Никола Саркози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-sarkozi/ За подобро да се разбереме Sat, 31 Aug 2024 18:21:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Саркози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-sarkozi/ 32 32 Саркози: Франција е десничарска земја и треба да има десничарски премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sarkozi-frantsija-e-desnicharska-zemja-i-treba-da-ima-desnicharski-premier/ Sat, 31 Aug 2024 18:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=811864

Франција е десничарска земја и треба да има десничарски премиер, изјави денеска поранешниот француски претседател Никола Саркози.

-Предвремените избори во Франција и изборите за Европскиот парламент покажаа дека Франција е десничарска земја и десничарските партии мора да преземат одговорност, изјави Саркози во интервју за весникот Фигаро, пренесува Политико.

Поранешниот француски претседател ( 2007- 2012 година) ја повика конзервативната десничарска партија Републиканци, која тој ја основа, да се заложи за именување на десничарски премиер.

-Франција е десничарска земја која истовремено се соочува со политичка, социјална и финансиска криза. Нема идеално решение.

Политичките сили мора да го разберат тоа, додаде Саркози и ги повика политичките партии да постигнат компромис во интерес на земјата.

Откако францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени избори во јуни кои резултираа со хаотичен исход во кој ниту една партија не освои доволно места за да обезбеди мнозинство во парламентот, Франција е без нова влада речиси два месеци.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела одби да ја именува кандидатката на левичарската коалиција Луси Каст за премиер, велејќи дека тоа ќе доведе до нестабилност, а во вторникот започна нова рунда разговори со политичките лидери.

The post Саркози: Франција е десничарска земја и треба да има десничарски премиер appeared first on Република.

]]>

Франција е десничарска земја и треба да има десничарски премиер, изјави денеска поранешниот француски претседател Никола Саркози.
-Предвремените избори во Франција и изборите за Европскиот парламент покажаа дека Франција е десничарска земја и десничарските партии мора да преземат одговорност, изјави Саркози во интервју за весникот Фигаро, пренесува Политико.
Поранешниот француски претседател ( 2007- 2012 година) ја повика конзервативната десничарска партија Републиканци, која тој ја основа, да се заложи за именување на десничарски премиер.
-Франција е десничарска земја која истовремено се соочува со политичка, социјална и финансиска криза. Нема идеално решение.
Политичките сили мора да го разберат тоа, додаде Саркози и ги повика политичките партии да постигнат компромис во интерес на земјата. Откако францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени избори во јуни кои резултираа со хаотичен исход во кој ниту една партија не освои доволно места за да обезбеди мнозинство во парламентот, Франција е без нова влада речиси два месеци. Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела одби да ја именува кандидатката на левичарската коалиција Луси Каст за премиер, велејќи дека тоа ќе доведе до нестабилност, а во вторникот започна нова рунда разговори со политичките лидери.

The post Саркози: Франција е десничарска земја и треба да има десничарски премиер appeared first on Република.

]]>
На Карла Бруни ѝ се заканува затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-karla-bruni-se-zakanuva-zatvor/ Thu, 11 Jul 2024 18:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=795945

Поранешната прва дама на Франција и супермодел Карла Бруни е обвинета за корупција. На 56-годишната Бруни и се заканува затворска казна поради притисок врз сведок кој го обвини поранешниот француски претседател, воедно и нејзиниот сопруг, Николас Саркози, за нелегално финансирање на кампањата од Либија, пренесува Sky News.

Поранешната манекенка е ослободена со кауција и не може да контактира со никој вклучен во постапката освен нејзиниот сопруг. Обвиненијата вклучуваат манипулација на сведоци и обид за измама поврзани со нелегални средства за време на кампањата за претседателските избори во 2007 година.

Според исказот на сведокот Зиад Такиедин Саркози примил милиони незаконски плаќања кои биле поддржани од режимот на тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи. Никола Саркози ја негира вината во овој случај. Тој веќе е осуден во два други случаи,.

