни прашања, Александар Шаленберг за билатералната и економската соработка, европската интеграција на Србија, геополитичките прашања и мирот и стабилноста на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Шаленберг му го претстави на Вучиќ нон-пејперот кој Австрија неодамна го проследи до земјите-членки на ЕУ со желба да го направи процесот на проширување на ЕУ многу поопиплив, но и да создаде можност земјите-кандидатки постепено да се интегрираат во политиките на Европската Унија, со што се смета дека сите ќе имаат корист - се наведува во соопштението на прес службата на српскиот претседател.

Претходно Шаленберг на прес конференцијата со шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ кажа повеќе во врска со австрискиот нон пејпер.

Нашиот предлог е земјите од регионот чекор по чекор од една област во друга, без разлика дали е енергетика, сообраќај или нешто друго, да ги третираме како полноправни членки. Европската перспектива не е еднонасочна улица. Се соочуваме со радикален потрес на нашиот безбедносен систем во Европа. Никој не може да се надева дека ќе биде само посматрач од страна - истакна Шаленберг.

Тој објасни дека предлогот на таа земја претставен во „нон-пејперот“ нема никаква врска со војната во Украина, туку се работи за добро познатиот став на Австрија, дека европската перспектива на земјите кандидати мора да биде поконкретна.

Важно е да се нагласи една работа, идејата што ја презентиравме во „нон-пејперот“, тој австриски предлог нема никаква врска со рускиот напад врз Украина. Тоа се идеи што делумно ги изнесувам долго време - порача Шаленберг.

Како што појасни тој, станува збор за идејата наместо да се размислува „во шаблони“, што подразбира дека постои целосен пристап, а пред тоа преговори, додека помеѓу постои само економски простор, не може да се продолжи исклучиво со тоа.

Шаленберг изјави дека процесот на евроинтеграции е премногу бирократски и мора да се најде начин луѓето во ЕУ, но и во земјите кандидати да имаат чувство дека членството во Унијата е нешто за што сериозно се размислува и дека веќе има конкретни резултати.

Се работи на тоа да се започне дебата. Австрија е толку тесно поврзана со регионот што наш суштински, личен и геостратешки интерес е овој регион да се развива во насока на просперитет. А тоа ќе биде можно само во ЕУ - порача Шаленберг.

The post Австрија го презентира на Србија нон-пејперот за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград разговараше со австрискиот министер за европски и меѓународни прашања, Александар Шаленберг за билатералната и економската соработка, европската интеграција на Србија, геополитичките прашања и мирот и стабилноста на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.
Шаленберг му го претстави на Вучиќ нон-пејперот кој Австрија неодамна го проследи до земјите-членки на ЕУ со желба да го направи процесот на проширување на ЕУ многу поопиплив, но и да создаде можност земјите-кандидатки постепено да се интегрираат во политиките на Европската Унија, со што се смета дека сите ќе имаат корист - се наведува во соопштението на прес службата на српскиот претседател.
Претходно Шаленберг на прес конференцијата со шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ кажа повеќе во врска со австрискиот нон пејпер.
Нашиот предлог е земјите од регионот чекор по чекор од една област во друга, без разлика дали е енергетика, сообраќај или нешто друго, да ги третираме како полноправни членки. Европската перспектива не е еднонасочна улица. Се соочуваме со радикален потрес на нашиот безбедносен систем во Европа. Никој не може да се надева дека ќе биде само посматрач од страна - истакна Шаленберг.
Тој објасни дека предлогот на таа земја претставен во „нон-пејперот“ нема никаква врска со војната во Украина, туку се работи за добро познатиот став на Австрија, дека европската перспектива на земјите кандидати мора да биде поконкретна.
Важно е да се нагласи една работа, идејата што ја презентиравме во „нон-пејперот“, тој австриски предлог нема никаква врска со рускиот напад врз Украина. Тоа се идеи што делумно ги изнесувам долго време - порача Шаленберг.
Како што појасни тој, станува збор за идејата наместо да се размислува „во шаблони“, што подразбира дека постои целосен пристап, а пред тоа преговори, додека помеѓу постои само економски простор, не може да се продолжи исклучиво со тоа. Шаленберг изјави дека процесот на евроинтеграции е премногу бирократски и мора да се најде начин луѓето во ЕУ, но и во земјите кандидати да имаат чувство дека членството во Унијата е нешто за што сериозно се размислува и дека веќе има конкретни резултати.
Се работи на тоа да се започне дебата. Австрија е толку тесно поврзана со регионот што наш суштински, личен и геостратешки интерес е овој регион да се развива во насока на просперитет. А тоа ќе биде можно само во ЕУ - порача Шаленберг.

