Николоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikoloski/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Nov 2024 11:03:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Николоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikoloski/ 32 32 Николоски: Тендерот за пругата кон Бељаковце е наместен со лажирање на ширината на пругата и е даден на фирма која не може да ја заврши работата на време https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-tenderot-za-prugata-kon-belakovtse-e-namesten-so-lazhirane-na-shirinata-na-prugata-i-e-daden-na-firma-koja-ne-mozhe-da-ja-zavrshi-rabotata-na-vreme/ Thu, 28 Nov 2024 11:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=842695

Александар Николоски на денешната седница за пратенички прашања го повика Обвинителството да истражи како е даден тендерот за пругата кон Бељаковце.

Еве ќе помогнам, лажирана е ширината на пругата за да се исфрли конкуренцијата. Фирмата која го добила тендерот е некадарна и засега се завршени само 25% од работата а рокот е 2026-та , рече Николоски од говорницата.

The post Николоски: Тендерот за пругата кон Бељаковце е наместен со лажирање на ширината на пругата и е даден на фирма која не може да ја заврши работата на време appeared first on Република.

]]>

Александар Николоски на денешната седница за пратенички прашања го повика Обвинителството да истражи како е даден тендерот за пругата кон Бељаковце.
Еве ќе помогнам, лажирана е ширината на пругата за да се исфрли конкуренцијата. Фирмата која го добила тендерот е некадарна и засега се завршени само 25% од работата а рокот е 2026-та , рече Николоски од говорницата.

The post Николоски: Тендерот за пругата кон Бељаковце е наместен со лажирање на ширината на пругата и е даден на фирма која не може да ја заврши работата на време appeared first on Република.

]]>
За мене најважна средба е онаа на Мицкоски со Макрон, вели Николоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-mene-najvazhna-sredba-e-onaa-na-mitskoski-so-makron-veli-nikoloski/ Tue, 26 Nov 2024 21:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=842094

„Македонија ги промовира своите позиции за уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас“, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју во Дневникот на ТВ „Сител“.

Како што нагласи министерот, поважно е Македонија да ги одбрани своите аргументи пред клучните земји од Западна Европа, додека преговорите со Бугарија се невозможни во услови кога во земјата има влада која нема легимитет да преговара, бидејќи не е избрана од народот.

„По мене, поважен е квалитетот на држави отколку бројката. За мене најзначајна средба е средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Франција Емануел Макрон, од причина што Франција е играч број еден во ЕУ, а Макрон е лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателските избори и влада со која соработува. Германија допрва влегува во избори и таму ќе има промени, така што ако успееме добро да сработиме со Франција и со неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи лесно ќе бидат примени. Ако ЕУ сака да почне преговори, Македонија ќе почне преговори затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со втората најслаба земја во ЕУ“, рече Николоски.

„За жал Бугарија седум изборни циклуси не може да избере Влада и како што стојат сега работите веројатнo ќе одат и на нови осми избори во март следната година и тоа прави невозможо да се има солидна комуникација. Во моментов таму има техничка влада, тие се луѓе кои што никој не ги избрал на избори. Јас еднаш реков дека се политички маргиналци, па ми се налутија, но тоа е реално бидејќи тие не излегле на избори. Многу е тешко од една стрaна да има влада со буквално двотретинско мнозинство во Парламентот со огромен изборен легитимитет, а од друга страна имате влада што не претставува никого. И во такви услови е многу тешко да се води било каква форма на дијалог бидејќи другата страна не може да преземе обврски. И Радев не може да преземе обврски бидејќи тој е претседател и без разлика колку е популарен, не може тие политики да ги испорача. Не е пријатно да имаме сосед кој четврта година по ред не може да избере Влада“, додаде Николоски.

The post За мене најважна средба е онаа на Мицкоски со Макрон, вели Николоски appeared first on Република.

]]>

„Македонија ги промовира своите позиции за уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас“, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју во Дневникот на ТВ „Сител“. Како што нагласи министерот, поважно е Македонија да ги одбрани своите аргументи пред клучните земји од Западна Европа, додека преговорите со Бугарија се невозможни во услови кога во земјата има влада која нема легимитет да преговара, бидејќи не е избрана од народот.
„По мене, поважен е квалитетот на држави отколку бројката. За мене најзначајна средба е средбата на премиерот Христијан Мицкоски со претседателот на Франција Емануел Макрон, од причина што Франција е играч број еден во ЕУ, а Макрон е лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателските избори и влада со која соработува. Германија допрва влегува во избори и таму ќе има промени, така што ако успееме добро да сработиме со Франција и со неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи лесно ќе бидат примени. Ако ЕУ сака да почне преговори, Македонија ќе почне преговори затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку со втората најслаба земја во ЕУ“, рече Николоски.
„За жал Бугарија седум изборни циклуси не може да избере Влада и како што стојат сега работите веројатнo ќе одат и на нови осми избори во март следната година и тоа прави невозможо да се има солидна комуникација. Во моментов таму има техничка влада, тие се луѓе кои што никој не ги избрал на избори. Јас еднаш реков дека се политички маргиналци, па ми се налутија, но тоа е реално бидејќи тие не излегле на избори. Многу е тешко од една стрaна да има влада со буквално двотретинско мнозинство во Парламентот со огромен изборен легитимитет, а од друга страна имате влада што не претставува никого. И во такви услови е многу тешко да се води било каква форма на дијалог бидејќи другата страна не може да преземе обврски. И Радев не може да преземе обврски бидејќи тој е претседател и без разлика колку е популарен, не може тие политики да ги испорача. Не е пријатно да имаме сосед кој четврта година по ред не може да избере Влада“, додаде Николоски.

The post За мене најважна средба е онаа на Мицкоски со Макрон, вели Николоски appeared first on Република.

]]>
Николоски: СДСМ ќе се соочи со уште поголем притисок и предизвици поради губењето на јасниот политички идентитет и принципи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-sdsm-ke-se-soochi-so-ushte-pogolem-pritisok-i-predizvitsi-poradi-gubeneto-na-jasniot-politichki-identitet-i-printsipi/ Tue, 26 Nov 2024 21:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=842063

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, гостуваше во централниот дневник на ТВ Сител, каде говореше за состојбата на опозицијата, нејзините предизвици и подготовките за локалните избори.

На прашањето како ја оценува активноста на опозицијата, Николоски истакна дека е важно земјата да има силна и конструктивна опозиција, но забележа дека моменталната ситуација е нејасна.

Мислам дека е здраво да има силна опозиција, но во моментот не можеме точно да дефинираме која е главната опозиција – дали тоа е СДСМДУИ или Левица. На анкетите сите се приближно еднакви, што создава тешкотии во политичката борба. Тешко е да се води битка со непознат противник,“ изјави тој.

Николоски го истакна феноменот на, како што рече, „инкорпорирање“ на фондацијата СОРОС во структурите на СДСМ.

Во минатото, првиот човек на фондацијата беше член на централниот одбор на СДСМ, а сега тој стана втор човек на партијата. Ова претставува невидено претопување на една фондација во политичка партија, што е проблем за општеството. Јасните граници меѓу партиите, медиумите и невладините организации се губат, а овој спој води кон непринципиелно дејствување,“ посочи Николоски.

Во однос на претстојните локални избори, Николоски рече дека владејачката коалиција ја очекува нов, уште поголем пораз.

На последните избори, ние го постигнавме историски најголемиот успех, додека СДСМ, иако на власт, претрпе историски најголем пораз. Мислам дека истото ги очекува и на локалните избори,“ додаде тој.

Николоски нагласи дека владината коалиција е подготвена за сите политички предизвици и ќе продолжи да работи за остварување на своите цели. Според него, СДСМ ќе се соочи со уште поголем притисок и предизвици поради губењето на јасниот политички идентитет и принципи.

The post Николоски: СДСМ ќе се соочи со уште поголем притисок и предизвици поради губењето на јасниот политички идентитет и принципи appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, гостуваше во централниот дневник на ТВ Сител, каде говореше за состојбата на опозицијата, нејзините предизвици и подготовките за локалните избори. На прашањето како ја оценува активноста на опозицијата, Николоски истакна дека е важно земјата да има силна и конструктивна опозиција, но забележа дека моменталната ситуација е нејасна.
Мислам дека е здраво да има силна опозиција, но во моментот не можеме точно да дефинираме која е главната опозиција – дали тоа е СДСМДУИ или Левица. На анкетите сите се приближно еднакви, што создава тешкотии во политичката борба. Тешко е да се води битка со непознат противник,“ изјави тој.
Николоски го истакна феноменот на, како што рече, „инкорпорирање“ на фондацијата СОРОС во структурите на СДСМ.
Во минатото, првиот човек на фондацијата беше член на централниот одбор на СДСМ, а сега тој стана втор човек на партијата. Ова претставува невидено претопување на една фондација во политичка партија, што е проблем за општеството. Јасните граници меѓу партиите, медиумите и невладините организации се губат, а овој спој води кон непринципиелно дејствување,“ посочи Николоски.
Во однос на претстојните локални избори, Николоски рече дека владејачката коалиција ја очекува нов, уште поголем пораз.
На последните избори, ние го постигнавме историски најголемиот успех, додека СДСМ, иако на власт, претрпе историски најголем пораз. Мислам дека истото ги очекува и на локалните избори,“ додаде тој.
Николоски нагласи дека владината коалиција е подготвена за сите политички предизвици и ќе продолжи да работи за остварување на своите цели. Според него, СДСМ ќе се соочи со уште поголем притисок и предизвици поради губењето на јасниот политички идентитет и принципи.

