никола мемов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-memov/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 12:37:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png никола мемов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nikola-memov/ 32 32 Пензионерите во март ќе добијат плус 2.500 денари, а во септември догодина ќе добијат и околу 4 проценти зголемување на пензиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/penzionerite-vo-mart-ke-dobijat-plus-2-500-denari-a-vo-septemvri-dogodina-ke-dobijat-i-okolu-4-protsenti-zgolemuvane-na-penziite/ Thu, 17 Oct 2024 12:36:58 +0000 https://republika.mk/?p=828061

Пензионерите во март ќе добијат покачување на пензиите за дополнителни 2.500 денари колку што беше и зголемувањето што почна со пензијата за септември, а во септември догодина ќе добијат и околу 4 проценти зголемување согласно методологијата за усогласување.

Линеарното зголемување на пензиите во септември 2024 во вкупен износ било 862 милиони денари (скоро 14 милиони евра) или 11,17 отсто во однос на вкупниот износ што за пензии бил исплатен во август 2024.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОСМ) Никола Мемов соопшти дека предлог-буџетот за Фондот за 2025 година е 135 милијарди денари наспроти 110,5 милијарди денари за тековната 2024 година.

На средба со новинарите на која информираше за состојбата на буџетот и за идните планови, новиот директор на Фондот рече дека средства за пензии ќе бидат обезбедени и дека буџетскиот дефицит во вкупниот буџет за 2025-та е 27 проценти. Придонесот за пензиското осигурување останува 18,8 отсто.

Граѓаните треба да бидат сигурни дека средства за пензии ќе бидат обезбедени. Буџетскиот дефицит е стабилизиран и ќе биде 27 проценти. Новиот менаџмент до Владата и до Министерството за социјална политика ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки за стабилизирање на буџетот за исплата на пензиите. Очекуваме приходите по основ на плаќање на придонеси до крајот на годината да растат и дефицитот да се стабилизира - рече Мемов.

Нагласи дека буџетскиот дефицит не е создаден поради лошо менаџирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување туку е резултат, рече, на економските политики на претходните влади во изминатите дваесетина години.

Главна цел на Владата, додаде директорот на ПИОСМ, е обезбедување подобар животен стандард на пензионерите, а линеарното зголемување на пензиите е со цел, рече, да се намалат социјалните разлики помеѓу корисниците на минимална пензија и оние што се со високи пензии.

За тоа дали ќе се подигне возрасната граница за пензионирање, која сега е 62 години за жени и 64 за мажи, Мемов одговори дека треба да одлучи Владата.

Од почетокот на годинава до средината на овој месец биле решени 19 700 предмети за пензионирање, од кои најголем број се за старосни, а потоа и за семејни и за инвалидски пензии. До 15 октомври имало околу 3000 нерешени предмети по барањата за остварување право за пензија во 2024, што се должи на дефицит на вработени во подрачните единици на ПИОСМ.

Како што информираше Мемов, им недостигаат речиси 50 отсто вработени согласно систематизацијата. Најголема пополнетост со вработени (од над 90 отсто) има во подрачните единици во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Кичево, додека во филијалите во другите градови работните места се пополнети под потребниот минимум за да може да функционираат. Затоа се прави план за оптимизација на бројот на вработени согласно предметите што ги имаат, а до Министерството за финансии Фондот поднел барање за согласност за враќање на работа на ангажираните со договор на дело. За да се реши дисбалансот, предметите ќе бидат трансферирани од една во друга филијала.

Во државава има помеѓу 340 000 и 350 000 пензионери, а планираната стапка на раст на нови корисници на пензија годишно се движи од 0,9 до 1 отсто.

Во однос на т.н. фантомски пензии во Косово, за што се шпекулира во јавноста, директорот посочи дека не може да се потврди дека такви постојат и дека се ќе биде појасно кога ќе профункционира планираниот централен регистар на социјални осигуреници по примерот на регистарот за фирми.

Не можеме да кажеме дека постојат фантомски пензии, тоа во овој момент не може да се потврди. Странски пензии во Косово што ги исплаќа Фондот има само за 1200 корисници, одговори Мемов на новинарско прашање.