The post Австрија го презентира на Србија нон-пејперот за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан appeared first on Република.

]]>
Предлогот на Макрон за „втора лига“ ЕУ станува реалност: Балканот ќе се намамува со фондови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/predlogot-na-makron-za-vtora-liga-eu-stanuva-realnost-balkanot-kje-se-namamuva-so-fondovi/ Mon, 06 Jun 2022 18:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=511909

Австрија испрати нон-пејпер за дискусија пред Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи на 23 јуни во Брисел.

- Треба да размислуваме надвор од постоечкото значење на проширување и соседство и да користиме потенцијали кои досега не сме ги искористиле. На патот кон полноправно членство мораме да создадеме можности за интеграција на овие земји во политичката арена, кои носат конкретни придобивки за земјата и нејзините граѓани.Ние сакаме и ни требаат земјите од Западен Балкан со нас. Тие се клучни партнери и интегрални членови на европското семејство, затоа треба да го преиспитаме нашиот пристап кон проширувањето и соседската политика. Проширувањето не е само бирократска процедура, туку најмоќниот геостратешки инструмент – се наведува во документот.

„Процесот предизвика фрустрација“

Австрија во својот документ наведува дека процесот на проширување досега не донел реални резултати и предизвикал фрустрација во регионот.

Затоа, Австрија предлага постепена интеграција и заеднички пазар на ЕУ, вклучувајќи слобода на движење на стоки, услуги, укинување на царините за земјоделските производи, но и слобода на движење на работна сила, услуги и капитал.

Процесот на интеграција, според нон-пејперот, би останал заснован на заслуги и секоја земја би се оценувала врз основа на нејзината усогласеност со стандардите и реформите на ЕУ.

Фондовите како мотивација

Пристапот до фондовите на ЕУ ќе биде мотивација за реформи и усогласување со политиките на ЕУ, рече Виена.

Документот од Виена предвидува и покана до земјите од Западен Балкан на неформални состаноци на Европскиот совет, додека другите институции на Унијата би имале статус на набљудувач.Самитот ЕУ-Западен Балкан треба да се одржува еднаш годишно.

https://republika.mk/vesti/balkan/avstrija-dostavila-non-pejper-za-postepena-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/

The post Предлогот на Макрон за „втора лига“ ЕУ станува реалност: Балканот ќе се намамува со фондови appeared first on Република.

]]>

Австрија испрати нон-пејпер за дискусија пред Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан што ќе се одржи на 23 јуни во Брисел.  
- Треба да размислуваме надвор од постоечкото значење на проширување и соседство и да користиме потенцијали кои досега не сме ги искористиле. На патот кон полноправно членство мораме да создадеме можности за интеграција на овие земји во политичката арена, кои носат конкретни придобивки за земјата и нејзините граѓани.Ние сакаме и ни требаат земјите од Западен Балкан со нас. Тие се клучни партнери и интегрални членови на европското семејство, затоа треба да го преиспитаме нашиот пристап кон проширувањето и соседската политика. Проширувањето не е само бирократска процедура, туку најмоќниот геостратешки инструмент – се наведува во документот.
  „Процесот предизвика фрустрација“ Австрија во својот документ наведува дека процесот на проширување досега не донел реални резултати и предизвикал фрустрација во регионот. Затоа, Австрија предлага постепена интеграција и заеднички пазар на ЕУ, вклучувајќи слобода на движење на стоки, услуги, укинување на царините за земјоделските производи, но и слобода на движење на работна сила, услуги и капитал. Процесот на интеграција, според нон-пејперот, би останал заснован на заслуги и секоја земја би се оценувала врз основа на нејзината усогласеност со стандардите и реформите на ЕУ.

