Њу Џерси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nju-dzersi/ За подобро да се разбереме Sun, 22 Sep 2024 12:12:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Њу Џерси Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nju-dzersi/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-se-sretna-so-pretstavnitsi-na-makedonskata-dijaspora-vo-nu-dhersi/ Sun, 22 Sep 2024 12:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=818717

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси.

Во Тотова, претседателката Сиљановска Давкова ја посети црквата „Свети Никола“ каде присуствуваше на литургијата по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица и оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси.

На средбата таа најави дека наскоро ќе иницира формирање на Совет за соработка со дијаспората.

Не случајно сум тука денеска меѓу вас. Мислам дека вие сте нашите најдобри амбасадори. Вие во најубава светлина ја претставувате татковината без оглед на верата. Затоа мислам дека многу важно е да имаме постојани контакти. Еден од органите што јас набрзо ќе ги формирам со мојот тим е Советот за соработка со дијаспората“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека дијаспората заслужува да учествува и во изборниот процес, како и во креирањето на најважните одлуки и закони.

Мислам дека ова ќе биде првиот чекор за континуирана комуникација со дијаспората, советите се добредојдени, помошта и разбирањето се добредојдени, ама и ние дома не смееме да заборавиме дека нашата дома е и ваша дома“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Во Фрихолд, претседателката ја посети џамијата во рамки на заедницата „Дебар“, каде оствари средба со оџата Омер Кадри и претставници на дијаспората по потекло од дебарскиот крај.

На средбата со иселениците претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните активности и начините на организирање и интегрирање во рамки на американското општество. Таа ги реафирмираше нејзините заложби и посветеност за продлабочување на врските со иселениците, искористување на потенцијалите и јакнење на нивната улога во развојот и просперитетот на земјата.

 

The post Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на престојот во Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 79. Генерално Собрание на Обединетите Нации, го посети Њу Џерси. Во Тотова, претседателката Сиљановска Давкова ја посети црквата „Свети Никола“ каде присуствуваше на литургијата по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица и оствари средба со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси. На средбата таа најави дека наскоро ќе иницира формирање на Совет за соработка со дијаспората.
Не случајно сум тука денеска меѓу вас. Мислам дека вие сте нашите најдобри амбасадори. Вие во најубава светлина ја претставувате татковината без оглед на верата. Затоа мислам дека многу важно е да имаме постојани контакти. Еден од органите што јас набрзо ќе ги формирам со мојот тим е Советот за соработка со дијаспората“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Таа истакна дека дијаспората заслужува да учествува и во изборниот процес, како и во креирањето на најважните одлуки и закони.
Мислам дека ова ќе биде првиот чекор за континуирана комуникација со дијаспората, советите се добредојдени, помошта и разбирањето се добредојдени, ама и ние дома не смееме да заборавиме дека нашата дома е и ваша дома“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Во Фрихолд, претседателката ја посети џамијата во рамки на заедницата „Дебар“, каде оствари средба со оџата Омер Кадри и претставници на дијаспората по потекло од дебарскиот крај. На средбата со иселениците претседателката Сиљановска Давкова беше запознаена со нивните активности и начините на организирање и интегрирање во рамки на американското општество. Таа ги реафирмираше нејзините заложби и посветеност за продлабочување на врските со иселениците, искористување на потенцијалите и јакнење на нивната улога во развојот и просперитетот на земјата.  

The post Претседателката Сиљановска Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси, и на средба со нашинци од дебарско https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-na-liturgija-po-povod-mala-bogoroditsa-vo-tsrkvata-sveti-nikola-vo-nu-dhersi-i-na-sredba-so-nashintsi-od-debarsko/ Sat, 21 Sep 2024 18:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=818579

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската државна делегација која ќе учествува на Генералното собрание на ОН, денеска посетата на САД ја започна на литургијата во цквата Свети Никола во Тотова во Њу Џерси по повод празникот Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица. Претседателката на средбата со припадниците на македонската дијаспора во Њу Џерси најави дека наскоро ќе иницира формирање на Совет за соработка со дијаспората.

