Никола Незлобински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-nezlobinski/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Feb 2023 12:07:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Незлобински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-nezlobinski/ 32 32 Се реконструира музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-rekonstruira-muzejot-doktor-nikola-nezlobinski-vo-struga/ Fri, 10 Feb 2023 12:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=607358

Кровот и фасадата во музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга се целосно реконструирани во рамките на проектот „Реконструкција на природонаучната поставка“, а предвидено е и преуредување на витрините со музејски збирки.

Директорката на установата Албулена Лита информира дека било извршено препокривање на кровната конструкција и оти целосно била реновирана фасадата на главната музејска зграда.

-Внатрешно направени се керамичарски работи на подот од изложбениот дел, зафати на таванот со комплетни молерофарбарски работи на таванот и ѕидовите, исткна Лита.

За реализација на проектот, посочи, биле озбезбедени 3.500.000 денари преку Министерство за култура.

За годинава, според Лита, предвидени се интервенции и комплетно преуредување на витрините.

-Еден од поголемите проекти за оваа година ќе биде „Осовременување на депоата“, каде се сместени музејските збирки. Ќе се вршат и конзерваторски работи на археолошките предмети и теренски активности во кои ќе се вклучат стручните лица од сите одделенија, изјави Лита.

Музејот „Доктор Никола Незлобински, минатата година, презентираше дел од мозаиците од ранохристијанската базилика од 5 век откриени при изградба на црквата Свети Никола во струшкото село Октиси. Мозаиците се достапни за јавноста во посебен изложбен простор во склоп на комплексот во новоизграден објект-конаци во дворот од црквата Свети Никола на површина од 70 метри квадратни, за што од буџетот на Министерството за култура биле издвоени 150.000 денари. 

(МИА)

The post Се реконструира музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга appeared first on Република.

]]>

Кровот и фасадата во музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга се целосно реконструирани во рамките на проектот „Реконструкција на природонаучната поставка“, а предвидено е и преуредување на витрините со музејски збирки. Директорката на установата Албулена Лита информира дека било извршено препокривање на кровната конструкција и оти целосно била реновирана фасадата на главната музејска зграда. -Внатрешно направени се керамичарски работи на подот од изложбениот дел, зафати на таванот со комплетни молерофарбарски работи на таванот и ѕидовите, исткна Лита. За реализација на проектот, посочи, биле озбезбедени 3.500.000 денари преку Министерство за култура. За годинава, според Лита, предвидени се интервенции и комплетно преуредување на витрините. -Еден од поголемите проекти за оваа година ќе биде „Осовременување на депоата“, каде се сместени музејските збирки. Ќе се вршат и конзерваторски работи на археолошките предмети и теренски активности во кои ќе се вклучат стручните лица од сите одделенија, изјави Лита. Музејот „Доктор Никола Незлобински, минатата година, презентираше дел од мозаиците од ранохристијанската базилика од 5 век откриени при изградба на црквата Свети Никола во струшкото село Октиси. Мозаиците се достапни за јавноста во посебен изложбен простор во склоп на комплексот во новоизграден објект-конаци во дворот од црквата Свети Никола на површина од 70 метри квадратни, за што од буџетот на Министерството за култура биле издвоени 150.000 денари.  (МИА)

The post Се реконструира музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга appeared first on Република.

]]>