никола несторовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-nestorovski/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Nov 2023 09:07:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png никола несторовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-nestorovski/ 32 32 Несторовски: Вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nestorovski-vistinata-za-sostojbite-vo-jp-vodovod-i-kanalizatsija-skopje/ Thu, 09 Nov 2023 09:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=699782

Во интерес на вистината, ние членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието, Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна, пишува претседателот на надзорниот одбор Никола Несторотвски, додавајќи дека ова однесување може да се поткрепиме со неколку документи.

Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост:

Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец мај 2023 година, дава наредба до сите вработени, да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои воедно се највисоки раководни тела во препријатието.

Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се превземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан.

Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор.
Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите, да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка.

Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила.

Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје.

The post Несторовски: Вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје appeared first on Република.

]]>

Во интерес на вистината, ние членовите на управниот и надзорниот одбор на ЈП Водовод и канализација-Скопје, сакаме да ја запознаеме јавноста со однесувањето на директорот на претпријатието, Драган Илиевски кон нас и притисоците кои ги трпат вработените секојдневно, од негова страна, пишува претседателот на надзорниот одбор Никола Несторотвски, додавајќи дека ова однесување може да се поткрепиме со неколку документи. Ви го пренесуваме неговото обраќање во целост: Вистината е дека директорот Драган Илиевски, уште во месец мај 2023 година, дава наредба до сите вработени, да не се даваат податоци, документи и договори за вработување на членовите на УО и НО, кои воедно се највисоки раководни тела во препријатието. Вистината е дека во месец јули, тој дава уште една наредба до вработените, односно до обезбедувањето во управната зграда, а се однесува за сите членови на УО и НО, да се превземаат при влезот во управната зграда, притоа да бидат физички присутни со нив, во текот на целокупниот престој во зградата, се до нивниот излез. Овие членови се избрани и мора да бидат по службена должност таму, односно уредно се избрани токму од Арсовска, да бидат членови на овие одбори, а нејзиниот директор прави се да ги опструира во нивната работа, со што дури исценираа и планиран инцидент пред неколку дена, меѓу обезбедувањето и членовите. Ако некој имаше сомнежи, еве која беше причината за овој немил настан. Вистината е дека ова се случува, само поради одбиените сомнителни милионски јавни набавки, барани од директорот, а одбиени од управниот одбор. Вистината е дека, притисоците продолжуваат и денес, каде овие денови, од директорот Драган Илиевски и неговиот шеф на кабинет, Ѓорѓи Бошковски, под присила и уцени, било барано од раководителите на секторите, да го подржат директорот со потписи на список, кој потоа планирале да го објават во јавноста и притоа лажно да претстават пред јавноста, дека имаат поддршка. Ова нема да им помине, а вистината е исто така дека, ќе има и истрага и одговорност, за оние кои ги вршат овие притисоци врз вработените и раководителите, да дадат поддршка, за директорот, под уцена и присила. Ова е вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје. Управниот и Надзорниот Одбор, секогаш ќе работат во интерес на вработените и граѓаните на Град Скопје.

The post Несторовски: Вистината за состојбите во ЈП Водовод и канализација-Скопје appeared first on Република.

]]>