Во февруари оваа година, судот во Париз го прогласи за виновен пред Апелациониот суд за незаконско финансирање на неговата кампања за реизбор во 2012 година, потврдувајќи ја претходната одлука на понискиот суд. Тој е осуден на една година затвор, од која половина е условна.

Неговите адвокати поднесоа жалба до Касациониот суд, највисокиот суд во Франција, и додека жалбата е во тек, Саркози не може да биде затворен според француските закони. Обвинителите тврдат дека тој за изборната кампања потрошил речиси двојно повеќе од законската сума од 22,5 милиони евра. Имено, Саркози потрошил 42,8 милиони евра. Тој загуби од Франсоа Оланд.

Во одделен случај во 2021 година, 69-годишниот поранешен француски претседател беше прогласен за виновен за корупција и трговија со влијание. Тој е првиот поранешен француски претседател во модерната историја кој е осуден на затвор за злосторства извршени за време на неговиот претседателски мандат. Тој се повлече од активната политика во 2017 година.

The post На Карла Бруни ѝ се заканува затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешната прва дама на Франција и супермодел Карла Бруни е обвинета за корупција. На 56-годишната Бруни и се заканува затворска казна поради притисок врз сведок кој го обвини поранешниот француски претседател, воедно и нејзиниот сопруг, Николас Саркози, за нелегално финансирање на кампањата од Либија, пренесува Sky News. Поранешната манекенка е ослободена со кауција и не може да контактира со никој вклучен во постапката освен нејзиниот сопруг. Обвиненијата вклучуваат манипулација на сведоци и обид за измама поврзани со нелегални средства за време на кампањата за претседателските избори во 2007 година. Според исказот на сведокот Зиад Такиедин Саркози примил милиони незаконски плаќања кои биле поддржани од режимот на тогашниот либиски претседател Моамер Гадафи. Никола Саркози ја негира вината во овој случај. Тој веќе е осуден во два други случаи,. Во февруари оваа година, судот во Париз го прогласи за виновен пред Апелациониот суд за незаконско финансирање на неговата кампања за реизбор во 2012 година, потврдувајќи ја претходната одлука на понискиот суд. Тој е осуден на една година затвор, од која половина е условна. Неговите адвокати поднесоа жалба до Касациониот суд, највисокиот суд во Франција, и додека жалбата е во тек, Саркози не може да биде затворен според француските закони. Обвинителите тврдат дека тој за изборната кампања потрошил речиси двојно повеќе од законската сума од 22,5 милиони евра. Имено, Саркози потрошил 42,8 милиони евра. Тој загуби од Франсоа Оланд. Во одделен случај во 2021 година, 69-годишниот поранешен француски претседател беше прогласен за виновен за корупција и трговија со влијание. Тој е првиот поранешен француски претседател во модерната историја кој е осуден на затвор за злосторства извршени за време на неговиот претседателски мандат. Тој се повлече од активната политика во 2017 година.

The post На Карла Бруни ѝ се заканува затвор appeared first on Република.

]]>
Потврдена пресудата за поранешниот француски претседател Саркози https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/potvrdena-presudata-za-poraneshniot-frantsuski-pretsedatel-sarkozi/ Wed, 17 May 2023 09:57:30 +0000 https://republika.mk/?p=641674

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска во жалбена постапка беше осуден на три години затвор, од кои две се условни а една година да носи електронска алка на ногата наместо престој во затвор.

Во март 2021 година, тој беше осуден на три години затвор, од кои две условни, а една во домашен притвор со електронска нараквица, поради корупција и трговија со влијание преку тајна телефонска линија што беше откриена со прислушување.

Францускиот апелациски суд ја потврди пресудата донесена во првостепената постапка на 1 март 2021 година против поранешниот лидер на француската десница, кој ја слушна одлуката на обвинителна клупа.

Неговата адвокатка Жаклин Лафонт веднаш изјави дека ќе поднесе жалба до Касациониот суд, дека Саркози е невин и ќе оди до крај на судската постапка, нарекувајќи ја одлуката на судот „запрепастувачка“.

Саркози го напушти судот без да даде изјава.

