Николче Николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikolche-nikolovski/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Aug 2022 15:12:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Николче Николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikolche-nikolovski/ 32 32 Многу прашања останале неодговорени: Телото пронајдено покрај Тиквешко Езеро е на 34-годишен маж од Буково https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mnogu-prashanja-ostanale-neodgovoreni-teloto-pronajdeno-pokraj-tikveshko-ezero-e-na-34-godishen-maz-od-bukovo/ Tue, 09 Aug 2022 15:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=538425

Телото пронајдено покрај автомобил кај Тиквешкото езеро му припаѓа на 34-годишниот Николче Николовски од Буково, Битола, јавува Фокус.

Од таму се вели дека Николовски ќе биде погребан утре на гробиштата во село Буково, а неговите блиски велат дека причината за смртта се уште не се знае бидејќи се чекаат резултати од обдукција.

Негов пријател пак во изјава за Фокус вели дека останале многу неодговорени прашања, за кои сметаат дека надлежните ќе им ги дадат одговорите.

Тој вели дека се изненадени како никој толку време не го забележал автомобилот, односно дека локацијата каде е пронајден автомобилот и телото е покрај земјен пат кој не е непристапен.

The post Многу прашања останале неодговорени: Телото пронајдено покрај Тиквешко Езеро е на 34-годишен маж од Буково appeared first on Република.

]]>

Телото пронајдено покрај автомобил кај Тиквешкото езеро му припаѓа на 34-годишниот Николче Николовски од Буково, Битола, јавува Фокус. Од таму се вели дека Николовски ќе биде погребан утре на гробиштата во село Буково, а неговите блиски велат дека причината за смртта се уште не се знае бидејќи се чекаат резултати од обдукција. Негов пријател пак во изјава за Фокус вели дека останале многу неодговорени прашања, за кои сметаат дека надлежните ќе им ги дадат одговорите. Тој вели дека се изненадени како никој толку време не го забележал автомобилот, односно дека локацијата каде е пронајден автомобилот и телото е покрај земјен пат кој не е непристапен.

The post Многу прашања останале неодговорени: Телото пронајдено покрај Тиквешко Езеро е на 34-годишен маж од Буково appeared first on Република.

]]>
Автомобилот во кој било пронајдено тело бил на исчезнато момче од битолско? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobilot-vo-koj-bilo-pronajdeno-telo-bil-na-ischeznato-momche-od-bitolsko/ Thu, 04 Aug 2022 14:23:32 +0000 https://republika.mk/?p=536802

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци бил пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање.

Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес извршија увид на лице место. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет - соопштија од ОЈО.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-vozilo-kaj-tikveshko-pronajden-neidentifikuvan-raspadnat-mashki-trup/

Според информациите на „Фокус” станува збор за автомобилот на Николче Николовски (34) од битолско Буково, кој се води за исчезнат од средината на месец мај.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/potragata-po-nikolche-ushte-trae-posledno-bil-viden-vo-manastir-vo-novaci/

Претседателот на Месната заедница Буково, Горан Кабровски, кој во неколку наврати апелираше за пронаоѓање на Николовски, за порталот изјави дека цела заедница е вознемирена од случајот, и потврди дека има информација дека пронајдениот автомобил е всушност автомобилот со кој исчезна младиот Николче.

Она кое засега го знаеме е дека тоа е истиот автомобил со кој исчезна Николче. Други информации немаме, чекаме обдукцијата да ги даде одговорите, вели тој.

Од МВР велат дека повеќе детали за случајот ќе има по завршувањето на обдукцијата врз пронајденото тело.

The post Автомобилот во кој било пронајдено тело бил на исчезнато момче од битолско? appeared first on Република.

]]>

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци бил пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање.
Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес извршија увид на лице место. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет - соопштија од ОЈО.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-vozilo-kaj-tikveshko-pronajden-neidentifikuvan-raspadnat-mashki-trup/ Според информациите на „Фокус” станува збор за автомобилот на Николче Николовски (34) од битолско Буково, кој се води за исчезнат од средината на месец мај. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/potragata-po-nikolche-ushte-trae-posledno-bil-viden-vo-manastir-vo-novaci/ Претседателот на Месната заедница Буково, Горан Кабровски, кој во неколку наврати апелираше за пронаоѓање на Николовски, за порталот изјави дека цела заедница е вознемирена од случајот, и потврди дека има информација дека пронајдениот автомобил е всушност автомобилот со кој исчезна младиот Николче.
Она кое засега го знаеме е дека тоа е истиот автомобил со кој исчезна Николче. Други информации немаме, чекаме обдукцијата да ги даде одговорите, вели тој.
Од МВР велат дека повеќе детали за случајот ќе има по завршувањето на обдукцијата врз пронајденото тело.

