ниски плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/niski-plati/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Jun 2023 09:39:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ниски плати Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/niski-plati/ 32 32 Илиеска: Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ilieska-ne-se-za-falene-povisokite-brojki-na-neto-i-bruto-platite-koga-vrednosta-na-platata-e-pomala/ Wed, 21 Jun 2023 08:23:57 +0000 https://republika.mk/?p=653595

Поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Анастасија Илиеска преку статус на Фејсбук пишува дека не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала.

Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала. Суштината е во зголемена вредност на плата, а не во зголемен номинален износ.
Исплатена месечна нето-плата во Македонија за месец април 2023 година била 36.134 денари (ДЗР).

Индексот на просечната месечна исплатена плата за периодот Јануари-Април 2023 година во споредба со истиот период од 2022 година има зголемување од 113,3%. Но, Индексот на РЕАЛНАТА плата за периодот Јануари-Април 2023 во споредба со Јануари-Април 2022 година е 98,3%.

Препорака:

Ако тоа не можете да го забележите од статистичките податоци,тогаш прашајте ги граѓаните. Еднаш слушнете го народот што кажува, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

The post Илиеска: Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала appeared first on Република.

]]>

Поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Анастасија Илиеска преку статус на Фејсбук пишува дека не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала.
Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала. Суштината е во зголемена вредност на плата, а не во зголемен номинален износ. Исплатена месечна нето-плата во Македонија за месец април 2023 година била 36.134 денари (ДЗР). Индексот на просечната месечна исплатена плата за периодот Јануари-Април 2023 година во споредба со истиот период од 2022 година има зголемување од 113,3%. Но, Индексот на РЕАЛНАТА плата за периодот Јануари-Април 2023 во споредба со Јануари-Април 2022 година е 98,3%. Препорака: Ако тоа не можете да го забележите од статистичките податоци,тогаш прашајте ги граѓаните. Еднаш слушнете го народот што кажува, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

The post Илиеска: Не се за фалење повисоките бројки на нето и бруто платите, кога вредноста на платата е помала appeared first on Република.

]]>
Генерален штајк во Грција поради високите цени и ниските плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/generalen-shtajk-vo-grcija-poradi-visokite-ceni-i-niskite-plati/ Wed, 09 Nov 2022 08:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=571750

Голем 24-часовен синдикален штрајк ја блокира Грција. Се подготвуваат протестни демонстрации против социјалната политика на владата на Кирјакос Мицотакис.

Синдикатите уште еднаш ја блокираа државата со 24-часовен штрајк.

Ги запреа сите начини на транспорт. Од полноќ не сообраќаат возови, блокирани се пристаништата. Откажани се десетици летови до грчките аеродроми. Метрото, градските автобуси и тролејбусите сообраќаат само до 8 часот наутро за луѓето кои работат да имаат превоз. Во штрајкот учествуваат и такси возила.

Протестираат државните службеници, но и голем дел од оние кои работат во приватниот сектор. Многу продавници и ресторани денеска не се отворија во знак на сочувство за штрајкот.

Протестите се против целокупната социјална политика на владата. Високите цени, скапите горива, невработеноста, ниските примања и платите ги кренаа Грците на протести.

Подоцна се подготвуваат демонстрации и во Атина и во други градови во земјата.

Опозициските партии го поддржуваат штрајкот, а пратениците ќе се приклучат на демонстрациите.

 

The post Генерален штајк во Грција поради високите цени и ниските плати appeared first on Република.

]]>

Голем 24-часовен синдикален штрајк ја блокира Грција. Се подготвуваат протестни демонстрации против социјалната политика на владата на Кирјакос Мицотакис. Синдикатите уште еднаш ја блокираа државата со 24-часовен штрајк. Ги запреа сите начини на транспорт. Од полноќ не сообраќаат возови, блокирани се пристаништата. Откажани се десетици летови до грчките аеродроми. Метрото, градските автобуси и тролејбусите сообраќаат само до 8 часот наутро за луѓето кои работат да имаат превоз. Во штрајкот учествуваат и такси возила. Протестираат државните службеници, но и голем дел од оние кои работат во приватниот сектор. Многу продавници и ресторани денеска не се отворија во знак на сочувство за штрајкот. Протестите се против целокупната социјална политика на владата. Високите цени, скапите горива, невработеноста, ниските примања и платите ги кренаа Грците на протести. Подоцна се подготвуваат демонстрации и во Атина и во други градови во земјата. Опозициските партии го поддржуваат штрајкот, а пратениците ќе се приклучат на демонстрациите.  

The post Генерален штајк во Грција поради високите цени и ниските плати appeared first on Република.

]]>