The post Николоски: СДСМ ќе се соочи со уште поголем притисок и предизвици поради губењето на јасниот политички идентитет и принципи appeared first on Република.

]]>
Николоски за пругата кон Бугарија: Тунелот ќе се гради заеднички, Бугарија ќе го гради својот дел од пругата, рокот е 5 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-za-prugata-kon-bugarija-tunelot-ke-se-gradi-zaednichki-bugarija-ke-go-gradi-svojot-del-od-prugata-rokot-e-5-godini/ Tue, 26 Nov 2024 20:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=842083

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, гостуваше во централниот дневник на ТВ Сител, каде што ги презентираше најновите информации за железничките и патните инфраструктурни проекти. Николоски го истакна значењето на транспарентноста и стратешкиот пристап во решавањето на клучните прашања поврзани со пругите, коридорите и автопатите.

Николоски наведе дека во постојниот договор, требало проектот да биде завршен за 5 години, но бил убеден дека немало да се реализира ни за 15 години. Сега, навистина 5 години ќе значат 5 години.

На прашањето за состојбата со пругата кон Бугарија, Николоски објасни дека е постигнато договорено решение за заедничка работа на тунелот, нешто што претходно не било јасно дефинирано.

Влеговме домаќински во работата. Наместо да потпишам тендер без анализа, одлучив да дејствуваме одговорно. Како може 24 километри пруга да чинат 450 милиони евра, а вкупно со електрификација 560 милиони евра? Како е можно тунел без геотехнички истражувања и без планови да доведе до уривање на 20 куќи во Крива Паланка?“ запраша Николоски.

Министерот објасни дека постигнал важни договори:

Тунелот ќе се гради заеднички и ќе се ревидира проектот од македонска страна за неговата изводливост и цена.

Бугарија прифати да го гради својот дел од пругата.

Рокот за завршување е пет години, што спречува долгорочно одложување.

Во врска со Коридор 10, Николоски истакна дека проектот е од врвен приоритет.

Железничкото поврзување преку Солунско пристаниште не е мое барање, туку реална потреба на бизнисот и земјата. Таму работиме многу интензивно, во железничкиот дел нема споредба меѓу двата коридори, претседателот на сојузот на стопански комори сам рече дека бараме излез на Солунско пристаниште, не затоа што Николоски така кажал, туку тоа се потребите на бизнисот и земјата. Ќе има реконструкција на постојната пруга и изградба на нова, во јануари месец чеќе има конкретни работи кои ќе ги презентирам

За патниот дел, најави пуштање во употреба на експресниот пат од Куманово до границата со Бугарија до крајот на годината. Со ова, времето за патување од Скопје до границата ќе се намали на околу еден час и 15 минути.

Во делот на патно поврзување, до нова година ќе го пуштиме експресниот пат од Куманово до гранцица со Бугарија, што значи дека од Скопје до граница со Бугарија, ќе се патува што по автопат, што по експресен пат и некаде ќе се стига за час и 10, час и 15 минути, пријатно возење што многу го крати патувањето.

Николоски изрази разочараност од бавниот напредок на Бугарија во однос на инфраструктурните проекти.

Од македонска страна се прават значителни напори, но Бугарија треба да го подобри својот дел од патната мрежа, пат кој стои до 70ти години од минатиот век. Исто така, очекуваме развој на граничниот премин Клепало, кој е обраснат со шума, а може да работиме и на  заедничко автопатско решение од Смоквица., Валандово, Струмица, Ново Село, граница со Бугарија, Петрич и да се врзува на автопатот Струма во Бугарија, како трето поврзување што може да го работиме“, истакна Николоски.

Министерот Николоски ја нагласи посветеноста на Владата за подобрување на инфраструктурата, поставувајќи нови стандарди за транспарентност и ефикасност. Тој потенцираше дека, и покрај предизвиците, проектите за железничко и патно поврзување со Бугарија, како и автопатот Охрид-Кичево, ќе бидат реализирани во предвидените рокови.

The post Николоски за пругата кон Бугарија: Тунелот ќе се гради заеднички, Бугарија ќе го гради својот дел од пругата, рокот е 5 години appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, гостуваше во централниот дневник на ТВ Сител, каде што ги презентираше најновите информации за железничките и патните инфраструктурни проекти. Николоски го истакна значењето на транспарентноста и стратешкиот пристап во решавањето на клучните прашања поврзани со пругите, коридорите и автопатите. Николоски наведе дека во постојниот договор, требало проектот да биде завршен за 5 години, но бил убеден дека немало да се реализира ни за 15 години. Сега, навистина 5 години ќе значат 5 години. На прашањето за состојбата со пругата кон Бугарија, Николоски објасни дека е постигнато договорено решение за заедничка работа на тунелот, нешто што претходно не било јасно дефинирано.
Влеговме домаќински во работата. Наместо да потпишам тендер без анализа, одлучив да дејствуваме одговорно. Како може 24 километри пруга да чинат 450 милиони евра, а вкупно со електрификација 560 милиони евра? Како е можно тунел без геотехнички истражувања и без планови да доведе до уривање на 20 куќи во Крива Паланка?“ запраша Николоски.
Министерот објасни дека постигнал важни договори: Тунелот ќе се гради заеднички и ќе се ревидира проектот од македонска страна за неговата изводливост и цена. Бугарија прифати да го гради својот дел од пругата. Рокот за завршување е пет години, што спречува долгорочно одложување. Во врска со Коридор 10, Николоски истакна дека проектот е од врвен приоритет.
Железничкото поврзување преку Солунско пристаниште не е мое барање, туку реална потреба на бизнисот и земјата. Таму работиме многу интензивно, во железничкиот дел нема споредба меѓу двата коридори, претседателот на сојузот на стопански комори сам рече дека бараме излез на Солунско пристаниште, не затоа што Николоски така кажал, туку тоа се потребите на бизнисот и земјата. Ќе има реконструкција на постојната пруга и изградба на нова, во јануари месец чеќе има конкретни работи кои ќе ги презентирам
За патниот дел, најави пуштање во употреба на експресниот пат од Куманово до границата со Бугарија до крајот на годината. Со ова, времето за патување од Скопје до границата ќе се намали на околу еден час и 15 минути. Во делот на патно поврзување, до нова година ќе го пуштиме експресниот пат од Куманово до гранцица со Бугарија, што значи дека од Скопје до граница со Бугарија, ќе се патува што по автопат, што по експресен пат и некаде ќе се стига за час и 10, час и 15 минути, пријатно возење што многу го крати патувањето. Николоски изрази разочараност од бавниот напредок на Бугарија во однос на инфраструктурните проекти.
Од македонска страна се прават значителни напори, но Бугарија треба да го подобри својот дел од патната мрежа, пат кој стои до 70ти години од минатиот век. Исто така, очекуваме развој на граничниот премин Клепало, кој е обраснат со шума, а може да работиме и на  заедничко автопатско решение од Смоквица., Валандово, Струмица, Ново Село, граница со Бугарија, Петрич и да се врзува на автопатот Струма во Бугарија, како трето поврзување што може да го работиме“, истакна Николоски.
Министерот Николоски ја нагласи посветеноста на Владата за подобрување на инфраструктурата, поставувајќи нови стандарди за транспарентност и ефикасност. Тој потенцираше дека, и покрај предизвиците, проектите за железничко и патно поврзување со Бугарија, како и автопатот Охрид-Кичево, ќе бидат реализирани во предвидените рокови.

The post Николоски за пругата кон Бугарија: Тунелот ќе се гради заеднички, Бугарија ќе го гради својот дел од пругата, рокот е 5 години appeared first on Република.

]]>
Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026, вели Николоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ostanuvam-na-vetuvaneto-deka-avtopatot-ohrid-kichevo-tselosno-ke-go-izgradime-do-kraj-na-2026-veli-nikoloski/ Tue, 26 Nov 2024 20:29:04 +0000 https://republika.mk/?p=842081

За автопатот Охрид - Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето ветување дека до почетокот на летната сезона ќе го пуштиме во употреба од село Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година целосно ќе го изградиме, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостување ТВ Сител.

Тој оцени дека „автопатот Охрид – Кичево е симбол на работењето на оваа влада и ќе е симбол за неспособноста на претходни влади“.

- Со апсолутна убеденост ќе го повторам тоа што веќе го кажав, а тоа е дека од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај Ботун, бидејќи таму има лизгање на земјиштето, ќе имаме цело автопатско решение пред почетокот на летната сезона, рече Николоски.

Тој дополи дека паралелно кај селото Ботун од денеска е започната рехабилитација на постојниот пат за да и тоа биде пријатно возење, а во следниот период ќе почне целосна рехабилитација на планинскиот превој Пресека затоа што тој ќе се користи до крај на 2026 година.