Најави модернизирање на услугите и деловните процеси во Фондот и рече дека клучен приоритет е инвестирање во ИТ-системот, па во новиот буџет Мемов бара средства за нови софтверски решенија за пензискиот систем.

Ќе направиме ново софтверско решение и ИТ-системот ќе биде комплетно на „клауд“, како што е сега ФЗОМ. Фондот ќе се отвори кон граѓаните преку оваа дигитализација што ќе ја направиме, за секој граѓанин да може да види на апликација колку има стаж, придонеси итн, соопшти директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

The post Пензионерите во март ќе добијат плус 2.500 денари, а во септември догодина ќе добијат и околу 4 проценти зголемување на пензиите appeared first on Република.

]]>

Пензионерите во март ќе добијат покачување на пензиите за дополнителни 2.500 денари колку што беше и зголемувањето што почна со пензијата за септември, а во септември догодина ќе добијат и околу 4 проценти зголемување согласно методологијата за усогласување. Линеарното зголемување на пензиите во септември 2024 во вкупен износ било 862 милиони денари (скоро 14 милиони евра) или 11,17 отсто во однос на вкупниот износ што за пензии бил исплатен во август 2024. Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОСМ) Никола Мемов соопшти дека предлог-буџетот за Фондот за 2025 година е 135 милијарди денари наспроти 110,5 милијарди денари за тековната 2024 година. На средба со новинарите на која информираше за состојбата на буџетот и за идните планови, новиот директор на Фондот рече дека средства за пензии ќе бидат обезбедени и дека буџетскиот дефицит во вкупниот буџет за 2025-та е 27 проценти. Придонесот за пензиското осигурување останува 18,8 отсто.
Граѓаните треба да бидат сигурни дека средства за пензии ќе бидат обезбедени. Буџетскиот дефицит е стабилизиран и ќе биде 27 проценти. Новиот менаџмент до Владата и до Министерството за социјална политика ќе предложи краткорочни и среднорочни мерки за стабилизирање на буџетот за исплата на пензиите. Очекуваме приходите по основ на плаќање на придонеси до крајот на годината да растат и дефицитот да се стабилизира - рече Мемов.
Нагласи дека буџетскиот дефицит не е создаден поради лошо менаџирање на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување туку е резултат, рече, на економските политики на претходните влади во изминатите дваесетина години. Главна цел на Владата, додаде директорот на ПИОСМ, е обезбедување подобар животен стандард на пензионерите, а линеарното зголемување на пензиите е со цел, рече, да се намалат социјалните разлики помеѓу корисниците на минимална пензија и оние што се со високи пензии. За тоа дали ќе се подигне возрасната граница за пензионирање, која сега е 62 години за жени и 64 за мажи, Мемов одговори дека треба да одлучи Владата. Од почетокот на годинава до средината на овој месец биле решени 19 700 предмети за пензионирање, од кои најголем број се за старосни, а потоа и за семејни и за инвалидски пензии. До 15 октомври имало околу 3000 нерешени предмети по барањата за остварување право за пензија во 2024, што се должи на дефицит на вработени во подрачните единици на ПИОСМ. Како што информираше Мемов, им недостигаат речиси 50 отсто вработени согласно систематизацијата. Најголема пополнетост со вработени (од над 90 отсто) има во подрачните единици во Скопје, Тетово, Куманово, Гостивар и Кичево, додека во филијалите во другите градови работните места се пополнети под потребниот минимум за да може да функционираат. Затоа се прави план за оптимизација на бројот на вработени согласно предметите што ги имаат, а до Министерството за финансии Фондот поднел барање за согласност за враќање на работа на ангажираните со договор на дело. За да се реши дисбалансот, предметите ќе бидат трансферирани од една во друга филијала. Во државава има помеѓу 340 000 и 350 000 пензионери, а планираната стапка на раст на нови корисници на пензија годишно се движи од 0,9 до 1 отсто. Во однос на т.н. фантомски пензии во Косово, за што се шпекулира во јавноста, директорот посочи дека не може да се потврди дека такви постојат и дека се ќе биде појасно кога ќе профункционира планираниот централен регистар на социјални осигуреници по примерот на регистарот за фирми. Не можеме да кажеме дека постојат фантомски пензии, тоа во овој момент не може да се потврди. Странски пензии во Косово што ги исплаќа Фондот има само за 1200 корисници, одговори Мемов на новинарско прашање. Најави модернизирање на услугите и деловните процеси во Фондот и рече дека клучен приоритет е инвестирање во ИТ-системот, па во новиот буџет Мемов бара средства за нови софтверски решенија за пензискиот систем. Ќе направиме ново софтверско решение и ИТ-системот ќе биде комплетно на „клауд“, како што е сега ФЗОМ. Фондот ќе се отвори кон граѓаните преку оваа дигитализација што ќе ја направиме, за секој граѓанин да може да види на апликација колку има стаж, придонеси итн, соопшти директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

