Николовсски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikolovsski/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jan 2022 16:17:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Николовсски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikolovsski/ 32 32 Николовски: Ги поставивме темелите на системската борба против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-gi-postavivme-temelite-na-sistemskata-borba-protiv-korupcijata/ Fri, 14 Jan 2022 16:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=444678

Ги поставивме темелите на системската борба против корупцијата којашто ја немаше 30 години и се немаше храброст за многу работи да се направат,  оваа позиција за којашто многу очекуваа и бараа да се укине е меѓународно признаена и на барање на меѓународните партнери и поддржувачи и во разговори со новиот мандатар имаат констатирано дека оваа позиција мора да опстои, изјави вицепремиерот Љупчо Николовски во денешното интервју во Утрински брифинг.

При тоа, Николовски посочи дека за прв пат е донесен План за борба против корупција, а веќе е подготвен и и нов План за борба против корупција 2022 за наредниот период. Има 18 мерки коишто веќе се имплементирани од претходниот План, и затоа  е изготвен нов План за борба против корупција.

Триесет години немаше никој храброст да донесе Закон за потекло на имот. Денеска ја имаме драфт верзијата којашто Совет на Европа ќе ја објави. Сега ДКСК може да води постапки само за државните функционери, не и за поранешни. Со новиот Закон за потекло на имот, за секој оној што има повеќе од 30.000 евра неоданочени приходи од претходната година може да се спроведува граѓанска постапка за проверка како е стекнат имотот. Дигитализацијата е процес на промена на 250 закони, процес што го води мојот кабинет, закони за подобрување на услугите кон граѓаните. Секаде кадешто ќе го елиминираме човечкиот фактор таму сме се избориле да нема можност за корупција. Нашата земја треба да биде нов пример на дигитализирани институции и услуги во нивните работи“, рече вицепремиерот Николовски.

Во интервјуто, Николовски потенцираше дека со мерките од Планот значително е подигнато нивото на транспарентноста на Владата и институциите, за прв пат се кратат членовите на управни и надзорни одбори, во функција е системот за следење на предмети и Регистарот за вистински сопственици.

Донесовме нов Етички кодекс којшто е применлив не само за министрите туку и за сите избрани функционери, се спроведоа обуки за практична примена на Кодексот. Обврската на кабинетот што се воспостави е да се грижи за интегритетот, да иницира разрешувања и да се грижи за примената на Етичкиот кодекс. Ние воспоставивме темелни вредности, системски мерки коишто 30 години ги немаше. Сега системот е воспоставен, има силна меѓународна поддршка дека оваа позиција треба да опстои и да продолжи. После транзицијата, после режимот доаѓа време на храбри одлуки и сметам дека има генерација којашто не е должна на никому, којашто е растеретена и преку вакви храбри чекори навистина може да го трансформира општеството и да збориме за владеење на правото, за законот да важи за сите, секој да плаќа данок, да нема недопириливи, да има одговорност и да има испорака на резултати“, рече вицепремиерот Николовски

The post Николовски: Ги поставивме темелите на системската борба против корупцијата appeared first on Република.

]]>