николче мицевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikolche-micevski/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 07:56:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png николче мицевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikolche-micevski/ 32 32 „Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zhali-goro-zhali-sestro-vo-novo-ruvo-blagodarenie-na-zhaklina-markoski-i-nikolche-mitsevski/ Tue, 29 Oct 2024 14:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=832097

Очигледно дека македонската народна музика е како непресушен извор од кој може да црпите и секогаш да има уште, уште и уште. Насекаде во светот сме познати по тој наш специфичен мелос и интерпретација, кои се карактеристични само за нас.

Една од најубавите народни песни за нас, сега доби препев од струмичанката која скоро 30 години живее во Соидинетите Американски Држави, Жаклина Маркоски. Поточно таа од 1993 до 2006 година живеела во Канада и од 2006 навака таа живее во Америка.

Станува збор за народната песна „Жали горо, жали сестро”, на која една поинаква димензија и даде маестро Николче Мицевски, со што векот на оваа песна е продолжен за уште десетици, а можеби и стотици години.

За мене таа е една од најубавите македонски народни песни. Јас сум пресреќна што имав прилика да соработувам со Николче и сметам дека го извадивме максимумот. Се надевам на уште наши заеднички соработки и во иднина, вели Жаклина.

За потребите на оваа песна се сними и видеозапис во падините на преубавиот Пелистер, а задолжени за снимањето беше екипата на „Зага продукција”.

https://youtu.be/xxh_c3BHaj8?si=cHrfmHW6Td6_sxsi

Она што е интересно да се напомене е тоа што Жаклина е тетка на една од нашите најдобри пејачки, познатата Александра Јанева од Струмица.

Инаку Жаклина ќе ја видиме и на реномираниот фестивал за народна музика „Прилеп Фест”, кој ќе се одржи на 1 ноември во домот на културата „Марко Цепенков”.

The post „Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски appeared first on Република.

]]>

Очигледно дека македонската народна музика е како непресушен извор од кој може да црпите и секогаш да има уште, уште и уште. Насекаде во светот сме познати по тој наш специфичен мелос и интерпретација, кои се карактеристични само за нас. Една од најубавите народни песни за нас, сега доби препев од струмичанката која скоро 30 години живее во Соидинетите Американски Држави, Жаклина Маркоски. Поточно таа од 1993 до 2006 година живеела во Канада и од 2006 навака таа живее во Америка. Станува збор за народната песна „Жали горо, жали сестро”, на која една поинаква димензија и даде маестро Николче Мицевски, со што векот на оваа песна е продолжен за уште десетици, а можеби и стотици години.
За мене таа е една од најубавите македонски народни песни. Јас сум пресреќна што имав прилика да соработувам со Николче и сметам дека го извадивме максимумот. Се надевам на уште наши заеднички соработки и во иднина, вели Жаклина.
За потребите на оваа песна се сними и видеозапис во падините на преубавиот Пелистер, а задолжени за снимањето беше екипата на „Зага продукција”. https://youtu.be/xxh_c3BHaj8?si=cHrfmHW6Td6_sxsi Она што е интересно да се напомене е тоа што Жаклина е тетка на една од нашите најдобри пејачки, познатата Александра Јанева од Струмица. Инаку Жаклина ќе ја видиме и на реномираниот фестивал за народна музика „Прилеп Фест”, кој ќе се одржи на 1 ноември во домот на културата „Марко Цепенков”.

The post „Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски appeared first on Република.

]]>
На Галичица галат звуците на „Македонско девојче“ во изведба на два македонски вирутози https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/na-galichitsa-galat-zvutsite-na-makedonsko-devojche-vo-izvedba-na-dva-makedonski-virutozi/ Fri, 27 Sep 2024 19:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=820413

Гитаристот Дамјан Пејчиноски и композиторот Николче Мицевски, двајцата врвни македонски музичари, повторно споија силите и овојпа заедно ја изведоа „Македонско девојче“.