The post Автомобилот во кој било пронајдено тело бил на исчезнато момче од битолско? appeared first on Република.

]]>
Потрагата по Николче уште трае, последно бил виден во манастир во Новаци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/potragata-po-nikolche-ushte-trae-posledno-bil-viden-vo-manastir-vo-novaci/ Thu, 19 May 2022 08:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=504228

Потрагата по 34-годишниот Николче Николовски од битолското село Буково сè уште трае. Семејството и пријателите алармираат дека Николовски е исчезнат од својот дом од петокот, кога со автомобил „форд фиеста“, сребрена металик боја, со регистарска ознака БТ 852 ДК, околу 15 часот излегол, по што му се губи траг.

Како што раскажува негов близок другар, станува збор за лице кое е повлечно и прима терапија, а исчезнувањето веќе било пријавено во полиција.

Во неделата во осум часот бил забележан во манастир во Новаци, Битолско. Дошол со автомобилот, побарал клуч од манастирот за да запали свеќа. Луѓето од манастирот му отклучиле, тој си запалил свеќа, а потоа заминал. Тие дури два часа откако тој отишол, ја виделе неговата слика на социјалните мрежи, заедно со апелот дека се трага по него. Веднаш ни се јавија, но Николче не го најдовме во близина. Апелираме до целата јавност, се сомневаме дека можеби е во некој храм, во некој манастир или црква, доколку било кој го забележи, нека се јави во полиција, или пак кај мене на мобилен на 070 360 520, вели неговиот другар Горан.

The post Потрагата по Николче уште трае, последно бил виден во манастир во Новаци appeared first on Република.

]]>

Потрагата по 34-годишниот Николче Николовски од битолското село Буково сè уште трае. Семејството и пријателите алармираат дека Николовски е исчезнат од својот дом од петокот, кога со автомобил „форд фиеста“, сребрена металик боја, со регистарска ознака БТ 852 ДК, околу 15 часот излегол, по што му се губи траг. Како што раскажува негов близок другар, станува збор за лице кое е повлечно и прима терапија, а исчезнувањето веќе било пријавено во полиција.
Во неделата во осум часот бил забележан во манастир во Новаци, Битолско. Дошол со автомобилот, побарал клуч од манастирот за да запали свеќа. Луѓето од манастирот му отклучиле, тој си запалил свеќа, а потоа заминал. Тие дури два часа откако тој отишол, ја виделе неговата слика на социјалните мрежи, заедно со апелот дека се трага по него. Веднаш ни се јавија, но Николче не го најдовме во близина. Апелираме до целата јавност, се сомневаме дека можеби е во некој храм, во некој манастир или црква, доколку било кој го забележи, нека се јави во полиција, или пак кај мене на мобилен на 070 360 520, вели неговиот другар Горан.

The post Потрагата по Николче уште трае, последно бил виден во манастир во Новаци appeared first on Република.

]]>
Исчезнат е Николче Николовски, го нема од петокот попладне https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ischeznat-e-nikolche-nikolovski-go-nema-od-petokot-popladne/ Sun, 15 May 2022 10:52:57 +0000 https://republika.mk/?p=502482

Исчезнат е Николче Николовски од Битола, го нема од петокот попладне, алармираат пријатели и другари на Николовски на социјалните мрежи.

Луѓе наши, ве молиме сите за помош, нашето другарче Николче Николовски, го нема од вчера попладне. Излезе од дома околу 15:00 часот на 13ти Мај - ПЕТОКОТ, последно е виден кај бензиската пумпа Мак Петрол - кај Транскоп, движејќи се со син Форд Фиеста со регистрација BТ 852 DK и сеуште е со истата...
Ве молиме ако некој видел или види нешто, што и да е, исконтактирајте, раширете, јавете се во било кое време 070360520.
Фиестата е како оваа на сликата, се вели во повикот кој се споделува на „Фејсбук“.

The post Исчезнат е Николче Николовски, го нема од петокот попладне appeared first on Република.

]]>

Исчезнат е Николче Николовски од Битола, го нема од петокот попладне, алармираат пријатели и другари на Николовски на социјалните мрежи. Луѓе наши, ве молиме сите за помош, нашето другарче Николче Николовски, го нема од вчера попладне. Излезе од дома околу 15:00 часот на 13ти Мај - ПЕТОКОТ, последно е виден кај бензиската пумпа Мак Петрол - кај Транскоп, движејќи се со син Форд Фиеста со регистрација BТ 852 DK и сеуште е со истата... Ве молиме ако некој видел или види нешто, што и да е, исконтактирајте, раширете, јавете се во било кое време 070360520. Фиестата е како оваа на сликата, се вели во повикот кој се споделува на „Фејсбук“.

The post Исчезнат е Николче Николовски, го нема од петокот попладне appeared first on Република.

]]>