Фондовите како мотивација

Пристапот до фондовите на ЕУ ќе биде мотивација за реформи и усогласување со политиките на ЕУ, рече Виена. Документот од Виена предвидува и покана до земјите од Западен Балкан на неформални состаноци на Европскиот совет, додека другите институции на Унијата би имале статус на набљудувач.Самитот ЕУ-Западен Балкан треба да се одржува еднаш годишно. https://republika.mk/vesti/balkan/avstrija-dostavila-non-pejper-za-postepena-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/

The post Предлогот на Макрон за „втора лига“ ЕУ станува реалност: Балканот ќе се намамува со фондови appeared first on Република.

]]>
Австрија доставила нон-пејпер за постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/avstrija-dostavila-non-pejper-za-postepena-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/ Fri, 03 Jun 2022 18:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=510808

Австрија, кон крајот на мај, до земјите членки на Европската Унија проследила таканаречен „нон пејпер“, во кој се залага за нов пристап кон државите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ“.

Како што јави Радио Слободна Европа, којашто имала увид во овој документ, во него се наведува дека Австрија смета оти кризата што настана поради руската воена операција во Украина може да предизвика колатерална штета врз стабилноста на Западен Балкан. Како последица на тоа, Австрија смета дека со тоа конфликтот би можел да се пресели на границите на ЕУ, па и во неа.

Мораме да размислуваме преку веќе постојните инструменти за проширување и соседство да го искористиме неискористениот потенцијал. На патот кон полноправно членство, треба да создадеме можност овие земји постепено да се интегрираат - се вели во документот.

Во него се наведува дека полната примена на методологијата претставува еден аспект, но, овој инструмент не дава задоволувачки и неопходни одговори на сегашната ситуација.

Сегашните процедури за проширување во последниве години не дадоа значајни резултати. Тие пред се доведоа до фрустрација и меѓусебно оттуѓување во регионот и ЕУ. Мораме да го премостиме сегашниот ќорсокак, гледајќи на сите опции со отворен ум - се подвлекува во австрискиот документ.

Во него се додава дека Австрија предлага првиот чекор да биде партнерите од Западен Балкан да бидат повикувани редовно на неформалните состаноци на Советот на ЕУ на кои се расправа за заедничките интереси. Во продожение се наведува дека Самит на ЕУ за Западен Балкан треба да се одржува секоја година и што е можно побрзо да им се одобри статус на набљудувач за земјите од регионот и другите институции на ЕУ.

Австрија во документот предлага и на земјите од Западен Балкан да им се понуди прогресивна интеграција на заедничкиот пазар, инклузија во трговските и даночните политики, како и учество во агенциите на ЕУ и заедничката климатска и енергетска политика.

The post Австрија доставила нон-пејпер за постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Австрија, кон крајот на мај, до земјите членки на Европската Унија проследила таканаречен „нон пејпер“, во кој се залага за нов пристап кон државите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ“. Како што јави Радио Слободна Европа, којашто имала увид во овој документ, во него се наведува дека Австрија смета оти кризата што настана поради руската воена операција во Украина може да предизвика колатерална штета врз стабилноста на Западен Балкан. Како последица на тоа, Австрија смета дека со тоа конфликтот би можел да се пресели на границите на ЕУ, па и во неа.
Мораме да размислуваме преку веќе постојните инструменти за проширување и соседство да го искористиме неискористениот потенцијал. На патот кон полноправно членство, треба да создадеме можност овие земји постепено да се интегрираат - се вели во документот.
Во него се наведува дека полната примена на методологијата претставува еден аспект, но, овој инструмент не дава задоволувачки и неопходни одговори на сегашната ситуација.
Сегашните процедури за проширување во последниве години не дадоа значајни резултати. Тие пред се доведоа до фрустрација и меѓусебно оттуѓување во регионот и ЕУ. Мораме да го премостиме сегашниот ќорсокак, гледајќи на сите опции со отворен ум - се подвлекува во австрискиот документ.
Во него се додава дека Австрија предлага првиот чекор да биде партнерите од Западен Балкан да бидат повикувани редовно на неформалните состаноци на Советот на ЕУ на кои се расправа за заедничките интереси. Во продожение се наведува дека Самит на ЕУ за Западен Балкан треба да се одржува секоја година и што е можно побрзо да им се одобри статус на набљудувач за земјите од регионот и другите институции на ЕУ. Австрија во документот предлага и на земјите од Западен Балкан да им се понуди прогресивна интеграција на заедничкиот пазар, инклузија во трговските и даночните политики, како и учество во агенциите на ЕУ и заедничката климатска и енергетска политика.