Уживајте во звуците на народниот бисер и погледот од Галичица, уловен од Стојан Стојановски:

The post На Галичица галат звуците на „Македонско девојче“ во изведба на два македонски вирутози appeared first on Република.

]]>

Гитаристот Дамјан Пејчиноски и композиторот Николче Мицевски, двајцата врвни македонски музичари, повторно споија силите и овојпа заедно ја изведоа „Македонско девојче“. Уживајте во звуците на народниот бисер и погледот од Галичица, уловен од Стојан Стојановски:

The post На Галичица галат звуците на „Македонско девојче“ во изведба на два македонски вирутози appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Мандатарот треба да предложи министри за секое министерство согласно Законот за Влада, до крајот на неделата ќе ги соопштиме нашите предлози https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-mandatarot-treba-da-predlozhi-ministri-za-sekoe-ministerstvo-soglasno-zakonot-za-vlada-do-krajot-na-nedelata-ke-gi-soopshtime-nashite-predlozi/ Mon, 22 Jan 2024 13:35:19 +0000 https://republika.mk/?p=735506

ВМРО-ДПМНЕ, во контекст на формирањето на техничката влада и изјавата на премиерот Димитар Ковачевски нивните места да останат празни додека не ја гласаат техничката влада, посочува на членот 3 од Законот за Влада, во којшто, меѓу другото, се вели дека „мандатарот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор“. Опозициската партија се уште нема донесено одлука за кадровските решенија во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика и за дополнителните заменици министри. Засега се најавува само седница на Извршниот комитет на партијата за среда.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски ваквите изјави ги оценува како „политички аматеризам“ или „политички дилетантизам“ затоа што, како што нагласува, Уставот и законите се доволно прецизни и јасни.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ побаравме укинување на оваа пржинска влада затоа што знаеме до што се може да доведе и знаејќи ги потезите коишто власта во очај ќе ги презема во наредниот период. Инаку, многу јасен е Законот за влада каде што во член 3 се вели „мандатарот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор“. И тука ставаме точка и тоа е тоа кое што треба да го испочитува кандидатот за мандатар. Ние од кандидатот за мандатар се уште немаме слушнато изјава по однос на ова, меѓутоа можеме да ги насочиме да го погледнат член 3 од Законот за влада, рече Мицевски.

Тој вели да тргнеме од основните работи и прашува ако нема министри кој ќе ги потпишува на пример, платите во Владата.

Ние не можеме да имаме дополнителни министри или заменици кога Законот е сосема јасен дека органи на управи се Владата, а во владата раководат министри. Сето друго е надвор од Уставот, надвор од се она што го даваат законските регулативи во нашата држава, посочува Мицевски.

За тоа кога ќе бидат соопштени имињата на нивните претставници во техничката влада, тој рече дека до крајот на неделата има уште време за тоа. Потврдува дека е планирана седница на Извршниот комитет за среда, но и тоа зависи од тоа што ќе се случува во наредните денови.

Затоа што очигледно е дека немаме конкретен датум и немаме оставки, така што во наредните денови до крајот на неделата, односно до рокот којшто ќе биде утврден врз основа на оставките, ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара и ќе предложи свои кандидати за сите овие отворени места, рече Мицевски.

