никотински торбички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikotinski-torbichki/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jan 2024 16:45:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png никотински торбички Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikotinski-torbichki/ 32 32 ЕУ се подготвува за регулација на „никотинските торбички“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/eu-se-podgotvuva-za-regulatsija-na-nikotinskite-torbichki/ Mon, 08 Jan 2024 20:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=730612

Како што расте обемот на пазарот на т.н. никотински торбички, администрацијата на ЕУ полека подготвува терен за регулирање на нивната продажба.

„Никотинските торбички“ се модерен орален никотински производ, кој не содржи тутун, туку никотин, ароми и растителни влакна. Овој навидум безопасен производ се консумира така што се држи меѓу усните и непцето и ослободува никотин за задоволување на потребите на пушачите.

Анализите покажуваат забрзан раст на популарноста на „никотинските торбички“, чија продажба само во Хрватска, Чешка, Данска, Словачка и Велика Британија во 2021-та е двојно зголемена во споредба со претходната година.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој производ досега не беше опфатен со мерките на ЕУ против пушењето, затоа што не содржи тутун и не него не се однесуваат ограничувањата за тутунските производи, така што не постојат правила на ниво на Унијата за дозволени нивоа на никотин во „торбичките“.

Властите на Белгија, Холандија и некои германски сојузни покраини веќе иницираат со ревизијата на легислативата за тутунски производи, да бидат опфатени и „никотинските торбички“, посочувајќи дека и електронските цигари исто така не содржат тутун, но за нив важат правилата поврзани со пушењето.

Аналитичарот на агенцијата на инвестициски истражувања „Морнингстар“, Филип Горам, смета дека со новата регулатива на ЕУ никотинските производи ќе бидат третирани исто како и тутунските.

– Мислам дека ќе видиме даноци кои ќе се однесуваат на овие производи, на сличен начин како што се оданочуваат и цигарите, оценува Горам.

Во прилог на ваквата можност оди и ставот на еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, според која зголемената популарност на „никотинските торбички“ предизвикува „сериозни грижи за јавното здравје“.

Таа вели дека овие производи претставуваат опасноста и за јавното здравје и за внатрешниот пазар на ЕУ, па затоа нивната регулација ќе биде „во сржта на тековната евалуација“ на законите за тутунски производи и нивно рекламирање.

Сепак меѓу експертите има поделени мислење околу штетните влијанија на „торбичките“ врз здравјето. Во експертски извештај доставен до Комисијата за здравство на ЕП се посочува дека „здравствените ризици главно произлегуваат од високата концентрација на никотин во одредени производи, што доведува до повисоко ниво на никотин во крвта на корисниците“. Меѓутоа, во извештај на Германскиот сојузен институт за проценка на ризик се наведува дека никотинот „има силни ефекти врз кардиоваскуларниот систем“, како и дека „никотинските торбички“ претставуваат висок ризик за децата, бремените жени и доилките, како и за лицата со кардиоваскуларни заболувања.

На најавите за регулација на „никотинските торбички“ реагираше и тутунската индустрија, чии гиганти како „Филип Морис“, „Бритиш Американ Тобако“ (БАТ), „Империјал Брендс“ и „Алтрија“ постепено се шират и на никотинскиот сектор преку развој на сопствени продукти или со преземање на компании кои произведуваат „никотински торбички“. Според нив, „никотинските торбички“ се „помалку штетна алтернатива“ на цигарите и затоа не треба да бидат толку строго ограничени.

Некои од големите тутунски компании, меѓу кои и БАТ, „Империјал Брендс“ и „Џапан Тобако“, презедоа мерки за саморегулација во овој сектор ограничувајќи го нивото на никотин на 20 милиграми по „торбичка“, наведувајќи предупредувања на пакувањата за влијанието врз здравјето и најавувајќи нивна продажба само на возрасни лица.

Претставникот на БАТ, Ерик Сенси-Минотје изјави дека неговата компанија би ги поздравила правилата за регулација на „никотинските торбички“, но не смета дека треба да бидат целосно забранети.

– Историјата покажува дека прохибиционистичките политики, како забраната на алкохолот и цигарите, не функционираат, туку едноставно ги тераат потрошувачите кон нелегални, нерегулирани и неоданочени производи испорачани од криминални мрежи, кои секако не ги проверуваат личните карти, истакна Сенси-Минотје.

Според Горам, инсистирањето на некои влади за забрана на „никотинските торбички“ може да се објасни со фактот дека е полесно да се воведат ограничувања во „раните фази на раст“ на некој производ. Сепак, тој смета дека мотивите зад ваквата идеја не е само загриженоста за можните последици по здравјето од „никотинските торбички“.

– Скептикот во мене вели дека даночниот прилив од тутунот е многу атрактивен и сите влади се борат да ги балансираат приходите. Мислам дека размислувањето овде оди во правец дека ако рано забраните нов продукт, ќе ги задржите даночните приходи од цигарите, заклучи Горам.

