Николај Габровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikolaj-gabrovski/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Dec 2022 11:49:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Николај Габровски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikolaj-gabrovski/ 32 32 Бугарските пратеници не го поддржаа Габровски за нов премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskite-pratenici-ne-go-poddrzaa-gabrovski-za-nov-premier/ Wed, 14 Dec 2022 11:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=585532

Народните претставници не го одобрија Николај Габровски за премиер на Бугарија, пренесе „Бгнес“.

За кандидатурата на професор Габровски за премиер со првиот мандат на ГЕРБ-СДС гласаа 113 пратеници, а против беа 125 народни избраници.

Според правилата, кога кандидатот за премиер нема да биде одобрен од Народното собрание, не се гласаат следните две одлуки за структурата и составот на кабинетот. Пред гласањето пратениците три часа расправаа за предлог-кабинетот.

Габровски рече дека е вознемирен од она што го гледа.

Имам чувство дека сме во предизборна кампања. Овие 7 точки се во интерес на сите граѓани. Што е нејасно во тоа што треба да се гласа буџет за следната година, што е нејасно што добивме шлаканица за шенген. Не можам да прифатам дека во овие седум точки нема специфики. Ми се чинеше дека сите се согласија оти нема начин да се оди по овој правилен пат ако немаме функционален парламент. Сите се согласуваат дека е добро и го поддржуваат, но нема да поддржат влада, а потоа доаѓа изборната реторика. Мојата слободна волја да допрам до сите политички сили и мојот обид да допрам до сите и да ги обединам луѓето со професионализам е јасно видлива - рече Габровски.

The post Бугарските пратеници не го поддржаа Габровски за нов премиер appeared first on Република.

]]>

Народните претставници не го одобрија Николај Габровски за премиер на Бугарија, пренесе „Бгнес“. За кандидатурата на професор Габровски за премиер со првиот мандат на ГЕРБ-СДС гласаа 113 пратеници, а против беа 125 народни избраници. Според правилата, кога кандидатот за премиер нема да биде одобрен од Народното собрание, не се гласаат следните две одлуки за структурата и составот на кабинетот. Пред гласањето пратениците три часа расправаа за предлог-кабинетот. Габровски рече дека е вознемирен од она што го гледа.
Имам чувство дека сме во предизборна кампања. Овие 7 точки се во интерес на сите граѓани. Што е нејасно во тоа што треба да се гласа буџет за следната година, што е нејасно што добивме шлаканица за шенген. Не можам да прифатам дека во овие седум точки нема специфики. Ми се чинеше дека сите се согласија оти нема начин да се оди по овој правилен пат ако немаме функционален парламент. Сите се согласуваат дека е добро и го поддржуваат, но нема да поддржат влада, а потоа доаѓа изборната реторика. Мојата слободна волја да допрам до сите политички сили и мојот обид да допрам до сите и да ги обединам луѓето со професионализам е јасно видлива - рече Габровски.

The post Бугарските пратеници не го поддржаа Габровски за нов премиер appeared first on Република.

]]>
Габровски не доби поддршка за премиер во Парламентот на Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gabrovski-ne-dobi-poddrshka-za-premier-vo-parlamentot-na-bugarija/ Wed, 14 Dec 2022 10:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=585502

Бугарскиот Парламент не го избра Николај Габровски за премиер, предложен од ГЕРБ-СДС.

„За“ негова номинација беа 113 пратеници, „против“ – 125, без „воздржани“.

Структурата и составот на Советот на министри нема да се гласа, бидејќи кандидатурата не беше поддржана.

The post Габровски не доби поддршка за премиер во Парламентот на Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот Парламент не го избра Николај Габровски за премиер, предложен од ГЕРБ-СДС. „За“ негова номинација беа 113 пратеници, „против“ – 125, без „воздржани“. Структурата и составот на Советот на министри нема да се гласа, бидејќи кандидатурата не беше поддржана.

The post Габровски не доби поддршка за премиер во Парламентот на Бугарија appeared first on Република.

]]>
Кандидатот за премиер на Бугарија до пратениците: Државата не е само на крстопат, туку и пред бездна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kandidatot-za-premier-na-bugarija-do-pratenicite-drzavata-ne-e-samo-na-krstopat-tuku-i-pred-bezdna/ Wed, 14 Dec 2022 08:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=585430

Кандидатот за премиер на Бугарија, предложен од ГЕРБ-СДС, Николај Габровски пред народните избраници во Парламентот го претстави својот предлог-кабинет. Во говорот направи обид да ја отвори како што тој нарече – „вратата и патот за помирување и разум“.