-Не случајно сум тука денеска меѓу вас. Мислам дека вие сте нашите најдобри амбасадори. Вие во најубава светлина ја претставувате татковината без оглед на верата. Затоа мислам дека многу важно е да имаме постојани контакти. Еден од органите што јас набрзо ќе ги формирам со мојот тим е Советот за соработка со дијаспората, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Како што кажа, дијаспората заслужува да учествува и во изборниот процес и во најважните одлуки, исто така и во креирањето на најважните одлуки и закони за иднината што ќе ја уредуваат.

– Мислам дека ова ќе биде првиот чекор за континуирана комуникација со дијаспората, советите се добредојдени, помошта и разбирањето се добредојдени, ама и ние дома не смееме да заборавиме дека нашата дома е и ваша дома, рече Сиљановска Давкова.

Претседателката заедно со припадници на нашата дијаспора присуствуваше на литургијата по повод празникот, а потоа имаше кусо обраќање и разговор со нив.

Не случајно, рече Сиљановска Давкова, македонскиот народ е библиски и тоа ќе не следи секогаш.

Посочувајќи дека ќе се обрати на Годишното собрание на ОН, претседателката кажа дека време е за длабоки реформи во Обединетите нации, кои што следната година одбележуваат 80 години.

Парохискиот свештеник Дејан во македонската црква Свети Никола во Тотова изјави дека оваа цркована заедница е една од посериозните во Америка и во Канада.

-Во овој северен дел од Њу Џерси претпоставуваме дека имаме околу 50 до 60 илјади Македонци и сите тие гравитираат во оваа црковна заедница и во другата Св. Кирил и Методиј, блиску до нас. Богослужби имаме секоја недела и секој празник. Одржуваме литургии и секоја недела имаме заеднички ручек за сите присутни и можеме да поразговараме. Црквата после за духовна надградба нас Македонците тука ни е како место да се видиме едни со други, рече отец Дејан.

Веќе од утре почнуваат часовите по македонски јазик и по фолклор во рамки на црквата, која во првата недела од ноември се одбележува 30-годишнината од осветувањето на црквата.

- Нашите дечиња кои што доаѓаат овде се на возраст од 6 до 12 години и нас многу ни значат затоа што од најмали нозе може да и ја предадеме таа наша православна традиција. Исто така да комуницираат со наши, не само да го научат јазикот туку да бидат активно изложени на наши Македонци, да се запознаваат меѓу себе, не да се изгубиме и да се претопиме како тоа што се случува со втората и третата генерација, рече отецот Дејан.

На средбата присуствуваше и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. -Мило ми е што овде до мене седи Меџити оддавајќи почит на религијата и на сите вам, и јас ќе го посетам Граѓанскиот центар Дебар и џамијата, рече Сиљановска Давкова.

Македонската делегација попладнево по американско врмеме ќе го посети Граѓанскиот центар Дебар и ќе биде пречекана од оџата Омер Кадри и од претставници на нашинци од Дебар и околината.

Во САД официјално се регистрирани околу 72.000 македонски државјани, но се проценува дека се над 200.000.

Претседателката Сиљановска Давкова утре ќе се обрати на Самитот на иднината што ќе се одржи во седиштето на ОН, на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади. Претседателката ќе учествува и на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на тема „Еднакво учество на жените во процесот на донесување одлуки: обезбедување на мир, социо-економски можности, одржлив развој и човечко достоинство за сегашните и идните генерации“, додека на покана на Претседателот на САД, Џо Бајден ќе присуствува на состанок на тема „Глобална коалиција за справување со заканата од синтетички дроги“.

Сиљановска Давкова во четврток е предвидено да се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.