The post Пензионерите во март ќе добијат плус 2.500 денари, а во септември догодина ќе добијат и околу 4 проценти зголемување на пензиите appeared first on Република.

]]>
Мемов: Ситуацијата во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола е алармантна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/memov-situatsijata-vo-filijalata-na-fondot-za-penzisko-i-invalidsko-osiguruvane-vo-bitola-e-alarmantna/ Tue, 08 Oct 2024 14:37:03 +0000 https://republika.mk/?p=824263

Состојбата во филијалата во Битола е алармантна пред се од кадровски потенцијал, но и според бројот на нерешени предмети, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов денеска на прес - конференција во Битола.

Мемов потврди дека има решение за настанатиот проблем кој, како што рече, настанал затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект.

Горлив е проблемот со состојбите во филијалата-Битола на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за што бев лично информиран и од потпретседателката на македонското Собрание Весна Бендевска. Имаме решение и затоа сакам да ги уверам граѓаните на Битола дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во полна функционалност ќе ги извршува функциите, и сите осигуреници, корисници на пензија ќе ги добијат сопствените услуги. Оваа ситуација е настаната затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект. Тоа значи дека имаме функционален дизбаланс во бројот на вработени како во дирекцијата во Скопје, така и во филијалите низ цела држава. Филијалите во Тетово, Гостивар, Куманово и Кичево се кадровски пополнети со процент поголем од 90 насто, додека филијалите во Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес се со пополнетост помала од мининално потребното за нивно функционирање, посочи Мемов.

Тој потенцира дека на 30 јуни оваа година прекинат им е договорот за дело на повеќе од 200 вработени во Фондот, а од нив само во Битола биле ангажирани четворица извршители, додека во филијалите во Тетово имало 21, во Куманово 23 договори на дело, а само во централата во Скопје биле ангажирани над 80 луѓе.

Несоодветствува бројот на вработени во филијалите со бројот на предмети што се како барање на корисиниците и за надминување на оваа ситуација, ние како нов менаџмент, нема да се жалиме туку ќе ги решиме овие проблеми затоа што имаме решенија. Итно ќе побараме согласност од Министерството за финансии во Битола да бидат ангажирани минимум 5 извршители затоа што активниот број на предмети во Битола 380 и во овој момент итните ќе се решаваат во градот, а поголем дел ќе бидат прераспределени во другите филијали низ државата. Ако имаме дизбаланс во кадровскиот потенцијал, тогаш ние можеме да направиме баланс со решавање на предметите за што веќе е направен протокол за трансфер на предметите од Битола во Тетово, Гостивар или Куманово за да се решат. Граѓаните на Битола треба да бидат спокојни затоа што сите предмети ќе бидат решени во законскиот рок од 30 дена, изјави Мемов.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов за време на посетата на Битола изврши увид на хотелот „Битола“ кој е во сопственост на Фондот, а со цел решевање и на како што рече наследениот проблем.

The post Мемов: Ситуацијата во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола е алармантна appeared first on Република.