- Додека во однос на вториот дел од автопатот од Врбјани па се до над Кичево, ќе биде завршен до крајот на 2026 година и стојам позади тие ветувања, рече Николоски

The post Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026, вели Николоски appeared first on Република.

]]>

За автопатот Охрид - Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето ветување дека до почетокот на летната сезона ќе го пуштиме во употреба од село Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година целосно ќе го изградиме, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски во гостување ТВ Сител. Тој оцени дека „автопатот Охрид – Кичево е симбол на работењето на оваа влада и ќе е симбол за неспособноста на претходни влади“. - Со апсолутна убеденост ќе го повторам тоа што веќе го кажав, а тоа е дека од селото Врбјани до Охрид со еден мал исклучок кај Ботун, бидејќи таму има лизгање на земјиштето, ќе имаме цело автопатско решение пред почетокот на летната сезона, рече Николоски. Тој дополи дека паралелно кај селото Ботун од денеска е започната рехабилитација на постојниот пат за да и тоа биде пријатно возење, а во следниот период ќе почне целосна рехабилитација на планинскиот превој Пресека затоа што тој ќе се користи до крај на 2026 година. - Додека во однос на вториот дел од автопатот од Врбјани па се до над Кичево, ќе биде завршен до крајот на 2026 година и стојам позади тие ветувања, рече Николоски

The post Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026, вели Николоски appeared first on Република.

]]>
Николоски за уставни измени со одложено дејство: Ако сработиме добро со Франција и со некои земји од Западна Европа, нашите аргументи може лесно да бидат примени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-ustavni-izmeni-so-odlozheno-dejstvo-ako-srabotime-dobro-so-frantsija-i-so-nekoi-zemji-od-zapadna-evropa-nashite-argumenti-mozhe-lesno-da-bidat-primeni/ Tue, 26 Nov 2024 20:26:00 +0000 https://republika.mk/?p=842079

Ако успееме да сработиме добро со Франција и со некои земји од Западна Европа, нашите аргументи може лесно да бидат примени, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за позицијата за уставни измени со одложено дејство.

-По мене, мислам дека е побитен квалитетот на држави од коишто имаме средба отколку борјката. Многу често зборувам на група на држави кои што се спротивставуваат на проширување. И за мене најзначајна средба која што премерот Мицковски ја имал откако е избран, е средбата со претседателот на Франција, Мануел Макрон. Од причина што Франција е сега играч број еден во ЕУ. Макрон е несоменено лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателски избори, влада со која што соработува. Германија допрва влегува во избори. Ќе има најверојанто промена. Дополнително, од премериот сум информиран дека поминала и во еден исклучителено добар тон. Ако успееме да сработиме добро со Франција и со уште неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи може лесно да бидат примени. Затоа што јас стојам на тезата доколку ЕУ сака Македонија да почне преговори, Македонија ќе почне преговори, затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ. Па јас би рекол повеќе дека не само за најслабата туку за најсилните пет-шест. Ова беше едно добро образложение во периодите кога тие не сакаа да се зборува на тема проширување во нивната домашна јавност. Кога тоа би се променило, убеден сум дека еден дипломатски тешкаш од Западна Европа со едно претпладне или едно попладне во Софија, ќе го реши проблемот, рече вечерва Николоски на „Тема на денот“ на Телевизија Сител.

Денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со претседателот на СДСМ Венко Филипче, Николски ја поздрави и оцени како добра работа во насока на градење на здрав дух меѓу политичарите.

-Апсолутно мислам дека е добро. Сиљановска има голем легитимитет, освои огромен број на гласови. Треба да комуницира со сите политички структури во државата. Има средба со најголемата опозициска партија и тоа е во насока на градење на еден здрав дух и здрави односи помеѓу нас како политичари. Така што можам само да го поздравам, рече тој.

Во однос на тоа дали има потреба премиерот да има таква или слична средба во некој лидерски формат, Николоски со одговор дека во тоа не гледа никаква стигма или нешто лошо. Смета дека е здраво да има комуникација помеѓу претседателот на Владата и претседател на најголемата политичка опозициска партија и други политичии партии.

Околу разговорите со претставници на Бугарија, Николоски нагласи дека ќе чекаат во Софија да има стабилна влада за да разговараат за сите прашања од дијалогот.

-И Бугарија, како и Македонија, е парламентарна демократија каде што претседателите имаат протоколарна или минимална извршна моќ. Извршната може во Владата. Владата е таа која што ги носи одлуките. За жал, Бугарија седум изборни циклуси по ред не може да избере влада. Веројатно ќе одат на осми избори во март. И тоа прави невозможно да се има солидна комуникација. Во моментов таму има техничка влада, тие се луѓе коишто никој не ги избра на избори. Имаа сега избори, можеби овие кои се техничка влада да си формираат политичка партија и да излезат и да видат што мислат граѓаните за нив. Многу е тешко од една страна да имате влада со двотетинско мнозинство во Собранието со огромен изборен легитимитет, а од друга страна која што не претставува никого. И во такви услови е многу тешко да се води било каква форма на дијалог затоа што ниедна страна не може да преземе обврски. Јас се надевам дека ќе формираат влада. Веројатно, во март ќе имаат повторно избори, тоа е одлука на граѓаните на Бугарија. Ние може само да следиме, не можеме ништо да направиме. Не е пријатно да имате сосед којшто четврта година не може да избере влада, но тоа е реалност, рече тој.

Николоски потенцира дека е здраво да имаат силна опозиција. Посочи дека тие се спремни да се натпреваруваат и ќе победат на наредните локални избори.

-За нас е здраво да имаме силна опозиција. За жал, во моментов ние не можеме да дефинираме која е главната опозициона партија, дали е тоа СДСМ, ДУИ или Левица. Горе-долу и на анкети се тука овие три политички структури. Тешко е да „водите политичка битка“ со непознат противник од другата страна и затоа има една ваква конфузија. Секако, СДСМ е традиционалнот противник. Гледам дека се обидуваат да прават одредени промени, но тие промени сутшитнски не се гледаат. Ние сме спремни да се натпреваруваме, и како што го поразивме СДСМ со историски најдобар резултат од опозиција, а тие имаат историски најнизок рзултат со само 18 пратеници. Убеден сум уште повеќе ги поразиме на Локалните избори, рече вицепремиерот Николоски.

The post Николоски за уставни измени со одложено дејство: Ако сработиме добро со Франција и со некои земји од Западна Европа, нашите аргументи може лесно да бидат примени appeared first on Република.

]]>

Ако успееме да сработиме добро со Франција и со некои земји од Западна Европа, нашите аргументи може лесно да бидат примени, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за позицијата за уставни измени со одложено дејство. -По мене, мислам дека е побитен квалитетот на држави од коишто имаме средба отколку борјката. Многу често зборувам на група на држави кои што се спротивставуваат на проширување. И за мене најзначајна средба која што премерот Мицковски ја имал откако е избран, е средбата со претседателот на Франција, Мануел Макрон. Од причина што Франција е сега играч број еден во ЕУ. Макрон е несоменено лидер во ЕУ со најголем легитимитет, чиста победа на претседателски избори, влада со која што соработува. Германија допрва влегува во избори. Ќе има најверојанто промена. Дополнително, од премериот сум информиран дека поминала и во еден исклучителено добар тон. Ако успееме да сработиме добро со Франција и со уште неколку други земји од Западна Европа, мислам дека нашите аргументи може лесно да бидат примени. Затоа што јас стојам на тезата доколку ЕУ сака Македонија да почне преговори, Македонија ќе почне преговори, затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, имаме проблем со најслабата или втората најслаба земја членка на ЕУ. Па јас би рекол повеќе дека не само за најслабата туку за најсилните пет-шест. Ова беше едно добро образложение во периодите кога тие не сакаа да се зборува на тема проширување во нивната домашна јавност. Кога тоа би се променило, убеден сум дека еден дипломатски тешкаш од Западна Европа со едно претпладне или едно попладне во Софија, ќе го реши проблемот, рече вечерва Николоски на „Тема на денот“ на Телевизија Сител. Денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со претседателот на СДСМ Венко Филипче, Николски ја поздрави и оцени како добра работа во насока на градење на здрав дух меѓу политичарите. -Апсолутно мислам дека е добро. Сиљановска има голем легитимитет, освои огромен број на гласови. Треба да комуницира со сите политички структури во државата. Има средба со најголемата опозициска партија и тоа е во насока на градење на еден здрав дух и здрави односи помеѓу нас како политичари. Така што можам само да го поздравам, рече тој. Во однос на тоа дали има потреба премиерот да има таква или слична средба во некој лидерски формат, Николоски со одговор дека во тоа не гледа никаква стигма или нешто лошо. Смета дека е здраво да има комуникација помеѓу претседателот на Владата и претседател на најголемата политичка опозициска партија и други политичии партии. Околу разговорите со претставници на Бугарија, Николоски нагласи дека ќе чекаат во Софија да има стабилна влада за да разговараат за сите прашања од дијалогот. -И Бугарија, како и Македонија, е парламентарна демократија каде што претседателите имаат протоколарна или минимална извршна моќ. Извршната може во Владата. Владата е таа која што ги носи одлуките. За жал, Бугарија седум изборни циклуси по ред не може да избере влада. Веројатно ќе одат на осми избори во март. И тоа прави невозможно да се има солидна комуникација. Во моментов таму има техничка влада, тие се луѓе коишто никој не ги избра на избори. Имаа сега избори, можеби овие кои се техничка влада да си формираат политичка партија и да излезат и да видат што мислат граѓаните за нив. Многу е тешко од една страна да имате влада со двотетинско мнозинство во Собранието со огромен изборен легитимитет, а од друга страна која што не претставува никого. И во такви услови е многу тешко да се води било каква форма на дијалог затоа што ниедна страна не може да преземе обврски. Јас се надевам дека ќе формираат влада. Веројатно, во март ќе имаат повторно избори, тоа е одлука на граѓаните на Бугарија. Ние може само да следиме, не можеме ништо да направиме. Не е пријатно да имате сосед којшто четврта година не може да избере влада, но тоа е реалност, рече тој. Николоски потенцира дека е здраво да имаат силна опозиција. Посочи дека тие се спремни да се натпреваруваат и ќе победат на наредните локални избори. -За нас е здраво да имаме силна опозиција. За жал, во моментов ние не можеме да дефинираме која е главната опозициона партија, дали е тоа СДСМ, ДУИ или Левица. Горе-долу и на анкети се тука овие три политички структури. Тешко е да „водите политичка битка“ со непознат противник од другата страна и затоа има една ваква конфузија. Секако, СДСМ е традиционалнот противник. Гледам дека се обидуваат да прават одредени промени, но тие промени сутшитнски не се гледаат. Ние сме спремни да се натпреваруваме, и како што го поразивме СДСМ со историски најдобар резултат од опозиција, а тие имаат историски најнизок рзултат со само 18 пратеници. Убеден сум уште повеќе ги поразиме на Локалните избори, рече вицепремиерот Николоски.