The post Мицевски: Мандатарот треба да предложи министри за секое министерство согласно Законот за Влада, до крајот на неделата ќе ги соопштиме нашите предлози appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ, во контекст на формирањето на техничката влада и изјавата на премиерот Димитар Ковачевски нивните места да останат празни додека не ја гласаат техничката влада, посочува на членот 3 од Законот за Влада, во којшто, меѓу другото, се вели дека „мандатарот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор“. Опозициската партија се уште нема донесено одлука за кадровските решенија во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика и за дополнителните заменици министри. Засега се најавува само седница на Извршниот комитет на партијата за среда. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски ваквите изјави ги оценува како „политички аматеризам“ или „политички дилетантизам“ затоа што, како што нагласува, Уставот и законите се доволно прецизни и јасни.
Ние како ВМРО-ДПМНЕ побаравме укинување на оваа пржинска влада затоа што знаеме до што се може да доведе и знаејќи ги потезите коишто власта во очај ќе ги презема во наредниот период. Инаку, многу јасен е Законот за влада каде што во член 3 се вели „мандатарот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор“. И тука ставаме точка и тоа е тоа кое што треба да го испочитува кандидатот за мандатар. Ние од кандидатот за мандатар се уште немаме слушнато изјава по однос на ова, меѓутоа можеме да ги насочиме да го погледнат член 3 од Законот за влада, рече Мицевски.
Тој вели да тргнеме од основните работи и прашува ако нема министри кој ќе ги потпишува на пример, платите во Владата.
Ние не можеме да имаме дополнителни министри или заменици кога Законот е сосема јасен дека органи на управи се Владата, а во владата раководат министри. Сето друго е надвор од Уставот, надвор од се она што го даваат законските регулативи во нашата држава, посочува Мицевски.
За тоа кога ќе бидат соопштени имињата на нивните претставници во техничката влада, тој рече дека до крајот на неделата има уште време за тоа. Потврдува дека е планирана седница на Извршниот комитет за среда, но и тоа зависи од тоа што ќе се случува во наредните денови.
Затоа што очигледно е дека немаме конкретен датум и немаме оставки, така што во наредните денови до крајот на неделата, односно до рокот којшто ќе биде утврден врз основа на оставките, ВМРО-ДПМНЕ ќе разговара и ќе предложи свои кандидати за сите овие отворени места, рече Мицевски.
 
The post Мицевски: Мандатарот треба да предложи министри за секое министерство согласно Законот за Влада, до крајот на неделата ќе ги соопштиме нашите предлози appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Беким Сали сè уште е министер, опозицијата не кочи плати, туку СДСМ не може да му каже да потпише плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-bekim-sali-se-ushte-e-minister-opozitsijata-ne-kochi-plati-tuku-sdsm-ne-mozhe-da-mu-kazhe-da-potpishe-plati/ Tue, 21 Feb 2023 12:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=611481

Пратениците од власта обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ кочело да се обезбеделе плати во здравството, а што да се каже после ова, а формално правно Беким Сали се уште е министер, ни даде оставка, ни е разрешен, гласањето не е завршено, и има министер формално правно. А тоа што за една година се доведоа во ситуација да не смеете да му кажете на Беким Сали да потпише плата е треба да се запрашаат самите себе. За 10 месеци реформи не се прават, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница.

Според него се ова што се прави е за спас на врвот на владата и одредени луѓе и тендерашко бизнис криминални групи, а пратениците од власта поддржуваат се.

Ветуваа дека Беким Сали ќе ја донесе промената во здравството, сега го разрешуваат исто викаа и за Алити во министерство за администрација и информатичко општество. Не им се брза затоа што се кочат процеси или затоа што чекаат граѓаните, туку затоа што им се брза за коалициските математики. Затоа што нивните почнуваат да негодуваат. Тоа е целта на оваа реконструкција, истакна тој.

Мицевски посочи дека од една страна власта вика опозицијата го блокирала Собранието, а потпретседателот на Собрание вели дека работеле перфектно.

Сега работи или не? Кочиме или не? Кога ќе зборувате договорете се кој ќе ја кажува вистината. Викаат не сме го гласале договорот за Фронтекс, а помина на комисија за надворешни работи која ја води ВМРО-ДПМНЕ. Во овие 6 години ниту видовме некој успех ниту напредок ни реформа, само напредок во реформа, криминал и вработување на блиски и тендери, рече Мицевски.