Во македонската делегација се и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

The post Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси, и на средба со нашинци од дебарско appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската државна делегација која ќе учествува на Генералното собрание на ОН, денеска посетата на САД ја започна на литургијата во цквата Свети Никола во Тотова во Њу Џерси по повод празникот Рождество на пресвета Богородица – Мала Богородица. Претседателката на средбата со припадниците на македонската дијаспора во Њу Џерси најави дека наскоро ќе иницира формирање на Совет за соработка со дијаспората.
-Не случајно сум тука денеска меѓу вас. Мислам дека вие сте нашите најдобри амбасадори. Вие во најубава светлина ја претставувате татковината без оглед на верата. Затоа мислам дека многу важно е да имаме постојани контакти. Еден од органите што јас набрзо ќе ги формирам со мојот тим е Советот за соработка со дијаспората, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Како што кажа, дијаспората заслужува да учествува и во изборниот процес и во најважните одлуки, исто така и во креирањето на најважните одлуки и закони за иднината што ќе ја уредуваат.
– Мислам дека ова ќе биде првиот чекор за континуирана комуникација со дијаспората, советите се добредојдени, помошта и разбирањето се добредојдени, ама и ние дома не смееме да заборавиме дека нашата дома е и ваша дома, рече Сиљановска Давкова.
Претседателката заедно со припадници на нашата дијаспора присуствуваше на литургијата по повод празникот, а потоа имаше кусо обраќање и разговор со нив. Не случајно, рече Сиљановска Давкова, македонскиот народ е библиски и тоа ќе не следи секогаш. Посочувајќи дека ќе се обрати на Годишното собрание на ОН, претседателката кажа дека време е за длабоки реформи во Обединетите нации, кои што следната година одбележуваат 80 години. Парохискиот свештеник Дејан во македонската црква Свети Никола во Тотова изјави дека оваа цркована заедница е една од посериозните во Америка и во Канада.
-Во овој северен дел од Њу Џерси претпоставуваме дека имаме околу 50 до 60 илјади Македонци и сите тие гравитираат во оваа црковна заедница и во другата Св. Кирил и Методиј, блиску до нас. Богослужби имаме секоја недела и секој празник. Одржуваме литургии и секоја недела имаме заеднички ручек за сите присутни и можеме да поразговараме. Црквата после за духовна надградба нас Македонците тука ни е како место да се видиме едни со други, рече отец Дејан.
Веќе од утре почнуваат часовите по македонски јазик и по фолклор во рамки на црквата, која во првата недела од ноември се одбележува 30-годишнината од осветувањето на црквата.
- Нашите дечиња кои што доаѓаат овде се на возраст од 6 до 12 години и нас многу ни значат затоа што од најмали нозе може да и ја предадеме таа наша православна традиција. Исто така да комуницираат со наши, не само да го научат јазикот туку да бидат активно изложени на наши Македонци, да се запознаваат меѓу себе, не да се изгубиме и да се претопиме како тоа што се случува со втората и третата генерација, рече отецот Дејан.
На средбата присуствуваше и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. -Мило ми е што овде до мене седи Меџити оддавајќи почит на религијата и на сите вам, и јас ќе го посетам Граѓанскиот центар Дебар и џамијата, рече Сиљановска Давкова. Македонската делегација попладнево по американско врмеме ќе го посети Граѓанскиот центар Дебар и ќе биде пречекана од оџата Омер Кадри и од претставници на нашинци од Дебар и околината. Во САД официјално се регистрирани околу 72.000 македонски државјани, но се проценува дека се над 200.000. Претседателката Сиљановска Давкова утре ќе се обрати на Самитот на иднината што ќе се одржи во седиштето на ОН, на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади. Претседателката ќе учествува и на Годишниот состанок на Платформата на жени – лидери на Генералното Собрание на Обединетите Нации, на тема „Еднакво учество на жените во процесот на донесување одлуки: обезбедување на мир, социо-економски можности, одржлив развој и човечко достоинство за сегашните и идните генерации“, додека на покана на Претседателот на САД, Џо Бајден ќе присуствува на состанок на тема „Глобална коалиција за справување со заканата од синтетички дроги“. Сиљановска Давкова во четврток е предвидено да се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН, што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“. Во македонската делегација се и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

The post Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси, и на средба со нашинци од дебарско appeared first on Република.

