Никола Николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-nikolovski/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Nov 2022 08:19:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Николовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-nikolovski/ 32 32 Спасовски повторно има „добри сознанија“ кој ги испраќа мејловите за бомби во училиштата, а зборува и за приведувањето на Никола Николовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-povtorno-ima-dobri-soznanija-koj-gi-isprakja-mejlovite-za-bombi-vo-uchilishtata-a-zboruva-i-za-priveduvanjeto-na-nikola-nikolovski/ Fri, 11 Nov 2022 08:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=572610

Министерот Спасовски во интервју за Алсат-М телевизија уште еднаш ги оцени лажните дојави за бомби како монструозен чин на хибридни закани и потенцираше дека многу е важен брз и ефикасен одговор на државата со своите партнери.

Ние ги започнавме опсежно сите истраги во овој дел, вклучени се сите институции коишто се грижат за националната безбедност и, секако, нашите меѓународни партнери. Во неколку правци одат истрагите. Имаме веќе добри сознанија од каде доаѓаат мејловите, на кој начин се испраќаат итн. Секако дека ќе ни треба и меѓународна правна помош за да можеме да ги потврдиме доказите и тоа е клучно кај вакви хибридни напади – да се обезбедат доказите, истакна министерот Спасовски.

Тој потенцираше дека полицијата мора да постапува по строго утврдени протоколи, да ги следи сите можни насоки кон кои води истрагата и во таа насока досега имаше приведени и две лица за кои се утврди дека нивните податоци и адреси биле злоупотребени, по што беа ослободени“, рече Спасовски, додавајќи: „Кога имате индиции тие мора да се испитаат, без разлика која е таа личност, на каква позиција се наоѓа, какви политички, верски и други убедувања има. Тоа е ирелевантно кога станува збор за истрага и кога се работи за безбедноста“.

За справување со хибридните закани и сајбер криминалот којшто зема замав и на глобално ниво, министерот Спасовски образложи дека веќе со години преку донесување на Стратегијата за борба со сајбер криминалот, која е во процес и на усогласување со НАТО стандардите, веќе имаме силна основа за ефикасна борба со овој вид криминал кој постојано се усовршува со развојот на информациските технологии.

Веќе имаше неколку напади на информациски системи на разни министерства, Заводот за статистика и други од кои сите беа одбиени и немаше предизвикано штета по губење на информациските податоци. Во таа насока со средства на ИПА, МВР го изгради информатичкиот Центар за заштита на податоците, кој што во суштина е тврдина за заштита на информациските системи и дигиталните податоци на институциите, а освен МВР го користат и можат да го користат сите институции, посочи министерот Спасовски во емисијата „Патот кон…“ на телевизијата Алсат -М.

The post Спасовски повторно има „добри сознанија“ кој ги испраќа мејловите за бомби во училиштата, а зборува и за приведувањето на Никола Николовски appeared first on Република.

]]>

Министерот Спасовски во интервју за Алсат-М телевизија уште еднаш ги оцени лажните дојави за бомби како монструозен чин на хибридни закани и потенцираше дека многу е важен брз и ефикасен одговор на државата со своите партнери.
Ние ги започнавме опсежно сите истраги во овој дел, вклучени се сите институции коишто се грижат за националната безбедност и, секако, нашите меѓународни партнери. Во неколку правци одат истрагите. Имаме веќе добри сознанија од каде доаѓаат мејловите, на кој начин се испраќаат итн. Секако дека ќе ни треба и меѓународна правна помош за да можеме да ги потврдиме доказите и тоа е клучно кај вакви хибридни напади – да се обезбедат доказите, истакна министерот Спасовски.
Тој потенцираше дека полицијата мора да постапува по строго утврдени протоколи, да ги следи сите можни насоки кон кои води истрагата и во таа насока досега имаше приведени и две лица за кои се утврди дека нивните податоци и адреси биле злоупотребени, по што беа ослободени“, рече Спасовски, додавајќи: „Кога имате индиции тие мора да се испитаат, без разлика која е таа личност, на каква позиција се наоѓа, какви политички, верски и други убедувања има. Тоа е ирелевантно кога станува збор за истрага и кога се работи за безбедноста“. За справување со хибридните закани и сајбер криминалот којшто зема замав и на глобално ниво, министерот Спасовски образложи дека веќе со години преку донесување на Стратегијата за борба со сајбер криминалот, која е во процес и на усогласување со НАТО стандардите, веќе имаме силна основа за ефикасна борба со овој вид криминал кој постојано се усовршува со развојот на информациските технологии.
Веќе имаше неколку напади на информациски системи на разни министерства, Заводот за статистика и други од кои сите беа одбиени и немаше предизвикано штета по губење на информациските податоци. Во таа насока со средства на ИПА, МВР го изгради информатичкиот Центар за заштита на податоците, кој што во суштина е тврдина за заштита на информациските системи и дигиталните податоци на институциите, а освен МВР го користат и можат да го користат сите институции, посочи министерот Спасовски во емисијата „Патот кон…“ на телевизијата Алсат -М.