The post Австрија доставила нон-пејпер за постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Подготвија нон пејпер: МНР со поддршка за Украина, целта била да се спречат руските дезинформации https://arhiva3.republika.mk/vesti/podgotvija-non-pejper-mnr-so-poddrshka-za-ukraina-celta-bila-da-se-sprechat-ruskite-dezinformacii/ Mon, 07 Mar 2022 10:34:54 +0000 https://republika.mk/?p=468874

Министерството за надворешни работи на Македонија, со нон-пејпер, покренува меѓународна акција чија цел е низ контакти луѓе со луѓе да се запознае руското општество со вистинските случувања во Украина и пренесување на пораката дека „народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери“.

Документот, што го објави „360 степени“, се испраќа до земји членки на ОБСЕ, на Европската Унија, но и до други држави кои се придружија или самостојно воведоа политички и економски санкции за Русија. Иницијативата е и во функција на идното претседавање на Македонија со ОБСЕ.

Одлуката на Кремљ да води војна во Украина е во спротивност со сите основни меѓународни норми, кои го гарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на секоја држава. Народот во Русија треба да биде информиран и свесен за оваа бесмислена и неоправдана агресија, иако пропагандата на нивната Влада е во полн замав, пишува во документот.

Идејата е, како што се посочува, во услови на дезинформациска кампања на која се изложени руските граѓани, да се воспостават канали на комуникација на различни групи професионалци од Европа и пошироко со нивни колеги од Русија.

Предлагаме општествата во Европа и пошироко да бидат погласни во комуникацијата со своите колеги во Руската Федерација, со цел гласот на разумот да надвладее. Додека се осудуваат постапките на Путин, треба јасно да се каже дека народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери. Понатаму, тие треба да се соочат со вистината за нападите врз цивилните објекти – објекти за домување, училишта и болници, како и за цивилните жртви, вклучувајќи жени и деца, пишува во нон-пејперот на МНР.

Во документот се оценува дека додека обичните украински граѓани се соочуваат со ужасите на војната, обичните руски граѓани се соочуваат со кампања за дезинформирање и агресивна пропаганда од Кремљ, во обид да се оправда.

Последиците од неиспровоцираната и неоправдана воена интервенција на руската Влада во Украина, во поширок контекст, се наведува понатаму, се чувствуваат низ цела Европа и светот.  Убедени дека рускиот народ нема да се согласи со оваа агресија и кога ќе се соочи со злото, целиот свет ќе се обедини.

Во оваа насока, ние го поздравуваме гестот на истакнатите руски дејци што го кренаа гласот против војната. На Русија и на целиот свет им требаат уште вакви примери. Целта на овој ангажман е да ги убеди луѓето во Русија дека остатокот од Европа и другите не се нивни непријатели. Треба да ги здружиме нашите напори за да го запреме страдањето. Да го увериме рускиот народ дека сакаме да го вратиме мирот и да ја продолжиме нашата соработка заснована на еднаквост, слобода, правда, почитување на човековите права и пријателски односи меѓу државите, се наведува во нон-пејперот.

Во документот се поздравува и неодамна усвоената Резолуција на Генералното собрание на ОН за агресијата врз Украина, оценувајќи ја како одличен пример дека Русија е тотално изолирана во нејзиниот наратив.