]]>
Османи во конзулатот во Њу Џерси: Се друго може да чека, нашите државјани да не чекаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vo-konzulatot-vo-nu-dhersi-se-drugo-mozhe-da-cheka-nashite-drzhavjani-da-ne-chekaat/ Sat, 24 Feb 2024 09:54:57 +0000 https://republika.mk/?p=747741

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, при престојот во Соединетите Американски Држави по повод учество на пленарниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации, оствари посета и на Генералниот конзулат на Република Македонија во Њу Џерси, каде укажа дека давањето ефикасни услуги за нашите државјани ширум светот е приоритет број еден и дека Министерството во овој период нема поважен приоритет.

“Се друго може да чека, нашите државјани да не чекаат!”, истакна Османи.

Покрај другите конзуларни услуги, Конзулатот врши процедура на издавање на нови патни исправи, при што во последно време се врши фотографирање на над 35 наши државјани дневно, на термини одредени од нивна страна за што Конзулатот работи во две смени и за време на викенд.

Според извештајот на Конзулатот, бројот на барања за конзуларни услуги оваа година е значително поголем од лани. Од почетокот на 2024 година, до 22-ри февруари Конзулатот има издадено 49 полномоштва, 56 патни листови, 1 спроводница, 273 патни исправи и веќе има потврдено 1282 термини за сликање за нови патни исправи. Додека во текот на 2023 година, имаше вкупно 434 барања за патни исправи, 136 патни листови, 4 полномоштва и 18 спроводници.

Османи ја искористи приликата директно да разговара со нашите државјани, кои се најдоа во Конзулатот со цел да се запознае со нивните потреби и изнаоѓање на евентуални начини за подобрување на услугите.

Минатата недела, Османи оствари посети на нашите најоптеретените дипломатско-конзуларни претставништва во Европа, како што се Бон, Минхен, Берн, Венеција, Виена и Брисел.

The post Османи во конзулатот во Њу Џерси: Се друго може да чека, нашите државјани да не чекаат appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, при престојот во Соединетите Американски Држави по повод учество на пленарниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации, оствари посета и на Генералниот конзулат на Република Македонија во Њу Џерси, каде укажа дека давањето ефикасни услуги за нашите државјани ширум светот е приоритет број еден и дека Министерството во овој период нема поважен приоритет.
“Се друго може да чека, нашите државјани да не чекаат!”, истакна Османи.
Покрај другите конзуларни услуги, Конзулатот врши процедура на издавање на нови патни исправи, при што во последно време се врши фотографирање на над 35 наши државјани дневно, на термини одредени од нивна страна за што Конзулатот работи во две смени и за време на викенд. Според извештајот на Конзулатот, бројот на барања за конзуларни услуги оваа година е значително поголем од лани. Од почетокот на 2024 година, до 22-ри февруари Конзулатот има издадено 49 полномоштва, 56 патни листови, 1 спроводница, 273 патни исправи и веќе има потврдено 1282 термини за сликање за нови патни исправи. Додека во текот на 2023 година, имаше вкупно 434 барања за патни исправи, 136 патни листови, 4 полномоштва и 18 спроводници. Османи ја искористи приликата директно да разговара со нашите државјани, кои се најдоа во Конзулатот со цел да се запознае со нивните потреби и изнаоѓање на евентуални начини за подобрување на услугите. Минатата недела, Османи оствари посети на нашите најоптеретените дипломатско-конзуларни претставништва во Европа, како што се Бон, Минхен, Берн, Венеција, Виена и Брисел.

The post Османи во конзулатот во Њу Џерси: Се друго може да чека, нашите државјани да не чекаат appeared first on Република.

]]>
Почина имамот што беше ранет пред џамија во Њу Џерси https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-imamot-shto-beshe-ranet-pred-dhamija-vo-nu-dhersi/ Thu, 04 Jan 2024 08:12:53 +0000 https://republika.mk/?p=729481

Имамот Хасан Шариф, кој беше тешко ранет во средата кога беше застрелан пред џамија во Њуарк, Њу Џерси, почина, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименуван полициски извор.