The post Николоски за уставни измени со одложено дејство: Ако сработиме добро со Франција и со некои земји од Западна Европа, нашите аргументи може лесно да бидат примени appeared first on Република.

]]>
Николоски: Набавката на автобуси не е на ниво на желба, правиме испитување на пазарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-nabavkata-na-avtobusi-ne-e-na-nivo-na-zhelba-pravime-ispituvane-na-pazarot/ Tue, 26 Nov 2024 19:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=842067

Министерството за транспорт  во соработка со Генералниот секретаријат и Владата прави испитување на пазарот за најавената набавка на електрични автобуси за јавниот градскиот превоз.

-Не е на ниво на желба. Во соработка со Генералниот секретаријат и Владата правиме испитување на пазарот. Ова беше работа која требаше да ја прави ЈСП, но за жал состојба е таква каква што е и тука треба да се корегираат многу закони во насока на одговорност на градоначалниците, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Сител.

Николоски посочи дека ќе се оди со повеќегодишна набавка со цел да не се оптовари Буџетот наеднаш затоа што станува збор за голем износ на средства.

- Идејата е да се плаќа четири години на осум рати, на секои шест месеци. Ќе се набават 120 автобуси и најмалку 50 полначи и на овој начин да се решава сообраќајниот хаос што се случува. Мислам дека ова ќе е чекор напред кон решавање на проблемот, рече Николоски.

Тој соопшти дека деновиве очекува промени и во Агенцијата за пошти за да се провери како се давани лицеци на приватни пошти кои, како што рече, работеле на уништување на  националната Пошта.

- Откако го решивме проблемот со платите сега одиме со стабилизација, таму имало доста лоши решенија кои ги менуваме. Паралелно очекувам деновиве промени и во Агенцијата за пошти да провериме како се давани одредени лиценци на приватни пошти кои буквално работат од подрум со цел да ја уништуваат Македонска Пошта  и сум убеден дека веќе следната година квалитетот ќе оди многу нагоре и првпат после многу многу години МП ќе искажат добивка. Во однос на централниот објект имаме договор со Делегацијата на ЕУ во Скопје и Министерството за култура и ќе стане многу убав мултимедијален центар во следните две до три години, најави Николоски, коментирајќи го тврдењето што го изнесе неодамна дека претходното раководство планирало да го направи кабаре централниот објект на Пошта.

The post Николоски: Набавката на автобуси не е на ниво на желба, правиме испитување на пазарот appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт  во соработка со Генералниот секретаријат и Владата прави испитување на пазарот за најавената набавка на електрични автобуси за јавниот градскиот превоз. -Не е на ниво на желба. Во соработка со Генералниот секретаријат и Владата правиме испитување на пазарот. Ова беше работа која требаше да ја прави ЈСП, но за жал состојба е таква каква што е и тука треба да се корегираат многу закони во насока на одговорност на градоначалниците, рече вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување на ТВ Сител. Николоски посочи дека ќе се оди со повеќегодишна набавка со цел да не се оптовари Буџетот наеднаш затоа што станува збор за голем износ на средства. - Идејата е да се плаќа четири години на осум рати, на секои шест месеци. Ќе се набават 120 автобуси и најмалку 50 полначи и на овој начин да се решава сообраќајниот хаос што се случува. Мислам дека ова ќе е чекор напред кон решавање на проблемот, рече Николоски. Тој соопшти дека деновиве очекува промени и во Агенцијата за пошти за да се провери како се давани лицеци на приватни пошти кои, како што рече, работеле на уништување на  националната Пошта. - Откако го решивме проблемот со платите сега одиме со стабилизација, таму имало доста лоши решенија кои ги менуваме. Паралелно очекувам деновиве промени и во Агенцијата за пошти да провериме како се давани одредени лиценци на приватни пошти кои буквално работат од подрум со цел да ја уништуваат Македонска Пошта  и сум убеден дека веќе следната година квалитетот ќе оди многу нагоре и првпат после многу многу години МП ќе искажат добивка. Во однос на централниот објект имаме договор со Делегацијата на ЕУ во Скопје и Министерството за култура и ќе стане многу убав мултимедијален центар во следните две до три години, најави Николоски, коментирајќи го тврдењето што го изнесе неодамна дека претходното раководство планирало да го направи кабаре централниот објект на Пошта.

The post Николоски: Набавката на автобуси не е на ниво на желба, правиме испитување на пазарот appeared first on Република.

]]>
Преку „Купи куќа за млади“ младите брачни двојки полесно до свој нов дом, најави Николоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/preku-kupi-kuka-za-mladi-mladite-brachni-dvojki-polesno-do-svoj-nov-dom-najavi-nikoloski/ Tue, 19 Nov 2024 12:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=839605

Младите брачни двојки ќе добијат можност да добијат нов дом по поволни услови. Ова денеска го најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

-Од следната година, односно за помалце од два месеци од сега, ќе почнеме да го развиваме проектот „Купи куќа за млади“ кој треба да овозможи многу млади брачни двојки да се стекнат со свој дом по исклучително поволни услови, истакна Николоски.

Информира дека по Нова година ќе се знаат општините во кои ќе почне да се реализира проектот.

„За тоа веќе ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини тоа ќе може да се резлизира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат поддршка и да се стекнат со свој дом“.

The post Преку „Купи куќа за млади“ младите брачни двојки полесно до свој нов дом, најави Николоски appeared first on Република.

]]>

Младите брачни двојки ќе добијат можност да добијат нов дом по поволни услови. Ова денеска го најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. -Од следната година, односно за помалце од два месеци од сега, ќе почнеме да го развиваме проектот „Купи куќа за млади“ кој треба да овозможи многу млади брачни двојки да се стекнат со свој дом по исклучително поволни услови, истакна Николоски. Информира дека по Нова година ќе се знаат општините во кои ќе почне да се реализира проектот. „За тоа веќе ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини тоа ќе може да се резлизира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат поддршка и да се стекнат со свој дом“.

The post Преку „Купи куќа за млади“ младите брачни двојки полесно до свој нов дом, најави Николоски appeared first on Република.

]]>
Ќе се менуваат Законите за градба и урбанистичко планирање- со предлозите на Николоски до олеснета градба на училишта, градинки, болници… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-se-menuvaat-zakonite-za-gradba-i-urbanistichko-planirane-so-predlozite-na-nikoloski-do-olesneta-gradba-na-uchilishta-gradinki-bolnitsi/ Tue, 19 Nov 2024 12:05:06 +0000 https://republika.mk/?p=839603

Законите за градба и за урбанистичко планирање треба да претрпат темелни реформи, бидејќи не го пратат чекорот со времето, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Овие закони треба да се сменат. Во рамки на Министерството работиме на тоа и кога ќе имаме драфт верзии ќе го поканиме граѓанскиот сектор да се вклучи. Сметам дека јавноста треба да ги следи измените онака како што се напишани, а не онака како што некој ќе ги толкува, затоа што времето покажува дека или се прави тоа од незнаење или од други агенди кои не се поврзани со добробит на граѓаните, рече Николоски во одговор на новинарско прашање на денешниот настан со кој ССК одбележува 20 години од постоењето.