На крајот, лидерите ќе си подадат рака, но цената ќе ја плати народот. Тагата на мајката е иста кога се соочува со војна и кога ги губи своите синови. Стариците ќе го чекаат својот маченички син, жената ќе го чека саканиот сопруг, а децата ќе го чекаат својот татко. И сите ќе платат иста цена, без разлика на која страна се од границата, се вели во документот од МНР.

The post Подготвија нон пејпер: МНР со поддршка за Украина, целта била да се спречат руските дезинформации appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи на Македонија, со нон-пејпер, покренува меѓународна акција чија цел е низ контакти луѓе со луѓе да се запознае руското општество со вистинските случувања во Украина и пренесување на пораката дека „народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери“. Документот, што го објави „360 степени“, се испраќа до земји членки на ОБСЕ, на Европската Унија, но и до други држави кои се придружија или самостојно воведоа политички и економски санкции за Русија. Иницијативата е и во функција на идното претседавање на Македонија со ОБСЕ.
Одлуката на Кремљ да води војна во Украина е во спротивност со сите основни меѓународни норми, кои го гарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на секоја држава. Народот во Русија треба да биде информиран и свесен за оваа бесмислена и неоправдана агресија, иако пропагандата на нивната Влада е во полн замав, пишува во документот.
Идејата е, како што се посочува, во услови на дезинформациска кампања на која се изложени руските граѓани, да се воспостават канали на комуникација на различни групи професионалци од Европа и пошироко со нивни колеги од Русија.
Предлагаме општествата во Европа и пошироко да бидат погласни во комуникацијата со своите колеги во Руската Федерација, со цел гласот на разумот да надвладее. Додека се осудуваат постапките на Путин, треба јасно да се каже дека народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери. Понатаму, тие треба да се соочат со вистината за нападите врз цивилните објекти – објекти за домување, училишта и болници, како и за цивилните жртви, вклучувајќи жени и деца, пишува во нон-пејперот на МНР.
Во документот се оценува дека додека обичните украински граѓани се соочуваат со ужасите на војната, обичните руски граѓани се соочуваат со кампања за дезинформирање и агресивна пропаганда од Кремљ, во обид да се оправда. Последиците од неиспровоцираната и неоправдана воена интервенција на руската Влада во Украина, во поширок контекст, се наведува понатаму, се чувствуваат низ цела Европа и светот.  Убедени дека рускиот народ нема да се согласи со оваа агресија и кога ќе се соочи со злото, целиот свет ќе се обедини.
Во оваа насока, ние го поздравуваме гестот на истакнатите руски дејци што го кренаа гласот против војната. На Русија и на целиот свет им требаат уште вакви примери. Целта на овој ангажман е да ги убеди луѓето во Русија дека остатокот од Европа и другите не се нивни непријатели. Треба да ги здружиме нашите напори за да го запреме страдањето. Да го увериме рускиот народ дека сакаме да го вратиме мирот и да ја продолжиме нашата соработка заснована на еднаквост, слобода, правда, почитување на човековите права и пријателски односи меѓу државите, се наведува во нон-пејперот.
Во документот се поздравува и неодамна усвоената Резолуција на Генералното собрание на ОН за агресијата врз Украина, оценувајќи ја како одличен пример дека Русија е тотално изолирана во нејзиниот наратив.
На крајот, лидерите ќе си подадат рака, но цената ќе ја плати народот. Тагата на мајката е иста кога се соочува со војна и кога ги губи своите синови. Стариците ќе го чекаат својот маченички син, жената ќе го чека саканиот сопруг, а децата ќе го чекаат својот татко. И сите ќе платат иста цена, без разлика на која страна се од границата, се вели во документот од МНР.

The post Подготвија нон пејпер: МНР со поддршка за Украина, целта била да се спречат руските дезинформации appeared first on Република.