The post Спасовски повторно има „добри сознанија“ кој ги испраќа мејловите за бомби во училиштата, а зборува и за приведувањето на Никола Николовски appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Со апсењето на Николовски власта докажа дека ги користи своите механизми за замолчување на неистомисленици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-so-apsenjeto-na-nikolovski-vlasta-dokaza-deka-gi-koristi-svoite-mehanizmi-za-zamolchuvanje-na-neistomislenici/ Fri, 04 Nov 2022 18:01:42 +0000 https://republika.mk/?p=569696

На страна од моето мислење како се носат законите во оваа држава и колку закони се донесени и како истите се имплементираат, се почитуваат, дали селективно се почитуваат или не, мислам дека тоа е посебна тема за дискусија. Овој случај според она што дознаваме нели од медиумите е дека лицето е лишено од слобода во 5:30 напладне, за во 9:30 да има претрес на неговиот дом што значи дека обвинителството било вклучено.

Меѓутоа дали станува збор бидејќи во тој меѓу период од 5:30 до 9:30 по социјалните медиуми се прошири информацијата дека ете најден е виновникот за мејловите, за заканите итн. Па така треба да повнимаваме дали станува всушност збор за злоупотреба на институционалната моќ против некој ете кој што бил гласноговорник преку одреден медиум Конзерватив.мк или како и да се вика, медиумот кој што ги критикува институциите, власта, па се користи овој механизам нели за предизвикување на еден вид на молк, истакна Рашела Мизрахи, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“, коментирајќи го апсењето на младиот Никола Николовски.

Мизрахи додаде дека власта апсењето го користи како алатка за замолчување на гласноговорниците и неистомислениците.

Ние се наоѓаме во држава во којашто граѓаните немаат доверба кон општествените институции односно државните институции, нарушен е општествениот договор и заради тоа граѓанството буквално се брани од институциите како резултат на таа недоверба, истакна Мизрахи.

Пратеничката посочи дека довербата сама по себе не може да биде наметната. Не може власта да ви нареди да и се верува. Таа порачува дека довербата кон власта се стекнува или се губи.

Значи сомнежот стои дека како резултат на контроверзните ставови или пак критичната настроеност на одреден сајт во кој што Николовски имал влијание, имаме злоупотреба на институционална моќ, власта ги користи своите механизми за замолчување, потенцира Мизрахи.

The post Мизрахи: Со апсењето на Николовски власта докажа дека ги користи своите механизми за замолчување на неистомисленици appeared first on Република.