]]>

Состојбата во филијалата во Битола е алармантна пред се од кадровски потенцијал, но и според бројот на нерешени предмети, изјави директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов денеска на прес - конференција во Битола. Мемов потврди дека има решение за настанатиот проблем кој, како што рече, настанал затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект.
Горлив е проблемот со состојбите во филијалата-Битола на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за што бев лично информиран и од потпретседателката на македонското Собрание Весна Бендевска. Имаме решение и затоа сакам да ги уверам граѓаните на Битола дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во полна функционалност ќе ги извршува функциите, и сите осигуреници, корисници на пензија ќе ги добијат сопствените услуги. Оваа ситуација е настаната затоа што Фондот во изминатите дваесеттина години систематски и системски е уништуван во вид на инфраструктура од кадровски аспект. Тоа значи дека имаме функционален дизбаланс во бројот на вработени како во дирекцијата во Скопје, така и во филијалите низ цела држава. Филијалите во Тетово, Гостивар, Куманово и Кичево се кадровски пополнети со процент поголем од 90 насто, додека филијалите во Битола, Прилеп, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес се со пополнетост помала од мининално потребното за нивно функционирање, посочи Мемов.
Тој потенцира дека на 30 јуни оваа година прекинат им е договорот за дело на повеќе од 200 вработени во Фондот, а од нив само во Битола биле ангажирани четворица извршители, додека во филијалите во Тетово имало 21, во Куманово 23 договори на дело, а само во централата во Скопје биле ангажирани над 80 луѓе.
Несоодветствува бројот на вработени во филијалите со бројот на предмети што се како барање на корисиниците и за надминување на оваа ситуација, ние како нов менаџмент, нема да се жалиме туку ќе ги решиме овие проблеми затоа што имаме решенија. Итно ќе побараме согласност од Министерството за финансии во Битола да бидат ангажирани минимум 5 извршители затоа што активниот број на предмети во Битола 380 и во овој момент итните ќе се решаваат во градот, а поголем дел ќе бидат прераспределени во другите филијали низ државата. Ако имаме дизбаланс во кадровскиот потенцијал, тогаш ние можеме да направиме баланс со решавање на предметите за што веќе е направен протокол за трансфер на предметите од Битола во Тетово, Гостивар или Куманово за да се решат. Граѓаните на Битола треба да бидат спокојни затоа што сите предмети ќе бидат решени во законскиот рок од 30 дена, изјави Мемов.
Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Никола Мемов за време на посетата на Битола изврши увид на хотелот „Битола“ кој е во сопственост на Фондот, а со цел решевање и на како што рече наследениот проблем.

The post Мемов: Ситуацијата во филијалата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Битола е алармантна appeared first on Република.

]]>
Никола Мемов е нов директор на ПИОМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikola-memov-e-nov-direktor-na-piom/ Wed, 25 Sep 2024 07:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=819426

Портпаролот на партијата За наша Македонија - ЗНАМ, Никола Мемов, е именуван за директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје.

Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда. Мемов доаѓа на местото на Арсим Хасани од Алијанса за Албанците, кој со институцијата како В Д директор раководеше од март минатата година.

The post Никола Мемов е нов директор на ПИОМ appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на партијата За наша Македонија - ЗНАМ, Никола Мемов, е именуван за директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Мемов е дипломиран инженер-технолог во петрохемиско инженерство на Технолошко-Металуршки факултет во Скопје. Тој во својата работна кариера бил генерален директор на компаниите „Фабрика Карпош АД Скопје“, „Maкeдонијапроект АД“, бил извршен директор во „SIFEXS TRADE“, а во повеќе наврати бил ангажиран и на проекти од страна на министерствата за економија и правда. Мемов доаѓа на местото на Арсим Хасани од Алијанса за Албанците, кој со институцијата како В Д директор раководеше од март минатата година.

The post Никола Мемов е нов директор на ПИОМ appeared first on Република.

]]>
Мемов: Има интерес за пристапување на нови членови во ЗНАМ, кои се разочарани од раководството на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/memov-ima-interes-za-pristapuvane-na-novi-chlenovi-vo-znam-koi-se-razocharani-od-rakovodstvoto-na-sdsm/ Thu, 11 Jul 2024 15:40:29 +0000 https://republika.mk/?p=795892

Има голем интерес за нови членови, ги охрабрувам да дојдат во канцелариите на ЗНАМ, вели Никола Мемов, портпаролот на Движењето ЗНАМ.