The post ЕУ се подготвува за регулација на „никотинските торбички“ appeared first on Република.

]]>

Како што расте обемот на пазарот на т.н. никотински торбички, администрацијата на ЕУ полека подготвува терен за регулирање на нивната продажба. „Никотинските торбички“ се модерен орален никотински производ, кој не содржи тутун, туку никотин, ароми и растителни влакна. Овој навидум безопасен производ се консумира така што се држи меѓу усните и непцето и ослободува никотин за задоволување на потребите на пушачите. Анализите покажуваат забрзан раст на популарноста на „никотинските торбички“, чија продажба само во Хрватска, Чешка, Данска, Словачка и Велика Британија во 2021-та е двојно зголемена во споредба со претходната година. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овој производ досега не беше опфатен со мерките на ЕУ против пушењето, затоа што не содржи тутун и не него не се однесуваат ограничувањата за тутунските производи, така што не постојат правила на ниво на Унијата за дозволени нивоа на никотин во „торбичките“. Властите на Белгија, Холандија и некои германски сојузни покраини веќе иницираат со ревизијата на легислативата за тутунски производи, да бидат опфатени и „никотинските торбички“, посочувајќи дека и електронските цигари исто така не содржат тутун, но за нив важат правилата поврзани со пушењето. Аналитичарот на агенцијата на инвестициски истражувања „Морнингстар“, Филип Горам, смета дека со новата регулатива на ЕУ никотинските производи ќе бидат третирани исто како и тутунските. – Мислам дека ќе видиме даноци кои ќе се однесуваат на овие производи, на сличен начин како што се оданочуваат и цигарите, оценува Горам. Во прилог на ваквата можност оди и ставот на еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, според која зголемената популарност на „никотинските торбички“ предизвикува „сериозни грижи за јавното здравје“. Таа вели дека овие производи претставуваат опасноста и за јавното здравје и за внатрешниот пазар на ЕУ, па затоа нивната регулација ќе биде „во сржта на тековната евалуација“ на законите за тутунски производи и нивно рекламирање. Сепак меѓу експертите има поделени мислење околу штетните влијанија на „торбичките“ врз здравјето. Во експертски извештај доставен до Комисијата за здравство на ЕП се посочува дека „здравствените ризици главно произлегуваат од високата концентрација на никотин во одредени производи, што доведува до повисоко ниво на никотин во крвта на корисниците“. Меѓутоа, во извештај на Германскиот сојузен институт за проценка на ризик се наведува дека никотинот „има силни ефекти врз кардиоваскуларниот систем“, како и дека „никотинските торбички“ претставуваат висок ризик за децата, бремените жени и доилките, како и за лицата со кардиоваскуларни заболувања. На најавите за регулација на „никотинските торбички“ реагираше и тутунската индустрија, чии гиганти како „Филип Морис“, „Бритиш Американ Тобако“ (БАТ), „Империјал Брендс“ и „Алтрија“ постепено се шират и на никотинскиот сектор преку развој на сопствени продукти или со преземање на компании кои произведуваат „никотински торбички“. Според нив, „никотинските торбички“ се „помалку штетна алтернатива“ на цигарите и затоа не треба да бидат толку строго ограничени. Некои од големите тутунски компании, меѓу кои и БАТ, „Империјал Брендс“ и „Џапан Тобако“, презедоа мерки за саморегулација во овој сектор ограничувајќи го нивото на никотин на 20 милиграми по „торбичка“, наведувајќи предупредувања на пакувањата за влијанието врз здравјето и најавувајќи нивна продажба само на возрасни лица. Претставникот на БАТ, Ерик Сенси-Минотје изјави дека неговата компанија би ги поздравила правилата за регулација на „никотинските торбички“, но не смета дека треба да бидат целосно забранети. – Историјата покажува дека прохибиционистичките политики, како забраната на алкохолот и цигарите, не функционираат, туку едноставно ги тераат потрошувачите кон нелегални, нерегулирани и неоданочени производи испорачани од криминални мрежи, кои секако не ги проверуваат личните карти, истакна Сенси-Минотје. Според Горам, инсистирањето на некои влади за забрана на „никотинските торбички“ може да се објасни со фактот дека е полесно да се воведат ограничувања во „раните фази на раст“ на некој производ. Сепак, тој смета дека мотивите зад ваквата идеја не е само загриженоста за можните последици по здравјето од „никотинските торбички“. – Скептикот во мене вели дека даночниот прилив од тутунот е многу атрактивен и сите влади се борат да ги балансираат приходите. Мислам дека размислувањето овде оди во правец дека ако рано забраните нов продукт, ќе ги задржите даночните приходи од цигарите, заклучи Горам.

The post ЕУ се подготвува за регулација на „никотинските торбички“ appeared first on Република.

]]>