]]>

На страна од моето мислење како се носат законите во оваа држава и колку закони се донесени и како истите се имплементираат, се почитуваат, дали селективно се почитуваат или не, мислам дека тоа е посебна тема за дискусија. Овој случај според она што дознаваме нели од медиумите е дека лицето е лишено од слобода во 5:30 напладне, за во 9:30 да има претрес на неговиот дом што значи дека обвинителството било вклучено.   Меѓутоа дали станува збор бидејќи во тој меѓу период од 5:30 до 9:30 по социјалните медиуми се прошири информацијата дека ете најден е виновникот за мејловите, за заканите итн. Па така треба да повнимаваме дали станува всушност збор за злоупотреба на институционалната моќ против некој ете кој што бил гласноговорник преку одреден медиум Конзерватив.мк или како и да се вика, медиумот кој што ги критикува институциите, власта, па се користи овој механизам нели за предизвикување на еден вид на молк, истакна Рашела Мизрахи, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Заспиј ако можеш“, коментирајќи го апсењето на младиот Никола Николовски.
Мизрахи додаде дека власта апсењето го користи како алатка за замолчување на гласноговорниците и неистомислениците.
Ние се наоѓаме во држава во којашто граѓаните немаат доверба кон општествените институции односно државните институции, нарушен е општествениот договор и заради тоа граѓанството буквално се брани од институциите како резултат на таа недоверба, истакна Мизрахи.
Пратеничката посочи дека довербата сама по себе не може да биде наметната. Не може власта да ви нареди да и се верува. Таа порачува дека довербата кон власта се стекнува или се губи.
Значи сомнежот стои дека како резултат на контроверзните ставови или пак критичната настроеност на одреден сајт во кој што Николовски имал влијание, имаме злоупотреба на институционална моќ, власта ги користи своите механизми за замолчување, потенцира Мизрахи.

The post Мизрахи: Со апсењето на Николовски власта докажа дека ги користи своите механизми за замолчување на неистомисленици appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: МВР и Спасовски да ги апсат криминалците кои што слободно шетаат, а не недолжни деца како Николовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-mvr-i-spasovski-da-gi-apsat-kriminalcite-koi-shto-slobodno-shetaat-a-ne-nedolzni-deca-kako-nikolovski/ Thu, 03 Nov 2022 13:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=569238

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп одговарајќи на новинарско прашање за начинот на кој МВР преку прес конференција најави дека е уапсено лицето кое испраќало лажни дојави за бомби во училиштата за после неколку часа да го ослободат бидејќи немало никаква поврзаност со случајот, истакна дека за жал тоа е начинот на кој што работи МВР и дека криминалци шетаат слободни, а недолжни луѓе се затвораат и приведуваат.

„Тој е начинот на кој што функционира за жал Министерството за внатрешни работи, криминалци шетаат, а недолжни луѓе ги затвараат и ги приведуваат. Криминалци шетаат и овде во Прилеп. Точно се знае прилепчани кои се криминалците. Нека ги посети Оливер Спасовски неговите пријатели овдека во Прилеп кои што имаат возен парк со неколку стотици илјади евра и нека ги праша од каде ги заработиле тие стотици илјади евра возен парк. Нека ги прошета неговите пријатели овдека во Прилеп коишто ги посетува кога ќе дојде и нека ги праша од каде им е стекнат тој капитал во изминативе три-четири години и ќе ги најде криминалците. Тие треба да ги апси, а не недолжни деца“, истакна Мицкоски.

Тој исто така изрази поддршка за Никола кој вчера беше уапсен и додаде дека многу скоро ќе дојде крајот на ваквото функционирање на МВР и ќе следи одговорност.

„Никола може да биде секој еден од нас. Голема поддршка до Никола и многу скоро ќе дојде крајот на овие политички измамници, а потоа јас ви ветувам, ќе следи и одговорност“, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: МВР и Спасовски да ги апсат криминалците кои што слободно шетаат, а не недолжни деца како Николовски appeared first on Република.

ОЈО потврди: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ojo-potvrdi-nema-povrzanost-na-privedeniot-so-dojavite-za-bombi-vo-srednite-uchilishta/ Thu, 03 Nov 2022 13:23:51 +0000 https://republika.mk/?p=569228

Лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта, е пуштено на слобода откако по извршениот распит и претрес во неговиот дом, првичните вештачења не покажале негова поврзаност со испратените пораки, потврдуваат за МИА од Јавното обвинителство.