„Сакаме да ја информираме јавноста дека во последниот период има значителен интерес за пристапување на нови членови во ЗНАМ, кои се разочарани од раководството на СДСМ, речиси во сите градови во Македонија. Во оваа пригода ги охрабруваме граѓаните по слободна волја да пристапат во канцелариите на Движењето ЗНАМ“, рече Мемов.

Зголемен интерес за членство во ЗНАМ сопартијците на Максим Димитриевски забележале веднаш по изборите на 8 мај, кога јавно рекоа дека вратите се отворени за сите заинтересирани.

Портпаролот Мемов најави дека до крајот на годината ќе се утврди процедурата за дооформување на новите општински организации за што било дискутирано на последната седница на Централниот одбори. За заменик-министри од ЗНАМ едногласно се избрани Мирослав Лабидовиќ и Радослав Настасијевиќ-Варџиски.

Од СДСМ пак возвраќаат:

ЗНАМ живее во сопствена илузија дека е голем политички фактор, а всушност има само епизодна улога на колаборант за носење на Мицкоски и ДПМНЕ на власт. Дрско манипулираа со асномската идеологија за евтиното ветување дека Максим Димитриевски ќе добие уште еден градоначалнички мандат во Куманово. Не разбираат дека се целосно невидливи. Нивните министри уште немаат добиено ниту дозвола да зборуваат во јавност за нивните ресори. Нивните обиди за создавање раздор во СДСМ е криење на реалноста. Се повеќе нивни луѓе доаѓаат во матичната партија да изразуваат искрено каење што дозволиле да бидат изманипулирани за лични интереси на малкумина околу Максим.
Затоа, им порачуваме да бидат внимателни во пораките за да не си ги затвораат вратите на кои брзо ќе сакаат да тропнат.

The post Мемов: Има интерес за пристапување на нови членови во ЗНАМ, кои се разочарани од раководството на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Има голем интерес за нови членови, ги охрабрувам да дојдат во канцелариите на ЗНАМ, вели Никола Мемов, портпаролот на Движењето ЗНАМ.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека во последниот период има значителен интерес за пристапување на нови членови во ЗНАМ, кои се разочарани од раководството на СДСМ, речиси во сите градови во Македонија. Во оваа пригода ги охрабруваме граѓаните по слободна волја да пристапат во канцелариите на Движењето ЗНАМ“, рече Мемов.
Зголемен интерес за членство во ЗНАМ сопартијците на Максим Димитриевски забележале веднаш по изборите на 8 мај, кога јавно рекоа дека вратите се отворени за сите заинтересирани. Портпаролот Мемов најави дека до крајот на годината ќе се утврди процедурата за дооформување на новите општински организации за што било дискутирано на последната седница на Централниот одбори. За заменик-министри од ЗНАМ едногласно се избрани Мирослав Лабидовиќ и Радослав Настасијевиќ-Варџиски. Од СДСМ пак возвраќаат:
ЗНАМ живее во сопствена илузија дека е голем политички фактор, а всушност има само епизодна улога на колаборант за носење на Мицкоски и ДПМНЕ на власт. Дрско манипулираа со асномската идеологија за евтиното ветување дека Максим Димитриевски ќе добие уште еден градоначалнички мандат во Куманово. Не разбираат дека се целосно невидливи. Нивните министри уште немаат добиено ниту дозвола да зборуваат во јавност за нивните ресори. Нивните обиди за создавање раздор во СДСМ е криење на реалноста. Се повеќе нивни луѓе доаѓаат во матичната партија да изразуваат искрено каење што дозволиле да бидат изманипулирани за лични интереси на малкумина околу Максим. Затоа, им порачуваме да бидат внимателни во пораките за да не си ги затвораат вратите на кои брзо ќе сакаат да тропнат.

The post Мемов: Има интерес за пристапување на нови членови во ЗНАМ, кои се разочарани од раководството на СДСМ appeared first on Република.

]]>