нобелова награда за мир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nobelova-nagrada-za-mir/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Oct 2024 10:03:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нобелова награда за мир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nobelova-nagrada-za-mir/ 32 32 Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-mir-e-organizatsija-na-prezhiveanite-od-atomskite-bombardirana-na-hiroshima-i-na-nagasaki/ Fri, 11 Oct 2024 10:20:27 +0000 https://republika.mk/?p=825472

Добитник на Нобеловата награда за мир е јапонската организација преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасак „Нихон Хиданкјо“ за нејзиниот активизам против нуклеарното оружје.

„Нихон Хиданкјо“ е добитник на Нобеловата награда за мир како предупредување од разорните конфликти ширум светот, посебно на Блиски Исток, Украина и Судан.

Според претседателот на Норвешкиот комитет за нобелова награда, Јорген Ватне Фриднес со наградата „им се одава почит на сите преживеани кои, и покрај физичкото страдање и болни сеќавања, одлучија да го искористат своето искуство за да негуваат надеж и да се ангажираат за мир“.

За разлика од другите Нобелови награди што се доделуваат во Стокхолм, основачот Алфред Нобел со декрет одлучи за наградата за мир да одлучува и да ја доделува петчлениот норвешки комитет во Осло.

The post Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки appeared first on Република.

]]>

Добитник на Нобеловата награда за мир е јапонската организација преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасак „Нихон Хиданкјо“ за нејзиниот активизам против нуклеарното оружје. „Нихон Хиданкјо“ е добитник на Нобеловата награда за мир како предупредување од разорните конфликти ширум светот, посебно на Блиски Исток, Украина и Судан. Според претседателот на Норвешкиот комитет за нобелова награда, Јорген Ватне Фриднес со наградата „им се одава почит на сите преживеани кои, и покрај физичкото страдање и болни сеќавања, одлучија да го искористат своето искуство за да негуваат надеж и да се ангажираат за мир“. За разлика од другите Нобелови награди што се доделуваат во Стокхолм, основачот Алфред Нобел со декрет одлучи за наградата за мир да одлучува и да ја доделува петчлениот норвешки комитет во Осло.

The post Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки appeared first on Република.

]]>
Ќе добие ли Трамп Нобелова награда за мир? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-nominiran-za-nobelova-nagrada-za-mir-2/ Tue, 30 Jan 2024 18:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=738651

Републиканската конгресменка Клаудија Тени го номинираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Нобеловата награда за мир.

Доналд Трамп беше клучна фигура во олеснувањето на првите мировни договори на Блискиот Исток во последните 30 години“, изјави Тени за Fox News Digital.

Според неа, бирократите, професионалците од областа на надворешната политика, како и меѓународните организации со децении тврдат дека се невозможни дополнителни договори на Блискиот Исток без решение на израелско-палестинскиот конфликт, а претседателот Трамп покажа дека тоа е не е вистина.

Нобеловата награда беше признание за мировниот договор меѓу Израел и Египет во 1978 година, како и за Договорот од Осло во 1994 година, меѓутоа немаше признавање на улогата на Трамп во посредувањето во договорот меѓу Израел и четворица негови арапски соседи, чија цел беше нормализирање на економските и дипломатските односи, рече Тени.

Таа додаде дека напорите на Доналд Трамп насочени кон постигнување на Абрахамовиот договор се без преседан и остануваат непризнаени од Нобеловиот комитет.

Повеќе од кога било, бидејќи слабото лидерство на Џозеф Бајден на меѓународната сцена ја загрозува безбедноста на нашата земја, мораме да му оддадеме признание на Трамп за неговото силно лидерство и неговите напори за постигнување светски мир. Чест ми е што можам да го номинирам поранешниот претседател Трамп и нестрплива сум додека чекам тој да го добие признанието што го заслужува“, рече таа.

The post Ќе добие ли Трамп Нобелова награда за мир? appeared first on Република.

