ноќни вишоци струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nokjni-vishoci-struja/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Sep 2022 10:11:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ноќни вишоци струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nokjni-vishoci-struja/ 32 32 АД ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија, ги повикува субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ad-esm-i-ponatamu-prodava-nokjni-vishoci-na-energija-gi-povikuva-subjektite-na-koi-im-e-potrebna-da-se-prijavuvaat/ Wed, 07 Sep 2022 10:11:23 +0000 https://republika.mk/?p=548243

АД ЕСМ ја информира дека на отворена јавна аукција, за периодот од 7 до 11 септември, продаде 1800MWh ноќни вишоци електрична енергија од 01-07 часот по цена од 402 евра за мегаватчас, и 400MWh од 02-06 часот по цена од 362 евра за мегаватчас.

Најдобра понуда на аукцијата даде ДУФЕРКО МК. Од оваа продажба, АД ЕСМ оствари приход од 868 400 евра ( 53 580 000 денари), се наведува во соопштението од АД Електрани.

Од АД ЕСМ посочуваат дека ќе продолжат и натаму да ја нудат на продажба ноќната енергија која останува како вишок во производниот процес во ноќните часови, и тоа преку отворена, транспарентна и конкурентна постапка.

Ги повикуваме да се пријават не само трговците, туку и сите субјекти-стопански субјекти или институции, на кои им е потребна оваа енергија во тој временски период. За ови продажби ја известуваме и Стопанската комора за да ги анимира своите членки од бизнис секторот, доколку имаат потреба да ја преземат оваа енергија, велат од АД ЕСМ.

The post АД ЕСМ и понатаму продава ноќни вишоци на енергија, ги повикува субјектите на кои им е потребна да се пријавуваат appeared first on Република.

]]>

ЕСМ продава ноќни вишоци по поевтина цена од цените на берза https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-prodava-nokjni-vishoci-po-poevtina-cena-od-cenite-na-berza/ Sun, 04 Sep 2022 11:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=547317

Дуото Ковачевски ја донесе енергетска криза до состојба на ескалација, криминалот и неспособноста на дуото Ковачевски ги пљачка граѓаните и продава евтина струја произведена во Македонија на трговци кои потоа ја препродаваат за големи заработки, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа вели дека имаат нов доказ за тоа.

АД ЕЛЕМ за период за периодот од 1 до 5 август, продава ноќни вишоци по цена од 245 евра за MWh додека за истиот тој период цената на струјата на HUPX е 372 евра за MWh. Разликата односно заработка која некој трговец си ја ставил во џеб е 158.550 евра. Веќе објавивме дека преку резултатите од продажба на ЕСМ може да се види дека како купувач на струјата во повеќе периоди се јавува фирмата ДАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ која се јавува како купувач на струјата и во овој период. Она за што СДСМ немаат одговор е прашањето дали поранешен директор на агенцијата за странски директни инвестиции во периодот од 2004 до 2006 година, кадар на СДСМ е лицето кое работи во истоимената фирма што може да се види преку неговиот профил на лицето на социјалната мрежа LinkedIN каде како работно место му е наведено дека е регионален менаџер за односи? Дали вака се договара заработката за трговците која ја плаќаат граѓаните? Заклучокот од се ова е дека македонија, граѓаните и ЕЛЕМ за само 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, истакнува Митева.

Нагласува дека лажни се тврдењата на СДСМ дека обезбедуваат поголемо домашно производство на електрична енергија, а уште поголема лага е дека СДСМ помага со субвенции на сметките на струја на домашните фирми. Македонското стопанство плаќа цена на струја и до 800евра за MWh, а во исто време домаќинствата плаќаат до 50% повисоки сметки за струја, во споредба со лани.

Граѓаните се во длабока сиромаштија, а фирмите пред затворање. Сето тоа е вина на власта која наместо да помогне, овозможува профит на поединци блиски до неа.

https://youtu.be/a02j5m7zNWs

The post ЕСМ продава ноќни вишоци по поевтина цена од цените на берза appeared first on Република.