Саркози (68) е првиот поранешен француски претседател осуден на затворска казна. Неговиот поранешен „ментор“ Жак Ширак во 2011 година беше осуден на двегодишна условна затворска казна во случајот со фиктивни вработувања во градот Париз.

Долгогодишниот адвокат на Саркози, Тиери Ерзог (67) и поранешниот висок обвинител Жилберт Азиберт (76), исто така беа прогласени за виновни за склучување на „корупциски пакт“ со Саркози во 2014 година и осудени на истите казни.

Апелацискиот суд, исто така, изрече тригодишна забрана за граѓански права на Саркози, што значи дека тој не може да се кандидира за некаква функција.

Обвинителството на 13 декември побара три години условни затворски казни за тројцата обвинети кои од почетокот негираа дека имало корупција.

Поранешниот француски претседател (2007-2012) најостро ги негираше наводите за време на жалбената расправа.

Одлуката на судот беше очекувана, а Саркози го чека новото судење во жалбена постапка наесен во случајот со нелегално финансирање на неговата претседателска кампања во 2012 година и му се заканува трето судење поради сомневање дека имал либиско финансирање за неговата претседателска кампања во 2007 година

The post Потврдена пресудата за поранешниот француски претседател Саркози appeared first on Република.

]]>

Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска во жалбена постапка беше осуден на три години затвор, од кои две се условни а една година да носи електронска алка на ногата наместо престој во затвор. Во март 2021 година, тој беше осуден на три години затвор, од кои две условни, а една во домашен притвор со електронска нараквица, поради корупција и трговија со влијание преку тајна телефонска линија што беше откриена со прислушување. Францускиот апелациски суд ја потврди пресудата донесена во првостепената постапка на 1 март 2021 година против поранешниот лидер на француската десница, кој ја слушна одлуката на обвинителна клупа. Неговата адвокатка Жаклин Лафонт веднаш изјави дека ќе поднесе жалба до Касациониот суд, дека Саркози е невин и ќе оди до крај на судската постапка, нарекувајќи ја одлуката на судот „запрепастувачка“. Саркози го напушти судот без да даде изјава. Саркози (68) е првиот поранешен француски претседател осуден на затворска казна. Неговиот поранешен „ментор“ Жак Ширак во 2011 година беше осуден на двегодишна условна затворска казна во случајот со фиктивни вработувања во градот Париз. Долгогодишниот адвокат на Саркози, Тиери Ерзог (67) и поранешниот висок обвинител Жилберт Азиберт (76), исто така беа прогласени за виновни за склучување на „корупциски пакт“ со Саркози во 2014 година и осудени на истите казни. Апелацискиот суд, исто така, изрече тригодишна забрана за граѓански права на Саркози, што значи дека тој не може да се кандидира за некаква функција. Обвинителството на 13 декември побара три години условни затворски казни за тројцата обвинети кои од почетокот негираа дека имало корупција. Поранешниот француски претседател (2007-2012) најостро ги негираше наводите за време на жалбената расправа. Одлуката на судот беше очекувана, а Саркози го чека новото судење во жалбена постапка наесен во случајот со нелегално финансирање на неговата претседателска кампања во 2012 година и му се заканува трето судење поради сомневање дека имал либиско финансирање за неговата претседателска кампања во 2007 година

The post Потврдена пресудата за поранешниот француски претседател Саркози appeared first on Република.

]]>
Макрон бара да не се бојкотира Катар откако неговиот претходник Саркози лобирал тие да го добијат СП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/makron-bara-da-ne-se-bojkotira-katar-otkako-negoviot-prethodnik-sarkozi-lobiral-tie-da-go-dobijat-sp/ Fri, 18 Nov 2022 11:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=575366

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави денеска оти се противи на политизација на спортот и бојкот на Светското фудбалско првенство кое в недела почнува во Катар.

– Не сум за бојкот на Светското првенство. Тоа прашање требаше порано да се постави уште кога се одлучуваше кој ќе биде домаќин на турнирот, порача Макрон од Бангкок каде учествува на Самитот на лидерите на организацијата на Азиско – пацифичка економска соработка (АПЕК).