Децата на затворената иранска активистка ја примија Нобеловата награда за мир во нејзино име https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/detsata-na-zatvorenata-iranska-aktivistka-ja-primija-nobelovata-nagrada-za-mir-vo-nejzino-ime/ Mon, 11 Dec 2023 08:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=721644

Затворената иранска активист за човекови права Наргес Мохамади е наградена со Нобеловата награда на церемонијата во Градското собрание во Осло. Нејзините деца Киана и Али Рахмани ја примија наградата во име на Мохамади (51), кој останува во ирански затвор, јави ДПА.

Седумнаесет-годишните близначки го прочитале говорот на нивната мајка, кој таа го напишала во озлогласениот затвор Евин во Иран.

Ја пишувам оваа порака зад високите, студени ѕидови на затворот, напиша таа во својот говор и изрази надеж дека честа ќе помогне да се зајакне активистичкото движење во Иран кое бара права и фер третман од тврдокорната исламистичка влада во земјата. Јас сум Иранка, горда и чесна придонесувач за цивилизацијата, која моментално е под угнетување на деспотска верска влада. Јас сум затвореничка која, поднесувајќи длабоки и душечки страдања кои произлегуваат од недостатокот на слобода, еднаквост и демократија, ја препозна неопходноста од своето постоење и најде вера, наведе таа.

Норвешкиот Нобелов комитет ја удостои со наградата „за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран и нејзината борба за промовирање на човековите права и слобода за сите“.

Таа вчера на својата страница на Инстаграм, која и ја одржуваат пријатели во странство, објави дека стапила во тридневен штрајк со глад.

На денот на церемонијата на доделување на Нобеловата награда, сакам да бидам гласот на Иранците кои протестираат против неправдата и угнетувањето. Иранскиот народ на крајот ќе го надмине авторитаризмот наметнат од владата која ги загуби и легитимитетот и јавната поддршка, напиша Мохамади.

Другите добитници на Нобеловата награда за литература, медицина, физика, хемија и економија, исто така, ќе бидат одликувани денеска на посебна церемонија во Стокхолм, со која ќе претседава шведскиот крал Карл XVI Густаф.

Добитниците беа објавени во октомври и традиционално им се доделуваат наградите на годишнината од смртта на основачот на наградата Алфред Нобел, шведски хемичар кој заработи огромно богатство со својот изум на динамит.

The post Децата на затворената иранска активистка ја примија Нобеловата награда за мир во нејзино име appeared first on Република.

]]>

Затворената иранска активист за човекови права Наргес Мохамади е наградена со Нобеловата награда на церемонијата во Градското собрание во Осло. Нејзините деца Киана и Али Рахмани ја примија наградата во име на Мохамади (51), кој останува во ирански затвор, јави ДПА. Седумнаесет-годишните близначки го прочитале говорот на нивната мајка, кој таа го напишала во озлогласениот затвор Евин во Иран.
Ја пишувам оваа порака зад високите, студени ѕидови на затворот, напиша таа во својот говор и изрази надеж дека честа ќе помогне да се зајакне активистичкото движење во Иран кое бара права и фер третман од тврдокорната исламистичка влада во земјата. Јас сум Иранка, горда и чесна придонесувач за цивилизацијата, која моментално е под угнетување на деспотска верска влада. Јас сум затвореничка која, поднесувајќи длабоки и душечки страдања кои произлегуваат од недостатокот на слобода, еднаквост и демократија, ја препозна неопходноста од своето постоење и најде вера, наведе таа.
Норвешкиот Нобелов комитет ја удостои со наградата „за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран и нејзината борба за промовирање на човековите права и слобода за сите“. Таа вчера на својата страница на Инстаграм, која и ја одржуваат пријатели во странство, објави дека стапила во тридневен штрајк со глад.
На денот на церемонијата на доделување на Нобеловата награда, сакам да бидам гласот на Иранците кои протестираат против неправдата и угнетувањето. Иранскиот народ на крајот ќе го надмине авторитаризмот наметнат од владата која ги загуби и легитимитетот и јавната поддршка, напиша Мохамади.
Другите добитници на Нобеловата награда за литература, медицина, физика, хемија и економија, исто така, ќе бидат одликувани денеска на посебна церемонија во Стокхолм, со која ќе претседава шведскиот крал Карл XVI Густаф. Добитниците беа објавени во октомври и традиционално им се доделуваат наградите на годишнината од смртта на основачот на наградата Алфред Нобел, шведски хемичар кој заработи огромно богатство со својот изум на динамит.

