Во рамките на „Месец на Пучини“ на 23 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма во вистинска смисла на зборот, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина . Љубовта, страста, љубомората и политичките интриги се движечките драмски елементи на овој „оперски трилер“.
Гостинот од Италија, Елио Орчуоло диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов од Бугарија, сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.
Во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, Марија Јелиќ , во улогата на Каварадоси ќе настапи Дарио Ди Вјетри од Италија, во улогата на Скарпија, Maрјан Јованоски, во останатите улоги настапуваат: Борко Биџовски, Драган Ампов, Никола Стојчески, Tихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Марјан Стојановски во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Tоска е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14 јануари 1900 г. во Рим, Италија.
The post „Месец на Пучини“ во Националната опера и балет: Утре ќе се изведе „Тоска“ , реалистична опера во три чина appeared first on Република.
]]>The post „Месец на Пучини“ во Националната опера и балет: Утре ќе се изведе „Тоска“ , реалистична опера во три чина appeared first on Република.
]]>Во фоајето на Националната опера и балет вечер во 20 часот ќе се одржи ексклузивен гала настан, насловен како „Жените на Пучини“, во рамките на проектот „Месец на Пучини“.
Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од големиот италијански композитор Џакомо Пучини. На ексклузивниот гала настан ќе настапат нашите оперски солистки: Весна Ѓиновска Илкова , Сандра Митровска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Александра Лазаревска Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, со пијано придружба: Андреј Наунов, режисер на настанот е Дејан Прошев, велат од Националната опера и балет.
Во исто време, во фоајето е поставена изложба од богатата архива на Националната опера и балет, насловена како „Пучини низ историјата на МОБ“.
Како институција, имаме одговорност да ја негуваме уметноста и да ја пренесеме на идните генерации. Посветени сме да ја збогатиме културната сцена во земјата преку репертоар и настани прилагодени за сите возрасти, велат од Националната опера и балет.
Овој настан, додаваат оттаму, претставува кулминација на нашата годишна културна понуда и можност за дружење со уметниците и креативниот тим на Националната опера во извонредна атмосфера.
The post Ексклузивниот гала-настан „Жените на Пучини“ вечерва во Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>Публиката ќе има единствена можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии од големиот италијански композитор Џакомо Пучини. На ексклузивниот гала настан ќе настапат нашите оперски солистки: Весна Ѓиновска Илкова , Сандра Митровска, Павлина Новакова Георгиев, Злата Тошевска, Александра Лазаревска Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, со пијано придружба: Андреј Наунов, режисер на настанот е Дејан Прошев, велат од Националната опера и балет.Во исто време, во фоајето е поставена изложба од богатата архива на Националната опера и балет, насловена како „Пучини низ историјата на МОБ“.
Како институција, имаме одговорност да ја негуваме уметноста и да ја пренесеме на идните генерации. Посветени сме да ја збогатиме културната сцена во земјата преку репертоар и настани прилагодени за сите возрасти, велат од Националната опера и балет.Овој настан, додаваат оттаму, претставува кулминација на нашата годишна културна понуда и можност за дружење со уметниците и креативниот тим на Националната опера во извонредна атмосфера.
The post Ексклузивниот гала-настан „Жените на Пучини“ вечерва во Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>Во рамките на „Месец на Пучини“ на 16 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.
Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Микхајлидис, режијата е на Александар Текелиев од Бугарија, сценографијата на Живојин Трајановиќ, а костимографијата на Лира Грабул, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ.
Во насловната улога ќе настапи гостинката од Италија, Дарија Масиеро, во улогата на Пинкертон ќе настапи, Ѓорѓи Цуцковски, во улогата на Шарплес, Флорин Естефан од Романија, во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Олег Цуцковски, Никола Стојчески, Марко Гапо, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.
„Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене.“ Пучини точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера.
The post „Мадам Батерфлај“ на 16 ноември на сцената на Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>Во рамките на „Месец на Пучини“ на 16 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини.
Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Микхајлидис, режијата е на Александар Текелиев од Бугарија, сценографијата на Живојин Трајановиќ, а костимографијата на Лира Грабул, концерт-мајстор е Климент Тодороски, хор-мајстор: Јасмина Ѓорѓеска, Ѓургица Дашиќ.