Како што посочуваат од ЈОРМ, откако лицето од страна на СВР Скопје било лишено од слобода, известен е јавен обвинител кој во интерес на ефективно постапување, веднаш до судијата на претходна постапка доставил барање за претрес на домот на лицето и одземање на електронските уреди од кои потенцијално би можеле да бидат испратени пораките.

Во текот на измината вечер по напатствија на јавниот обвинител се извршени сите неопходни дејствија со цел да нема дополнително задржување на лицето. Со оглед дека првичните вештачења не покажаа поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по извршениот распит е пуштено на слобода, стои во изјавата за МИА на ЈОРМ.​

https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-se-lizna-na-kora-banana-nikola-nikolovski-zrtva-na-makedonskiot-proces/

The post ОЈО потврди: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта appeared first on Република.

]]>

Лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта, е пуштено на слобода откако по извршениот распит и претрес во неговиот дом, првичните вештачења не покажале негова поврзаност со испратените пораки, потврдуваат за МИА од Јавното обвинителство. Како што посочуваат од ЈОРМ, откако лицето од страна на СВР Скопје било лишено од слобода, известен е јавен обвинител кој во интерес на ефективно постапување, веднаш до судијата на претходна постапка доставил барање за претрес на домот на лицето и одземање на електронските уреди од кои потенцијално би можеле да бидат испратени пораките.
Во текот на измината вечер по напатствија на јавниот обвинител се извршени сите неопходни дејствија со цел да нема дополнително задржување на лицето. Со оглед дека првичните вештачења не покажаа поврзаност на лицето со испратените пораки, лицето по извршениот распит е пуштено на слобода, стои во изјавата за МИА на ЈОРМ.​
https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-se-lizna-na-kora-banana-nikola-nikolovski-zrtva-na-makedonskiot-proces/

The post ОЈО потврди: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта appeared first on Република.

]]>
МВР се лизна на кора од банана: Никола Николовски жртва на македонскиот „Процес“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-se-lizna-na-kora-od-banana-nikola-nikolovski-zrtva-na-makedonskiot-proces/ Thu, 03 Nov 2022 11:46:52 +0000 https://republika.mk/?p=569103

Со помпезна прес-конференција МВР синоќа експресно објави дека приведено е лице поврзано со заканите за бомби во десетина скопски училишта. Денеска, откако утрово младото момче е ослободено, само сув одговор стигна оттаму на прашањата на „Република“ поврзани со неговото ослободување. Нема ни официјално соопштение, а камоли прес-конференција дека тој е пуштен дома.

Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/

Нема одговор дали тој е пуштен дома, што е утврдено по претресот во неговиот дом и распитот и дали ќе се поднесе кривична против приведениот, има ли сомнение за други лица кои се поврзани со бомбите и дали ќе има извинување за вчерашната помпа, како што денеска бара јавноста.

Како што објави идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк, приведеното момче е нивниот член Никола Николовски, 23-годишен студент. Единствената причина за неговото приведување е тоа што неговото цело име и презиме и телефонски број биле запишани во последните мејлови со закани.

Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани, велат оттаму.

Тој е и првиот осомничен и приведен во врска со овие закани што веќе десетина дена се случуваа низ скопските училишта, по кои одново и одново беа евакуирани ученици и се вршеа целосни антитерористички проверки.

Сè укажува дека на тоа дека станува збор за подметнат случај против Николовски и избрзано приведување и фалење дека „постои осомничен“. МВР засега не објавила за било какви други траги за случаите, ниту други осомничени.

Јавноста, со право, остро реагира на спектакуларното апсење и држењето повеќе од 12 часа на младиот Николовски, без докази, за потоа неговата фотографија и профил да кружат по социјалните мрежи, а тој да биде подлежен на јавен линч.

Приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен, пишува градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, според кого апсењето на активистот уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас.

Реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ прашувајќи дали МВР и министерот Оливер Спасовски ќе се извинат што направија „јавен линч врз млад човек чиј идентитет го објави и го прогласи за бомбаш“.