]]>

Дуото Ковачевски ја донесе енергетска криза до состојба на ескалација, криминалот и неспособноста на дуото Ковачевски ги пљачка граѓаните и продава евтина струја произведена во Македонија на трговци кои потоа ја препродаваат за големи заработки, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа вели дека имаат нов доказ за тоа.
АД ЕЛЕМ за период за периодот од 1 до 5 август, продава ноќни вишоци по цена од 245 евра за MWh додека за истиот тој период цената на струјата на HUPX е 372 евра за MWh. Разликата односно заработка која некој трговец си ја ставил во џеб е 158.550 евра. Веќе објавивме дека преку резултатите од продажба на ЕСМ може да се види дека како купувач на струјата во повеќе периоди се јавува фирмата ДАНСКЕ КОМОДИТИС ДООЕЛ која се јавува како купувач на струјата и во овој период. Она за што СДСМ немаат одговор е прашањето дали поранешен директор на агенцијата за странски директни инвестиции во периодот од 2004 до 2006 година, кадар на СДСМ е лицето кое работи во истоимената фирма што може да се види преку неговиот профил на лицето на социјалната мрежа LinkedIN каде како работно место му е наведено дека е регионален менаџер за односи? Дали вака се договара заработката за трговците која ја плаќаат граѓаните? Заклучокот од се ова е дека македонија, граѓаните и ЕЛЕМ за само 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, истакнува Митева.
Нагласува дека лажни се тврдењата на СДСМ дека обезбедуваат поголемо домашно производство на електрична енергија, а уште поголема лага е дека СДСМ помага со субвенции на сметките на струја на домашните фирми. Македонското стопанство плаќа цена на струја и до 800евра за MWh, а во исто време домаќинствата плаќаат до 50% повисоки сметки за струја, во споредба со лани. Граѓаните се во длабока сиромаштија, а фирмите пред затворање. Сето тоа е вина на власта која наместо да помогне, овозможува профит на поединци блиски до неа. https://youtu.be/a02j5m7zNWs

The post ЕСМ продава ноќни вишоци по поевтина цена од цените на берза appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: Продаваме „ноќни вишоци“ струја по цена 250 до 320 евра за мегават час https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-prodavame-nokjni-vishoci-struja-po-cena-250-do-320-evra-za-megavat-chas/ Fri, 26 Aug 2022 18:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=544550

ЕСМ продава само „ноќни вишоци“ електрична енергија, кои остануваат во периодот 2 до 7 часот и кои произлегуваат од работењето на термоелектраните во најнизок режим на одржување во текот на ноќта, до засиленото производство на почетокот на денот, се наведува во реакцијата на АД ЕСМ на прес-конференцијата на Сојузот на стопанските комори (ССК).

Цените на таа ноќна енергија се движат од 250 до 320 евра за мегават час. Ноќната енергија нема врска со базната и пиковата енергијата, чии цени достигнуваат до 700 евра, односно тоа се различни работи. Купувачи на ноќните вишоци се сите стопански субјекти кои имаат потреба од струја во текот на ноќта или трговци со струја, се наведува во реакцијата на ЕСМ.

Од компанијата посочуваат дека АД ЕСМ работи максимално, согласно моменталните капацитети и ресурси и целосно ги задоволува потребите на граѓаните и малите потрошувачи, за кои и има законска обврска.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/angeloski-na-ekonomijata-se-zakanuva-energetsko-cunami-cenata-na-strujata-da-se-ogranichi/

The post ЕСМ: Продаваме „ноќни вишоци“ струја по цена 250 до 320 евра за мегават час appeared first on Република.

]]>

ЕСМ продава само „ноќни вишоци“ електрична енергија, кои остануваат во периодот 2 до 7 часот и кои произлегуваат од работењето на термоелектраните во најнизок режим на одржување во текот на ноќта, до засиленото производство на почетокот на денот, се наведува во реакцијата на АД ЕСМ на прес-конференцијата на Сојузот на стопанските комори (ССК).
Цените на таа ноќна енергија се движат од 250 до 320 евра за мегават час. Ноќната енергија нема врска со базната и пиковата енергијата, чии цени достигнуваат до 700 евра, односно тоа се различни работи. Купувачи на ноќните вишоци се сите стопански субјекти кои имаат потреба од струја во текот на ноќта или трговци со струја, се наведува во реакцијата на ЕСМ.
Од компанијата посочуваат дека АД ЕСМ работи максимално, согласно моменталните капацитети и ресурси и целосно ги задоволува потребите на граѓаните и малите потрошувачи, за кои и има законска обврска. https://republika.mk/vesti/ekonomija/angeloski-na-ekonomijata-se-zakanuva-energetsko-cunami-cenata-na-strujata-da-se-ogranichi/