Во насловната улога ќе настапи гостинката од Италија, Дарија Масиеро, во улогата на Пинкертон ќе настапи, Ѓорѓи Цуцковски, во улогата на Шарплес, Флорин Естефан од Романија, во останатите улоги ќе настапат: Марика Поповиќ, Дејан Стоев, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Олег Цуцковски, Никола Стојчески, Марко Гапо, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски во придружба на хорот и оркестарот на Национална опера и балет.
„Ако не сум трогнат, ако либретото не ми го допре срцето…тогаш тоа не е за мене.“ Пучини точно знаел што бара во едно оперско либрето, а фактот што приказната за деликатната јапонска „пеперутка“ длабоко го трогнала се огледува во секоја нота од партитурата на неговата славна опера.
The post „Мадам Батерфлај“ на 16 ноември на сцената на Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>На последната седница Советот на Општина Тетово донесе Предлог–одлука за формирање на Работна група за преименување на улици во општина Тетово кои веќе имаат определено име и именување на улици на кои името им е определено со работен број. Ова предизвика вознемиреност кај Сојузот на борците од НОБ и граѓани поддржувачи, бидејќи стравуваат дека во новото преименување на улиците ќе се најдат имиња на фашисти и балсити, како и на оние кои учествувале во конфликтот од 2001 година.
- Имајќи го предвид минатото поведение на локалната власт и сензитивноста на материјата, цениме дека е потребно навремено, гласно и јасно да испратиме предупредување дека за Сојузот на борците на НОАВМ, како и за граѓаните на Тетово, воопшто не е прифатливо менување на ниту едно име на улица кое носи име на партизан или деец на антифашистичката коалиција која го победи фашизмот. Исто така е целосно неприфатливо и спротивно на Уставот да се размислува за именување улици и јавни површини со имиња на фашисти и балисти, бидејќи светската историографија јасно ја утврдила нивната улога во минатото, се вели во соопштението испратено од Сојузот на борците.
Пред повеќе години локалната власт на Тетово направи промена на имињата на повеќе улици кои тогаш добија имиња на повеќе албански дејци од поблиската историја од кои дел не беа директно поврзани со Македонија. Па така плоштадот и главниот булевар, кои го носеа името „Маршал Тито“, беа заменети во плоштад и булевар „Илирија“, улицата ЈНА го доби името „Дервиш Цара“, улицата „29 ноември“ се применува во „Мехмед Паша Дерала“, и ред други имиња. Имињата на овие улици беа сменети со образложение дека потекнувале од времето на комунизмот.
За најновото преименување на улиците иницијатива дало Здружението на академици Албанци, која ја доставила до Општина Тетово во 2022 година.
- Во Тетово имаме поширок проект за именување на сите улици, но за жал овде чекаме студија која треба да ја направи Македонскиот катастар, а која сѐ уште ја немаме. И натаму, во Тетово има многу улици, кои не се регистрирани за да се именуваат, а тоа е обврска на Општината, изјави градоначалникот Касами минатата година.
За тоа дали ќе има ново преименување на улиците во Тетово, ќе зависи од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ кои се дел од Советот на Општина Тетово, бидејќи оваа одлука треба да се донесе со „бадентерово мнозинство“.
Сега во Тетово за дел улиците се користат двојни имиња, во локалната комуникација Општината ги користи новите имиња, додека во државната комуникација и во патните документи се користат старите називи.
The post Сојузот на борците од НОБ реагира на најавите за преименување улици во Тетово appeared first on Република.
]]>The post Сојузот на борците од НОБ реагира на најавите за преименување улици во Тетово appeared first on Република.
]]>Вечерва со почеток во 20часот во Националната Опера и Балет, ќе се одржи голем Велигденски концерт на ансамблот Танец, насловен „Велигден е, Ѓурѓовден е“.
Голем Велигденски концерт на ансамблот Танец, во неговата јубилејната година кога ја чествува 75-годишнината од своето основање. На концертот ќе настапи целиот ансамбл – хорот, орестарот, солистите и играорниот кор, а ќе биде изведена раскошна програма, во која централниот дел е посветен на доаѓањето на најубавиот период на годината – пролетта. Таа оваа година ексклузивно, во исто време, ни носи два големи празника – Ѓурѓовден и Велигден.