The post Децата на затворената иранска активистка ја примија Нобеловата награда за мир во нејзино име appeared first on Република.

]]>
Добитничката на Нобеловата награда за мир отслужува 12-годишна затворска казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dobitnichkata-na-nobelovata-nagrada-za-mir-otsluzhuva-12-godishna-zatvorska-kazna/ Fri, 06 Oct 2023 12:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=688605

Иранката Наргес Мохамади, која отслужува 12-годишна затворска казна е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2023 година.

Одборот за наградата го повика Иран да ja ослободи Мохамади, еден од водечките активисти за правата на жените и за укинување на смртната казна во Иран.

Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир за 2023 година на Наргес Мохамади за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран и нејзината борба за промовирање на човековите права и слобода за сите. Наградата, исто така, им оддава признание на стотиците илјади луѓе кои протестираа против дискриминацијата и угнетувањето на жените во Иран. Само со прифаќање на еднакви права за сите светот може да постигне братство меѓу народите што (основачот на наградата) Алфред Нобел се обиде да го промовира - истакна директорката на норвешкиот Нобелов комитет Берит Реис-Андерсен.

Мохамади во моментов отслужува повеќекратни казни во затворот Евин во Техеран со вкупна должина од 12 години затвор. Неколку пати беше осудувана поради кампањата против смртната казна, а неколку пати беше и затворена во самица. Мохамади моментално отслужува казна од 10 години и 9 месеци под обвинение за дела против националната безбедност и пропаганда против државата. Таа беше осудена и на 154 удари со камшик, но оваа казна најверојатно до сега не е извршена. Нејзе и е забрането да ја напушта државата.

Таа е заменик-директорка на невладината организација Центар за заштита на човековите права, основана од Ширин Ебади, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2003 година.

Мохамади е 19-та жена што ја освоила наградата стара 122 години и прва откако Марија Реса од Филипини ја освои наградата во 2021 година заедно со Русинот Дмитри Муратов.

Нобеловата награда за мир, вредна 11 милиони шведски круни (околу 950.000 евра), ќе биде врачена во Осло на 10 декември, на годишнината од смртта на шведскиот индустријалец Нобел, кој ја основал наградата во 1895 година.

The post Добитничката на Нобеловата награда за мир отслужува 12-годишна затворска казна appeared first on Република.

]]>

Иранката Наргес Мохамади, која отслужува 12-годишна затворска казна е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2023 година. Одборот за наградата го повика Иран да ja ослободи Мохамади, еден од водечките активисти за правата на жените и за укинување на смртната казна во Иран.
Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир за 2023 година на Наргес Мохамади за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран и нејзината борба за промовирање на човековите права и слобода за сите. Наградата, исто така, им оддава признание на стотиците илјади луѓе кои протестираа против дискриминацијата и угнетувањето на жените во Иран. Само со прифаќање на еднакви права за сите светот може да постигне братство меѓу народите што (основачот на наградата) Алфред Нобел се обиде да го промовира - истакна директорката на норвешкиот Нобелов комитет Берит Реис-Андерсен.
Мохамади во моментов отслужува повеќекратни казни во затворот Евин во Техеран со вкупна должина од 12 години затвор. Неколку пати беше осудувана поради кампањата против смртната казна, а неколку пати беше и затворена во самица. Мохамади моментално отслужува казна од 10 години и 9 месеци под обвинение за дела против националната безбедност и пропаганда против државата. Таа беше осудена и на 154 удари со камшик, но оваа казна најверојатно до сега не е извршена. Нејзе и е забрането да ја напушта државата. Таа е заменик-директорка на невладината организација Центар за заштита на човековите права, основана од Ширин Ебади, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2003 година. Мохамади е 19-та жена што ја освоила наградата стара 122 години и прва откако Марија Реса од Филипини ја освои наградата во 2021 година заедно со Русинот Дмитри Муратов. Нобеловата награда за мир, вредна 11 милиони шведски круни (околу 950.000 евра), ќе биде врачена во Осло на 10 декември, на годишнината од смртта на шведскиот индустријалец Нобел, кој ја основал наградата во 1895 година.