Ќе поднесе ли оставка Спасовски што направи жигосување на млад живот? Ќе поднесе ли некој воопшто одговорност што МВР е толку неспособно па не може да открие кој во континуитет праќа лажни дојави за бомби, прашуваат од партијата.

Во меѓувреме се огласи и Никола Николовски, кој на социјалните мрежи се претставува под псевдонимот Боемот.

Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла, вели денеска Никола Николовски – Боемот, кој вчера беше приведен како лице осомничено за заканите за бомби по скопските училишта.

https://republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-privedeniot-nikola-ova-e-cenata-na-javnoto-iskazuvanje-stav-vo-makedonija/

The post МВР се лизна на кора од банана: Никола Николовски жртва на македонскиот „Процес“ appeared first on Република.

]]>

Со помпезна прес-конференција МВР синоќа експресно објави дека приведено е лице поврзано со заканите за бомби во десетина скопски училишта. Денеска, откако утрово младото момче е ослободено, само сув одговор стигна оттаму на прашањата на „Република“ поврзани со неговото ослободување. Нема ни официјално соопштение, а камоли прес-конференција дека тој е пуштен дома.
Со лицето е извршен службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во дом, одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/ Нема одговор дали тој е пуштен дома, што е утврдено по претресот во неговиот дом и распитот и дали ќе се поднесе кривична против приведениот, има ли сомнение за други лица кои се поврзани со бомбите и дали ќе има извинување за вчерашната помпа, како што денеска бара јавноста. Како што објави идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк, приведеното момче е нивниот член Никола Николовски, 23-годишен студент. Единствената причина за неговото приведување е тоа што неговото цело име и презиме и телефонски број биле запишани во последните мејлови со закани.
Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани, велат оттаму.
Тој е и првиот осомничен и приведен во врска со овие закани што веќе десетина дена се случуваа низ скопските училишта, по кои одново и одново беа евакуирани ученици и се вршеа целосни антитерористички проверки. Сè укажува дека на тоа дека станува збор за подметнат случај против Николовски и избрзано приведување и фалење дека „постои осомничен“. МВР засега не објавила за било какви други траги за случаите, ниту други осомничени. Јавноста, со право, остро реагира на спектакуларното апсење и држењето повеќе од 12 часа на младиот Николовски, без докази, за потоа неговата фотографија и профил да кружат по социјалните мрежи, а тој да биде подлежен на јавен линч.
Приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен, пишува градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, според кого апсењето на активистот уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас.
Реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ прашувајќи дали МВР и министерот Оливер Спасовски ќе се извинат што направија „јавен линч врз млад човек чиј идентитет го објави и го прогласи за бомбаш“.
Ќе поднесе ли оставка Спасовски што направи жигосување на млад живот? Ќе поднесе ли некој воопшто одговорност што МВР е толку неспособно па не може да открие кој во континуитет праќа лажни дојави за бомби, прашуваат од партијата.
Во меѓувреме се огласи и Никола Николовски, кој на социјалните мрежи се претставува под псевдонимот Боемот.
Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла, вели денеска Никола Николовски – Боемот, кој вчера беше приведен како лице осомничено за заканите за бомби по скопските училишта.
https://republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-privedeniot-nikola-ova-e-cenata-na-javnoto-iskazuvanje-stav-vo-makedonija/

The post МВР се лизна на кора од банана: Никола Николовски жртва на македонскиот „Процес“ appeared first on Република.

]]>
Се огласи приведениот Никола: Ова е цената на јавното искажување став во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-privedeniot-nikola-ova-e-cenata-na-javnoto-iskazuvanje-stav-vo-makedonija/ Thu, 03 Nov 2022 11:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=569152

Слободната мисла е повредна од секоја закана, притисок и уцена - нема да ме замолчите, само ме направивте посилен!, вели денеска Никола Николовски - Боемот, кој вчера беше приведен како лице осомничено за заканите за бомби по скопските училишта.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/

Ви го пренесуваме во целост:

Во текот на вчерашниот ден, среде бел ден и во време на вршење на моите работни обврски бев лишен од слобода, по што до доцните часови бев држен во полициска станица, без можност за контакт со моите пријатели, роднини и најтесното семејство. Јавен распит, претрес на мојот дом од страна на 10 полицајци, меѓу кои имаше и вооружени, мое спроведување од полициска станица до дома во придружба на вооружени службеници како најголем криминалец, товарење за дело кое не сум го направил и е АПСОЛУТНА НЕВИСТИНА!

Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла.

„Тоа што не те убива, те прави посилен“. Затоа продолжувам со засилено темпо јавно да го искажувам моето мислење, но овој пат наместо под псевдоним ќе го додадам и моето име: Никола Николовски.

Ви благодарам на сите кои бевте моја поддршка и не се посомневавте ни за момент во мојата невиност и заеднички се боревте против дезинформациите чија цел беше да ме оцрнат, омаловажат и да ме деградираат мене и моето семејство. Јас ќе продолжам да го истакнувам својот став на сите општествени теми, бидејќи најважна ми е поддршката од младите кои бараат промени во општеството. А оние кои напишаа секакви невистини околу вчерашната случка ќе одговараат јавно пред лицето на правдата и ќе бидат преземени сите расположливи дејствија и мерки!

Утре ова може да биде секој од вас, секој што размислува различно од она што го наметнуваат властите и живеењето во ова „модерно“ време. Затоа, еднаш засекогаш мора да ставиме крај на дезинформациите и вршењето притисок врз неистомислениците.

Боемот 2.0 – Никола Николовски (или популарно кажано „Лицето Н.Н.“)

The post Се огласи приведениот Никола: Ова е цената на јавното искажување став во Македонија appeared first on Република.

]]>

Слободната мисла е повредна од секоја закана, притисок и уцена - нема да ме замолчите, само ме направивте посилен!, вели денеска Никола Николовски - Боемот, кој вчера беше приведен како лице осомничено за заканите за бомби по скопските училишта. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/ Ви го пренесуваме во целост: Во текот на вчерашниот ден, среде бел ден и во време на вршење на моите работни обврски бев лишен од слобода, по што до доцните часови бев држен во полициска станица, без можност за контакт со моите пријатели, роднини и најтесното семејство. Јавен распит, претрес на мојот дом од страна на 10 полицајци, меѓу кои имаше и вооружени, мое спроведување од полициска станица до дома во придружба на вооружени службеници како најголем криминалец, товарење за дело кое не сум го направил и е АПСОЛУТНА НЕВИСТИНА! Вчера бев изложен на јавен линч, закани и ликувања за моја осуда. Ова е цената на јавното искажување став во Македонија. Ниту имам мотив, ниту потреба да вознемирувам цели фамилии со „дојавите за бомба во средните училишта“. Очигледно некому му пречи мојата работа со профилот „Боемот“, моите сфаќања, ставови, бескомпромисност во борбата за подобро утре, независноста од политиката и слободната мисла. „Тоа што не те убива, те прави посилен“. Затоа продолжувам со засилено темпо јавно да го искажувам моето мислење, но овој пат наместо под псевдоним ќе го додадам и моето име: Никола Николовски. Ви благодарам на сите кои бевте моја поддршка и не се посомневавте ни за момент во мојата невиност и заеднички се боревте против дезинформациите чија цел беше да ме оцрнат, омаловажат и да ме деградираат мене и моето семејство. Јас ќе продолжам да го истакнувам својот став на сите општествени теми, бидејќи најважна ми е поддршката од младите кои бараат промени во општеството. А оние кои напишаа секакви невистини околу вчерашната случка ќе одговараат јавно пред лицето на правдата и ќе бидат преземени сите расположливи дејствија и мерки! Утре ова може да биде секој од вас, секој што размислува различно од она што го наметнуваат властите и живеењето во ова „модерно“ време. Затоа, еднаш засекогаш мора да ставиме крај на дезинформациите и вршењето притисок врз неистомислениците. Боемот 2.0 – Никола Николовски (или популарно кажано „Лицето Н.Н.“)

The post Се огласи приведениот Никола: Ова е цената на јавното искажување став во Македонија appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Приведувањето на Никола е загрижувачки сигнал дека ако си млад и едуциран, те демне опасност да бидеш замолчан https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mucunski-priveduvanjeto-na-nikola-e-zagrizuvachki-signal-deka-ako-si-mlad-i-educiran-te-demne-opasnost-da-bidesh-zamolchan/ Thu, 03 Nov 2022 09:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=569082

Синоќешното приведување на активистот на Конзерватив.мк Никола Николовски за градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас.

Приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен, пишува во реакцијата на Муцунски.

Градоначалникот, кој е правник по професија, реагира на апсењето на Николвски и на брзоплетоста на МВР, особено што, како што вели очигледно се работи за местенка.

Фактот што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски, во кој бил содржан и неговиот телефонски број е логична индиција дека некој се обидел да го намести. Дополнително, непостоењето на форензички доказ кој упатува на него, исто така би бил логичен индикатор кој упатува на противправно дејствие сторено од некое друго лице. И покрај наведеното, синоќа над 10 часа беше држано 23 годишно младо, невино и перспективно лице, беше извршен претрес на неговиот дом и се наруши достоинството и честа на еден наш граѓанин и едно македонско семејство.

Муцунски се надева дека колку и да е бавна правдата во Македонија, сепак ќе излезе на виделина.

Утре Никола може да биде секој еден од нас и затоа ова треба да биде уште една научена лекција упатена да оние кои владеат, да престанат да конструираат случаи кои не постојат и кои се спротивставени со здравата логика. Правдата колку и споро да доаѓа во нашата татковина таа секогаш излегува на виделина, напиша Муцунски на Фејсбук и пораба извинување од МВР.

После овој немил настан очекувано е МВР да се извини на цела македонска јавност, истовремено да се фати со сериозна стручна работа и конечно да ги разоткрие вистинските сторители на ова дело кое создава немир кај учениците и сите наши граѓани, напиша Муцунски на Фејсбук.

The post Муцунски: Приведувањето на Никола е загрижувачки сигнал дека ако си млад и едуциран, те демне опасност да бидеш замолчан appeared first on Република.

]]>

Синоќешното приведување на активистот на Конзерватив.мк Никола Николовски за градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас.
Приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен, пишува во реакцијата на Муцунски.
Градоначалникот, кој е правник по професија, реагира на апсењето на Николвски и на брзоплетоста на МВР, особено што, како што вели очигледно се работи за местенка.
Фактот што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски, во кој бил содржан и неговиот телефонски број е логична индиција дека некој се обидел да го намести. Дополнително, непостоењето на форензички доказ кој упатува на него, исто така би бил логичен индикатор кој упатува на противправно дејствие сторено од некое друго лице. И покрај наведеното, синоќа над 10 часа беше држано 23 годишно младо, невино и перспективно лице, беше извршен претрес на неговиот дом и се наруши достоинството и честа на еден наш граѓанин и едно македонско семејство.
Муцунски се надева дека колку и да е бавна правдата во Македонија, сепак ќе излезе на виделина.
Утре Никола може да биде секој еден од нас и затоа ова треба да биде уште една научена лекција упатена да оние кои владеат, да престанат да конструираат случаи кои не постојат и кои се спротивставени со здравата логика. Правдата колку и споро да доаѓа во нашата татковина таа секогаш излегува на виделина, напиша Муцунски на Фејсбук и пораба извинување од МВР. После овој немил настан очекувано е МВР да се извини на цела македонска јавност, истовремено да се фати со сериозна стручна работа и конечно да ги разоткрие вистинските сторители на ова дело кое создава немир кај учениците и сите наши граѓани, напиша Муцунски на Фејсбук.

The post Муцунски: Приведувањето на Никола е загрижувачки сигнал дека ако си млад и едуциран, те демне опасност да бидеш замолчан appeared first on Република.