The post Мицевски: Беким Сали сè уште е министер, опозицијата не кочи плати, туку СДСМ не може да му каже да потпише плати appeared first on Република.

]]>

Пратениците од власта обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ кочело да се обезбеделе плати во здравството, а што да се каже после ова, а формално правно Беким Сали се уште е министер, ни даде оставка, ни е разрешен, гласањето не е завршено, и има министер формално правно. А тоа што за една година се доведоа во ситуација да не смеете да му кажете на Беким Сали да потпише плата е треба да се запрашаат самите себе. За 10 месеци реформи не се прават, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешната собраниска седница. Според него се ова што се прави е за спас на врвот на владата и одредени луѓе и тендерашко бизнис криминални групи, а пратениците од власта поддржуваат се.
Ветуваа дека Беким Сали ќе ја донесе промената во здравството, сега го разрешуваат исто викаа и за Алити во министерство за администрација и информатичко општество. Не им се брза затоа што се кочат процеси или затоа што чекаат граѓаните, туку затоа што им се брза за коалициските математики. Затоа што нивните почнуваат да негодуваат. Тоа е целта на оваа реконструкција, истакна тој.
Мицевски посочи дека од една страна власта вика опозицијата го блокирала Собранието, а потпретседателот на Собрание вели дека работеле перфектно.
Сега работи или не? Кочиме или не? Кога ќе зборувате договорете се кој ќе ја кажува вистината. Викаат не сме го гласале договорот за Фронтекс, а помина на комисија за надворешни работи која ја води ВМРО-ДПМНЕ. Во овие 6 години ниту видовме некој успех ниту напредок ни реформа, само напредок во реформа, криминал и вработување на блиски и тендери, рече Мицевски.
 
The post Мицевски: Беким Сали сè уште е министер, опозицијата не кочи плати, туку СДСМ не може да му каже да потпише плати appeared first on Република.

]]>
Фантастичен концерт на Николче Мицевски во Велес, средствата од картите подарени во хуманитарни цели https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/fantastichen-kontsert-na-nikolche-mitsevski-vo-veles-sredstvata-od-kartite-podareni-vo-humanitarni-tseli/ Sun, 19 Feb 2023 15:12:34 +0000 https://republika.mk/?p=610731

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа солистички концерт одржа Никола Мицевски и хорот „Св Кирил и Методиј“ од Велес. Концертот беше хуманитарен, а картите ги продаваат и организаторите - Општина Велес и од Народниот театар

Од кабинетот на градоначалникот денеска информираа дека собраните средства од продадените карти ќе ги предадат на Општинската оганизација на Црвен крст за хуманитарни цели. Од Општинската организација на Црвен крст Велес за МИА појаснуваат дека средствата најверојатно ќе ги наменат за помош на социјално ранливи семејства од градот.

Никола Мицевски синоќа пред велешани го промовира својот најнов албум „Нова ера“ со 40-тина врвни мизичари хористи на сцена. Албумот е составен од различни музички жанрови.

Композиторот и музичар Никола Мицевски е познат по тоа што во изминатава деценија ја збогати домашната музичка сцена оживувајќи подзаборавени македонски песни во ново руво.

The post Фантастичен концерт на Николче Мицевски во Велес, средствата од картите подарени во хуманитарни цели appeared first on Република.

]]>

На сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ синоќа солистички концерт одржа Никола Мицевски и хорот „Св Кирил и Методиј“ од Велес. Концертот беше хуманитарен, а картите ги продаваат и организаторите - Општина Велес и од Народниот театар Од кабинетот на градоначалникот денеска информираа дека собраните средства од продадените карти ќе ги предадат на Општинската оганизација на Црвен крст за хуманитарни цели. Од Општинската организација на Црвен крст Велес за МИА појаснуваат дека средствата најверојатно ќе ги наменат за помош на социјално ранливи семејства од градот. Никола Мицевски синоќа пред велешани го промовира својот најнов албум „Нова ера“ со 40-тина врвни мизичари хористи на сцена. Албумот е составен од различни музички жанрови. Композиторот и музичар Никола Мицевски е познат по тоа што во изминатава деценија ја збогати домашната музичка сцена оживувајќи подзаборавени македонски песни во ново руво.