Оваа вечер, публиката ќе ужива во многу вокални и вокално-инструментални точки, меѓу кои традиционалните напеви „Утре е Света Недела“, „Ѓурѓово лето, пролето“, „Моме оди низ ливада“, во „Старото Велигденско оро“, но и во живописните кореографски постановки „Ѓурѓовден“, прилепските „Мечкарски игри“, „Тресеница“, „Свадба“, како и во премиерата на новата кореографија „У Ливаду“, на авторите Јовица Блажевски и Сашко Митев. Целиот концерт ќе биде мултимедијално вообличен, така што на публиката ќе и овозможи незаборавно аудио-визуелно уживање.
The post Голем Велигденски концерт на ансамблот Танец appeared first on Република.
]]>The post Голем Велигденски концерт на ансамблот Танец appeared first on Република.
]]>На 5 април, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и Балет, ќе се изведе балетскиот спектакл „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски.
Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, во улогата на Одета/Одилија ќе настапи примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, во улогота на принцот Зигфрид ќе настапи Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Ротбарт е Балаж Лочеи (Унгарија), па де труа: Христина Наќевска, Наташа Трендафилова Гицев, Ендру Кук (Англија). Сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и Балет.
Балетска класика „Лебедово езеро“ ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата лирска мелодија на П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.
The post Балетската класика „Лебедово езеро“ на сцената на Националната опера и Балет на 5 април appeared first on Република.
]]>The post Балетската класика „Лебедово езеро“ на сцената на Националната опера и Балет на 5 април appeared first on Република.
]]>Денеска и утре на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи двојна изведба на балетската бајка „Заспаната убавица“ преточена во музика на Петар Илич Чајковски.
Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов.
Во главните улоги на 7 март ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов, a на 8 март за првпат во главните улои ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија. Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
The post Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски appeared first on Република.
]]>The post Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски appeared first on Република.
]]>Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, во Националната опера и балет вечерва, на 28 февруари во 20 часот ќе се одржи првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.
Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ. Настанот ќе започне со црвен тепих во 19.30 часот.
Дел од учесниците кои ќе настапат на сцената на Националната опера и балет се Весна Ѓиновска-Илкова, Наде Талевска, Андријана Јаневска, Маја Гроздановска Панчева, Ана Петановска, Ана Мицковска, Тамара Раѓеновиќ (Црна Гора / Англија), Игор Дурловски, Горан Наумовски, Даниел Данн, Христијан Тоневски, Денис Димоски.
Балетска солистичка двојка е од Национална опера и балет Ендру Кук (Англија) и Саша Евтимова.
Танцова двојка од ТСК Ритам плус се Андреј Димоски и Ангела Спировска.
The post Оскаровска гала вечер со црвен тепих во НОБ appeared first on Република.
]]>The post Оскаровска гала вечер со црвен тепих во НОБ appeared first on Република.
]]>Во пресрет на 96. доделување на филмските награди „Оскар“, во Националната опера и балет задутре (28 февруари) во 20 часот ќе се одржи првата Оскаровска гала вечер. Најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар.
Диригент е Бисера Чадловска, а настанот е во режија на Дејан Прошев. Водителка ќе биде Миланка Рашиќ. Настанот ќе започне со црвен тепих во 19.30 часот.
The post Филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени на Оскаровската вечер во Национална опера и балет appeared first on Република.
]]>The post Филмски песни наградени со „Оскар“ ќе бидат изведени на Оскаровската вечер во Национална опера и балет appeared first on Република.
]]>На 26.2.2024 година (понеделник) со почеток во 20:30 часот, во Националната опера и балет ќе се одржи Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници, под покровителство на Владата на Република Македонија.
The post Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници во национала опера и балет appeared first on Република.
]]>The post Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници во национала опера и балет appeared first on Република.
]]>На денешен ден се навршуваат 80 години од смртта на Кузман Јосифовски - Питу, човекот кој се смета за најзаслужен идеолог за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Македонија. Народниот херој на Македонија загина во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција.
Кузман Јосифовски - Питу е главниот иницијатор и организатор на свикувањето на Првото заседание на АСНОМ и автор на неговите државотворни документи.
Роден е во Прилеп 1915 година, се образувал во Прилеп и Битола, за потоа да продолжи на студии по право на Белградскиот универзитет.