]]>
Ослободено момчето кое беше уапсено за заканите со бомбите во средните скопски училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/oslobodeno-momcheto-koe-beshe-uapseno-za-zakanite-so-bombite-vo-srednite-skopski-uchilishta/ Thu, 03 Nov 2022 07:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=568993

После 10-часовни испитување полицијата рано утрово го ослободи Никола Николовски (23) кој синоќа беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта во Скопје. Очигледно е дека се работело за класично подметнување, пренесува порталот МКД.мк.

Испраќачите на заканите за поставените бомби во средните училишта го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со заканите, пишува порталот.

Полицијата веднаш го привела Николовски и по 10-часа испитување и претрес во неговиот дом, тој е ослободен.

Никола Николовски е член на идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк кој вчера реагираше на ваквото приведување.

Никола пред сѐ е општествено одговорен граѓанин, наш активист е активно вклучен во борбата против дезинформациите и кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент. Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани, се вели во соопштението.

The post Ослободено момчето кое беше уапсено за заканите со бомбите во средните скопски училишта appeared first on Република.

]]>

После 10-часовни испитување полицијата рано утрово го ослободи Никола Николовски (23) кој синоќа беше приведен како осомничен за лажните пријави за бомби во средните училишта во Скопје. Очигледно е дека се работело за класично подметнување, пренесува порталот МКД.мк. Испраќачите на заканите за поставените бомби во средните училишта го ставиле името на Николовски и неговиот телефонски број во мејловите со заканите, пишува порталот. Полицијата веднаш го привела Николовски и по 10-часа испитување и претрес во неговиот дом, тој е ослободен. Никола Николовски е член на идеолошкиот и аналитички центар Конзерватив.мк кој вчера реагираше на ваквото приведување.
Никола пред сѐ е општествено одговорен граѓанин, наш активист е активно вклучен во борбата против дезинформациите и кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент. Ова е класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците. Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност за да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани, се вели во соопштението.

The post Ослободено момчето кое беше уапсено за заканите со бомбите во средните скопски училишта appeared first on Република.

]]>
Апел за помош: Исчезнат е Никола Николовски https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/apel-za-pomosh-ischeznat-e-nikola-nikolovski/ Thu, 19 May 2022 08:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=504198

Исчезнато е лице Никола Николовски, 32 години од с.Буково, Битолско во Петок, на 13ти Мај, 2022 во 13:30 час.

Никола излегол со неговата кола Форд Фиеста, сина со регистарски таблици BT 852 DKда ја поправи гумата на колата и повеќе не се вратил дома.

Никола е висок околу 185 cm и тежок 85 kg. Облечен е во црни тренерки, патики и црна маичка на кратки ракави со светло зелени траки. Инаку станува збор за високо образован и многу интелегентен човек, но во исто време многу мирен и интровертен, повлечен во себе. Никола не бил скаран со никој. Семејството бара помош од секој што ќе виде или слушне нешто.

Ве молиме до колку имате било какви информации, јавете се на следниве броеви 075 674 699 (Биле) или 075 660 576 (Донче).

The post Апел за помош: Исчезнат е Никола Николовски appeared first on Република.

]]>

Исчезнато е лице Никола Николовски, 32 години од с.Буково, Битолско во Петок, на 13ти Мај, 2022 во 13:30 час. Никола излегол со неговата кола Форд Фиеста, сина со регистарски таблици BT 852 DKда ја поправи гумата на колата и повеќе не се вратил дома. Никола е висок околу 185 cm и тежок 85 kg. Облечен е во црни тренерки, патики и црна маичка на кратки ракави со светло зелени траки. Инаку станува збор за високо образован и многу интелегентен човек, но во исто време многу мирен и интровертен, повлечен во себе. Никола не бил скаран со никој. Семејството бара помош од секој што ќе виде или слушне нешто. Ве молиме до колку имате било какви информации, јавете се на следниве броеви 075 674 699 (Биле) или 075 660 576 (Донче).

The post Апел за помош: Исчезнат е Никола Николовски appeared first on Република.

]]>