ноќна тура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nokjna-tura/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Jul 2022 12:58:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ноќна тура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nokjna-tura/ 32 32 Кустосот Бојана Јанева вечерва организира ноќна тура низ МСУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kustosot-bojana-janeva-vecherva-organizira-nokjna-tura-niz-msu/ Tue, 12 Jul 2022 12:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=527559

На 12 јули во 20 часот, кустос Бојана Јанева ќе организира ноќна тура низ МСУ – Скопје, каде посетителите покрај тоа што ќе можат да ги погледнат актуелните изложби ќе имаат и ретка можност со личен водич да посведочат на креативната работа на ексклузивните гости на Музејот, полските уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација.

Вво текот на овие две недели, полските уметници создаваа 30-тина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони… Посетителите беа добредојдени да донесат дел од овие материјали, и со тоа да придонесат во создавањето на делата.

На 14 јули во МСУ ќе биде отворена нивна изложба, токму со овие креирани дела, насловена како „Полска школа на колаж“ (Polish School of Collage), која ќе биде поставена до 25 август 2022 година.

Голем куриозитет е што дел од делата ќе ги подарат на Музејот и со тоа ќе ја збогатат вредната колекција. Со овој гест се реактуелизира донацијата на дела од светски познати автори. Улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ е од непроценливо значење. МСУ е симбол на солидарно Скопје, кога по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Обединетите нации носат резолуција во која стои дека не е важна само материјалната помош, туку и културата за подигнување на духот на настраданите. Токму таа резолуција и одлуката на светскиот конгрес на уметници во Њујорк, ги повикаа сите светски уметници да донираат свои дела за разрушеното Скопје и да се удрат темелите на новата зграда. На распишаниот конкурс, првата награда ја добива познатото архитектонско студио „Тигри“ од Полска. Владата на Полска во знак на солидарност го донира овој проект на Скопје, а денес МСУ во својата колекција помеѓу другите значајни дела, располага со над 200 уметнички донации од полски уметници (212 дела од 135 уметници). Со оглед на тоа што досегашните донации се од периодот 1964-1990 година, Жмијевски и Алтхамер ја продолжуваат низата донации со современи дела, соопштија од МСУ.

Музејот е отворен за посетители во своите редовни термини, како и досега, од вторник до сабота (10 – 17 часот) и во недела (10 – 13 часот), каде може да се погледнат актуелните поставки на музејот. А оние посетители, кои беа заинтересирани за уметничкиот тандем Жмијевски и Алтхамер, во периодот меѓу 14 и 17 часот ја имаа ретката можност да посведочат на нивниот процес на работа.

The post Кустосот Бојана Јанева вечерва организира ноќна тура низ МСУ appeared first on Република.

]]>

На 12 јули во 20 часот, кустос Бојана Јанева ќе организира ноќна тура низ МСУ – Скопје, каде посетителите покрај тоа што ќе можат да ги погледнат актуелните изложби ќе имаат и ретка можност со личен водич да посведочат на креативната работа на ексклузивните гости на Музејот, полските уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација.
Вво текот на овие две недели, полските уметници создаваа 30-тина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони… Посетителите беа добредојдени да донесат дел од овие материјали, и со тоа да придонесат во создавањето на делата. На 14 јули во МСУ ќе биде отворена нивна изложба, токму со овие креирани дела, насловена како „Полска школа на колаж“ (Polish School of Collage), која ќе биде поставена до 25 август 2022 година.
Голем куриозитет е што дел од делата ќе ги подарат на Музејот и со тоа ќе ја збогатат вредната колекција. Со овој гест се реактуелизира донацијата на дела од светски познати автори. Улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ е од непроценливо значење. МСУ е симбол на солидарно Скопје, кога по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Обединетите нации носат резолуција во која стои дека не е важна само материјалната помош, туку и културата за подигнување на духот на настраданите. Токму таа резолуција и одлуката на светскиот конгрес на уметници во Њујорк, ги повикаа сите светски уметници да донираат свои дела за разрушеното Скопје и да се удрат темелите на новата зграда. На распишаниот конкурс, првата награда ја добива познатото архитектонско студио „Тигри“ од Полска. Владата на Полска во знак на солидарност го донира овој проект на Скопје, а денес МСУ во својата колекција помеѓу другите значајни дела, располага со над 200 уметнички донации од полски уметници (212 дела од 135 уметници). Со оглед на тоа што досегашните донации се од периодот 1964-1990 година, Жмијевски и Алтхамер ја продолжуваат низата донации со современи дела, соопштија од МСУ.
Музејот е отворен за посетители во своите редовни термини, како и досега, од вторник до сабота (10 – 17 часот) и во недела (10 – 13 часот), каде може да се погледнат актуелните поставки на музејот. А оние посетители, кои беа заинтересирани за уметничкиот тандем Жмијевски и Алтхамер, во периодот меѓу 14 и 17 часот ја имаа ретката можност да посведочат на нивниот процес на работа.

The post Кустосот Бојана Јанева вечерва организира ноќна тура низ МСУ appeared first on Република.

]]>
Ноќна музејска тура во МСУ: Ретка можност да посведочите на креативната работа на светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nokjna-muzejska-tura-vo-msu-retka-moznost-da-posvedochite-na-kreativnata-rabota-na-svetski-poznatite-umetnici-artur-zmijevski-i-pavel-althamer/ Fri, 08 Jul 2022 12:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=525951

Вечерва, 20 часот, ноќна музејска тура во МСУ заедно со кустосот Бојана Јанева.

Ретка можност со личен водич да посведочите на креативната работа на нашите ексклузивни гости, светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер.

Во текот на овие две недели, полските уметници ќе создадат 30-тина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, стари фотографски книги, каталози, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони...

Добредојдени сте да донесете дел од овие материјали, и со тоа да придонесете во создавањето на делата.

Наедно, Јанева ќе ве води и нив тековните отворени изложби во МСУ.

Следната ноќна тура е на 12 јули, соопштија од МСУ.

The post Ноќна музејска тура во МСУ: Ретка можност да посведочите на креативната работа на светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер appeared first on Република.