За време на студиите активно се вклучува во политичката активност, особено преку создавање на студенските друштва и В движења „Вардар“ и „МАНАПО“.
Бил член на ПК на КПМ, на Главниот штаб, на ЦК на КПМ и на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Останувајќи доследен на своите убедувања, тој ќе работи во НОБ да се вклучат познатите револуционери од минатите македонски борби и луѓе од народот.
Така, во работата на заседанието на АСНОМ ќе учествуваат и ќе го водат неговиот Президиум познати имиња - Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Петре Пирузе и други.
По Преспанското советување на 2 август 1943 година дошол во Скопје, каде што живеел во населбата Трнодол.
Кузман Јосифовски - Питу бил убиен под мошне неразјаснети околности на 25 февруари 1944 година.
Според официјалната верзија, Кузман загинал на 25 февруари 1944 година, погоден од куршум на бугарски војник. Претходно била опколена куќата каде што се одржувал состанок со претставници на централниот комитет на БКП (Бугарската комунистичка партија).
Кузман успеал да се пробие од блокадата и да побегне, но стигнал само некој километар подолу, спроти некогашната „Алумина“, каде што смртно бил погоден од бугарски војник.
За убиството на Кузман, неговата мајка и помалата сестра Павлина дознале дури по една година и тоа случајно на првиот митинг по ослободувањето на Прилеп, каде што биле прочитани имињата на загинатите борци.
Во денешно време, по откривање на одредени историски сознанија, се знае дека постоела телеграма на црногорскиот раководител Светозар Вукмановиќ - Темпо испратена до Тито, во која тој барал Питу по секоја цена да се тргне од АСНОМ, а тоа негово барање било засилено особено по Преспанското советување, каде што Кузман Јосифоски се залагал за формирање на македонски партизански одреди во останатите делови на етничка Македонија и нивна заедничка броба со Македонците од Вардарска Македонија за целосно ослободување и обединување на Македонија.
На 2 август 1945 година посмртно е прогласен за народен херој на Југославија.
The post Падна под ударот на бугарски куршум: Пред 80 години загина главниот идеолог на АСНОМ, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу appeared first on Република.
]]>The post Падна под ударот на бугарски куршум: Пред 80 години загина главниот идеолог на АСНОМ, народниот херој Кузман Јосифовски – Питу appeared first on Република.
]]>Националната опера и балет (НОБ) на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот ќе се одржи традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“.
НОБ го востанови овој концерт во 1995 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.
Традицијата ќе продолжи и оваа година, па така нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други, велат од НОБ.
Од таму посочуваат дека под диригентската палка на гостинот од Канада, Клод Лапалм, врвен диригент, добитник на голем број на престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев ќе настапат нашите оперски солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова.
Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на НОБ и онлајн.
The post Најпопуалрните арии, дуети и балетски точки на традиционалниот Гала концерт за Василица во НОБ appeared first on Република.
]]>Традицијата ќе продолжи и оваа година, па така нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, В. Белини, Џ. Верди, У. Џордано, Ф. Лехар, Ж. Бизе, Џ. Пучини, Е. Калман, П. И. Чајковски и други, велат од НОБ.Од таму посочуваат дека под диригентската палка на гостинот од Канада, Клод Лапалм, врвен диригент, добитник на голем број на престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев ќе настапат нашите оперски солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова. Билетите се пуштени во продажба на билетарницата на НОБ и онлајн.
The post Најпопуалрните арии, дуети и балетски точки на традиционалниот Гала концерт за Василица во НОБ appeared first on Република.
]]>Балетската претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски вечерва и на 21 ноември ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет.
Диригент на претставите е Бисера Чадловска, а кореограф е Виктор Јаременко од Украина. Асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн Милчо Александров, концерт-мајстор Јане Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски.
Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Аманда Роча (Бразил), Ангела Велевска.
Во главните улоги на 21 ноември ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименез Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, Ангела Богатинова.
Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
The post Балетот „Заспаната убавица“ вечерва во Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>The post Балетот „Заспаната убавица“ вечерва во Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>Ремек-делото на Џузепе Верди, операта „Травијата“ ќе има две изведби на сцената на Националнта опера и балет. На 27 и на 31 октомври во 20 часот.