Посочи дека одредени структури во јавноста реагираат за се што е поврзано со законите за градење и за урбанистичко планирање без претходно да прочитаат за што станува збор.

Како пример ги истакна измените на Законот за урбанистичко планирање кои на негов предлог беа усвоени во август годинава со кои се овозможи со олеснета процедура да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи.

-Кога се носеа измените се креваше хистерија дека којзнае што ќе се случело и каков урбанистички хаос ќе настанел во државата. Три месеци подоцна нема никаков урбанистички хаос и единствено се случи училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи да се градат во олеснета процедура. Откако се направија овие законски измени нема општина која не планира или веќе не почнува изградба на нова градинка или ново училиште, а сето она за што се креваше хистерија не се случи, потенцира Николоски.

The post Ќе се менуваат Законите за градба и урбанистичко планирање- со предлозите на Николоски до олеснета градба на училишта, градинки, болници… appeared first on Република.

]]>

Законите за градба и за урбанистичко планирање треба да претрпат темелни реформи, бидејќи не го пратат чекорот со времето, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. -Овие закони треба да се сменат. Во рамки на Министерството работиме на тоа и кога ќе имаме драфт верзии ќе го поканиме граѓанскиот сектор да се вклучи. Сметам дека јавноста треба да ги следи измените онака како што се напишани, а не онака како што некој ќе ги толкува, затоа што времето покажува дека или се прави тоа од незнаење или од други агенди кои не се поврзани со добробит на граѓаните, рече Николоски во одговор на новинарско прашање на денешниот настан со кој ССК одбележува 20 години од постоењето. Посочи дека одредени структури во јавноста реагираат за се што е поврзано со законите за градење и за урбанистичко планирање без претходно да прочитаат за што станува збор. Како пример ги истакна измените на Законот за урбанистичко планирање кои на негов предлог беа усвоени во август годинава со кои се овозможи со олеснета процедура да се градат училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи. -Кога се носеа измените се креваше хистерија дека којзнае што ќе се случело и каков урбанистички хаос ќе настанел во државата. Три месеци подоцна нема никаков урбанистички хаос и единствено се случи училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи да се градат во олеснета процедура. Откако се направија овие законски измени нема општина која не планира или веќе не почнува изградба на нова градинка или ново училиште, а сето она за што се креваше хистерија не се случи, потенцира Николоски.

The post Ќе се менуваат Законите за градба и урбанистичко планирање- со предлозите на Николоски до олеснета градба на училишта, градинки, болници… appeared first on Република.

]]>
Николоски му ја честиташе победата на Трамп: Македонија останува силен сојузник на САД и граѓаните и стратешки партнер во евроатланските процеси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-mu-ja-chestitashe-pobedata-na-tramp-makedonija-ostanuva-silen-sojuznik-na-sad-i-graganite-i-strateshki-partner-vo-evroatlanskite-protsesi/ Wed, 06 Nov 2024 12:44:43 +0000 https://republika.mk/?p=834761

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски му ја честиташе победата на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Демократските вредности уште еднаш ја потврдија силната верба на американскиот народ за обезбедување на стабилна и просперитетна држава. Македонија и понатаму останува силен сојузник на САД и граѓаните, стратешки партнер во евроатланските процеси и промотор на глобалниот мир и поредок, објави Николоски на својот Фејсбук.

Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД и влегува во Белата куќа како 47-ми американски претседател, што ќе биде негов втор мандат.

The post Николоски му ја честиташе победата на Трамп: Македонија останува силен сојузник на САД и граѓаните и стратешки партнер во евроатланските процеси appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски му ја честиташе победата на американскиот претседател Доналд Трамп. -Демократските вредности уште еднаш ја потврдија силната верба на американскиот народ за обезбедување на стабилна и просперитетна држава. Македонија и понатаму останува силен сојузник на САД и граѓаните, стратешки партнер во евроатланските процеси и промотор на глобалниот мир и поредок, објави Николоски на својот Фејсбук. Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД и влегува во Белата куќа како 47-ми американски претседател, што ќе биде негов втор мандат.

The post Николоски му ја честиташе победата на Трамп: Македонија останува силен сојузник на САД и граѓаните и стратешки партнер во евроатланските процеси appeared first on Република.

]]>
Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час и половина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-od-skopje-do-prilep-ke-se-patuva-za-chas-i-deset-minuti-do-bitola-za-chas-i-polovina/ Sat, 02 Nov 2024 12:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=833491

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорот на ЈП за државни патишта Коце Tрајановски, претставници од Владата, грaдоначалници од Пелагоснкиот регион, денеска извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп – Битола.

Министерот Николоски истакна дека ова е ден за паметење бидејќи во рок од една недела се започнува изградба на два автопати во Македонија, меѓи кој и автопатот Приле-Битола со кои ќе се промени целосно сликата за Македонија.

Ви ја пренесуваме интегралната изјава на министерот Николоски:

Навистина ова е значаен ден за целиот Пелгониски регион. Многу значајна работа и за Прилеп, за Битола, за Могила, Новаци, Ресен Кривогаштани, ако сакате и за Охрид бидејќи ова е алтернативен пат и за Охрид. Но најважното е дека овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата.

Ова значи заживување на економијата за целиот Пелагониски регион, добрите економски перформанси во овој регион дополнително се надградуваат, да се отвораат нови добро платени работни места и луѓето да ја видат својата иднина тука.

Можам со задоволство да кажам дека со завршувањето на овој автопат од Прилеп до Битола, како и со пуштењето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп кој што оди во три сексции и тоа од Градско до Дреново ќе биде готов до Нова година, Дреново до Фариш некаде март следната година и во текот на следната година и од Фариш до Прилеп, и кога ќе се заврши и овој автопат од некаде четириесетина километри, очекувам за три до три и пол години од денеска, од Скопје до Прилеп да се патува во едно пријатно патување од еден час и детсетина минути а до Битола еден час и триесет минути, што целосно ќе ја промени реалноста во регионот, во делот на економијата, во делот на комуникацијата и во делот на напредокот.

Сакам да се заблагодарам на прмиерот Мицкоски затоа што на дневна основа ја следи реализацијата на овие проекти, лично е вклучен и помага на сите предизвици кои што ги имаме, на прекрасниот тим на ЈПДП кои се тука заедно со директорот Коце Трајановски, секако на компанијата Бехтел и Енка, на амбасадорката на САД кои што ни даваат несебична подршка и навистина мислам дека Македонија не видела во исто време да почнат да се градат два автопати во рок од една недела. А во брзо време ќе гледаме и завршени експресни патишта и автопати и железнички решенија.

Во однос на трасата, таа се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп – Битола. Она што мислам дека е добро во делот на планирање и проектирање и да се заблагодарам на луѓето во министерството за транспорт и во ЈПДП, е што нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а исто така имаме и 5 клучки кои имаме спојување во Прилеп, во Битола и на самиот коридор”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

The post Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час и половина appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорот на ЈП за државни патишта Коце Tрајановски, претставници од Владата, грaдоначалници од Пелагоснкиот регион, денеска извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Министерот Николоски истакна дека ова е ден за паметење бидејќи во рок од една недела се започнува изградба на два автопати во Македонија, меѓи кој и автопатот Приле-Битола со кои ќе се промени целосно сликата за Македонија. Ви ја пренесуваме интегралната изјава на министерот Николоски:
Навистина ова е значаен ден за целиот Пелгониски регион. Многу значајна работа и за Прилеп, за Битола, за Могила, Новаци, Ресен Кривогаштани, ако сакате и за Охрид бидејќи ова е алтернативен пат и за Охрид. Но најважното е дека овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата. Ова значи заживување на економијата за целиот Пелагониски регион, добрите економски перформанси во овој регион дополнително се надградуваат, да се отвораат нови добро платени работни места и луѓето да ја видат својата иднина тука.
Можам со задоволство да кажам дека со завршувањето на овој автопат од Прилеп до Битола, како и со пуштењето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп кој што оди во три сексции и тоа од Градско до Дреново ќе биде готов до Нова година, Дреново до Фариш некаде март следната година и во текот на следната година и од Фариш до Прилеп, и кога ќе се заврши и овој автопат од некаде четириесетина километри, очекувам за три до три и пол години од денеска, од Скопје до Прилеп да се патува во едно пријатно патување од еден час и детсетина минути а до Битола еден час и триесет минути, што целосно ќе ја промени реалноста во регионот, во делот на економијата, во делот на комуникацијата и во делот на напредокот. Сакам да се заблагодарам на прмиерот Мицкоски затоа што на дневна основа ја следи реализацијата на овие проекти, лично е вклучен и помага на сите предизвици кои што ги имаме, на прекрасниот тим на ЈПДП кои се тука заедно со директорот Коце Трајановски, секако на компанијата Бехтел и Енка, на амбасадорката на САД кои што ни даваат несебична подршка и навистина мислам дека Македонија не видела во исто време да почнат да се градат два автопати во рок од една недела. А во брзо време ќе гледаме и завршени експресни патишта и автопати и железнички решенија. Во однос на трасата, таа се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп – Битола. Она што мислам дека е добро во делот на планирање и проектирање и да се заблагодарам на луѓето во министерството за транспорт и во ЈПДП, е што нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а исто така имаме и 5 клучки кои имаме спојување во Прилеп, во Битола и на самиот коридор”- истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

The post Николоски: Од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути, до Битола за час и половина appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Мицкоски и Николоски на увид во работата на патот Прилеп-Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-mitskoski-i-nikoloski-na-uvid-vo-rabotata-na-patot-prilep-bitola/ Sat, 02 Nov 2024 11:22:16 +0000 https://republika.mk/?p=833438

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д.

