Нишвил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nishvil/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Aug 2022 13:01:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нишвил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nishvil/ 32 32 „Црнила ремикс” наградена на „Нишвил“ – меѓународниот џез театарски фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/crnila-remiks-nagradena-na-nishvil-megjunarodniot-dzez-teatarski-festival/ Tue, 09 Aug 2022 13:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=538395

Театарската претстава „Црнила ремикс” е наградена на „Нишвил“ - меѓународниот џез театарски фестивал, кој доцна синоќа се затвори во Ниш, Србија.

Во образложението на жирито на фестивалот, театарските критичари Наташа Гвоздановиќ и Игор Буриќ, и американската актерка и продуцентка Жозелин Пук е наведено:

„Наградата за најдобра употреба на музика се доделува на претставата „Црнила ремикс”, во режија на Јордан Симонов, а во продукција на МКЦ Скопје. Претставата е оригинална со тоа што ангажира рап музика во јукстапозиција со традиционални македонски вокални стилови. Таа е полна со прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип-хоп опера и поттикнува силни емоции.“

На фестивалот „Нишвил” кој од што од 5 до 9 август се оджа на сцените низ Ниш, Грандпри наградата и е  доделена на претставата „Балкан Боредело”, ко-продукција меѓу „Ла Мама “од Њујорк, Ателје 2012 од Белград и Кендра Мултимедија од Приштина, а сите награди се донесени едногласно.

„Наградата доаѓа во вистински момент, кога се обидуваме повторно да ја рестартираме претставата. „Црнила Ремикс” својот силен фестивалски залет го имаше веднаш по премиерата крајот на 2018 година, но за жал веќе на почетокот на 2019 година како и цел свет и ние мораше таму да запреме. Многу убава енергија околу овој проект, па затоа верувам дека „Црнила” на МКЦ Скопје ќе ја има уште долго на сцена.“ - вели Русе Арсов, продуцент на претставата.

Режисер на проектот е Јордан Симонов, кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап колективот „Зад аголот” го поставија ова современо читање на драмската класика „Црнила“ на Коле Чашуле: „Мислам дека ја имавме најсоодветната продукција за овој фестивал, чија специфика е токму селекција на претстави каде музиката е важен драмски елемент во нарацијата. Експериментиравме со многу стилови и формати, добивме одличен музички производ, и затоа сега ми е многу драго што тоа го препознаа и членовите на жирито”, изјави Јордан Симонов.

Пред полниот амфитеатар во Ниш на фестивалот се поклонија членови на Организацијата: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски.

The post „Црнила ремикс” наградена на „Нишвил“ – меѓународниот џез театарски фестивал appeared first on Република.

]]>

Театарската претстава „Црнила ремикс” е наградена на „Нишвил“ - меѓународниот џез театарски фестивал, кој доцна синоќа се затвори во Ниш, Србија. Во образложението на жирито на фестивалот, театарските критичари Наташа Гвоздановиќ и Игор Буриќ, и американската актерка и продуцентка Жозелин Пук е наведено: „Наградата за најдобра употреба на музика се доделува на претставата „Црнила ремикс”, во режија на Јордан Симонов, а во продукција на МКЦ Скопје. Претставата е оригинална со тоа што ангажира рап музика во јукстапозиција со традиционални македонски вокални стилови. Таа е полна со прекрасни мелодии, рими и динамика, кои произведуваат своевидна хип-хоп опера и поттикнува силни емоции.“ На фестивалот „Нишвил” кој од што од 5 до 9 август се оджа на сцените низ Ниш, Грандпри наградата и е  доделена на претставата „Балкан Боредело”, ко-продукција меѓу „Ла Мама “од Њујорк, Ателје 2012 од Белград и Кендра Мултимедија од Приштина, а сите награди се донесени едногласно. „Наградата доаѓа во вистински момент, кога се обидуваме повторно да ја рестартираме претставата. „Црнила Ремикс” својот силен фестивалски залет го имаше веднаш по премиерата крајот на 2018 година, но за жал веќе на почетокот на 2019 година како и цел свет и ние мораше таму да запреме. Многу убава енергија околу овој проект, па затоа верувам дека „Црнила” на МКЦ Скопје ќе ја има уште долго на сцена.“ - вели Русе Арсов, продуцент на претставата. Режисер на проектот е Јордан Симонов, кој заедно со Дарко Димитриевски и Павле Димковски од рап колективот „Зад аголот” го поставија ова современо читање на драмската класика „Црнила“ на Коле Чашуле: „Мислам дека ја имавме најсоодветната продукција за овој фестивал, чија специфика е токму селекција на претстави каде музиката е важен драмски елемент во нарацијата. Експериментиравме со многу стилови и формати, добивме одличен музички производ, и затоа сега ми е многу драго што тоа го препознаа и членовите на жирито”, изјави Јордан Симонов. Пред полниот амфитеатар во Ниш на фестивалот се поклонија членови на Организацијата: Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски.

The post „Црнила ремикс” наградена на „Нишвил“ – меѓународниот џез театарски фестивал appeared first on Република.

]]>