Шариф работи како службеник за транспортна безбедност (TSO) на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти од 2006 година, се вели во соопштението на Управата за безбедност на транспортот.

Директорот за јавна безбедност на Њуарк, Фриц Фраз, претходно изјави дека пукањето се случило околу 6:15 часот по локално време пред џамијата.

Имамот е пренесен во болница во тешка состојба, соопшти полицијата.

Мотивот за пукањето се уште не е познат, според Одделот за јавна безбедност во Њуарк, а истрагата е покрената.

The post Почина имамот што беше ранет пред џамија во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>

Имамот Хасан Шариф, кој беше тешко ранет во средата кога беше застрелан пред џамија во Њуарк, Њу Џерси, почина, јавува Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименуван полициски извор. Шариф работи како службеник за транспортна безбедност (TSO) на меѓународниот аеродром Њуарк Либерти од 2006 година, се вели во соопштението на Управата за безбедност на транспортот. Директорот за јавна безбедност на Њуарк, Фриц Фраз, претходно изјави дека пукањето се случило околу 6:15 часот по локално време пред џамијата. Имамот е пренесен во болница во тешка состојба, соопшти полицијата. Мотивот за пукањето се уште не е познат, според Одделот за јавна безбедност во Њуарк, а истрагата е покрената.

The post Почина имамот што беше ранет пред џамија во Њу Џерси appeared first on Република.

]]>
Драматична ноќ во Њу Џерси: Пожар во фабрика се приближува до складиште на токсични хемикалии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dramatichna-nokj-vo-nju-dzersi-pozar-vo-fabrika-se-priblizuva-do-skladishte-na-toksichni-hemikalii/ Sat, 15 Jan 2022 10:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=444883

Пожар во близина на хемиска фабрика во Пасаик, во американската држава Њу Џерси, зафатил неколку згради и се заканува да стигне до складиште за хемикалии, соопштија официјални лица.

https://twitter.com/HardingReports/status/1482189378537639938

Градоначалникот на Пасаик, Хектор Лора, во видеото објавено на Фејсбук им порача на жителите да се оддалечат од таа населба и да ги затворат прозорците. Тој изјави дека пожарникарите се уште ја проценуваат ситуацијата и додаде дека засега нема информации за жртви.

Шефот на пожарникарите на тоа место Патрик Трентакост изјави дека зградата била празна кога избувнал пожарот, пренесуваат американски медиуми.

Имало хлор во дел од зградата и сега се чини дека е под контрола - изјавил Трентакост кратко по полноќ по локално време.

Шефот на пожарникарите изјави и дека најголемиот дел од зградата каде што избувнал пожарот се урнал. Водата од блиската река се користи за помош на пожарникарите.

https://twitter.com/NickJCaloway/status/1482176741057650694

The post Драматична ноќ во Њу Џерси: Пожар во фабрика се приближува до складиште на токсични хемикалии appeared first on Република.

]]>

Пожар во близина на хемиска фабрика во Пасаик, во американската држава Њу Џерси, зафатил неколку згради и се заканува да стигне до складиште за хемикалии, соопштија официјални лица. https://twitter.com/HardingReports/status/1482189378537639938 Градоначалникот на Пасаик, Хектор Лора, во видеото објавено на Фејсбук им порача на жителите да се оддалечат од таа населба и да ги затворат прозорците. Тој изјави дека пожарникарите се уште ја проценуваат ситуацијата и додаде дека засега нема информации за жртви. Шефот на пожарникарите на тоа место Патрик Трентакост изјави дека зградата била празна кога избувнал пожарот, пренесуваат американски медиуми.
Имало хлор во дел од зградата и сега се чини дека е под контрола - изјавил Трентакост кратко по полноќ по локално време.
Шефот на пожарникарите изјави и дека најголемиот дел од зградата каде што избувнал пожарот се урнал. Водата од блиската река се користи за помош на пожарникарите. https://twitter.com/NickJCaloway/status/1482176741057650694

The post Драматична ноќ во Њу Џерси: Пожар во фабрика се приближува до складиште на токсични хемикалии appeared first on Република.

]]>