Како што најавија од Владата, Мицкоски на настанот ќе присуствува заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

https://www.youtube.com/watch?v=uelPscKYKBU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=Mjg2NjY

The post Следете во живо: Мицкоски и Николоски на увид во работата на патот Прилеп-Битола appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, што е дел од Коридорот 10д. Како што најавија од Владата, Мицкоски на настанот ќе присуствува заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. https://www.youtube.com/watch?v=uelPscKYKBU&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=Mjg2NjY

The post Следете во живо: Мицкоски и Николоски на увид во работата на патот Прилеп-Битола appeared first on Република.

]]>
Николоски за „Катимерини“: Граѓаните заслужуваат да бидат дел од ЕУ, нашиот пат кон Унијата е многу тежок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-katimerini-graganite-zasluzhuvaat-da-bidat-del-od-eu-nashiot-pat-kon-unijata-e-mnogu-tezhok/ Tue, 29 Oct 2024 18:16:30 +0000 https://republika.mk/?p=832156

Нашите граѓани заслужуваат да бидат членки на ЕУ за да имаат подобра иднина. Како Влада се обврзавме дека ќе ги спроведеме неопходните реформи што ги имаме пред нас. Нашиот пат кон ЕУ е многу тежок, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Посочува дека како Влада веруваат во европските вредности и затоа се борат да ги обединат своите граѓани со останатите од Европската унија

-Ова што го прави Бугарија, ставајќи вето на нашите пристапни преговори е неоправдано. Не е во согласност со европските вредности. Имаме јасна цел и веруваме дека еден ден ќе бидеме рамноправни со повеќето земји во Европа, вели Николоски.

Во интервјуто под наслов „Сакаме поблиска соработка“, освен за ЕУ перспективата на земјава, говори и за интерконекторот за природен гас со Грција, за железничката мрежа, за договорот со Бугарија за Коридорот 8, но и порачува дека регионот треба да дејствува заедно, а не секоја земја поединечно.

Изразува подготвеност за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција, објаснувајќи дека „за жал нашиот природен гас целосно доаѓа од Русија“ и затоа, како што вели, „потребно е да ја намалиме оваа зависност“.

-Решението за алтернативно снабдување на земјата со гас е интерконекцискиот гасовод Грција-Македонија, нагласува и додава дека „тоа е огромен проект што многу ќе значи за двете земји, како и за голем дел од останатите европски земји“.

Дополнително посочува дека „единствениот начин за напредок е создавање заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе“, но и дека е потребна подобра поврзаност меѓу земјите од Западен Балкан, подобра инфраструктура и комуникација, за да се зајакнат дипломатските односи меѓу земјите.

Во интервјуто за „Катимерини“, вицепремиерот се осврнува и на важноста на железничката мрежа и железничката поврзаност, нагласувајќи дека „новата брза железница е иднината на регионот“.

-Преку надградениот железнички систем во регионот ќе ја зајакнеме економијата, ќе создадеме подобра клима за инвестиции, нови работни места и нашите компании ќе можат да извезуваат и увезуваат повеќе стоки, истакнува Николоски, пренесе МИА.

Објаснува дека брзиот трансфер на стоки од грчките пристаништа во централна Европа ќе донесе стабилност во целиот регион и ќе им помогне на економиите, особено на земјите поврзани со Коридорот 10.

-Треба да се дејствуваме како регион, а не како поединечни земји, да ја оставиме политиката настрана и да се фокусираме на економиите и создавање просперитетен регион, истакнува во интервјуто.

Се осврнува и на договорот со Бугарија за продолжување на изградбата на Коридорот 8, за кој вели дека е важен и дека заедно со Коридорот 10 ќе бидат „голема придобивка“.

-Сепак, нашите соседи мора да се посветат на неговиот развој. Нема смисла ние да го градиме, а нашите соседи не, коментира министерот и објаснува дека планот што постои не е изводлив, но и многу скап, односно 560 милиони евра за 24 километри и затоа, посочува дека ќе треба да се направи нов план, одново да се пресметаат трошоците и „Бугарија мора да се обврзе и да гарантира дека ќе изгради свој дел“.

Во интервјуто напоменува дека се работи и на експресен пат што ќе го поврзе Скопје со границата со Бугарија, кој се очекува да биде готов до следната година.

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски минатата седмица учествуваше на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) што се одржа во Солун, а на кој освен што имаше свое обраќање оствари и низа средби, меѓу кои и со министрите за транспорт и поморство на Грција, Христос Стајкурас и Христос Стилианидис.

The post Николоски за „Катимерини“: Граѓаните заслужуваат да бидат дел од ЕУ, нашиот пат кон Унијата е многу тежок appeared first on Република.

]]>

Нашите граѓани заслужуваат да бидат членки на ЕУ за да имаат подобра иднина. Како Влада се обврзавме дека ќе ги спроведеме неопходните реформи што ги имаме пред нас. Нашиот пат кон ЕУ е многу тежок, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Посочува дека како Влада веруваат во европските вредности и затоа се борат да ги обединат своите граѓани со останатите од Европската унија -Ова што го прави Бугарија, ставајќи вето на нашите пристапни преговори е неоправдано. Не е во согласност со европските вредности. Имаме јасна цел и веруваме дека еден ден ќе бидеме рамноправни со повеќето земји во Европа, вели Николоски. Во интервјуто под наслов „Сакаме поблиска соработка“, освен за ЕУ перспективата на земјава, говори и за интерконекторот за природен гас со Грција, за железничката мрежа, за договорот со Бугарија за Коридорот 8, но и порачува дека регионот треба да дејствува заедно, а не секоја земја поединечно. Изразува подготвеност за изградба на интерконекторот за природен гас со Грција, објаснувајќи дека „за жал нашиот природен гас целосно доаѓа од Русија“ и затоа, како што вели, „потребно е да ја намалиме оваа зависност“. -Решението за алтернативно снабдување на земјата со гас е интерконекцискиот гасовод Грција-Македонија, нагласува и додава дека „тоа е огромен проект што многу ќе значи за двете земји, како и за голем дел од останатите европски земји“. Дополнително посочува дека „единствениот начин за напредок е создавање заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе“, но и дека е потребна подобра поврзаност меѓу земјите од Западен Балкан, подобра инфраструктура и комуникација, за да се зајакнат дипломатските односи меѓу земјите. Во интервјуто за „Катимерини“, вицепремиерот се осврнува и на важноста на железничката мрежа и железничката поврзаност, нагласувајќи дека „новата брза железница е иднината на регионот“. -Преку надградениот железнички систем во регионот ќе ја зајакнеме економијата, ќе создадеме подобра клима за инвестиции, нови работни места и нашите компании ќе можат да извезуваат и увезуваат повеќе стоки, истакнува Николоски, пренесе МИА. Објаснува дека брзиот трансфер на стоки од грчките пристаништа во централна Европа ќе донесе стабилност во целиот регион и ќе им помогне на економиите, особено на земјите поврзани со Коридорот 10. -Треба да се дејствуваме како регион, а не како поединечни земји, да ја оставиме политиката настрана и да се фокусираме на економиите и создавање просперитетен регион, истакнува во интервјуто. Се осврнува и на договорот со Бугарија за продолжување на изградбата на Коридорот 8, за кој вели дека е важен и дека заедно со Коридорот 10 ќе бидат „голема придобивка“. -Сепак, нашите соседи мора да се посветат на неговиот развој. Нема смисла ние да го градиме, а нашите соседи не, коментира министерот и објаснува дека планот што постои не е изводлив, но и многу скап, односно 560 милиони евра за 24 километри и затоа, посочува дека ќе треба да се направи нов план, одново да се пресметаат трошоците и „Бугарија мора да се обврзе и да гарантира дека ќе изгради свој дел“. Во интервјуто напоменува дека се работи и на експресен пат што ќе го поврзе Скопје со границата со Бугарија, кој се очекува да биде готов до следната година. Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски минатата седмица учествуваше на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) што се одржа во Солун, а на кој освен што имаше свое обраќање оствари и низа средби, меѓу кои и со министрите за транспорт и поморство на Грција, Христос Стајкурас и Христос Стилианидис.

The post Николоски за „Катимерини“: Граѓаните заслужуваат да бидат дел од ЕУ, нашиот пат кон Унијата е многу тежок appeared first on Република.

]]>
Економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт: Министерот Николоски оствари работна средба со романската амбасадорка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomska-sorabotka-investitsii-direktna-aviolinija-skopje-bukuresht-ministerot-nikoloski-ostvari-rabotna-sredba-so-romanskata-ambasadorka/ Thu, 24 Oct 2024 11:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=830561

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте.