The post Фантастичен концерт на Николче Мицевски во Велес, средствата од картите подарени во хуманитарни цели appeared first on Република.

]]>
Mицевски до Петровска: Некој треба да одговара што 32 припадници на Армијата се испратени на мисија, а тоа не е покриено со одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-do-petrovska-nekoj-treba-da-odgovara-shto-32-pripadnici-na-armijata-se-isprateni-na-misija-a-toa-ne-e-pokrieno-so-odluka/ Tue, 07 Jun 2022 21:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=512396

Собранието доцна вечерва ја почна расправата по дневниот ред на 73-тата седница со разгледување на Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина.

Во својот говор пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки праша зошто еден месец подоцна се носи одлуката откако припадниците веќе биле испратени во АЛТЕА.

На 5 мај веќе се испратени припадниците во БиХ, а сега ние се ставаме како гласачка машина на Министерството за одбрана. Во парламентарна демократија Собранието е тоа што ја контролира Владата, а не обратно. Досега сите одлуки за мисии ги носевме едногласно и сметам дека ќе продолжиме тоа да го правиме и понатаму, рече Ковачки.

Нагласи дека ова е класично непочитување на законите и посочи дека ќе треба да се повика на одговорност министерката за одбрана.

Во реплика министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека станува збор за одлука за изменување на одлуката што упатува дека веќе претходно била донесена одлука за испраќање припадници на Армијата за период од јануари до јуни оваа година.

Наведено е дека доцнењето е направено заради доцнењето на контингентот од Турција во чии рамки се испраќаат и нашите војници. Во образложението пишуваме дека бараме да се продолжи рокот заради тоа што не се испратени војниците на време, појасни Петровска и додаде дека сега е за периодот мај – ноември.

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека некој треба да одговара зашто 32 припадници на Армијата се испратени на мисија, а тоа не е покриено со одлука.

Некој во Министерството треба да поднесе сериозна одговорност за тоа, а министерката само се обидува да ги брани нејзините вработени. Сепак станува збор за афери кои не може да се бранат, посочи Мицевски.

Александар Велјановски од истата партија рече вечерва наместо за де говори за закони со кои ќе им се помогне на граѓаните за полесно да ја пребродат кризата се расправа за не заминувањето на контингентот во јануари поради технички причини кои на нас пратениците не ни се доволно јасни ниту некој се труди да ни ги објасни.

Се поставува прашање зошто тогаш како што сега работиме после 21 часот не нè повикавте да донесеме одлука за уредно испраќање на мисијата во БиХ, рече Велјановски и додаде дека од пратениците се бара да се легализира неспособноста на раководството во Министерството за одбрана да изврши соодветна подготовка за мисија.

Љупчо Пренџов од ГРОМ праша зошто во декември се носеше одлука за јануари, а сега се носи за веќе пратени на мисија.

Опозицијата е одговорна и пак ќе ви даде поддршка, бидејќи ние веруваме во НАТО, а вие само декларативно се залагате за Алијансата, потенцира Пренџов.

The post Mицевски до Петровска: Некој треба да одговара што 32 припадници на Армијата се испратени на мисија, а тоа не е покриено со одлука appeared first on Република.