The post Добитничката на Нобеловата награда за мир отслужува 12-годишна затворска казна appeared first on Република.

]]>
Нобеловата награда за мир има 305 кандидати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nobelovata-nagrada-za-mir-ima-305-kandidati/ Thu, 23 Feb 2023 06:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=612132

За овогодинешната Нобелова награда за мир се номинирани вкупно 305 кандидати, што е најмал број во последните четири години. Од номинациите што требаше да бидат поднесени пред крајниот рок 1 февруари, 212 се поединци, а 93 се организации, соопшти Норвешкиот Нобелов комитет во Осло.

Минатата година за престижната награда беа номинирани 343 поединци и организации.

Осум години по ред бројот на кандидати надминува 300. Досегашниот рекорд од 376 кандидати е постигнат во 2016 година“, се вели во соопштението на Комитетот.

Добитникот на наградата ќе биде соопштен на почетокот на октомври, а наградата ќе биде доделена на 10 декември, на годишнината од смртта на пронаоѓачот на динамитот Алфред Нобел (1833-1896), кој ги воспоставил наградите.

Минатата година, Нобеловата награда за мир ја поделија активисти за човекови права од Белорусија, Русија и Украина.

The post Нобеловата награда за мир има 305 кандидати appeared first on Република.

]]>

За овогодинешната Нобелова награда за мир се номинирани вкупно 305 кандидати, што е најмал број во последните четири години. Од номинациите што требаше да бидат поднесени пред крајниот рок 1 февруари, 212 се поединци, а 93 се организации, соопшти Норвешкиот Нобелов комитет во Осло. Минатата година за престижната награда беа номинирани 343 поединци и организации.
Осум години по ред бројот на кандидати надминува 300. Досегашниот рекорд од 376 кандидати е постигнат во 2016 година“, се вели во соопштението на Комитетот.
Добитникот на наградата ќе биде соопштен на почетокот на октомври, а наградата ќе биде доделена на 10 декември, на годишнината од смртта на пронаоѓачот на динамитот Алфред Нобел (1833-1896), кој ги воспоставил наградите. Минатата година, Нобеловата награда за мир ја поделија активисти за човекови права од Белорусија, Русија и Украина.

The post Нобеловата награда за мир има 305 кандидати appeared first on Република.

]]>
Белоруски, руски и украински активисти за права добитници на Нобеловата награда за мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/beloruski-ruski-i-ukrainski-aktivisti-za-prava-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-mir/ Fri, 07 Oct 2022 10:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=558298

Белорускиот активист Алес Бјалиатски, руската група за човекови права Меморијал и украинската организација Центар за граѓански слободи се добитници на Нобеловата награда за мир за 2022 година.

Како што објави нрвешкиот Нобелов комитет, тие ја заслужиле наградата за нивните напори да документираат кршење на човековите права.

The post Белоруски, руски и украински активисти за права добитници на Нобеловата награда за мир appeared first on Република.

]]>

Белорускиот активист Алес Бјалиатски, руската група за човекови права Меморијал и украинската организација Центар за граѓански слободи се добитници на Нобеловата награда за мир за 2022 година. Како што објави нрвешкиот Нобелов комитет, тие ја заслужиле наградата за нивните напори да документираат кршење на човековите права.

The post Белоруски, руски и украински активисти за права добитници на Нобеловата награда за мир appeared first on Република.

]]>