Денес Бугарија не е само на крстопат, туку и пред бездна, а кој пат ќе тргне денес зависи од нас овде и сега, од вас во оваа сала – дали ќе тргнеме по патот на одговорноста, разумот и волјата да ја надминеме претстојната катастрофа со заеднички напори или ќе останеме затворени во пазувите на популизмот, конфронтациите и теснопартиските интереси. Мојата желба беше да се оттргнам од тесната партија, од конфронтацијата, да преминам на стручното, прагматичното, професионалното. Ова е и кабинетот што ви го претставив – од луѓе кои се професионалци без светла партиска боја, со искуство на сите нивоа во администрацијата, подготвени да работат ефикасно и целосно од првиот ден, посочи Габровски.

Според него ако се пропушти шансата за гласање за негопвиот кабинет,  Бугарија „ќе остане во рацете на задкулисните зделки… на предизборната реторика од 2023 година – избори по избори“.

Тој резимираше дека наместо да се бори државата со должничката и економската криза, со безбедносната криза, со кризата на вредностите, па дури и со кризата на геополитичката ориентација, „ќе се фрлиме во бездната на серија вонредни парламентарни избори“.

The post Кандидатот за премиер на Бугарија до пратениците: Државата не е само на крстопат, туку и пред бездна appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за премиер на Бугарија, предложен од ГЕРБ-СДС, Николај Габровски пред народните избраници во Парламентот го претстави својот предлог-кабинет. Во говорот направи обид да ја отвори како што тој нарече – „вратата и патот за помирување и разум“.
Денес Бугарија не е само на крстопат, туку и пред бездна, а кој пат ќе тргне денес зависи од нас овде и сега, од вас во оваа сала – дали ќе тргнеме по патот на одговорноста, разумот и волјата да ја надминеме претстојната катастрофа со заеднички напори или ќе останеме затворени во пазувите на популизмот, конфронтациите и теснопартиските интереси. Мојата желба беше да се оттргнам од тесната партија, од конфронтацијата, да преминам на стручното, прагматичното, професионалното. Ова е и кабинетот што ви го претставив – од луѓе кои се професионалци без светла партиска боја, со искуство на сите нивоа во администрацијата, подготвени да работат ефикасно и целосно од првиот ден, посочи Габровски.
Според него ако се пропушти шансата за гласање за негопвиот кабинет,  Бугарија „ќе остане во рацете на задкулисните зделки… на предизборната реторика од 2023 година – избори по избори“. Тој резимираше дека наместо да се бори државата со должничката и економската криза, со безбедносната криза, со кризата на вредностите, па дури и со кризата на геополитичката ориентација, „ќе се фрлиме во бездната на серија вонредни парламентарни избори“.

The post Кандидатот за премиер на Бугарија до пратениците: Државата не е само на крстопат, туку и пред бездна appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот Парламент ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-parlament-kje-glasa-za-predlog-vladata-na-nikolaj-gabrovski/ Wed, 14 Dec 2022 07:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=585389

Со 12 пратеници помалку денеска почна работата на бугарскиот Парламент каде се очекува прва точка да биде гласањето за кандидатурата на Николај Габровски за премиер и владата предложена од него, јавија софиски медиуми.

Во салата се пријавени 228 пратеници. Иако има отсуство на 12 гласа обезбеден е потребниот кворум за гласање на владата.

Габровски и неговата предложена влада имаат поддршка од ГЕРБ-СДС, ДПС и БВ, но ова се 115 гласа. За да се изгласа владата потребни се 50% +1 од присутните во пленарната сала.Со пријавени 228, кворумот е 114, што значи дека кабинетот ги има сите шанси да биде изгласан, јавија софиски медиуми.

Во бугарскиот Парламент денеска ќе се расправа и ќе се гласа за предлог-кабинетот предложен од кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС, Николај Габровски. Пред почетокот на средбата претставниците на политичките сили ги коментираа нивните очекувања.

„Продолжуваме со промената“ најавија дека нема да го поддржат предлогот за кабинет, а при влегувањето во Парламентот пратеникот Настимир Ананиев најави дека на нивна страна има 53 сигурни гласа „против“, јави БТА

Лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов изјави дека сите народни претставници на партијата ќе бидат во салата и истакна дека предвремените избори се добра работа.