]]>

Собранието доцна вечерва ја почна расправата по дневниот ред на 73-тата седница со разгледување на Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. Во својот говор пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки праша зошто еден месец подоцна се носи одлуката откако припадниците веќе биле испратени во АЛТЕА.
На 5 мај веќе се испратени припадниците во БиХ, а сега ние се ставаме како гласачка машина на Министерството за одбрана. Во парламентарна демократија Собранието е тоа што ја контролира Владата, а не обратно. Досега сите одлуки за мисии ги носевме едногласно и сметам дека ќе продолжиме тоа да го правиме и понатаму, рече Ковачки.
Нагласи дека ова е класично непочитување на законите и посочи дека ќе треба да се повика на одговорност министерката за одбрана. Во реплика министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека станува збор за одлука за изменување на одлуката што упатува дека веќе претходно била донесена одлука за испраќање припадници на Армијата за период од јануари до јуни оваа година.
Наведено е дека доцнењето е направено заради доцнењето на контингентот од Турција во чии рамки се испраќаат и нашите војници. Во образложението пишуваме дека бараме да се продолжи рокот заради тоа што не се испратени војниците на време, појасни Петровска и додаде дека сега е за периодот мај – ноември.
Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека некој треба да одговара зашто 32 припадници на Армијата се испратени на мисија, а тоа не е покриено со одлука.
Некој во Министерството треба да поднесе сериозна одговорност за тоа, а министерката само се обидува да ги брани нејзините вработени. Сепак станува збор за афери кои не може да се бранат, посочи Мицевски.
Александар Велјановски од истата партија рече вечерва наместо за де говори за закони со кои ќе им се помогне на граѓаните за полесно да ја пребродат кризата се расправа за не заминувањето на контингентот во јануари поради технички причини кои на нас пратениците не ни се доволно јасни ниту некој се труди да ни ги објасни.
Се поставува прашање зошто тогаш како што сега работиме после 21 часот не нè повикавте да донесеме одлука за уредно испраќање на мисијата во БиХ, рече Велјановски и додаде дека од пратениците се бара да се легализира неспособноста на раководството во Министерството за одбрана да изврши соодветна подготовка за мисија.
Љупчо Пренџов од ГРОМ праша зошто во декември се носеше одлука за јануари, а сега се носи за веќе пратени на мисија.
Опозицијата е одговорна и пак ќе ви даде поддршка, бидејќи ние веруваме во НАТО, а вие само декларативно се залагате за Алијансата, потенцира Пренџов.

The post Mицевски до Петровска: Некој треба да одговара што 32 припадници на Армијата се испратени на мисија, а тоа не е покриено со одлука appeared first on Република.

]]>
Собранието се уште го утврдува дневниот ред од новата 73. седница, прогласена едночасовна пауза https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-se-ushte-go-utvrduva-dnevniot-red-od-novata-73-sednica-proglasena-ednochasovna-pauza/ Tue, 07 Jun 2022 16:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=512307

Собранието попладнево продолжи со утврдување на дневниот ред од новата 73. седница, која ја започна денеска.

Предлог дневниот ред содржи 12 точки, по кои треба да работат пратениците, меѓу кои, две предлог-одлуки за испраќање на војници во меѓународни операции, две ратификации, измени на Законот за платите на судиите, како и на членовите на Судскиот совет, измени на Законот за сигурност на железничкиот систем, како и измени на Законот за средното образование.

Пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73. седница.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески процедурално – реагираше во врска со употребата на новиот систем во Собранието во однос на скратувањето на времетраењето на обраќање на пратеник-сопартиец на кој, како што посочи, согласно деловничките можности за предлагање точка на дневен ред му следувале три минути, а му беа ускратени две минути.

Сите сме тука исти. Системот е нов сите го учиме, но не сте вие тој што треба да го злоупотребува и да се крати времето за зборување на пратениците. Продолжувате да ги кршите деловничките одредби и да омаловажувате и се обидувате да ја затраете опозицијата. Ова е еден вид замолчување на опозицијата . Почитувајте го Деловникот, рече Мицески.

На процедурална забелешка од заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска дека не се почитува членот 85 од Деловникот според кој спикерот треба да се грижи пратениците да не бидат прекинувани при говорот и дека се злоупотребува системот, претседателот на Собранието Џафери рече дека нема проблеми по однос на овој член, Деловникот го одредува времето за збор, а процесот на дигитализација на работата на Собранието е согласно планот за развој.

