Никола Минчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-minchev/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Jun 2022 15:41:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Никола Минчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-minchev/ 32 32 120 пратеници на бугарското Народно собрание поднесоа барање за разрешување на неговиот претседател Никола Минчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/120-pratenici-na-bugarskoto-narodno-sobranie-podnesoa-baranje-za-razreshuvanje-na-negoviot-pretsedatel-nikola-minchev/ Wed, 15 Jun 2022 15:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=515645

Сто и дваесет пратеници од опозицијата „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, Движењето за правата и слободите и „Препород“ до раководството на 47. Народно собрание на Бугарија денеска поднесоа предлог за предвремено разрешување на нејзиниот претседавач Никола Минчев, јави БНР.

Според Деловникот на Народното собрание, предлогот се става на гласање на првата седница по денот на приемот, со што на претседавачот му се дава право да биде сослушан.

Гласањето за предлогот треба да се одржи утре.

Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ изјави дека партијата стои зад претседателот на бугарскиот Парламент.

ГЕРБ, ДПС и Препород најавија дека ќе го поддржат барањето на „Има таков народ“ за оставка на претседателот на Собранието Никола Минчев.

Лидерот на Движењето за права и слободи Мустафа Карадај објасни дека нивните мотиви не се поврзани само со сослушувањето на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска, туку и поради други случаи кога нивни прашања биле забавувани и запирани од министерот за внатрешни работи Бојко Рашков.

За да биде донесена одлуката за разрешување на Минчев потребна е поддшката од 121 пратеник.

 

The post 120 пратеници на бугарското Народно собрание поднесоа барање за разрешување на неговиот претседател Никола Минчев appeared first on Република.

]]>

Сто и дваесет пратеници од опозицијата „Има таков народ“, ГЕРБ-СДС, Движењето за правата и слободите и „Препород“ до раководството на 47. Народно собрание на Бугарија денеска поднесоа предлог за предвремено разрешување на нејзиниот претседавач Никола Минчев, јави БНР. Според Деловникот на Народното собрание, предлогот се става на гласање на првата седница по денот на приемот, со што на претседавачот му се дава право да биде сослушан. Гласањето за предлогот треба да се одржи утре. Христо Иванов од „Демократска Бугарија“ изјави дека партијата стои зад претседателот на бугарскиот Парламент. ГЕРБ, ДПС и Препород најавија дека ќе го поддржат барањето на „Има таков народ“ за оставка на претседателот на Собранието Никола Минчев. Лидерот на Движењето за права и слободи Мустафа Карадај објасни дека нивните мотиви не се поврзани само со сослушувањето на министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска, туку и поради други случаи кога нивни прашања биле забавувани и запирани од министерот за внатрешни работи Бојко Рашков. За да биде донесена одлуката за разрешување на Минчев потребна е поддшката од 121 пратеник.  

The post 120 пратеници на бугарското Народно собрание поднесоа барање за разрешување на неговиот претседател Никола Минчев appeared first on Република.

]]>
Претседателот на бугарскиот парламент потврди дека нема кревање на ветото за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-bugarskiot-parlament-potvrdi-deka-nema-krevanje-na-vetoto-za-makedonija/ Sun, 22 May 2022 15:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=505561

Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото кон Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели.

– Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема, рече тој.

Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.

Пред неколку денови  и премиерот Петков рече дека нема самостојно да одлучи за кревање на ветото туку дека ќе го праша Парламентот.

 

The post Претседателот на бугарскиот парламент потврди дека нема кревање на ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија. Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото кон Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели.
– Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема, рече тој.
Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори. Пред неколку денови  и премиерот Петков рече дека нема самостојно да одлучи за кревање на ветото туку дека ќе го праша Парламентот.  

The post Претседателот на бугарскиот парламент потврди дека нема кревање на ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачевски-Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-minchev-sorabotkata-na-parlamentite-na-dvete-zemji-e-iskluchitelno-vazna-za-zaednichka-idnina-vo-eu/ Tue, 25 Jan 2022 16:31:10 +0000 https://republika.mk/?p=449366

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и владина делегација во состав Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседател на Владата задолжена за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи и Горан Милевски, министер за локална самоуправа, денеска оствари средба со претседателот на Собранието на Република Бугарија Никола Минчев.

На средбата премиерот Ковачевски го поздрави одбележувањето на 30 годишнината откако Република Бугарија прва донесе одлука да ја признае Република Македонија на 15 јануари 1992 година, со што беше отпочнат процесот на верификација на нашата држава на меѓународен план и на воспоставувањето на дипломатски односи со повеќе држави.

Ковачевски истакна дека оваа годишнина, како и одбележувањето 15 години од приемот на Република Бугарија како полноправна членка во ЕУ, како симболични датуми ќе бидат преточени во еден нов датум, кој ќе биде препознаен по решавањето на отворените прашања меѓу двете соседни и пријателски земји со што ќе се создадат услови за заедничка иднина во европското семејство.

На средбата беше истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.

The post Ковачевски-Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и владина делегација во состав Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседател на Владата задолжена за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи и Горан Милевски, министер за локална самоуправа, денеска оствари средба со претседателот на Собранието на Република Бугарија Никола Минчев. На средбата премиерот Ковачевски го поздрави одбележувањето на 30 годишнината откако Република Бугарија прва донесе одлука да ја признае Република Македонија на 15 јануари 1992 година, со што беше отпочнат процесот на верификација на нашата држава на меѓународен план и на воспоставувањето на дипломатски односи со повеќе држави. Ковачевски истакна дека оваа годишнина, како и одбележувањето 15 години од приемот на Република Бугарија како полноправна членка во ЕУ, како симболични датуми ќе бидат преточени во еден нов датум, кој ќе биде препознаен по решавањето на отворените прашања меѓу двете соседни и пријателски земји со што ќе се создадат услови за заедничка иднина во европското семејство. На средбата беше истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.

The post Ковачевски-Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ appeared first on Република.

]]>