Георги Свиленски од БСП рече дека социјалистите имаат 24 народни пратеници и тоа е 24 гласа „против“ предложениот кабинет од Габровски.

Јордан Цонев од ДПС истакна дека најверојатно ќе го поддржат кабинетот на Габровски, но со компромиси. „Мора да направиме се за да имаме функционална влада“, изјави тој и додаде дека „рејтингот на Собранието секојдневно паѓа“.
На средбата со Николај Габровски минатата недела, лидерот на левицата Корнелија Нинова рече дека го почитуваат, но нема да поддржат кабинет предложен од него.

Не е јасно како денеска ќе гласаат од „Бугарски подем“. Пратениците имаа одлука, но не сакаа однапред да соопштат за медиумите, по вчерашната седница на пратеничќката група и коалицискиот совет.

The post Бугарскиот Парламент ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски appeared first on Република.

]]>

Со 12 пратеници помалку денеска почна работата на бугарскиот Парламент каде се очекува прва точка да биде гласањето за кандидатурата на Николај Габровски за премиер и владата предложена од него, јавија софиски медиуми. Во салата се пријавени 228 пратеници. Иако има отсуство на 12 гласа обезбеден е потребниот кворум за гласање на владата. Габровски и неговата предложена влада имаат поддршка од ГЕРБ-СДС, ДПС и БВ, но ова се 115 гласа. За да се изгласа владата потребни се 50% +1 од присутните во пленарната сала.Со пријавени 228, кворумот е 114, што значи дека кабинетот ги има сите шанси да биде изгласан, јавија софиски медиуми. Во бугарскиот Парламент денеска ќе се расправа и ќе се гласа за предлог-кабинетот предложен од кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС, Николај Габровски. Пред почетокот на средбата претставниците на политичките сили ги коментираа нивните очекувања. „Продолжуваме со промената“ најавија дека нема да го поддржат предлогот за кабинет, а при влегувањето во Парламентот пратеникот Настимир Ананиев најави дека на нивна страна има 53 сигурни гласа „против“, јави БТА Лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов изјави дека сите народни претставници на партијата ќе бидат во салата и истакна дека предвремените избори се добра работа. Георги Свиленски од БСП рече дека социјалистите имаат 24 народни пратеници и тоа е 24 гласа „против“ предложениот кабинет од Габровски. Јордан Цонев од ДПС истакна дека најверојатно ќе го поддржат кабинетот на Габровски, но со компромиси. „Мора да направиме се за да имаме функционална влада“, изјави тој и додаде дека „рејтингот на Собранието секојдневно паѓа“. На средбата со Николај Габровски минатата недела, лидерот на левицата Корнелија Нинова рече дека го почитуваат, но нема да поддржат кабинет предложен од него. Не е јасно како денеска ќе гласаат од „Бугарски подем“. Пратениците имаа одлука, но не сакаа однапред да соопштат за медиумите, по вчерашната седница на пратеничќката група и коалицискиот совет.

The post Бугарскиот Парламент ќе гласа за предлог владата на Николај Габровски appeared first on Република.

]]>
Уште една шанса ГЕРБ да состави влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ushte-edna-shansa-gerb-da-sostavi-vlada/ Mon, 12 Dec 2022 07:22:29 +0000 https://republika.mk/?p=584451

Претседателот на Бугарија Румен Радев претпладнево ќе има средба со кандидатот на ГЕРБ-СДС за премиер Николај Габровски, кој мора да предложи состав на Влада или да го врати мандатот.

Тимот е речиси подготвен со луѓе кои до еден се високи професионалци, рече во петокот Габровски, додавајќи дека тој самиот ги избрал сите министри за мандатот.

Пред само една недела, според уставната процедура, Радев на Габровски му го врачи првиот мандат за формирање влада во рамки на актуелниот парламент. Тогаш кандидатот за премиер рече дека ќе вложи максимални напори да предложи кабинет.

Габровски оствари средби со ДПС, „БСП за Бугарија”, „Демократска Бугарија” и „Бугарски подем”. „Продолжуваме со промената” и „Преродба” ја одбија поканата.

„Демократска Бугарија” и БСП одлучија да на дадат поддршка додека „Бугарски подем” изрази подготвеност за дијалог, а ДПС побара да ги слушне целите, приоритетите и кадрите на евентуалната идна влада.