Не сакам на никого да му упаднам во збор, технологијата го мери времето. Тој кој треба да го заврши мислењето пред него може да го види времето бидејќи нема можност да се излезе надвор од софтверот за да се направи преседан со користење на технологијата. Системот е нов не се снаоѓаме најдобро со технологијата, но имаме време, ќе продолжиме да работиме, рече Џафери.

На барање на Стојановска прогласена е пауза од еден час.

The post Собранието се уште го утврдува дневниот ред од новата 73. седница, прогласена едночасовна пауза appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево продолжи со утврдување на дневниот ред од новата 73. седница, која ја започна денеска. Предлог дневниот ред содржи 12 точки, по кои треба да работат пратениците, меѓу кои, две предлог-одлуки за испраќање на војници во меѓународни операции, две ратификации, измени на Законот за платите на судиите, како и на членовите на Судскиот совет, измени на Законот за сигурност на железничкиот систем, како и измени на Законот за средното образование. Пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73. седница. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески процедурално – реагираше во врска со употребата на новиот систем во Собранието во однос на скратувањето на времетраењето на обраќање на пратеник-сопартиец на кој, како што посочи, согласно деловничките можности за предлагање точка на дневен ред му следувале три минути, а му беа ускратени две минути.
Сите сме тука исти. Системот е нов сите го учиме, но не сте вие тој што треба да го злоупотребува и да се крати времето за зборување на пратениците. Продолжувате да ги кршите деловничките одредби и да омаловажувате и се обидувате да ја затраете опозицијата. Ова е еден вид замолчување на опозицијата . Почитувајте го Деловникот, рече Мицески.
На процедурална забелешка од заменик-координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска дека не се почитува членот 85 од Деловникот според кој спикерот треба да се грижи пратениците да не бидат прекинувани при говорот и дека се злоупотребува системот, претседателот на Собранието Џафери рече дека нема проблеми по однос на овој член, Деловникот го одредува времето за збор, а процесот на дигитализација на работата на Собранието е согласно планот за развој.
Не сакам на никого да му упаднам во збор, технологијата го мери времето. Тој кој треба да го заврши мислењето пред него може да го види времето бидејќи нема можност да се излезе надвор од софтверот за да се направи преседан со користење на технологијата. Системот е нов не се снаоѓаме најдобро со технологијата, но имаме време, ќе продолжиме да работиме, рече Џафери.
На барање на Стојановска прогласена е пауза од еден час.

The post Собранието се уште го утврдува дневниот ред од новата 73. седница, прогласена едночасовна пауза appeared first on Република.

]]>
Собранието на пауза на барање на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-na-pauza-na-baranje-na-vmro-dpmne/ Wed, 11 May 2022 16:17:38 +0000 https://republika.mk/?p=501111

Собранието попладнево повторно продолжи со работа за утврдување на дневниот ред на 71. седница, а во тек на продолжението од околу еден час, дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа промени на дневниот ред, односно дел од точките ставени подолу на листата да се најдат меѓу првите точки за разгледување.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара едночасовна пауза со објаснување дека треба да им биде доставен дневниот ред од 71. собраниска седница, со цел да имаат увид на предлозите и точките за гласање.

Во овие два дена не успеавте предлог дневен ред да ни дадете за да знаеме на што да се повикуваме. Дополнително колегите, борејќи се со дневниот ред ќе згрешат, а вие се смеете на предлозите и не кажувате за што точно станува збор. За да ви помогнам со дневниот ред, согласно член 81 став 2 барам еден час пауза и замолувам во тој еден час да доставите предлог дневен ред, посочи Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери појасни дека членот 81 има и став три што вели дека кога во предложениот дневен ред ќе се извршат повеќе изменувања и дополнувања, утврдениот дневен ред на пратениците им се доставува за време на траењето на седницата, по што објави едночасовна пауза.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од вчера во законодавниот дом почнаа „Активна блокада за национален спас“.