На средбата се разговараше за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, притоа акцент се стави на економската соработка и инвестициите.

Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти. Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа.

На средбата се разговараше и за воспоставување на директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Се истaкна и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, притоа министерот Николоски потенцира дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата.

На средбата се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји при што двајцата соговорници ја нагласија потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

The post Економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт: Министерот Николоски оствари работна средба со романската амбасадорка appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте. На средбата се разговараше за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, притоа акцент се стави на економската соработка и инвестициите. Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти. Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа. На средбата се разговараше и за воспоставување на директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. Се истaкна и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, притоа министерот Николоски потенцира дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата. На средбата се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји при што двајцата соговорници ја нагласија потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.

The post Економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт: Министерот Николоски оствари работна средба со романската амбасадорка appeared first on Република.

]]>
Николоски- Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-stilinidis-vo-solun-regionalniot-razvoj-zavisi-od-vladite-makedonija-podgotvena-za-realizatsija-na-krupni-infrastrukturni-proekti/ Tue, 22 Oct 2024 13:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=829911

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција.

На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување.

Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори.

На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз транспорт на добрата и услугите.

Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности.

Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

The post Николоски- Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција. На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји. Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување. Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори. На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз транспорт на добрата и услугите. Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности. Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

The post Николоски- Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти appeared first on Република.

]]>
Николоски: Македонски пошти има премногу приватни пошти кои се нелојална конкуренција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-makedonski-poshti-ima-premnogu-privatni-poshti-koi-se-nelojalna-konkurentsija/ Sun, 08 Sep 2024 11:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=814357

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за Фокус говори и за проблемите во работењето со кои се соочуваат Македонски пошти и Железници Транспорт.

„Во однос на Пошти, проблемот е што Агенцијата за пошти има дадено премногу лиценци на приватни пошти кои се нелојална конкуренција на Македонски пошти. Најголем дел од лиценците се на косовски компании. Тоа е проблемот со Пошти и ќе го решаваме“, посочи Николоски.

Николоски информира и за состојбата во однос на Железници Транспорт, односно за идните планови.

„За да генерира приходи Железници мора да има локомотиви. Претходниот директор сите локомотиви ги има онеспособено, актуелниот директор ги враќа во функција. Сега имаме 3 активни локомотиви, до крај на годината ќе имаме 10. Профитот е во товарниот сообраќај, патничкиот сообраќај е субвенциониран. Кога ќе имаме 10 локомотиви, Железници-Транспорт, а со тоа и Инфраструктура, зашто плаќаат за користење на пругата, ќе бидат профитабилни компании“, вели Николоски.

The post Николоски: Македонски пошти има премногу приватни пошти кои се нелојална конкуренција appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за Фокус говори и за проблемите во работењето со кои се соочуваат Македонски пошти и Железници Транспорт. „Во однос на Пошти, проблемот е што Агенцијата за пошти има дадено премногу лиценци на приватни пошти кои се нелојална конкуренција на Македонски пошти. Најголем дел од лиценците се на косовски компании. Тоа е проблемот со Пошти и ќе го решаваме“, посочи Николоски. Николоски информира и за состојбата во однос на Железници Транспорт, односно за идните планови. „За да генерира приходи Железници мора да има локомотиви. Претходниот директор сите локомотиви ги има онеспособено, актуелниот директор ги враќа во функција. Сега имаме 3 активни локомотиви, до крај на годината ќе имаме 10. Профитот е во товарниот сообраќај, патничкиот сообраќај е субвенциониран. Кога ќе имаме 10 локомотиви, Железници-Транспорт, а со тоа и Инфраструктура, зашто плаќаат за користење на пругата, ќе бидат профитабилни компании“, вели Николоски.

The post Николоски: Македонски пошти има премногу приватни пошти кои се нелојална конкуренција appeared first on Република.

]]>
Николоски: За пруга кон Бугарија е избрана најтешка траса, со 2 тунели под град, за да се напумпа цената! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-pruga-kon-bugarija-e-izbrana-najteshka-trasa-so-2-tuneli-pod-grad-za-da-se-napumpa-tsenata/ Sat, 07 Sep 2024 13:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=814099

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за недлникот „Фокус“ се осврна на прашањето за пругата кон Бугарија. Тој тврди дека, исто како и со автопатот кон Блаце, била избрана најтешката траса, со цел, како што вели, да се напумпа цената. Според него, треба да се изгради и оваа пруга од коридорот 8 на порационален начин, но истовремено најавува дека за период од 7 години можно е да се изгради и брза пруга по коридорот 10, по која би биле наредени економски зони како лего коцки.

Случајот има неколку елементи. Првиот и клучен елемент е предвидената цена на чинење. Тоа е 24 милиони евра по километар.

Само за илустрација, цена на чинење на брза пруга било каде во Европа со 200 километри на час е 4 до 10 милиони евра, зависно од теренот. Овде за пруга која ќе оди со 60 километри на час е 24 милиони евра.

Слично како со Блаце, избрана е најтешката траса. Не знам дали знае јавноста, но единствен начин да се изгради третата делница е само преку пруга како на каубојските филмови. Толку теренот е планински и лош, па само преку пруга може да се носат материјали, работници. Камион не може да пристапи. Невидена работа!

Логичното прашање до моите претходници е зошто тоа е така проектирано? Зошто покрај тунел кој завршува никаде проектирани се 2 тунели под Крива Паланка? Тоа ни Швајцарија не го прави. Јас се сметам за прошетан човек, но никаде во Европа и светот не сум видел да се градат тунели под градови. Има покрај градови, низ планини, но под градови нема, вели Николоски.

Целото интервју може да го погледнете ТУКА.

The post Николоски: За пруга кон Бугарија е избрана најтешка траса, со 2 тунели под град, за да се напумпа цената! appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за недлникот „Фокус“ се осврна на прашањето за пругата кон Бугарија. Тој тврди дека, исто како и со автопатот кон Блаце, била избрана најтешката траса, со цел, како што вели, да се напумпа цената. Според него, треба да се изгради и оваа пруга од коридорот 8 на порационален начин, но истовремено најавува дека за период од 7 години можно е да се изгради и брза пруга по коридорот 10, по која би биле наредени економски зони како лего коцки.
Случајот има неколку елементи. Првиот и клучен елемент е предвидената цена на чинење. Тоа е 24 милиони евра по километар. Само за илустрација, цена на чинење на брза пруга било каде во Европа со 200 километри на час е 4 до 10 милиони евра, зависно од теренот. Овде за пруга која ќе оди со 60 километри на час е 24 милиони евра. Слично како со Блаце, избрана е најтешката траса. Не знам дали знае јавноста, но единствен начин да се изгради третата делница е само преку пруга како на каубојските филмови. Толку теренот е планински и лош, па само преку пруга може да се носат материјали, работници. Камион не може да пристапи. Невидена работа! Логичното прашање до моите претходници е зошто тоа е така проектирано? Зошто покрај тунел кој завршува никаде проектирани се 2 тунели под Крива Паланка? Тоа ни Швајцарија не го прави. Јас се сметам за прошетан човек, но никаде во Европа и светот не сум видел да се градат тунели под градови. Има покрај градови, низ планини, но под градови нема, вели Николоски.
Целото интервју може да го погледнете ТУКА.

The post Николоски: За пруга кон Бугарија е избрана најтешка траса, со 2 тунели под град, за да се напумпа цената! appeared first on Република.

]]>
Николоски: До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево – Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-do-krajot-na-2026-godina-graganite-ke-vozat-po-noviot-avtopat-kichevo-ohrid/ Sat, 07 Sep 2024 12:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=814115

До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево – Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во интервју за неделникот Фокус, тој нагласува дека постојат бројни проблеми за изградба на автопатот, бидејќи се работи за земјиште што не одговара со класичните геолошки стандарди за изградба на автопат, но како што вели, нема да ја заморува јавноста со проблемите со кои се соочува Министерството.

– Има бројни проблеми, но реков дека нема да ја заморувам јавноста со проблеми, затоа што јавноста е уморна од изговори, но она што може да го кажам дека зборот ќе го држиме и до крај на 2026 година ќе имате функционален автопат Кичево – Охрид. Во однос на косините, се соочуваме со неколку проблеми. Се работи за исклучитечно тежок планински терен. Ние сакаме да ја претставуваме Македонија како земјоделска држава, но 80 проценти се планини кога ќе ја видите мапата. И се работи за земјиште што не одговара на она што се класични геолошки стандарди за изградба на автопат, вели Николоски.

Прашан зошто не се направени геолошки истражувања кога се проектирала трасата, Николоски вели направени се грешки во проектирањето, како и во изведбата.

– Е тоа е вториот проблем. Направени се многу грешки во проектирањето, но направени се грешки и во изведбата. Јас сега ги барам решенијата и ќе го решиме проблемот. Тоа што го кажав на охридски сега ќе го кажам литературно – што ќе правиме ќе правиме, но до крај на 2026 година ќе имаме функционален автопат, вели Николоски.

The post Николоски: До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево – Охрид appeared first on Република.