The post Уште една шанса ГЕРБ да состави влада appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Бугарија Румен Радев претпладнево ќе има средба со кандидатот на ГЕРБ-СДС за премиер Николај Габровски, кој мора да предложи состав на Влада или да го врати мандатот. Тимот е речиси подготвен со луѓе кои до еден се високи професионалци, рече во петокот Габровски, додавајќи дека тој самиот ги избрал сите министри за мандатот. Пред само една недела, според уставната процедура, Радев на Габровски му го врачи првиот мандат за формирање влада во рамки на актуелниот парламент. Тогаш кандидатот за премиер рече дека ќе вложи максимални напори да предложи кабинет. Габровски оствари средби со ДПС, „БСП за Бугарија”, „Демократска Бугарија” и „Бугарски подем”. „Продолжуваме со промената” и „Преродба” ја одбија поканата. „Демократска Бугарија” и БСП одлучија да на дадат поддршка додека „Бугарски подем” изрази подготвеност за дијалог, а ДПС побара да ги слушне целите, приоритетите и кадрите на евентуалната идна влада.

The post Уште една шанса ГЕРБ да состави влада appeared first on Република.

]]>
Наместо Борисов познат неврохирург ќе биде нов премиер на Бугарија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/namesto-borisov-poznat-nevrohirurg-kje-bide-nov-premier-na-bugarija/ Mon, 05 Dec 2022 09:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=582014

Најголемата партија во 48. бугарско Народно собрание – ГЕРБ-СДС го претстави за свој кандидат за премиер Николај Габровски, кој денеска го прими првиот истражувачки мандат од претседателот Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија.

Габровски е началник на Клиниката за неврохирургија во најголемата болница за итни интервенции „Пирогов“ во Бугарија.

Радев на Габровски му соопшти дека очекува во рок од седум дена да предложи состав за нова бугарска Влада што ќе ги исполни високите очекувања на јавноста за стабилност, стручност и одговорност. Претседателот кажа дека како прва политичка сила во Бугарија, одговорноста на ГЕРБ за формирање влада е најголема.

Габровски од своја страна кажа дека за него е должност и прашање на чест да вложи максимални напори Бугарија да има функционална влада/

-За жал, Бугарија во моментов е на раскрсница на многу кризи – економски, социјални, имаме сериозен мигрантски притисок, кажа Габровски.

Според него, во Бугарија во моментов веќе втора година има политичка криза и рече дека ќе направи се што е можно да предложи влада која е далеку од политички разговори и конфронтации.

Кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС има рок од една недела да формира влада. Ако не успее – вториот мандат ќе биде доделен на „Промените продолжуваат“.

Даниел Лаурер од „Промените продолжуваат“ коментираше дека неговата партија нема да поддржи влада на ГЕРБ во Народното собрание, а лидерката на бугарските социјалисти Корнелија Нинова порача дека нема да поддржат влада со првиот мандат.

The post Наместо Борисов познат неврохирург ќе биде нов премиер на Бугарија? appeared first on Република.

]]>

Најголемата партија во 48. бугарско Народно собрание – ГЕРБ-СДС го претстави за свој кандидат за премиер Николај Габровски, кој денеска го прими првиот истражувачки мандат од претседателот Румен Радев, јави дописникот на МИА од Софија. Габровски е началник на Клиниката за неврохирургија во најголемата болница за итни интервенции „Пирогов“ во Бугарија. Радев на Габровски му соопшти дека очекува во рок од седум дена да предложи состав за нова бугарска Влада што ќе ги исполни високите очекувања на јавноста за стабилност, стручност и одговорност. Претседателот кажа дека како прва политичка сила во Бугарија, одговорноста на ГЕРБ за формирање влада е најголема. Габровски од своја страна кажа дека за него е должност и прашање на чест да вложи максимални напори Бугарија да има функционална влада/ -За жал, Бугарија во моментов е на раскрсница на многу кризи – економски, социјални, имаме сериозен мигрантски притисок, кажа Габровски. Според него, во Бугарија во моментов веќе втора година има политичка криза и рече дека ќе направи се што е можно да предложи влада која е далеку од политички разговори и конфронтации. Кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС има рок од една недела да формира влада. Ако не успее – вториот мандат ќе биде доделен на „Промените продолжуваат“. Даниел Лаурер од „Промените продолжуваат“ коментираше дека неговата партија нема да поддржи влада на ГЕРБ во Народното собрание, а лидерката на бугарските социјалисти Корнелија Нинова порача дека нема да поддржат влада со првиот мандат.

The post Наместо Борисов познат неврохирург ќе биде нов премиер на Бугарија? appeared first on Република.

]]>