The post Собранието на пауза на барање на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево повторно продолжи со работа за утврдување на дневниот ред на 71. седница, а во тек на продолжението од околу еден час, дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа промени на дневниот ред, односно дел од точките ставени подолу на листата да се најдат меѓу првите точки за разгледување. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара едночасовна пауза со објаснување дека треба да им биде доставен дневниот ред од 71. собраниска седница, со цел да имаат увид на предлозите и точките за гласање.
Во овие два дена не успеавте предлог дневен ред да ни дадете за да знаеме на што да се повикуваме. Дополнително колегите, борејќи се со дневниот ред ќе згрешат, а вие се смеете на предлозите и не кажувате за што точно станува збор. За да ви помогнам со дневниот ред, согласно член 81 став 2 барам еден час пауза и замолувам во тој еден час да доставите предлог дневен ред, посочи Мицевски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери појасни дека членот 81 има и став три што вели дека кога во предложениот дневен ред ќе се извршат повеќе изменувања и дополнувања, утврдениот дневен ред на пратениците им се доставува за време на траењето на седницата, по што објави едночасовна пауза. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од вчера во законодавниот дом почнаа „Активна блокада за национален спас“.

The post Собранието на пауза на барање на ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Мицевски до Џафери: Немате преведено 10 предложени закони, се однесувате како да сме дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/micevski-do-dzaferi-nemate-prevedeno-10-predlozeni-zakoni-se-odnesuvate-kako-da-sme-doma/ Wed, 11 May 2022 15:35:07 +0000 https://republika.mk/?p=501100

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 10 законски решенија, но се уште истите не се преведени од страна на собраниските служби иако законските три дена поминале, порачувајќи му на претседателот на Собранието Талат Џафери дека не може да го злоупотребува и крши деловникот на Собранието.

Закони 10 кои што ги имаме предложено да вас, од наша страна се исполнети сите услови, Собранието без претрес се изјаснува член 77 за секој предлог за изменување и дополнување на секој предлог на предложениот дневен ред и предлог на дневниот ред на седницата. Исто така пред утврдување на дневниот ред претседателот на Собранието ги известува пратеници за предлозите за внесување од секоја точка на дневниот ред. Десет закони ви имаме предложено во време, тие десет закони не е наша обврска што не сте ги превиделе вие. Вие имате обврска тоа да го преведете и да го доставите до пратениците. Да не се изживувате тука, ќе гласате нема да гласате, и ќе исклучувате микрофони. Штом ви го има предложено по тој член, членот дозволува 10 минутно образлагање на тоа и ќе дозволите 10 минутно да се образложи. Немојте да злоупотребувате и да кршите Деловник, и да се однесувате како да сте дома, му порача Мицевски на претседателот на Собранието Џафери.

https://youtu.be/p_OdQPXUANQ

Поднесени се во четвртокот и петокот, претседателот на Собранието вели веднаш, а најдоцна во рок од три работни дена од денот на поднесувањето го доставува до пратениците во писмена или електронска форма, со што започнува законодавната постапка. Три дена имавте и не го доставивте, зошто спорите сега, бидејќи знаете дека сте криви, и денеска во текот на денот после почетокот на седницата го пуштивте на седницата. Зошто? Затоа што го прекршивте деловникот и не постапивте по ова. Ваш проблем е дали ќе го преведете или не, јас сум Македонец ви го пуштам на македонски, согласно Законот на јазиците вие сте должни да го преведете. Ако не го преведете вие сте криви, вие го потчинувате албанскиот јазик, а не јас, си играте со пратениците, рече Мицевски.

The post Мицевски до Џафери: Немате преведено 10 предложени закони, се однесувате како да сме дома appeared first on Република.