]]>
Нон-пејпер на МНР: Рускиот народ не е виновен за бесмислената агресија, но се соочува со агресивна пропаганда од Кремљ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/non-pejper-na-mnr-ruskiot-narod-ne-e-vinoven-za-besmislenata-agresija-no-se-soochuva-so-agresivna-propaganda-od-kremlj/ Mon, 07 Mar 2022 10:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=468873

Македонското Министерството за надворешни работи со нон-пејпер, покренува меѓународна акција со цел преку контакти луѓе со луѓе да се запознае руското општество со вистинските случувања во Украина и пренесување на пораката дека „народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери“.

Како што објави „360 степени“, се испраќа до земји членки на ОБСЕ, на Европската Унија, но и до други држави кои се придружија или самостојно воведоа политички и економски санкции за Русија. Иницијативата е и во функција на идното претседавање на Македонија со ОБСЕ.

Одлуката на Кремљ да води војна во Украина е во спротивност со сите основни меѓународни норми кои го гарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на секоја држава. Народот во Русија треба да биде информиран и свесен за оваа бесмислена и неоправдана агресија, иако пропагандата на нивната Влада е во полн замав, пишува во документот.

Идејата е во услови на дезинформациска кампања на која се изложени руските граѓани, да се воспостават канали на комуникација на различни групи професионалци од Европа и пошироко со нивни колеги од Русија.

Предлагаме општествата во Европа и пошироко да бидат погласни во комуникацијата со своите колеги во Руската Федерација, со цел гласот на разумот да надвладее. Додека се осудуваат постапките на Путин, треба јасно да се каже дека народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери. Понатаму, тие треба да се соочат со вистината за нападите врз цивилните објекти – објекти за домување, училишта и болници, како и за цивилните жртви, вклучувајќи жени и деца“, пишува во нон-пејперот на МНР.

Во документот се оценува дека додека обичните украински граѓани се соочуваат со ужасите на војната, обичните руски граѓани се соочуваат со кампања за дезинформирање и агресивна пропаганда од Кремљ, во обид да се оправда. Последиците од неиспровоцираната и неоправдана воена интервенција на руската Влада во Украина, во поширок контекст, како што се наведува, се чувствуваат низ цела Европа и светот. Убедени дека рускиот народ нема да се согласи со оваа агресија и кога ќе се соочи со злото, целиот свет ќе се обедини.

Во оваа насока, ние го поздравуваме гестот на истакнатите руски дејци што го кренаа гласот против војната. На Русија и на целиот свет им требаат уште вакви примери. Целта на овој ангажман е да ги убеди луѓето во Русија дека остатокот од Европа и другите не се нивни непријатели. Треба да ги здружиме нашите напори за да го запреме страдањето. Да го увериме рускиот народ дека сакаме да го вратиме мирот и да ја продолжиме нашата соработка заснована на еднаквост, слобода, правда, почитување на човековите права и пријателски односи меѓу државите“, се наведува во нон-пејперот.

Во документот се поздравува и неодамна усвоената Резолуција на Генералното собрание на ОН за агресијата врз Украина, оценувајќи ја како одличен пример дека Русија е тотално изолирана во нејзиниот наратив.

На крајот, лидерите ќе си подадат рака, но цената ќе ја плати народот. Тагата на мајката е иста кога се соочува со војна и кога ги губи своите синови. Стариците ќе го чекаат својот маченички син, жената ќе го чека саканиот сопруг, а децата ќе го чекаат својот татко. И сите ќе платат иста цена, без разлика на која страна се од границата, се вели во документот од МНР.

The post Нон-пејпер на МНР: Рускиот народ не е виновен за бесмислената агресија, но се соочува со агресивна пропаганда од Кремљ appeared first on Република.

]]>

Македонското Министерството за надворешни работи со нон-пејпер, покренува меѓународна акција со цел преку контакти луѓе со луѓе да се запознае руското општество со вистинските случувања во Украина и пренесување на пораката дека „народот не е виновен за конфликтите предизвикани од нивните ирационални лидери“. Како што објави „360 степени“, се испраќа до земји членки на ОБСЕ, на Европската Унија, но и до други држави кои се придружија или самостојно воведоа политички и економски санкции за Русија. Иницијативата е и во функција на идното претседавање на Македонија со ОБСЕ.