Макрон оцени дека е добро што Катар, како прва земја од арапскиот свет, е домаќин на Светското првенство во фудбал, бидејќи организацијата на завршниот турнир довело до „поместување на работите“ во реформите во таа земја.

Критиките од западниот свет на адреса на Катар, пред сè, се однесуваат на недоволна заштита на човековите права и нехумани услови за работа на работниците мигранти.

https://republika.mk/sport/fudbal/fudbal-i-politika-sarkozi-lobiral-katar-da-go-dobie-sp-vo-zamena-za-borbeni-avioni-koi-chinele-15-milijardi-dolari/

The post Макрон бара да не се бојкотира Катар откако неговиот претходник Саркози лобирал тие да го добијат СП appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави денеска оти се противи на политизација на спортот и бојкот на Светското фудбалско првенство кое в недела почнува во Катар.
– Не сум за бојкот на Светското првенство. Тоа прашање требаше порано да се постави уште кога се одлучуваше кој ќе биде домаќин на турнирот, порача Макрон од Бангкок каде учествува на Самитот на лидерите на организацијата на Азиско – пацифичка економска соработка (АПЕК).
Макрон оцени дека е добро што Катар, како прва земја од арапскиот свет, е домаќин на Светското првенство во фудбал, бидејќи организацијата на завршниот турнир довело до „поместување на работите“ во реформите во таа земја. Критиките од западниот свет на адреса на Катар, пред сè, се однесуваат на недоволна заштита на човековите права и нехумани услови за работа на работниците мигранти. https://republika.mk/sport/fudbal/fudbal-i-politika-sarkozi-lobiral-katar-da-go-dobie-sp-vo-zamena-za-borbeni-avioni-koi-chinele-15-milijardi-dolari/

The post Макрон бара да не се бојкотира Катар откако неговиот претходник Саркози лобирал тие да го добијат СП appeared first on Република.

]]>
Фудбал и политика: Саркози лобирал Катар да го добие СП во замена за борбени авиони кои чинеле 15 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbal-i-politika-sarkozi-lobiral-katar-da-go-dobie-sp-vo-zamena-za-borbeni-avioni-koi-chinele-15-milijardi-dolari/ Tue, 08 Nov 2022 12:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=571431

Швајцарецот Блатер кој има 86 години беше прв човек на ФИФА од 1998 до 2015 година, а под негова надлежност Катар ја доби организацијата на Светското првенство, со што многумина и денес не се согласуваат.

Блатер во интервју за швајцарските медиуми изјави:

„Изборот на Катар беше голема грешка. Веќе беше договорено Русија да биде домаќин на Светското првенство во 2018 година, а САД да бидат домаќини на Светското првенство во 2022 година. Тоа требаше да биде гест на мир за тие две земји бидејќи ќе добијат можност да организираат Светско првенство едно по друго“.

Седум дена пред конгресот во 2010 година дошлo до пресврт. Блатер тоа го објасни вака:

Мишел Платини ми се јави и ми рече дека нема да можеме да го реализираме нашиот план“. Ми кажа дека добил повик од францускиот претседател Саркози кој штотуку ја завршил средбата со првиот човек на Катар“, се присети Блатер и продолжи:

Саркози тогаш му кажа на Платини дека сака да му дадат домаќин на Катар. Бев против тоа, но Платини потоа ме праша што би направил ако претседателот побара нешто од мене. Му реков дека го немам тоа чувство бидејќи немаме претседател во Швајцарија. На крајот, четирите гласови на Платини одлучија Катар да биде домаќин наместо САД. Вистина е."

Блатер потоа истакна:

„Секако дека се беше до пари. Шест месеци подоцна, Катар купи борбени авиони за Франција во вредност од речиси 15 милијарди долари.

