ниви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nivi/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 07:54:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ниви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nivi/ 32 32 Кражби во ниви: Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување… https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krazhbi-vo-nivi-se-kradat-grozje-sadnitsi-delovi-od-sistemi-za-navodnuvane/ Fri, 20 Sep 2024 07:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=818035

Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи - Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР - Велес.

Од почетокот на годината до 18 септември, во СВР - Велес пријавени се вкупно 35 кражби во ниви и земјоделски имоти. Притоа, во четири случаи било одземено грозје од лозови насади. Исто така, граѓаните пријавувале дека им биле одземени дрвја - садници, делови од системи за наводнување, делови од земјоделски машини, алати и други предмети, појасни Ѓаковска.

Инаку, кавадаречката полиција на 15 септември приведе три лица од Кавадарци, поради кражба од нива.

Полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41-годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54-годишно лице од кавадаречкото село Ваташа, беше тогаш официјалната информација од СВР - Велес.

Оттаму тогаш додадоа дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Кражби во ниви: Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување… appeared first on Република.

]]>

Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак https://arhiva3.republika.mk/zivot/divi-svini-gi-pustoshat-nivite-vo-delchevski-pasjak/ Sat, 14 Sep 2024 16:28:18 +0000 https://republika.mk/?p=816388

Диви свињи прават пустош во атарот на село Нов Истевник. Меѓу најзагрозените се земјоделските култури во истевнички Пасјак, каде на повеќе места е забележлива штета како на пченката, така и на компирот и на насадите со лешник. Во изминатиот период, како што тврдат мештани, имуни на нападите не останаа ни житариците во овој крај.

-Појавата константно се случува во изминатите 5-6 години најверојатно поради сушата, поради што дивечот се спушта во пониските предели барајќи храна. Поради ова сме принудени понекогаш да дежураме покрај своите ниви. Бараме помош од ловечките друштва и други надлежни органи, за да се намалат штетите од секојдневните влегувања на дивите свињи во нивите, вели делчевецот Драган Анастасовски, кој има свој назад со пченка во Пасјак.

Голем број од земјоделците, како што додава, се двоумат дали следната година да вложат, бидејќи тоа што ќе успеат да го добијат како род, дивите свињи им го преполовуваат.

-Не само што се хранат со нашите култури, туку тие тука и ноќеваат и може да се забележи како се упропастени цели површини ниви и речиси ништо не останува од родот да собереме. Вакви и слични проблеми со дивите свињи ни се случуваат последните неколку години, кога штетите се поголеми од ползата што ја имаме од овие култури и помислуваме да се откажеме од земјоделството поради овие проблеми, додава делчевецот.

Слична е состојбата и кај лешниковиот насад на делчевецот Ванчо, но за слични проблеми алармираат и повратници во селото Нов Истевник кои засега немаат решение за проблемот.

The post Диви свињи ги пустошат нивите во делчевски Пасјак appeared first on Република.

Казната за предизвикување пожар е затвор, ги потсетува СВР Тетово граѓаните што деновиве си ги чистат нивите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kaznata-za-predizvikuvane-pozhar-e-zatvor-gi-potsetuva-svr-tetovo-graganite-shto-denovive-si-gi-chistat-nivite/ Thu, 08 Feb 2024 14:14:05 +0000 https://republika.mk/?p=741832

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци. Покрај ова, на оние кои деновиве ги чистат нивите, им се укажува да се воздржат од палење огнови, кои неизгаснати брзо можат да пламнат и да се прошират наоколу, а со тоа да предизвикаат и материјални и други последици од поголеми размери, на околни ниви, објекти и слично.

Зашто, во спротивно тие што од невнимание или намерно ќе предизвикаат пожар ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни пријави и затворски казни кои се движат од 6 месеци до 5, односно 8 години, зависно од видот на пожарот, околности и крајните последици, потсетуваат од СВР Тетово.

Додаваат дека деновиве преземаат координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари, особено во полето каде и се најчести овој месец, а ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

The post Казната за предизвикување пожар е затвор, ги потсетува СВР Тетово граѓаните што деновиве си ги чистат нивите appeared first on Република.