Еден од темелите на светскиот оперски репертоар, партитурата на „Травијата“ изобилува со фантастични музички сегменти што уживаат огромна популарност на оперските и концертни подиуми ширум светот. Токму генијалната музика, но и комплексното „безвременско“ либрето и живописните ликови кои зборуваат за универзалноста на човековата природа ја сместуваат „Травијата“ меѓу најпопуларните и истовремено најинтимни оперски ремек-дела на Џузепе Верди.
Диригент на претставите е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), кореограф: Саша Евтимова.
Настапува врвна домашна солистичка екипа: Ана Дурловски (27 октомври) / Билјана Јосифов (31 октомври) , Благој Нацоски, Марјан Јованоски, Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски, Тихомир Јакимовски, оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.
The post „Травијата“ на Верди со две изведби во НОБ appeared first on Република.
]]>The post „Травијата“ на Верди со две изведби во НОБ appeared first on Република.
]]>Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на кореографката Рисима Рисимкин вечерва и утревечер во 20 часот се отвора новата сезона на Национлната опера и балет.
Насловните улоги ги толкуваат прима-балерините Марија Кичевска Шокаровска и Мирјана Поп-Алексова Атанасова, како и истакнатата солистка Саша Евтимова, придружувани од Балаж Лочеи (к.г. Унгарија) и другите солисти и ансамблот на Балетот. Настапуваат и: Наташа Трендафилова Гицев, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Игор Веланоски, Ендру Кук (к.г.Англија), Веселин Трајковски, Алфред Јаго (к.г. Англија), Франциско Хименез Руиз (к.г Шпанија) и Мирослав Митрашиновиќ.
Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија на македонски автори, во кое централно место зазема песната „Везилка” на великанот Блаже Конески.
Македонската кореографка Рисима Рисимкин, која последниве години е актуелна на танцовите сцени во Париз, Њујорк и Пекинг, каде за нејзините кореографски остварувања добива одлични критики, после подолго време на наша покана, работи престава во Националниот балет. Рисимкин подготви национално дело, инспирирано од музиката, традицијата и современото македонско поетско творештво, каде прави симбиоза помеѓу битовота, класичната и модерната танцова лексика преточена во музиката на светски познатиот композитор Тони Китановски, костимите се на повеќе пати наградуваниот костимограф, Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, чии сценографски решенија добиваат одлични оценки на познатите танцови светски сцени. Авторската екипа, во соработка со танчерите на Националниот балет, создаде едно спектакуларно дело, во кое се испреплетува историјата, традицијата и современиот уметнички израз – вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.
The post Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на Опера и балет appeared first on Република.
]]>Македонската кореографка Рисима Рисимкин, која последниве години е актуелна на танцовите сцени во Париз, Њујорк и Пекинг, каде за нејзините кореографски остварувања добива одлични критики, после подолго време на наша покана, работи престава во Националниот балет. Рисимкин подготви национално дело, инспирирано од музиката, традицијата и современото македонско поетско творештво, каде прави симбиоза помеѓу битовота, класичната и модерната танцова лексика преточена во музиката на светски познатиот композитор Тони Китановски, костимите се на повеќе пати наградуваниот костимограф, Благој Мицевски, а сценскиот дизајн е на Матеа Мијановиќ, чии сценографски решенија добиваат одлични оценки на познатите танцови светски сцени. Авторската екипа, во соработка со танчерите на Националниот балет, создаде едно спектакуларно дело, во кое се испреплетува историјата, традицијата и современиот уметнички израз – вели Олга Панго, уметнички директор на Балетот.
The post Со премиера на современиот балет „Сага (идентитети)“ на Рисима Рисимкин вечерва се отвора новата сезона на Опера и балет appeared first on Република.
]]>Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе ја отвори новата сезона со изведба на обновената македонска опера „Лидија од Македонија“ на композиторот Ристо Аврамовски.
Режисер е Пламен Карталов од Бугарија, обновата на режијата е на Трајко Јордановски, диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Панче Минов, а костимограф Елена Дончева.
Во насловната улога на операта ќе настапи Наде Талевска-Спасовска. Игор Дурловски ќе настапи во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева-Талевска / Катерина Стојановска во улогата на Асиа, Александра Лазаровска-Василевски / Елена Голомеова во улогата на Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска-Мадевска во улогата на Дина.
Ќе настапат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
„Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година по нарачка на Македонскиот народен театар во чиј состав тогаш функционираше Операта. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш.
-Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема, соопшти НОБ.
The post Со обновената опера „Лидија од Македонија“ НОБ ја отвора новата сезона appeared first on Република.
]]>The post Со обновената опера „Лидија од Македонија“ НОБ ја отвора новата сезона appeared first on Република.
]]>Со обновата на македонската опера „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски, на 16 септември почнува новата сезона во Националната опера и балет (НОБ).
Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов од Бугарија, обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.
Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова од Франција во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време. Тоа е библиска тема.
The post Националната опера и балет ја отвора новата сезона со „Лидија од Македонија“ на 16 септември appeared first on Република.
]]>The post Националната опера и балет ја отвора новата сезона со „Лидија од Македонија“ на 16 септември appeared first on Република.
]]>Македонската опера „Лидија од Македонија“ од композиторот Ристо Аврамовски ќе биде изведена на 16 септември во Националната опера и балет со почеток во 20 часот.
Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, режисер Пламен Карталов (Бугарија), обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.
Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Операта „Лидија од Македонија“ е опера во два дела. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар. Либретото го направиле Гиј Шелеи и Дора Петрова (Франција) во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија. Се обработуваат настани што се случиле во тоа време и претставува библиска тема.
The post „Лидија од Македонија“ во Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>The post „Лидија од Македонија“ во Националната опера и балет appeared first on Република.
]]>Министерството за култура, преку надлежните заводи и музеи, започна со реконструкција и санација на сите споменици и спомен-обележја од Народно-ослободителната борба, на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани коишто се случиле во НОБ и се сведоштво за непокорот и борбата за слобода. Како проект на Владата, предвиден со Буџетот за оваа година, иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја се надлежни општините, односно Градот Скопје, Владата го задолжи Министерството за култура во соработка со надлежните да се реконструираат сите овие споменици и спомен-обележја кои се силен белег на македонската државност и историја.
Во моментов, Завод и музеј-Штип, со средства од Министерството за култура, го санираше искучително значајното дело Меморијален комплекс на паднатите борци на револуцијата, кој е поставен на источната страна на археолошкиот локалитет „Исар“.
Станува збор за архитектонско-скулптурално дело од архитектот Богдан Богдановски, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век, кој оставил силен печат на уметничкото и архитектонското наследство на некогашна Југославија.
Делото на Богдановиќ (роден 20 август 1922 година во Белград, починал 18 јуни 2010 во Виена) било избрано на конкурс со цел да се одбележи сеќавањето на загинатите партизански војници и цивили во Штип и Штипско за време на Втората светска војна, како чин на комеморација.
За завршувањето на споменичкиот комплекс во Штип на авторот му биле потребни пет години, а неговата свечена инагурација се извршила на денот на ослободувањето на Штип, 8 ноември 1974 година.
Екипите од штипскиот музеј во изминатиот период ги отстранија нечистотиите, вегетацијата, бројните графити на сите делови од комплексот со што се сочуваа изворните, историските, урбанистичко-архитектонските и естетските вредности на делото и се овозможи негово користење за туристички, културни и други активности.
Во овој меморијален комплекс подигнат во чест на паднатите борци во Народно-ослободителната војна, се одбележуваат неколку датуми со учество на делегации, учесници во војната и граѓани, со положување на свежо цвеќе и комеморација. На комплексот се одбележуваат: 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание во Македонија, 8 Ноември, денот на ослободувањето на градот Штип и 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.
The post Саниран е Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, дело на архитектот Богдан Богдановски appeared first on Република.
]]>The post Саниран е Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, дело на архитектот Богдан Богдановски appeared first on Република.
]]>Пред девет дена биле украдени четири месингани плочи со ликот на Мајка Тереза од Национална опера и балет.
На 04.05.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 25.04.2023 пред главниот влез од Национална опера и балет во Скопје биле одземени четири месингани плочи со ликот на Мајка Тереза, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Украдени четири плочи со ликот на Мајка Тереза од пред влезот на Национална опера и балет appeared first on Република.
]]>На 04.05.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 25.04.2023 пред главниот влез од Национална опера и балет во Скопје биле одземени четири месингани плочи со ликот на Мајка Тереза, информира МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Украдени четири плочи со ликот на Мајка Тереза од пред влезот на Национална опера и балет appeared first on Република.
]]>