The post Фудбал и политика: Саркози лобирал Катар да го добие СП во замена за борбени авиони кои чинеле 15 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Швајцарецот Блатер кој има 86 години беше прв човек на ФИФА од 1998 до 2015 година, а под негова надлежност Катар ја доби организацијата на Светското првенство, со што многумина и денес не се согласуваат.
Блатер во интервју за швајцарските медиуми изјави: „Изборот на Катар беше голема грешка. Веќе беше договорено Русија да биде домаќин на Светското првенство во 2018 година, а САД да бидат домаќини на Светското првенство во 2022 година. Тоа требаше да биде гест на мир за тие две земји бидејќи ќе добијат можност да организираат Светско првенство едно по друго“.
Седум дена пред конгресот во 2010 година дошлo до пресврт. Блатер тоа го објасни вака:
Мишел Платини ми се јави и ми рече дека нема да можеме да го реализираме нашиот план“. Ми кажа дека добил повик од францускиот претседател Саркози кој штотуку ја завршил средбата со првиот човек на Катар“, се присети Блатер и продолжи:
Саркози тогаш му кажа на Платини дека сака да му дадат домаќин на Катар. Бев против тоа, но Платини потоа ме праша што би направил ако претседателот побара нешто од мене. Му реков дека го немам тоа чувство бидејќи немаме претседател во Швајцарија. На крајот, четирите гласови на Платини одлучија Катар да биде домаќин наместо САД. Вистина е." Блатер потоа истакна:
„Секако дека се беше до пари. Шест месеци подоцна, Катар купи борбени авиони за Франција во вредност од речиси 15 милијарди долари.

The post Фудбал и политика: Саркози лобирал Катар да го добие СП во замена за борбени авиони кои чинеле 15 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Карла Бруни и Никола Саркози уживаат на јахта по година полна со конфликти https://arhiva3.republika.mk/scena/karla-bruni-i-nikola-sarkozi-uzivaat-na-jahta-po-godina-polna-so-konflikti/ Wed, 27 Jul 2022 13:35:30 +0000 https://republika.mk/?p=533871

Карла Бруни (54) дочека да ужива со сопругот Никола Саркози (68) по година полна со конфликти.

Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција и поранешна прва дама, моделот Карла Бруни уживаат на својата јахта крстарејќи по брегот на Средоземното Море.

Додека Никола опуштено уживал во скокањето во морето - не го криел заоблениот стомак и очигледниот вишок килограми. Ова не ѝ пречи ниту на неговата сопруга Карла, која го гушкала и бакнувала за време на целиот одмор.

Меѓутоа, кога станува збор за личниот изглед, Карла Бруни е ригорозна. Неодамна изјавила дека се труди да ја задржи својата виткост како модел.

Карла неодамна ја видовме на пистата за време на ревијата на Балмен и Ив Сен Лоран, а манекенката во таа прилика изјави дека е чудно што повторно е на пистата, овојпат со модели кои би можеле да ѝ бидат деца.

Таа призна дека оди на психолошка терапија за да го прифати стареењето, но и да го подобри квалитетот на бракот со Саркози.

The post Карла Бруни и Никола Саркози уживаат на јахта по година полна со конфликти appeared first on Република.

]]>

Карла Бруни (54) дочека да ужива со сопругот Никола Саркози (68) по година полна со конфликти.
Никола Саркози, поранешниот претседател на Франција и поранешна прва дама, моделот Карла Бруни уживаат на својата јахта крстарејќи по брегот на Средоземното Море. Додека Никола опуштено уживал во скокањето во морето - не го криел заоблениот стомак и очигледниот вишок килограми. Ова не ѝ пречи ниту на неговата сопруга Карла, која го гушкала и бакнувала за време на целиот одмор. Меѓутоа, кога станува збор за личниот изглед, Карла Бруни е ригорозна. Неодамна изјавила дека се труди да ја задржи својата виткост како модел. Карла неодамна ја видовме на пистата за време на ревијата на Балмен и Ив Сен Лоран, а манекенката во таа прилика изјави дека е чудно што повторно е на пистата, овојпат со модели кои би можеле да ѝ бидат деца. Таа призна дека оди на психолошка терапија за да го прифати стареењето, но и да го подобри квалитетот на бракот со Саркози.

The post Карла Бруни и Никола Саркози уживаат на јахта по година полна со конфликти appeared first on Република.

]]>