]]>

До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево – Охрид, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за неделникот Фокус, тој нагласува дека постојат бројни проблеми за изградба на автопатот, бидејќи се работи за земјиште што не одговара со класичните геолошки стандарди за изградба на автопат, но како што вели, нема да ја заморува јавноста со проблемите со кои се соочува Министерството. – Има бројни проблеми, но реков дека нема да ја заморувам јавноста со проблеми, затоа што јавноста е уморна од изговори, но она што може да го кажам дека зборот ќе го држиме и до крај на 2026 година ќе имате функционален автопат Кичево – Охрид. Во однос на косините, се соочуваме со неколку проблеми. Се работи за исклучитечно тежок планински терен. Ние сакаме да ја претставуваме Македонија како земјоделска држава, но 80 проценти се планини кога ќе ја видите мапата. И се работи за земјиште што не одговара на она што се класични геолошки стандарди за изградба на автопат, вели Николоски. Прашан зошто не се направени геолошки истражувања кога се проектирала трасата, Николоски вели направени се грешки во проектирањето, како и во изведбата. – Е тоа е вториот проблем. Направени се многу грешки во проектирањето, но направени се грешки и во изведбата. Јас сега ги барам решенијата и ќе го решиме проблемот. Тоа што го кажав на охридски сега ќе го кажам литературно – што ќе правиме ќе правиме, но до крај на 2026 година ќе имаме функционален автопат, вели Николоски.

The post Николоски: До крајот на 2026 година граѓаните ќе возат по новиот автопат Кичево – Охрид appeared first on Република.

]]>
Николоски од Гевгелија: Обезбедивме 100 милиони евра за проекти во општините за оваа година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-od-gevgelija-obezbedivme-100-milioni-evra-za-proekti-vo-opshtinite-za-ovaa-godina/ Fri, 30 Aug 2024 10:42:33 +0000 https://republika.mk/?p=811523

Обезбедивме 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне неговата изградба. Претходно со околу 10 милиони денари се реконструираше улица во населеното место Мрзенци и ова начинот како оваа Влада дава силна поддршка за развој на општините, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.

Тој потенцираше дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, а за следната година планирани се 250 милиони евра директна поддршка исто така за проекти во општините.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов го посетија и населеното место Миравци каде пуштија во употреба новоизграден пазар.

„Претходно со премиерот Мицковски бевме во посета и еве за рекордно време до 3 месеци се изгради пазарот што верувам дека ќе помогне на целиот регион. Министерството за транспорт дава силен фокус и поддршка за Гевгелија. Оваа година од средства од земот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена само што ги одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар – Климет Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоналачникот од првиот ден. Тука секако се и средства што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општинте. Најголем дел од средствата ќе одат преку Министерството за транспорт а во соработка со Гевегелија ќе работиме на реализација на проекти од овие средства”-изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до ГП Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината. Тој најави дека следи период на силна градежна офанзива во сите општини во државата.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов истакна дека Владата обезбедува силна поддршка за локалниот развој на Гевгелија. Пазарот во н.м. Миравци е проект на општината инвестиција од 4 милиони денари.

The post Николоски од Гевгелија: Обезбедивме 100 милиони евра за проекти во општините за оваа година appeared first on Република.

]]>

Обезбедивме 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне неговата изградба. Претходно со околу 10 милиони денари се реконструираше улица во населеното место Мрзенци и ова начинот како оваа Влада дава силна поддршка за развој на општините, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија. Тој потенцираше дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, а за следната година планирани се 250 милиони евра директна поддршка исто така за проекти во општините. Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов го посетија и населеното место Миравци каде пуштија во употреба новоизграден пазар. „Претходно со премиерот Мицковски бевме во посета и еве за рекордно време до 3 месеци се изгради пазарот што верувам дека ќе помогне на целиот регион. Министерството за транспорт дава силен фокус и поддршка за Гевгелија. Оваа година од средства од земот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена само што ги одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар – Климет Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоналачникот од првиот ден. Тука секако се и средства што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општинте. Најголем дел од средствата ќе одат преку Министерството за транспорт а во соработка со Гевегелија ќе работиме на реализација на проекти од овие средства”-изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Министерот Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до ГП Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината. Тој најави дека следи период на силна градежна офанзива во сите општини во државата. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов истакна дека Владата обезбедува силна поддршка за локалниот развој на Гевгелија. Пазарот во н.м. Миравци е проект на општината инвестиција од 4 милиони денари.

The post Николоски од Гевгелија: Обезбедивме 100 милиони евра за проекти во општините за оваа година appeared first on Република.

]]>
Николоски: Владата со сет мерки ќе го субвенционира авиопревозот, воведуваме многу новини https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikoloski-vladata-so-set-merki-ke-go-subventsionira-avioprevozot-voveduvame-mnogu-novini/ Thu, 29 Aug 2024 11:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=811229

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на денешната прес-конференција кажа дека Македонија од лидер во регионот во делот на воздушниот собраќај некаде пред 10-15 години, во последниве години се соочува со намалување на бројот на летови, на бројот на дестинации и најважно на бројот на патници кои што доаѓаат во Македонија. Тоа според него се должи на бројни фактори кои дел се од објективен каратактер дел се од субјективен карактер но за истите треба да наоѓаме решенија во периодот кој следува.

Сакам да ја инфомирам јавноста за сет мерки кои што ќе ги превземеме за во текот на 2025 година треба да донесат во Македонија 200 илјади патници повеќе а во годините што следуваат тој број да се зголемува. Со новата програма која ќе започне од 1 јануари и ќе трае до 31. Декемеври 2027 година. Се планира сума од 125 милиони денари годишно односно ќе има зголемување на средствата. Се корегираат условите за авиокомпаниите што ќе учестуваат. Треба да имаат превезено најмалку 5 милиони патници и треба да имаат најмалку 10 милиони евра профит. Мора да се работи за сериозни авиокомпании. Се тргнува условот да линиите се опслужуваат и по завршувањето на суввенциите и ова е главната причина зошто се намалуваше бројот на патниците од аеродромите“, кажа Николоски.

Министерот посочи дека се воведуваат новини во субвенционирањет на авиокомпаниите.

Една од новитете која ја воведуваме е дека нема да се субвенциираат авиокомпании туку ќе се субвенцираат дестинации. Ја избегнуваме праксата која се субенцирааат 1, 2 или 3 авиокомпании. Со овој начин ја избегнуваме зависноста да субвенциораме една авиокомпанија. Отсега наместо по патник на заминување во Македонија субвенцинираме доаѓање во Македонија. Се зголемува поддршката. Ако претходно беше 7 евра поддршка по патник сега е 9 евра од скопскиот аеродром. Новите дестинации можат да бидат и надвор од ЕУ. Досега се субвенцинираа само аеродроми кои се наоѓаат во земјите во ЕУ, тоа одсега нема да биде така“ рече Николоски.

The post Николоски: Владата со сет мерки ќе го субвенционира авиопревозот, воведуваме многу новини appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски на денешната прес-конференција кажа дека Македонија од лидер во регионот во делот на воздушниот собраќај некаде пред 10-15 години, во последниве години се соочува со намалување на бројот на летови, на бројот на дестинации и најважно на бројот на патници кои што доаѓаат во Македонија. Тоа според него се должи на бројни фактори кои дел се од објективен каратактер дел се од субјективен карактер но за истите треба да наоѓаме решенија во периодот кој следува.
Сакам да ја инфомирам јавноста за сет мерки кои што ќе ги превземеме за во текот на 2025 година треба да донесат во Македонија 200 илјади патници повеќе а во годините што следуваат тој број да се зголемува. Со новата програма која ќе започне од 1 јануари и ќе трае до 31. Декемеври 2027 година. Се планира сума од 125 милиони денари годишно односно ќе има зголемување на средствата. Се корегираат условите за авиокомпаниите што ќе учестуваат. Треба да имаат превезено најмалку 5 милиони патници и треба да имаат најмалку 10 милиони евра профит. Мора да се работи за сериозни авиокомпании. Се тргнува условот да линиите се опслужуваат и по завршувањето на суввенциите и ова е главната причина зошто се намалуваше бројот на патниците од аеродромите“, кажа Николоски.
Министерот посочи дека се воведуваат новини во субвенционирањет на авиокомпаниите.
Една од новитете која ја воведуваме е дека нема да се субвенциираат авиокомпании туку ќе се субвенцираат дестинации. Ја избегнуваме праксата која се субенцирааат 1, 2 или 3 авиокомпании. Со овој начин ја избегнуваме зависноста да субвенциораме една авиокомпанија. Отсега наместо по патник на заминување во Македонија субвенцинираме доаѓање во Македонија. Се зголемува поддршката. Ако претходно беше 7 евра поддршка по патник сега е 9 евра од скопскиот аеродром. Новите дестинации можат да бидат и надвор од ЕУ. Досега се субвенцинираа само аеродроми кои се наоѓаат во земјите во ЕУ, тоа одсега нема да биде така“ рече Николоски.

The post Николоски: Владата со сет мерки ќе го субвенционира авиопревозот, воведуваме многу новини appeared first on Република.

]]>